Јас не мислам дека само со тренинг е возможно да се има ред со спиењето. Син ми освен кога е болен што ни се ремети малку, генерално има многу убав и редовен сон. Под ова не мислам на преспивање на цела ноќ, веројатно дур цица и дур да излезат сите заби нема да ја преспива. Ама мислам на дневно и ноќно заспивање во приближно/исто време, ноќен сон од 10-11ч, а дневен од 2-3 часа. Не сум го тренирала нешто посебно, едноставно гледам да го носам на спиење во тие саати, да јаде во приближно исто време и тоа е тоа. Си има деца спијачи и неспијачи, и тоа игра голема улога. Иначе 12ч ноќно и 3 часа дремка се 15 часа вкупен сон што за деца веќе над година-година ипол е многу и тука станува збор за спанковци би рекла. 13 часа вкупен сон во 24 часа се сосема доволни.
Не се пие антибиотик ни за мрсулите ако детето нема наод на плуча, болно грло, покачено црп итн итн. Секретот ќе го чистите да не се слева во грло, од тоа кашла, а чим доктор вика дека не треба антибиотик треба да му веруваш. Парацетамолот за што, има ли температура?
Може за вечер да пробаш и со тие Респиратол лепенките, да ги ставиш блиску до него наместо на алиштата.
Му пратив на мм список што да ми земе. Не знам веќе, еве спие сеуште од прееска, го држам јас во раце ама барем нека се наспие ноќеска шетавме низ соба над мене спиеше, 3 пати се разбуди што не можеше да диши и толку беше.
Има некој вирус со секрет во очи, јас еве месец дена не можам да се опоравам верувај. Само да знаеш, после 7 дена капките ги фрлаш, не ги чуваш. Со јака кашлица, со секрет во очи, со мрсули, он има стакло кс и чисти брисеви од уво, нос, грло и око. Најди нзс. Ние сме ок, ако може да се каже, освен што ко што гледам и другите ги мачи таа регресија во спиење. Ако сме сами дома заспива во 9, нема гајле, ако има некој, во 10 со плачки заспива. Страшно!
Знам, прочитав упатство. Пет дена му се дадени да ги прима. Денес е значително подобар, само капаците му се црвенки малце. Нормално е тоа претпоставувам?
Да нормално е да е црвено, можи да е и потечено цело око, само редовно 5 дена ставај и да нема ставај за да не се повтори. @Carolin. Респирантол лепенки за спиење, помагаат. Наместо сецкан кромид, можиш и тоа, делува.
Големото е 4,5 години и од негови 7 месеци спие сам во соба.Сега легнува во 20и30 до 7 сабајле спие, преку ден спие од 12 до кај 14. Малово е 1.5години и после нејзините 6 недели или 40 дена почнав со строг ред и еве тераме така. Спие од 19и30 до 7 сабајле, а дремка преку ден има од 11и30 до 14. Одат и во градинка па до сега ништо не ни се пореметило. Имав јас мака со сонот, не спиев доволно и многу бев нервозна и уморно. Првото голема мака имаше со заспивањето и морав да барам чаре.
Знам многу добро кога е потребен антибиотик, затоа и ги правам контроливе кај матичниов цела недела. Инаку да, чистиме нос, ама секако дека нешто ќе замине и надолу, па затоа кашла и тоа ми е јасно. Парацетамолот делува антиинфламаторно, па матичниот рече да го давам неколку дена да ја смири лигавицата.
Пробај да ставиш веднаш после будење дур е малце поспан, јас ставав така во внатрешниот дел на окцето, и ќе отвори очиња и влегува капката внатре. Директно во очи не ми успева никако.
Да потеченки му се малце, едното повеќе. Ќе ги ставам секако до недела, не ги прекинувам. Успевам да ставам како што му чистам носе кога сме сами. Го легнувам со главче меѓу моите нозе, а рацете му ги држам со нозе за да не мрда. Малце е “насилно”, ама морам.
Кажете ми добар кардиолог за деца во Штип? Мислам дека еднаш ми спомнаа тука некој ама не запишав. На двапати кога е болен, на итна докторката ни кажува дека има шум на срце, и кога се роди само една докторка од визитата ни го кажа тоа и после го проверија неколку доктори и рекоа дека нема ништо, ама после докторкава на итна што ми спомна ме јаде црвот не сум мирна. И кажете ми нормално е да имаат побрзо чукање на срцето од нас? Мислам дека да ама не сум сигурна, некогаш кога цица или лежи врз мене ептен му го осеќам и ми се чини многу брзо е, кога имаше тт ептен изразено беше.
Нормално е да имаат побрз пулс од нашиот. И кога имаат температура е нормално откуцаите да се уште побрзи, ова се случува и кај возрасните.
Milev mislam deka rabotese i vo Stip vo nekoja ordinacija privatna ako ne se lazam, ama rasprasaj se. Mnogu e dobar. Edit: tuka
Шум на срце е честа појава, не е никаква болест или дијагноза. Најчесто е наследна. На некои бебиња до првата година им се средува, а на тие на кои не им се затвора го имаат понатака во животот ама најнормално се живее со тоа. Јас го имам цел живот, и ќерка ми имаше среќа па го наследи.
Добро бе луѓе аман што е ова со неспиењево… сам заспа во 8, стана во 9:30 со плачки, како да имал кошмар, го смирив, презаспа и наеднсш ми текна дека не сака да спие, јас стој на глава да направам да спие, не сака и не сака, значи пробав денес денески не го спиев дека стана во 10, синоќа пак не можев да го презаспијам, во ниедно време заспа, цела недела ни знам кога легнува ни кога станува, ред не можам да му фатам. Скренав веќе жими се.
Др. Јадранка Бреслиева е педијатар специјалист за срце на деца. Има приватна ординација за деца + работи во болницата.
Почнуваме и ние да ви се придруживаме. Хиперактивен станува од што му се спие, а не сака да спие. Плаче, па се смее и се така во круг. И на крај го фатив во раце го стиснав да не може да ми мрда и заспа за минутка, 21:40 беше. Сега до кај еден најкасно ќе стане и ќе плаче и ќе вика вода, па сисе ќе бара и на крај ќе стане да шета низ соба во црни темници. Веќе 5 вечери така прави. Ај вчера го оставив помалку да спие денски да видам дали ќе смени нешто, ама јок. Пак кај 22 часот заспа и се будеше во малку пред 1, па во 6, и нормално сабајле дека ќе спие до 9. Ме полудува. Од 1 до 6 квичи и се мести сам и продолжува, ама мене ме расонува и така мајка не наспиена.
Мајки, мојата е скоро 2 години. Оди во градинка неколку дена и се разболе. Пиевме и доста антибиотици. Сега е супер, не е болна ама нема да оди во градинка до декември. Ама последните 2/3 недели значи не сака никаде да оде. Не сака ни кај бабите, ни на родендени, имендени. Ама буквално траже само дома да седеме и сите ги вика да дојдат дома. Значи не сака никаде. Дали е период или треба сериозно да размислувам шо и е? Околу мене бабите сите коментират како не сум сакала никаде да ја водам.. Ама ако ја питаш дали сака кај баба и, ако рече не и ние па ја однесеме.. Идеме до тамо и почне да плаче за дома. А инаку ако има некој кај нас не и е проблем значи игра си, комуникативна е. Сериозно веќе не знам што да и правам, ако има некој искуство давајте совет.
Период е, можеби нешто е уплашена, болници или некој цртан.. ќе заборави без гајле, не и наметнувај да оди некаде кај што она не сака, а не е морално да се оди.