Како дозирате Тобрекс? Апла има конјуктивит, едното окце само што не се затворило. Матичната рече камилица, ама каква камилица на ова бе. Стана со залепени окциња.
Во нос и очи по една капка, 3 пати на ден, 7 дена. Вака на ќерка ми и беше од матичен препишано. Ама сепак само со консултација со доктор. Може има и други шеми на дозирање. Едит: камилица никако. Само со физиолошки ако веќе чистиш.
Избриши му ги очите со физиолошки. Нас матичен ни дава тобрекс или тобрадекс кога има коњуктивит. Обично секрет имаат од тоа или запушени канали.
Не камилица, моево има 2 пати фатено, никако камилица ми рекока плус тие кесичките не се ич стерилни, само газа со физиолошки так ќе чистиш и капки.
Не знам зошто препорачуваат камилица сум читала дека ништо такво ниту мајчино млеко не смее да се става на око. Инаку јас сум ставала физиолошки на очите и брзо му минеше. Редактирам: не беше апла конјуктивит кај нас, ама му гурлеше
Да не ви реплицирам на сите. Јас со камилица никогаш не сум чистела очи, ми нема логика тоа. Синоќе и сабајле со обична вода му ги исчистив, не ми текна дека кога беше мал му ги чистев со физиолошки кога имаше затнато каналче. Се распаѓам веќе, преморена сум и не ми функционира мозоков како што треба. Сама по цел ден со него маж ми дур да дојде, стварно ми е тешко кога е болен, а ептен го зареди во последните 2 месеци. Ако ви кажам дека не наоѓам време коса да измијам и шетам мрсна со денови не претерувам, верувајте. Не сакам да се жалам премногу зошто ова дете и овие денови ги чекав многу, ама од крв и месо сум, не сум од камен… За капките и пишав на матичната дали и како да ги ставам, иако веќе ги имав почнато. Кажа да ги ставам ваљда дека и опишав каков е моментално. 3х1, 5 дена рече.
Подршка мами, да минува побрзо. Се изнамачивте и ти и дете. Инаку сугерирав за очен за некоја маст да препишат, полесно за аплицирање ми се чини. Јас како мала сум имала мака така, дури се и сеќавам дека очите не можев да си ги отворам. И пред легнување мама ме мачкаше со некоја маст. Дава да му ставаш капки
Со помош на татко му успевам да ставам. Он го држи, овој се дере, јас ставам. Кога мора, мора. Знам дека има и масти ама ништо не ми спомна матичната. Ќе си завршат работа и капките сигурно.
Вчера пишав дека е добар и да не префати нешто случајно, марфи работи. Најверојатно грло го боли, не сака да јаде одсабајле јадеше кифла една од станување до 12 прееска, а е станат од 6, и само зинува со устата прави аааа носот му е чешма десниот, левиот затнат. Проѕирна течност тече, заспа во 12 во 1 стана со плачење, испотен жива вода, раце се во уста му се. Не знам што да правам, еве сме глеаме маша и медвед пошо така се смири од плачење и страв ми е да ја исккучам да не рикне
Бела направете брис обавезно, дај боже да не е ништо, сега пишев горе, во здравје, прочитај ме, не оставај на нагаѓање. Брис и чиста работа, знајш на што си. Немам сила да пишам, денес не пуштаат од болница, чекам да не земат, преморена сум, отпеана кај од нерви, грижи, без сон... Само здравје луѓе, нека станува 100 пати нека е здрав. Трауми за цел живот ми направи
Поддршка и за тебе мами и издржи друго немам што да кажам. Се измачивте по болници и да не се повтори.
Качи многу температура, 39.1 и го однесовме за кс. Мирна е, чисти плуќа и грло, др кажа нема потреба од друго, само окцата да ги третираме до Тобрекс. Вие ептен се измамачивте мама. Последно да е ова!
За 2 дена повторете кс, почеток на бактерија вирус знае да не покаже, туку по некок ден. Со лесно мајки на сите
Моево пред три недели од прилика имаше коњуктивит, Тобрекс му препиша, пет дена 3*1 да му ставам. Третиот ден веќе стакло му беа очињата, ептен помагаат капките. И со стерилна газичка со обична вода му ги чистев очињата зашто многу му беа залепени. Инаку, кај помали бебиња и деца капки полесно се аплицираат и побрзо помагаат од искуство. @lackygirl да те гушнам само сакам да не се повтори веќе никогаш
Така му ги препишаа и на моето и веќе гледам подобрување. Лачат уште очињата, ама помалку од претходно. Ќе помине, само ептен се за грев и жални за гледање кога се такви. Ама тоа е..
Фала чупиња @Bella_Stella само упорно ставај мора со ред иначе ќе се повторува, мн е досаден конјуктивитот, големиот обавезно има 2 пати годината ама никако не даваше капки и многу долго му стои, пробав со маст тобрекс најдов ама џабе, капки треба. Чистење со физиолошки само, ни млеко ни чај. Пред да се породам лани имаше од јуни до септември со паузи дека без капки го повторуваше. И префаќа многу, обавезно и мене ме фаќаше.
Почна да спие во градинка од понеделникот, таму спие по саат, дома знае да се успие и 3 часа. Пред да ја оставам за спиење имаше супер ред, во 7 заспана, во 7 станата. Е сега..дали дека малку таму спие, навечер неможам да ја заспијам до 10.. еве сега заспа. И така веќе 3 вечери, баш од понеделникот. Пробав после градинка да ја заспијам за да се доспие, неможам. Претпоставувам е преуморна и дава отпор, а и се спие. Како да и помогнам? Дали и треба време да се адаптира таму, па да се врати и дома во ред? Деца не ја будат, прва станува, и дома станува ама ќе легнам до неа и презаспива, е таму нема така и е недостапна. Иии почна 3 дена да не јаде. Инаку е супер јадач. Вака е весела, среќна, не гледам дека нешто не е како што треба. Што е решение?
Со борби ги ставаме капките, ама успеваме некако. Утре кога ќе треба сама да ставам дур е татко му на работа не знам како ќе биде. Се надевам нема да не префати и нас, уште не осеќам ништо, се пазам као, ама колку можеш да се допазиш. Од прееска сто пати се сецнувам да не го бакнам на окцињата.