Да па и си претпоставував дека е некој период ама кога почнат околу мене да зборат демек не сум ја носила никаде затоа дома седела..
Нормално е. Јас да ти кажам искрено на мене лично и подолго отворени сум ставала и ми делувале. Свекрва ми ги користи до 1м дека она често фаќа од децата во градинка инфекции. Извини не знаев дека пишува во упатство зошто ретко ги читам, обично во аптека ми кажуваат. Мало е за без една дремка. Веројатно им е периодот ваков зошто и моево е исто многу раздразливо. Синоќа едвај заспа, сабајле не можев ни да го разбудам.
Пишува да, јас прв пат ги користам па обично читам упатство кога нешто не ми е познато. И јас мислев ќе фатиме и ние, ама за среќа нема ништо до сега.
Колку ви јадат количински во текот на денот 1.5 годишни деца? Некако не знам дали јаде доволно и само го нудам нешто. Од сабајле доручкуваше едно ипол парче пржено лепче со јајце и мало чинивче грчки јогурт. После некое време испи смути од 100гр, а сега грицкаше соленки. За некое време ќе цица, па ќе спие. Не цицаше денски ама откако се разболе последниот пат не заспива без цицање. Кога ќе стане ќе руча, измеѓу може ќе касне мандарини, портокал и накај 7 ипол вечера. Доволно ли храна е ова? Некако како да ми е слаб со ужинките..
Супер е. Мојата да јаде толку ќе се радувам. Во градинка јаде многу слабо. Дома иде речиси прегладната, и давам да руча тогаш. Па по некое време јаде нешто соленки, грицки, смоки. Ретко после тоа смути или сок. За вечера пак слабо речиси и не вечера, јогурт пие обавезно пред да заспие.
Епа колку да јаде? Три солидни оброка имате што ги седнува и ги јаде без проблем. Да не почнам за моево...
Скоро 17 месеци и добро уште има скокови? До која возраст се? Таман се спремам да ја одбијам и знаев дека нешто ќе се случи. Се будела секогаш навечер ама сношти мислам дека тоа беше на пола час до сат најмногу. Скоро на секое станување цицаше. Плачеше ама брзо се смируваше. Само еднаш делуваше како да плачи од болка. Можно е да се забите - се спремаат горе тројки, долу едната четворка или петка излезе, а и од другата страна ќе биде кај и да е. Горе кај четворките/петките не можам да видам што се случува. Имав вклучено клима на 23 степени (спие по боди на кратки и тенки пижамчиња и ептен со тенко покриена). Па мислев да не ѝ е топло, ја исклучив и ја покрив со подебело ќебе. Не знам што може да е. Само многу многу мачно. Прво за неа, па и за мене. И веќе не сакам да го одложувам одбивањето. Гледам дека се повеќе се приврзува и дека би било потешко како поголема. И изгледа ќе морам наеднаш, некако не ми оди работава со кратење подои. Се нешто се случува.
Истото ни се случува откако тргна во градинка. Не сака гужви, гости и одење по гости. Мисли дека ќе ја оставам и ќе заминам, само мене ме бара и во мене да е сака. Пред некој ден на слава кај моите седевме околу 30тина минути. Почна да плаче и да вика "дома, дома, дома" и ништо друго. Имаше деца, си играа и највероватно ја потсети на градинка. Штом дојде некоја од бабите кај нас или ние одиме кај нив, исто, само ме бара со поглед и не се одвојува од мене. Мислам дека е период. Се плашат дека ќе ги оставиме, како во градинка што ги оставаме.
И јас така со кратење подои еве ме се влечам 3 месец веќе и што е најтрагично само ноќе цица. Де викав заби де ова де она, само нешто наоѓав сега е настинат ама да му помине и дефинитивно не му давам веќе, ке плаче ке кенка ке му помине. Денските и тие пред спиење некако многу лесно ги заборави ама сеа ноќе што ке биде, се надевам дека ке ги поминеме како денските или барем пола како нив.
И син ми слабо јаде во градинка, доручек јаде, ама манџи слабо руча. Кога оди на градинка до 11 ипол е и кога го зимам носам нешто со мене, кифла, смути, вафла, смока или банана за ако не е јаден да касне. Спие па кога станува руча, исто како кога е дома. Си има и дома денови кога забушава и не му е по ќееф нешто, ама генерално јаде ок. Во последно време многу сака да јаде со прибор, иако уште не знае баш добро, ама се учи. Пример се случува да му послужам ручек што претходно го јадел со раце и да нејќе, му давам вилушка/лажица и почнува да јаде. Во градинка претпоставувам не јаде зошто го немаат тоа трпение и време да му асистираат дур јаде сам. Не знам, затоа прашав. Не е дека ги јаде секогаш без проблем, знае и он да изведува, како сите деца.
