Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.265
    Допаѓања:
    11.421
    Пол:
    Женски
    Ги враќаат од градинка за растечен нос?
    Утре ќе тргаме, а веќе неколку дена е со растечен проѕирен, денес веќе и потсмени боја.

    И од што би можел да му мириса здивот? Заби миеме двапати дневно, не сум најзадоволна колку е темелно, ама солидно е.
    Може болно грло да даде лош мирис?
    Нема температура, весел, активен, со намален апетит, почесто жеден за вода, нос растечен...
    Инаку не застанува, нонстоп е во покрет.
     
  2. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Почна и да поткашлува, тоа ме мачи.
     
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.333
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    Антибиотик за кашлица?
     
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.950
    Допаѓања:
    6.099
    Пол:
    Женски
    Нека ја следи доктор, најдобро ќе ти каже дали треба или не антибиотик.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.333
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    Децата на нивна возраст од Септември до Мај се со растечени носиња и се додека е без други посериозни симптоми не треба многу замарање околу тоа. Некогаш така организмот покажува дека се бори и така се гради имунитет. Јас не му ставам ништо моментално, а ете го откако се разболе пред месец дена, цело време е со растечен нос, ќе прекине па пак ќе почне. Ама моментално нема ништо друго, весел, без температура, јаде, пие, спие, си игра и си оди во градинка. Важно е секогаш да се гледа комплетната слика.
     
    На Ceneva, lackygirl, kozuf и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    783
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Кај моите и двете кога имаат бактерија им мириса здивот. Сега штом ќе осетам носам на брис прво, па на матичен. Ги прегледува и вели не му е ништо и навидум така изгледаат, ама кога ќе ги добиеме резултати за жал пиеме антибиотик.
    Тоа последните два три месеца го забележав, претходно кога ми биле болни сме завршиле со висока температура и болница.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anngelss

    Anngelss Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2023
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интересира за хипп млекото за што е од година. Hipp junior combiotic 3. Морам да продолжам со вакво млеко уште месец два. Ме интересира на него пишува оброци два пати на ден со три дозерки по 135 мл вода-готов оброк 150 милилитри. Малата претходно пиеше по 210...240. Што е работата вака? Похранливо е или? Доколку сака уште како да и направам? Би смеела повеќе?
     
  8. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    А од што би можело да е предизвикана кашлицата?
    Еве мојата неколку дена кашла (обично навечер), а сè друго е во ред, никакви други симптоми, а и игра, јаде колку што јаде секогаш, весела е. До пред 3-4 дена и течеше носот ама ете и тоа помина (само Аквамарис ставав).
     
  9. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Види да не е бактерија.
    Кај нас така беше, без антибиотик лечена, недолечена. И јас мислев дека и тече носот од онака и кашла ама испадна дека има бактерија, пиеше антибиотик и одма престана да шмрка и кашла.
    Такада за да си бидеш сигурна носи на лекар.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Ако нема никакви посебни симптоми ништо не се прави, дури и на брис да излезе дека има бактерија, а они нормално си функционирааат и не им смета, не се дава антибиотик, реално сите да се провериме ќе имаме некоја бактерија. Ама ако смета, кашла, тече нос, има други симптоми кои не прекинуваат, се слева шлајм итн. добро е да се провери и да се даде антибиотик.
    Пак зависи од симптоматологијата и од самото дете.
    Со лесно на сите зимава со воздухов и вируситве.
     
    На Ceneva, Miss_S, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    И се слева од носот и кашла. Е сега дали проаѓа некој вирус на нога или нешто друго, следи деновиве.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Треба да е појако и затоа е намалена количината. Затоа има 1,2 ,и 3. Види како ќе реагира на количината, ако ја заситува нема потреба да даваш повеќе, ако не мислам дека смееш да дадеш повеќе, прашај педијатар за секој случај.
    Јас давав аптамил 3ка некогаш и 3 пати (не секој ден бидејки и беше доволно), иако пишуваше 2 пати.
    Колкаво е детето?
     
  13. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    4.770
    Две недели е со кашлица, ама така убава, длабока, со шлајм. Не му прави проблем некој. Два пати го носам на доктор и ми вика ништо нема. Јас избезумена зошо кашла така, тие ми велат за ваква кашлица без симптоми не се паничи.
    И си помина така.
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.333
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    Ако е затнато носе и повеќе дише на уста може да се суши грлото и да поткашлува суво, може да е од вирус, може да е од болно грло итн, не е еден причинител.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.333
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    Е не можам веќе значи! Денес бевме договорени да го пробаат за спиење во градинка, стануваме сабајлево он топол. Нема многу 37.4, ама од кај да знам дали нема да продолжи да качува. Да пукнеш значи е оваа адаптацијава, крај да се нема еј! После 2+ недели дома отиде 3 дена и сега пак од ново. И мене и маж ми грло не боли, што ќе излезе сега не знам ама преку глава ми е.
     
    На atz1995 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  16. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Праќам поддршка Бела. Оваа сезона вака ќе биде. Падни, стани. И ние денес ќе пробуваме за спиење,ептен сум потресена како ќе биде..
    Да поминува и да стигне баткото до спиење за брзо време. :l:
     
    На Ceneva и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  17. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Кај нас беше со кашлање, растечен нос, омалаксана и постојано и се спиеше. Ептен се гледаше дека долго ја држи и не и поминува и затоа се решив на антибиотик.
     
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.333
    Допаѓања:
    20.684
    Пол:
    Женски
    Којзнае кога ќе стигнеме до тоа спиење. Очекував разболување ама не и 2 дена да оди па после две недели да не оди. Од работа ме чекаат да се вратам на по некој саат од канцеларија, а со ова темпо тоа е ептен тешко изводливо. Ептен се осеќам под притисок и ептен ми е криво што вака често нешто фаќа. На вас ви посакувам што побрзо навикнување со нанкање. :l:
     
    На Sun&Moon и lackygirl им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.722
    Допаѓања:
    104.893
    Пол:
    Женски
    Многу се надевав дека нема да имаш и ти мака ко мојата, пошто еднаш ми изреагира бурно и знаев дека ќе ти дојде криво и тешко. Би ти препорачала да почнете со спиење одма штом се вратите во градинка за некој ден, не да чекаш да се навикне пак. Колешка почна на 1 октомври во градинка малата и еве ја веќе 2 недели спие, многу убаво се навикнуваат кај нив, ептен убава адаптација, детево ја бара негователката и во викенд.

    Кај нас вирусот ни ги затвори и очите, не кутна ептен. Рацете се му се во уста, го боли грло изгледа, очите затворени, кашла ко 80 годишен пушач. Ама, не е само тоа, бато има некој вирус со повраќање. 21 уште иде накај Бардовци нели, да се испратам сама.
     
    На 1209 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    За градинка нас допрва не чека таа мака. Ама едно ќе кажам тоа со адаптацијата мене ми е глупо, по два саати, не знам ти што, па до спиење, па со спиење. И затоа многу дечиња и не сакаат да одат. Ние кога сме биле мали по мое е било многу поправилно,колку и да ни се чини сурово. Одма целодневно и за недела дена децата биле адаптирани. А не сега и по месец дена има деца што плачат. Може ќе ме осудите со мислењево ама јас сметам дека премногу се одуговлечува адаптацијата на овој начин. За болести не навлегувам. Тоа е башка проблематика во целава приказна.