Изреагирав бурно точно, ама во друг аспект беше реакцијата. Јас никого не окривувам што е стално болен, само ми е преку глава и премногу жал да го гледам ваков. Знам дека е фаза и знам дека нема да е цело време вака, ама се преморив, ми дојде тешко и пишав. Ете го над 38 отиде температурата, не сака да јаде и омалакса. Ми заспа дур го држев во раце и му мерев темп. Ќе помине, ќе пораснат, а ние ќе обелиме уз пат и тоа е..
Ќе тргне син ти па ќе си го смениш мислењето. Не може на дете што до вчера било со една рутина, навикнато на едно опкружување и луѓе околу него, одеднаш да му направиш таква промена. Сегде во светот праксата е таква, се започнува со помалку време и се додава време зависно од детето. И јас сакам да се адаптира поскоро, ама од друга страна мислам и на евентуалниот шок и стрес што би го преживеал ако нагло се оддели од мене на 8 часа. Они не знаат да кажат, ама таков пристап и те како може да има психички последици.
Јолене нека потврди ама Германија адаптацијата е месец дена колку што знам. Кај мене 2-3 недели. Ама и родителот оди со детето, сепак е нова средина и траума за нив. Мене и 2 часа да го дадам така ми е избрзано, не па 8.
Во приватниве кај нас мислам дека оди многу побрзо адаптацијата, не толку долго како државно. Не се согласувам, се следат потребите на детето, а не се фрла во оган. Барем според мене. Во други држави адаптацијата е со родителот, а кај нас среќен си ако ѕирнеш низ врата како е внатре.
Јас немам последици, ниту пак други што се биле дел од таквата пракса. Јас мислам дека нас ни е потешко него нив оделувањето. Сепак тоа е нели мое мислење. Јас од себе си тргнувам, мене ќе ми биде тешко да го оставам, и ради други х причини, ѓи пишав во мајчински да не ги повторувам, пролонгирам барање работа и почнување во градинка. Како и да е целиот процес е тежок. Само да се адаптираат што побрзо и да помине периодот на разболување и што помалку да се разболуваат, и уживаат во градинка.
Ако нема “видливи” последици не значи дека ги нема воопшто. Многу трауми од детството за коишто не сме ни свесни и те како имаат последици врз понатамошниот развој на една личност, ама тоа е друга тема. На нас ни е ‘потешко’ зошто знаеме да си ги изразиме емоциите. Сигурна сум дека да знае да каже мало дете како се осеќа кога прв пат ќе тргне во градинка и ќе влезе во еден сосема нов свет во кој што одеднаш ја нема мама, нема да мислиш вака. Ама добро, ако ти е полесно со тој став терај си. Проста логика е дека не е соодветно на толку мало дете да му се прават такви нагли промени. Ние како возрасни личности, далеку поспособни за аклиматизација од нив, имаме потреба од време за да се прилагодиме кога ќе се најдеме во нова средина, камоли една ронка дете.
Година и 2 недели, досега со 2ка врвевме имав залиха. Мојата пие за заспивање и некогаш ноќе ако стани ретко. Значи и давав 3-4 пати млеко во текот на денот.
Според мене секое дете е своја приказна и многу зависи возраста на која детето тргнува у градинка и од самите учителки. Мојот тргна на 15 месеци и втората недела почна да останува со спиење и тоа на инсистирање на учителките пошо не плачеше таму, освен на оставање нели ама тоа е нормално првиот месец. На другарка детето и тргна сега на 22 месеци и мака мачат со адаптација плаче детево се корне, еве месец дена идат и уште не е со спиење. Така да според мене има многу фактори.
Кај нас не е проблемот плачењето зошто ретко плаче. Не можеме да стигнеме до спиење зошто цело време е болен.
Да да јасно, за другово се надоврзав.. Иначе и јас би ти рекла сега коа ќе се вратите у градинка почни одма со спиење за побрзо да се адаптирате чим не плаче. А за утеха и мојов е нонстоп болен, со тоа што ние скоро секојпат завршуваме со антибиотици пошо е склон на спуштање на плуќа...
