Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    4.764
    Оставете ги сами, не сте свесни на колку работи се спремни. И поубаво да се навикнат во градинка, знам дека звучи сурово но самиот факт што таму нема кој да им го бери гајлето цело време ги прави понезависни. Ќе одбиваат да научат можеби, но кога ќе видат дека алтернативата е да останат гладни, ќе научат брзо.

    И син ми не знаеше да ракува со лажица, јадеше сам уште од бебе но со раце воглавном, лажица користеше понекогаш за цврста храна. И јас мислев дека нема да знае да јаде манџи и супи со прибор, ама еве го и во градинка и дома сам си јаде, си бара сам да јаде. На почеток дали 20% од сервираното завршуваше во устата, и од тоа уште пола ќе го исплукаше. Па после секое јадење цела облека одеше во перална, а тој под тушот. Ама еве го сега си јаде сам манџа, супа, со лажица, па си зема леб, го мака во супата и си го јаде.
    Во градинка се научи и да пие од отворена чаша, јас дома сеуште ја користев од филипс чашата, кога он да ти знаел од стаклена чаша да пие.
    Оставете ги, ќе научат се.
     
    На Tiny Love, јolene, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.816
    Пол:
    Женски
    Сега ме замисли, јас мислев моето не јаде ама и оно волку јаде…последно мерен 12,5 кг, може па волку треба да јаде:D

    Инаку моето користи прибор и лажица и виљушка, со раце одбива да јаде, некогаш и овошје бара да боцка и многу е гадлив, ептен.
     
    Последна измена: 15 ноември 2024
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.083
    Пол:
    Женски
    Мојава е исто околу 12,5 кг. Викенд мени, за во градинка не знам што и колку јадела.
    Еве од неделата
    Појадок овесни палачинки со грчки јогурт 3 палачинки, по околу 6-7цм обем, плус неколку боровинки
    Ручек, кришка леб со сарма т.е месото.
    Вечера чинија палента со сирење

    Измеѓу - едно печено јаболко, со мед и цимет, не многу големо, околу 15тина гр смоки, мафин домашен,млеко пред спиење (ноќно) и кифличка мала на гости.

    Јас мислам многу и е храна ама не става на килажа екстремно многу, плус е ептен активна цело време.
     
    На Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.
  4. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    12.5 кила е супер килажа за таа возраст.
    Мојава е јадач и има 11 кила и не е слаба кога ќе ја видиш.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.265
    Допаѓања:
    11.420
    Пол:
    Женски
    И мојот е напорен за хранење и искрено на свекрвата за тоа и се восхитувам. По цел ден да се одело по него со лажички со залчиња... Такво трпение изгледа само бабите имаат.
    Манџа што велиш супа, леќа, боранија ќе проба една лажичка и толку ќе биде. Без занимација јаде само суви макарони.
    Абе кога видеш исти се. И мојот ќе гмечи, дроби ќе игра, па ќе му текне ќе стави во уста. Таман ќе помислам дека не јаде веќе оти 5 мин шлакал наоколу, ќе стави парче во уста.
    Што ми праќаат слики од градинка најслаб е. Нема свивки, нема каде да го штипнам. На памперсот лепенките се преклопуваат. Извишен е, гледам по облеката, ама многу е слабичок. Сабајле му облеков панталони од 9-12 месеци.
    Стварно се надевам дека во градинка ќе смени. Небитно ми е што користат вегета, сончогледов зејтин и сл, само да пројаде дете.
    @1209 бегај ти значи веќе не можам да се тешам со тебе :D да не си се пожалила штом јаде колку на Бела.
     
    На Bella_Stella, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    8.007
    Пол:
    Женски
    Сосем доволно е ;)
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.816
    Пол:
    Женски
    Јас се нервирам што уствари хранливо не јаде, значи манџи не, месо не, јајца не, оваа килажа му е од пецива, мафини колку толку здрави, паста и ориз со спанаќ и овошје, пример денес изеде јпонска јаболка, 3 мандарини, една банана, калинки сигурно од една зрнцата, пола краставица и јогурт со малини, ама друго нема каснато, нудев и не сакаше, само овошје бара.
     
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    8.007
    Пол:
    Женски
    Моето јаде на молење. Сабајле јадеше пита со сирење и спанак, домашно правено. За ужина денес така низ град изеде некоја бисквита, обично јаде крушка, јаболка, банана... За ручек му направив батат со мисиркино месо и морав да го направам во форма на пире за да биде изедено месото, го зачинив со бело лукче, ставив кромид, целер, морковче и испадна топ. Ја излижа чинијата со лепчето хаха.
    Наогај начини како да ти јаде месо.
    Моето мелено јаде вака: го варам во авент на пара ставам домат, целер, морков, пашканат, кромид и потоа го изблендирувам. Варам тарана или тестенина било каква и помешувам. Маф прави.
    Во мусака го плука. А кебап јаде (facepalm)
    Оди фати му нзс
     
    На Bella_Stella, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  9. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    6.778
    Др. Јадранка во Штип.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    858
    Ќе се шекнам денеска, од вчера качува температура, му искочи како херпес на устата. Во 9 стана сабајле и два пати го успав за дремка и двата пати стана за 10 минути. Еве уште е буден нема абер за спиење. Ќе биде ова добар викенд!

