Јас некогаш се чудам зошо малку јаде некогаш кај му влезе ова јадење. Еве на пример вчера и денес тотално спротивно. Вчера: Доручек Тост со кашкавал на 4 дела беше поделено лепчето 3 изеде. Јадеше јаболко и од моето смути после тоа пиеше. Ручек боранија манџа со 1 кришка леб. Смоки, една оризова галета и пола штрудла. Вечера макарони. Денес: Доручек изеде пола од чинивчето конфлекс со јогурт, сам го зеде од фрижидер до сега не пиел јогурт, ваљда мене што ме гледа. Мандарина ни пола Ручек: риба со зеленчук се изеде, претпоставувам зошо одсабајле не јадеше како што треба Го понудив бисквита два пати касна и ја фрли. Вечера: ништо. Му направив чоколино божем тоа сака и ке јаде, важи. Не го ни помириса. Мислењево пишувано од синоќа. Дојдов да се пофалам сабајлечки, после година и 3 месеци конечно преспавме ноќ сабајле стана во 6 за цицање и еве го спие уште, а јас не знам колку пати го проверив да не има темп и дали дише, не миве верно сеуште.
Што правите и давате кога има надразнителна кашлица? Ноќеска баш ме фати паника со кашлањето. Ставив аква марис, после некое време оперил во нос, па на крај инхалација со физиолошки, па после саат се смири. Се помислив едно време и за лоратидин. Што друго помага?
Пробај со лоратадин, за смирување на кашлица давам Хербион од исландски лишај. На малово немам даено досега, на големиот цело време му давав ко ќе беше така.
Бела и на моето јакната од лани му е точна. Тренерчиња има исто што се точни, а некој кратки а во стук точни. Ама некогаш за по дома нека се и до глужд . А ете има 10 и пол кила изгледа. Не менува кило плус ако се има извишено детето. Од 12-18 месеци комплетите му се големи, комотни А од 9-12 преубаво му стојат дека точни точни Море дур трчат како трчат значи дека се здрви па нека се и 9 кг
А облеката и моето уште ја носи од лани, ако е качен на килажа, многу е извишен и во половината му се големи бројчињата за негова возраст, ама и лани скоро се му беше големко, така да заштедив на тоа оваа година, само уште еден скафандер му треба или палто, едно има и лом го прави. А синоќа пак ми стана во 10 и седеше буден до 1, не знам што е проблемот и цело време ми бара струја да му запалам, не знам зошто не сака во темно, плаче ако ја гасам. Вчера станува и го прашувам што сака вели зденка, 4 зденки изеде и една банана, не му давам ноќеска да јаде ама очигледно гладен е бил пошто цел ден не јадеше ништо. Инаку морам да го пофалам, имаме кутија со букви и бројки и на сите ни ги научи првите букви од имињата, ги покажува од кутијата, и многу е радосен цел ден само тоа покажува. Паметно дете на мама
Блазе си ви, моето е можит и едвај 9,5кг ама шо знам кратки и се 9-12 месеци работите, а ситна е. Од дада пак кога беше зима и се големи. Ете јас две женски иако преезачувани од дада алиштата, оти различни сезони и све за ова лето/зима се купуваше ново, само пролет/есен нешто сенискористи. Јакната од дада 18-24 месеци, па плива малава во неа, мора ново, а лани носеше скафандерче и тоа нема шанса да се фане. Ете ги извадив од дада алиштата 86ка преголеми...
Море блазеси ви вас со помалку килажа, јас со 15кг се искичмив, по втор пат исто врвам, најозбилно велам за второво сакав да е послабо, се надевав ама не испадна така. Има пижами од брат му од 4 до 5 год се му чинат, хаос ми е со алишта сите се извадени од година до 4 и се носи, нешто подолго малку ама горе кнап од брезее носи за 2 год, претежно за 2 год му чинат и Ваикики исто. Башка ми дадоја братучеди алишта и палта преполно е, се има а мерак ми е да му купам нешто, а сите ми се убај купувани, Ваикики, зара, х&м, место нема поќе кај да се чуват, малите одма ги давам, среќа имам 2 внучиња помали па нека се носи се. Иначе јади како на бела синчето, доручек, ужина, ручек, ужина и вечера, моментално цица многу и тоа сакам да го намалам и одбијам, ама со болести не затера и се оддолжи работава..