Душо а да те прашам, на темава цуцла како сте? Беше спомнала дека во градинка му ја давале. Дома како сте? Нешто мојов само ја бара. Не знам во што е маката, инаку му ја кријам дење. Обично ја бараше кога ќе ја види, а сега знае и вака да ја побара.
Ќе им сугерирам одма да го пробаат за спиење, па да видиме. Он не плаче, си играл цел ден, ама како ќе заспива без мене страв ме фаќа. Откако се разболе последниот пат строго со цицање и мазење заспива. Никако. Ептен е станат зависен. Му ги кријам цуцлите на две места и двете ги научи, оди таму покажува со прст и прави драми ако не му дадам. Некогаш му наоѓам дистракција и заборава, ама некогаш немам живци да го слушам и му ја давам. Маж ми ептен е противник и цело време му ја зима, вчера баш му ја зема а овој почна да вика не не не не не. Така го немаше збор да каже, а за цуцлата викна да збори човекот.
Леле исто почнува. А не дека му се дава повеќе од предходно ама ете. Многу ја ѕвака кога му е во уста, го мачат забите вероватно, друго објаснување немам. И само сусе сусе и не престанува. И кога ќе ја виде радост ко да е не знам што.
Помала е количината оти млекото после година не е основна храна и треба да се намалуваат млечните оброци, да се фокусирате повеќе на цврста храна, а не на млеко. Ако пие јогурт и јаде млечни производи, нема потреба од 3-4 шишиња млеко во текот на денот. Вкупно треба се' да биде до кај 500 мл максимум, вклучително млеко, јогурт, млечни производи.
Здраво, да ве прашам по колку вода ви пијат децата на околу 14-15месеци? моето пие многу, после 6от месец и дававме со кашички но таа нонстоп сака вода, и навечер се буди и пие вода на секој час и половина, околу 500мл во сон испива. ај кога беше жешко, ок, но сега не жешко. и кога рано вечера, пак се буди. не јаде посебно благо или солено за волку да пие. си има по 3 оброци во ден, оди од 9 м во градинка, нема проблем. цицаше до пред 1 недела, по 1 подој наутро пред градинка. сама се одби. заби бидејќи вади и си викав може и затоа пие, ако и дадам 200мл наеднаш ќе ги испие, ни е страв и и даваме по 60 мл во шишенце бидејќи веднаш го испива. млеко никакво несака да пие, ниту ништо од млечни производи не сака да јаде. 14 ипол месеци е, и на нефролог ја носев, не хоспитализираа, за се да испитаме, се излезе во ред. такво си било детето, и ние дома пиеме доста вода, но ова незнам дали и друго детенце на оваа возраст волку пие, околу 2 литри дневно со 10кг тежина е. ве молам за искуства околу оваа тема
Немам искуство ама некако премногу ми се чини и мислам дека може да ги оптерети бубрезите. Пробајте да не и нудите, претпоставувам бара сама ама пробајте да најдете начин да и одвлечете внимание. Син ми има 19м и пие помалце од пола литар дневно. Можеби е малку не знам, ама па 2 литри за толку мало дете ми се чини баш многу.
и мене ми е многу, одвлекуваме внимание, криеме шишиња, да не ги гледа, и сите знаат па помалку и ставаме во шишенце, но ме плаши зошто толку пие. собиравме и урина 24ч, и меревме диуреза, испитувавме бубрези, шеќер, се е во ред. се мислам пак се да испитам. нов збор научен и е "шише" кога го бара
Проблемот кај нас е што во некои градинки не се ни трудат. И кај нас една негувателка кога почнубваше малиов дојде и почна со некој план по пола саат, саат да седи. Дојде другата негувателка и рече детето е супер и нема потреба од влечење. И стварно веќе втората недела почна да останува со спиење без ниту една солза. Веќе пола година оди и без никаков проблем си оди. Наутро со радост излагаме од дома, таму му облакам топлинки му ги давам пелените во рака и го пуштам сам си трга накај занимална. Муабетот ми е дека треба да се потрудат и да го следат и детето како прифаќа.