Коксаки од слика се дијагностицираше кај нашата матична Нема некаков тест, тоа се симптомите Ситни црвени брунчиња имаше ќерка ми, на ноџето 2, околу устата само 1, и на рачињата неколку. Доста лесно поминавме. Не ја чешаа и немаше афти во уста што е вообичаено за коксаки. Да знаете дека ако е коксаки, заразно е и за возрасни. Посебно за мажи ( шала )
Мала е веројатноста ама да, кога мојава стана нафрлана дома имавме гости со спиење, па детето го фати, јас покусо не останав а бебево ништо, а за неа највеќе се плашев
на газе , пеленска регија исто од коксаки е. носи на лекар да потврдат, за 1 недела ќе помине се. повеќе витамини и течности да внесува. нема тест преку крв, само преглед
Носи на лекар, пред некое време внука ми прележа, најмногу се измачи со афти во уста, потешко го поминиваме ние возрасните од децата, нив брзо им поминува. Со лесно, ќе помине.
Другарка ми имаше префатено од ќерка и, се чешаше ко шуга да има. Не сум сигурна ама мислам дека она качи и тт, а ќерка и немаше никакви симптоми. Само преносител беше
Што ти се вика несебични деца, ист е и мојот, се дели со брат му а особено вирусите. Он додуша не може да дојде на ред од вирусите негови и за стомачен па го препушти на брат му.
Sharing is caring Децава само уште да разберат шо се дели, шо не Мојава кашла деновиве ама не е страшна, затоа маж ми од вчера е неподнослив
Гледам денес на курето има распукана кожа и му е отворено повеќе, веројатно дека си “игра” повеќе со него и во бањање, сигурно го отворил сам и распукал, не верувМ да е инфекција не дава знаци дека го боли…да мачкам нешто или не? Друго прашање, ракавици какви да земам за зимава, рацете му се мраз ладни, а он дома цело време не трпи, сака да шетаме ама ладно е веќе, онакви со прсти вајда ќе најдам? Трето прашање, децата што не цуцаат цуцли, и нив во градинка ги нудат со истата? Моето од 5-6м веќе не бара и не користи цуцла, не е уште тргнат ама ако добиеме место ќе оди, па читат тука што пишете и да си знам.
@1209 , за цуцла ќерка ми никогаш не сакала. Во градинка оди од 9 месеци, ни сум и пратила, ни ја нудат. Е сега може да се случи да зачека од некое дете и да ја земи ама баш специјално да ја учат на цуцла, тоа не.
Не им даваат во градинка на оние кои не цуцаат цуцли. Ќерка ми се одби од цуцла на година дена, ја заспиваат таму без.
Ќе го носам после докај матичната и ќе видиме што е. Ако е коксаки ќе се јавам во градинка да им кажам. Дали следат протоколи и дали дезинфицираат, не знам. Ама јас што е до мене ќе направам. Се надевам не е тоа, се изначитав свашта. Ама ќе видиме после.
Оние каравици без прстиња, многу полесно ќе му ги ставиш, барем јас не можев со прстиња оти не ја ширеше раката па додека ги наместев ехеее
Бела според слики и од описот и мене ми личи на коксаки. Ќерка ми два пати фати од градинка до сега, нема бегање од тоа за жал. Повеќе видови ги има и не се прележува од еднаш. Ама како што ти кажаа, децата обично лесно ги поминуваат, ќерка ми и без температура ги пројде дури, само осип. Јас еднаш куртулив, еднаш префатив и господ го видов. Што од температура 40 два дена, што од осип. Нема каде немав. Цел скалп на глава, лицето како тинејџер во најлоши денови, во уши имав цели дланки, стапала, екстремитети… Возрасни ретко фаќаат, ама кога ќе фатат повеќе се мачат. Ако ви потврдат коксаки, се надевам вас да ве одмине и со лесно да поминете.
Не читај многу оти и јас читав и од памет се извадив, ама кај сите деца не е исто. Пример кај едната другарка имаше детето и се изнамачи 2 недели со афти во устата, ни јадеше ни пиеше, инфузии, чуда, кај другата два дена тт и осип и толку. Има различно врсти нели па да се надеваме дека кога ќе фатат ќе биде лесно, ама не читај да не се паничиш, чекај да каже матична. Со лесно. Па ете затоа си прашам не ми текна дека може да не шири прсти
Само што ми се јавија да ми кажат дека и утре нема да почнеме, оти одговорната за неа е болна. Веројатно ни неделава нема да биде. Можно е од понеделник. Адаптација од 6 до 8 недели се смета за нормална овде. На почетоткот седиме заедно и почнуваме со делба од 10 мин па постепено се наголемува. Јас ќе одам онолку пати, колку што на неа ќе и биде потребно. Значи може и три недели да седам по малку. А кога ќе се разделиме и она остане сама, треба да сум достапна и да сум за макс 15 мин таму, ако не можат да ја смират. Се настојува, во целина да биде позитивно искуство за дететето, а не траума. Во меѓувреме ќе се разболи три пати и така да најмалку два месеци треба да се планира. Кај некои деца успева и за две недели, зависи каква врска и доверба ќе се изгради меѓу детето и неговата воспитувачка. Ама затоа на крај ние дома се бориме да се успиеме, а они само ќе го погалат и спие. Што значи, овде се враќаш на работа, тек кога завршиш со адаптација. Така си е општеството, со ова темпо што не сме ни почнале, јас најрано од фебруари на работа ќе сум, а може и март, оти има празници во декеври и две недели затворено, па може и од почеток ќе треба пак да почнеме.
Па реално вака и треба да биде, и браво што на овој принцип се функционира, јас одложувам праќање во градинка оти стварно мене ми е стресно да го оставам 8+ саата на некој, а не па нему. Плус во градинката што сакав да оди, на другарка девојчето почна пред месец дена, леле луѓе каква траума му направиле на детето за какање. Она не користи памперс и не ја слушале кога сака да оди во вц и она стискање цело време. Дете веќе месец дена не кака дома, по болници, со клизми ја чистат, од мирно и мило дете стана агресивна и не дава никој да ја допре, сега ќе одат на хирург зошто детето не кака, с од болница велат нема пречка на ехо, од траума е. Другарка ми е фрапирана од бес. Знам дека не е секаде така ама кај нас во градот само лоши искуства слушам од градинките, ум немам што да правам. Едит: додека јас прашувам за ракавици мм купил онакви без прсти и не сака ни да ги слече од раце