    Апропо муабетот на @Bella_Stella за разболувањето од градинка, две недели беше дома од кои првата пиеше антибиотик. Во понеделникот тргна на градинка и веќе третиот ден осетив дека пак ќе се разболи и четвртокот ете го со температура. Крај нема со разболувањава!

    Ве читам за јадење, мојот никогаш не бил јадач, денес па со температурава ништо не сака да јаде. А да, се распи детево млеко на 22 месеци и сега сам бара, пред тоа не сакаше да го помирисне, чудо се децава значи!

    Убав викенд мајки.
     
    На H.VAGA, Carolin., Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    8.007
    Пол:
    Женски
    :drunk::drunk::drunk: ако ја преживеам мирно ноќва имам златно дете :inlove: не е шала.
    Денес со 35 мин дремка, од кај му толку сила до 21:30 часот да трча како луд. Ова прв пат така да не спие денски. Се надевам нема да се има втор пат. Ова регресија на сон најјако пуштена ни е.
    Дур пишев стана. Од умор не може да врзи сон... Изгледа ќе биде тешка ноќ сепак. Отидов мамасити да собирам дремки колку се може. Добра ви ноќ
     
  12. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    858
    И мојот денеска исто како на струја пуштен, 20 минути дали дремна цел ден, мачно му беше изгледа од температурата крани спушти, немаше никаков абер за заспивање и искочивме у кола го возевме за да заспие, дури у 10 заспа. Хорор.
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.330
    Допаѓања:
    20.676
    Пол:
    Женски
    Вие очигледно немате со количината проблем туку со разноврсноста. Ништо страшно, нека јаде тоа што сака. Убав совет ти даде @Ceneva крај краева блендај месо може ќе јаде.
    Ехее милијарда ствари 9-12 си носи уште. :drunk: Пролетта извакумирав сѐ зимско, некни викам дај да проверам и еден куп алишта што му се фаќаат најдов. Економични се ако не друго. :D
    @strelec231992 побрзо да поминува, крај да се немало значи. :|
     
    На 1209, Ceneva и strelec231992 им се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    24.902
    Пол:
    Женски
    Јас не ни сеќавам кога она станува и колку пати, в сон презаспивам и она е одмс заспана, некогаш спие до мене ако се буди многу. Само моиве со цицање презаспуваат и не се распонуваат, знам дека за цицањето на вечер треба да е будно за да престане да презаспува така ама бар сме наспани .. за ноќно неам проблем али дење спие саат-саат и пол и тоа со презаспување, ако не ја сетам оти станала ќе се расони одма
     
  15. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    858
    Арно ме потсети да ги проверам ланските зимни алишта, сигурно и на мојов ќе му се точни, ако ништо друго бар зимското палто сигурно, лани огромно му беше. Стварно се економични, блузи шо ги нарачав у февруари на попустите уште ги носи и уште му се големи некои...

    Ние уште мака мачиме да дојдеме до 10 кила.. Таман стигнавме над 9.5 се разболе и сеа пак ќе ослабне. Памет немам веќе..
     
    На H.VAGA и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.330
    Допаѓања:
    20.676
    Пол:
    Женски
    Исто од а до ш, како за моето да пишуваш. Зимско палто од мерак купив и годинава, иако ланските му се фаќаат и двете, а ваљда и скафандерот ќе му е точен, го немам пробано. Нема ни 9 ипол кила, 10 кога ќе видам на вага ќе славам у кафана. :D
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    858
    Охооо не да славам на 10ка, дебело ќе славам и частам :D Си дадов цел некако до роденденот да стигнеме бар близу 10ката ама којзнае...
     
  18. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    8.190
    Пол:
    Женски
    Мајки малава ми кашла и го направив сирупот со главица кромид и мед ама многу јако мириса на кромид.
    Утнав нешто или така е ОК? :D
    И ако имате уште нешто ефективно за кашлица споделете плс.
     
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    8.007
    Пол:
    Женски
    Блазе си ти. И до мене да е, не го презаспивам во сон. Јас одма се расонувам и после мака мачам. Имам проблем со грбот и никако не можам да се наместам. И затоа и не го оставам до мене да спие. Зошто после ужасни болки имам. А и тој само квичи се лути оти не може да спие, па фаќа цице, па става цуцла и се така дур не му здосади и се врти и заспива. И по два саати пак истото.
    Еве го втор пат како стана и презаспа. До сабајле ќе видиме уште колку журки ќе имаме.
     
  20. defocus

    defocus Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Препорака за студио со новогодишни тематики за фотосесија со дете?