Од вчера го пишувам ова.. Ние сме уште претежно на каши. Структурата на кашите не е како пире, има парчиња недопасирани. Овошје за ужина јаде парчиња, неќна дури и калинка јадеше ги местеше зрнцата напред кај што има заби Доручок овошје со житарка. Ужина се уседнува со секој на маса да јаде лепче ѓеврек, баничка .. Ручоците се се уште готвени само за него освен спанаќ и мусака што му имам дадено од нашите. Јаде телешко и петел но изблендирани па измешани со зеленчукот. Втора ужина последните 2 недели му е јапонско со круша или шмукалче.. Вечерите во најчесто супа со дробено лепче. Супата не ја пасирам воопшто каде во неа и брокулки, морковче се што има.. Престана скроз да јаде млечни производи, а АД пие скоро 500мл. Пробував, но не успевам се уште да му намалам на АД.. Деновиве многу сака цеден портокал.. Воглавно се храни здраво. Инаку дома го мериме 13кг, па здравје овој месец сме на ортопед би сакала да го измери и во висина.
Јас па не го рачунам за преспивање ноќ ако стане да цица. Он многу често знае откако ќе заспие да спие до 5 ипол, да цица во полусон и да продолжи до 7 ипол 8. Ама за преспиена ноќ ќе ја рачунам таа кога ќе легне и ќе стане без воопшто да се разбуди измеѓу.
Исто исто. Во должина само му стануваат кратки. Во ширина има место за уште едно дете да влезе. Чичко му уште пролетта му купи едни фармерчиња од 12 до 18 ама некако голем калап и ептен му се големи. Вика ги носи ли, викам здравје за во прво одделение ги чуваме. Нека ни се живи и здрави, сите ќе пораснат. Кај нас во фамилиите нема ситни луѓе, така да нема да е ни он сигурно.
Здраво, при заменување оброк млеко со ужинка, сега направи годинка пред скоро. Колкава треба да е количината на ужинката? Пример една банана? Едно јаболко? Или повеќе? И што друго можам да давам за ужина а да не е овошје?
Околу 100гр треба да биде, ама нормално треба да даваш колку што сака детенцето. Банана, јаболко и секое друго овошје што го сака, крекери, соленки, смути, кифла, мафин, вафла, бисквити, овошен јогурт, сутлијаш. Ова ми текнува во моментот од тоа што јаде син ми.
Ама ме утеши. Јас па си викам ќе го одбијам и ќе се наспиеме. Како го одби, давај школо? Мислам дека ќе биде ептен тешко кај нас, така ми мириса.
Од 2г кога се одби почна да "препсива" ноќ ,така викам оти до тогаш ме гњавеше мене, после одбивање почна да се буди сама и да си презаспие сама, само ќе станеше речеше мама и ќе заспиеше и наместо подобро да биде траума дете доби по мене и еве ја сега скоро 5г пак се буди по 2 пати на вечер. Јас сум наспана со малово ама маж си знае со големава се рашетува низ собиве со перницата Еве во 5г немаме доживеано без прекин да спиеме, небитно дали тоа е 3 секунди или 15 минути Туку некој искуство, кога е најдобар период за префелање дете во своја соба?
Од 9 до 6 Бела искрено ке го рачунам не памтам кога сум се наспала, спиев ко на штрек ама спиев. Ич немаше да се налутам и во 6 да станеше, а он стана во 8. Дали дека поднастинат па и претходните денови не доспан, заспи разбуди се правеше, сеа се наспал очигледно. Ке видиме вечер
Требаше да заспие накај 12 30. Плакаше до 14часот немам појма зошто. Се наведнуваше нанапред со главата и си ја чукаше од подот во 14 го облековме во скафандер и мм го изнесе во количка, заспал надвор и успешно го преместив дома во кревет еве уште спие скоро 2 часа веќе. Што им се случува на децата перидов сериозно?!
Значи секое дете приказна за себе. Да не се надевам премногу. Ако, и тоа е голем успех и прилика бар малце и ти да сврзеш подолго. На штрек ќе си спиеме уште долго време, ама дефинитивно има разлика од станување на два часа и сврзување 5-6-7 часа. Ви посакувам убаво нанкање и вечер.
Јас се мислам здравје напролет веќе да го префрлиме, март некаде. Сакам да земам од тие креветите на под што се, онака 120 цм, да може да легне уште некој до него ако треба. Креветчето му е мало искрено, моментално спие во него, ама се врти и чука цела вечер.