Апсолутно е така, адаптацијата треба да биде индивидуална, не генерална. Секое дете е различно, таков треба да биде и пристапот. Кај нас знам дека многу од негувателите ја влечкаат работата. За овие на син ми сеуште немам таков впечаток. Тргнат е од 17ти Септември, од тогаш они два пати спомнуваат спиење од понеделник, ама ко за инат он баш тогаш се разболува и пак се одолговлекува работата. Повеќе не оди од што оди во овие скоро два месеци.
Ќе помине. Мали првиот пат спои 3 недели. После почна она една недела градинка, една дома и тоа треше 2 месеци. После тоа сврза убаво. Од мај до минатата недела со две паузи од неколку дена и без антибиотик. Сега последно беше дома 10 дена зошто спушти со брзина на светлина за неполн ден. Од денес назад во градинка па ќе видиме овој пат кало ќе биде. Ќе се среди, ќе помине тој тежок период со разболувања.
Исто и он, одеше три недели и почнаа разболувањата и од тогаш буквално оди 1-2 или 3 дена и после не оди недела или две. Знам дека е период и дека мора да се стиснат заби. За денес не сум паметна што се случи. Сабајле кога стана беше топол, нејќеше да јаде, некое крекерче грицна и овошје и побара да спие уште во 11 и спиеше 3 ипол саати. Кога стана измерив 38.7, не дадов лек, соблеков чорапи и го седнав да јаде, убаво се најаде и пиеше повеќе вода од вообичаено. За брзо време сам ја спушти температурата без лек и од тогаш нема качено. Само пак нејќе да јаде нешто многу, повеќе грицка. Заби ли го мачат, што ли е, стварно не знам. Исто не знам и дали ако не качува веќе утре да го носам во градинка.
Големиот така минатата недела некој летечки вирус пројде. Ми се јавија од школо во вторникот дека не се чувсрвувал добро. Го земав и стварно грозница го тресеше. Дојде одмори поарен стана. Ноќта уште еднаш грозница го стресе, ама помина без сируп само го затоплив и сабајлето како нов. Така да незнам што да ти кажа може стварно само лесно вирусче е. Сепак ти најдобро си го знаеш детето.
Така е, останува да го следам. Еве го пак почна да качува, само што измерив 37.4. Ќе го заспијам сега па ќе видиме како ќе се одвива ноќта.
Првите 3 месеци како појде син ми, цело време се разболуваше а тоа беше пролет лето. Еве сега сите вируси ги проаѓа за неколку дена, температура еден ден, еден ден шлајм повраќање и после нема ништо, освен кашлица што и до недела дена може да трае. Значи на нога. Исто и од доење го одбив тој период зашто и мене ме фаќаше сѐ од ослабнат имунитет и оттогаш не сум се разболела. Не би го носела ако денес имал температура. Чекам цел ден да помине од симптоми. На пример во сабота имаше малку како пролив па во недела ништо и во понеделник го однесовме. Исто за температура ако има или ако поврати. Мене ме мачи за градинкава, дете пред спиење сега пробуваше да ми раскаже. Сфатив за некое другарче дека го карале, ама некако се потресов. Вика Х падна, боли "Х разбираш ли македонски?" И опцу. Јас се шокирав и мислев дека не сум разбрала добро ама после пак го повтори. Ова пред спиење сѐ раскажуваше и така може 10 мин ми зборуваше. Како да кажам индиректно утре дека тој сѐ повторува дома?
Немај гајле ќе биде подобар. Малку води ја ти адаптацијата, не ги оставај да те мафтаат. Инаку бато заглиби асално, 40 температура и пролив и повраќање, ќе видиме како ќе бидеме. Бебе дефинитивно рсв вирус, ама он по се држи од бато а он донесе дома. И јас имам мака од стомак, ме тишти. Он нема време од други вируси и стомачен да фати, а во група имало многу рекоа во петокот кога го земавме, од 5 деца 4 со пролив и повраќање, само он не, ама он не е скржав, он си го донесе дома да подели со фамилија.
Смееш. Мојата беше на истото млеко до 2 год, исто пиеше по повеќе. Ако сака, ќе и дадеш. Мојата си беше млекарка, си бараше, давав. Уште од старт не се оди по оброците на кутијата, туку по барањата на бебето. Некои сакаат помалку, а почесто, други пијат повеќе, поретко. Секое дете различно.
Некаде читав дека треба од 1-2 години до 1,2 литри вода да пијат. Ама пак сето тоа е индивидуално. Ако докторите не гледаат проблем, тогаш не гледам проблем. Моето пак пола литар едвај испива со туркање, ама се уште цица. Така да на друг начин внесува течности. За тие деца што цицаат пишуваше дека со цицањето и пиењето вода да дојде до литар и 200 мл демек. Едит: го најдов сајтот еве слика
На стапала? Ако има на дланки-стапала и уста Коксаки е, тт може пд тоа да е. Мојава имаше само на дланки и стапала, уста не, јас само уста.
Околу устата има 2-3 брунчиња, на стапалата нема ништо, а во уста не дава да проверам, ама не верувам да има зошто убаво јадеше сабајлево. Температура пак качи синоќе пред спиење од таа глупавата 37.4. Читав за коксаки сега, не ми беше познато. Ама ме интересира и вие што имате искуство со него ако може да споделите. Како да сум сигирна дека е тоа? Дали има потреба да го носам на лекар? За колку време поминува, колку време е заразен? По сликиве што ги гледам на нет неговите брунчиња не се баш такви.
Кај нас беше прилично брзо, крена температура 38,5, па прогресивно се креваше до 40 скоро, одбиваше јадење, пиење, а брунчињата беа толку ситни што јас не ги ни забележав, имаше околу газето само ама не обрнав многу внимание. После на доктор потврдија. Кај нас беше прилично мачно, му се направија афти во устата и 3-4 дена го болеше, а и висока беше температурата истовремено. 4тиот ден помина наеднаш. Кај син ми не беа брунчињата со вода, баш беа дискретни.
3 дена негде ја чешаа на мојава стапалата и дланките, пиеше само сируп прортив чешање, а јас имав само во уста и беа прееболни ни вода можев да се напијам. Тт е нормално да качува ако има Коксаки, заразни се додека не пукнат меурчињата после тоа не ама градинка недела дена не смее да оди оти за деца е високо заразно. Провери градинка дали има случај со коксаки. Големава само стана нафрлана кај стопалата прво немав ни ја појма за коксаки, и почна да вришти оти ја болат, па после чешаат.
Он не се понаша како да го чеша. Сега кога ќе ми текне на дланките му приметив брунчиња во неделата кога стана, ама мислев дека е каснат од нешто. Сега го гледам дека и позади на вратчето има ситни брунчиња и горе до окцето има 1-2. Он од вирус/температура до сега се исфрлал само на грпче, никогаш вака. Значи и да го носам на доктор прашање е дали и таму ќе знаат дали е коксаки? Нема некаков тест за да се провери или? Не ми е јасно како се поставува дијагноза. Едит: Сега сменив пелена, има и на газе (не на отворот туку на цело газе) и препони.