Ја велам за мојата руча. Ама дали јаде и колку јаде поима немам. Расте, се накачува на килажа, скока,се движи, се качува и си викам ок е. Кога е изгладнета е нервозна, па дури и плаче. Не знае да си каже дека и се јаде. Знае да каже ам ам, ама тоа и е за се што ќе види јадење и за секое јадење кога ќе ја прашаш вика ајде. Е ама ајде, од сабајле за доручек јаде 4-5 усти од што и да понудам. Мислам дека од ад е таква, оти добива кога ќе стане. Ако не и дадеме, ќе не истепа. Тати и мама кафе, она млеко, абе идила за 20 секунди и после ураган . После добива некоја ужинка, нешто овошје, нешто мафини, нешто кифла. Па спие. После спиење, зависи ако пиела млеко, што од понеделник ќе ја одучуваме, јаде овошје, па руча. Ако не обратно. Ќе касне нешто повеќе, зависи колку и е омилено. Па после на шетање добива оризова вафли, кекс,смоки. Вечера јаде некогаш повеќе, некогаш помалку. И пак млеко нормално пред спиење. Ќе си пие она до три години млеко секако.
На мене во градинка ми кажаа дека ќе му даваат каши оти за сите така правеле. Ок викам ајде нека иде, секако баба му најчесто каши му дава и тоа скоро дознав откако блендерот го заборавила на место кај што не го ставам. Еве за вчера ќе ти кажам мојов што јадеше. Пола тостирано лепче со путер за појадок и за ручек ориз со спанаќ мало чинивче. Измеѓу две три грицки јаболко, пола шмукалче. За вечера 5-6 лажици чоколино. Толку е и ова рачунај е во добар ден. Кренав раце од понутритивна храна, ако се учи на свашта во градинката нека се учи. Јас со толку време располагам. Килажата таа е со месеци, да е мрднал 200-300 грама. Кака некогаш еднаш на ден, некогаш 4 пати. Ваљда нешто мели стомакот, тоа е. Екстра сте вие, ќе славам кога ќе се разјаде мојов како твојот. Ако кака, полно е мешето. Велиш не се трудат да го наранат таму? Не знам што ме чека на тоа поле, ние тек сеа тргнавме во градинка.
Млекото од сабајле апсолтно непотребно. Спреми и оброк од сабајле, не и давај млеко. Ако сака да го пие подобро спреми и некој шејк, ама подобро е да е цврста храна.
Не и треба би сабајле ни на пладне. Ќе мора да се одлучи некако. Проблем е што некогаш стане ноќе и бара млеко. Тогаш сабајле не и давам. Колку се радува само на шише, неверојатно е. Мекенцеее
Кака два пати на ден обично, некогаш три. Па мислам дека не се трудат да. Не знам ни дали е за замерка пошто он е напорен за хранење, а на нив не им е само он за чување. Сум пишала повеќе пати дека ако е манџа, палента, овес итн, нешто што морам јас да го хранам, мора паралелно да е анимиран со играчки и да вртка нешто низ раце или да претура од една чинија во друга. На прсти се бројат оброците што ги јаде без занимација. Летна манџа, сарма, полнети пиперки. Ќофтиња, тестенини и слично јаде сам и нема гајле. Ама ако треба да јаде манџа, чорба и сл, борби се. Па сака да дроби залци во чинијата. Сабајле пример пола лепче касна нормално, после почна да го дроби во грчкиот и да срка со лажица. Некако освен за да се нахрани и како игра го сфаќа хранењето, така го приметувам. Синоќе па нејќеше да вечера, имаше палента со сирење и кашкавал. Не е дека му е омилено, ама го јаде. Запечатил уста и јас се откажав си седнав во дневна. Го гледам по 15 мин трча накај кујна и вика ам ам и ја докачил чинијата и ми ја носи. Се изнасмеавме со маж ми, викам еии види го сака да јаде. Како да не! Го седнав во столче и почна да копа со рацете во палентата и да вика ам ам и да се смее. Успеав да бутнам 5-6 лажици, ама 80% отиде во ѓубре. За килажата поарно да не почнувам. Како соленка е, некни го мерев облечен 9500, шо значи 9300 е негде. Послаб е од сите на негова возраст што се околу нас. Ама нека е жив и здрав, шо да кажам веќе.
Јас многу сум среќна што и двајцата не станаа зависни од шише. Млеко пиеа до кај година ипол макс, и тоа малото само го одби на година и 5м, едноставно престана да го пие, а го пиеше како ужинка, а големото на годинаипол силум прилике откривме нетолеранција на лактоза.
Исто и ќерка ми, не седнува без прибор и кажува "ама" (сама). Претпоставувам таа е причината што не јаде таму.
Да да, тоа карактер си е. Од градинка кога им кажав дека јаде сам од мал ме прашаа да го оставеле ли и они сам да јаде. Ама таму се 90% манџи, а он уште не е спретен сам да срка, ќе се направи лом.