Ја слушав dr. Goodnight на оваа тема за дете во своја соба кога е најдобро. Таа вели од две и пол до три и пол години тој период. Има кај нејзе на профил на телма што се појави на емисија, таму зборуваше за тоа.
Мене ми е план дирек двајцата во детска, си мислев околу година и пол да е малово, оти сега спиеме со големиот в спална пола ноќ, другата половина ни се придружва и малиот мм спие прво во дневна дур го чува малиот па после во детска лудница права, среќа лежајот е 180см широк плус до него е споено креветчето уште 70см па имаме место кимотно да спиеме.
Многу лесно престанавме со цицање, на сите ви посакувам такво искуство. Останавме само со 1 подој пред спиење, ноќните подои сама ги прекина околу 11 месеци, почнав да намалувам ноќе и да ја галам и гушкам за презаспивање, и некако ми успеа. Можеби беше и среќа, стварно не знам. Откако останавме на 1 подој реков кога ќе биде она спремна тогаш ќе го прекинеме. На 15 месеци се спремавме за спиење и спонтано воопшто не побара, најверојатно беше многу уморна. Следната вечер пак исто. Следните неколку дена ја успиваше татко и за секој случај. Имав мака со градите 2 недели, после се смирија. А емотивно бев крш, секоја вечер ми фалеше ритуалот и ми требаше време да прифатам дека тоа поглавје завршило но сега веќе сум ок. И пред тоа се будеше ноќе и еве ја и сега. Градинка, кошмари, болести. Изгледа е и до детето.. Не знам кога ќе преспијам ноќ ама во брзо време не очекувам
Е ради тој емотивен момент и не можам да се решам да го одбијам. Уште сега ми е многу тешко кога ќе ми текне, камоли кога ќе дојде ден. Вашево освен што тебе ти било тешко, звучи како релативно лесно одбивање. Супер е за малата тоа, без трауми. Мене само неколку пати дур беше помал ми успеа да го презаспијам со гушкање, сега нема шанси. Станува пренервозен и вришти ако не извадам да му дадам. И искрено од што немам сила и ми се спие, вадам и давам. Знам дека не е ок, дека морам да пресечам, ама не знам како. Мислам дека дополнително одолговлекувам зошто потсвесно не сакам, поточно не сум спремна да го одбијам. А веќе морам, одамна морам. Не може да ми се среди организмот, хормоните и имунитетот ми се занигде. Не знам до кога ќе терам вака..
Знам дека е тешко, целосно те разбирам. Особено ноќите, веќе сме преморени и нормално е да немаш сила и да му дадеш да цица. Ќе дојде вистинското време и за вас, ќе осетиш кога ќе е моментот, без форсирање и на себе и на него, доењето ни е конекција од 1 ден со нив и нормално е да е тешко да прекинеме. Можам само да те утешам дека откако престанавме доењето го заменивме со гушкање, сакање и веќе воопшто не ми фали (се сеќавам како на едно од најубавите работи кои ми се случиле и покрај сите предизвици), а најважно од се се осеќам дека конечно си го добив телото назад пред се во однос на енергија а за имунитет е подолг процес ама ќе биде и тоа. Поддршка за кога и да одлучиш дека е време, и да е сега и да е за 1 година, моментот ќе си дојде сам и тогаш ќе дојде и силата.
Се надевам дека ќе биде што е можно побезболно и за двајцата. Доењето иако на моменти е голем предизвик, сепак е еден од поубавите моменти од мајчинството. Ама сигурна сум дека ќе остане близината меѓу нас, гушкалче си е, така да ќе се мазиме и без цицањето.. се надевам. За енергијата да не почнам, 90% од времето се осеќам како згазена од воз, иако за околината не изгледам така. Сите ми викаат браво топ си со енергија, а јас телово не си го осеќам воопшто свежо и енергично.
Ние имаме на спрат кревети кога ја местевме детската за да нема оваа е само моја соба да вика големата и морав да обележам одма територија и за малово, па таков зедовме, долниот спрат е на под 120х200 е, си седи/легнува преку ден ама на вечер уште спие кај нас оти па и големава станува и не ми е уште безбедно да ја качам неа горе, а малово долу... сакам кун 2 роденден Големава почна на 4,5 да спие сама нема страв да заспие и свесна е дека е сама, ја бара сестра и да спие со неа и вели дека тогаш кога Клара ќе спие кај неа нема да станува веќе ноќе ама пак кога ќе стане нема страв да дојде до кај нас за да каже дека треба да ја легнеме пак ама она е со траума од разделба која ја доби на 4г, па во некои денови е поизразено.
Како сте со дремки околу 2 години? Сега еве мм го "успива" од 12:30. Детево пее песнички го слушам, му раскажува нешто, сумњам дека ќе дремне некако знам дека е убаво што подолго да си дремнува ама ми личи дека скоро ќе ја тргне и не знам за во градинка како ќе биде тоа.
Не би требало да 2г. да тргне дремка. Да не има некоја регресија или е период? Мало е затоа. Мислам дека ќе му пројде
Јас се замарав да ја одвикнам, скратив дневни подои, па сега сум скроз лабава затоа прашање и и давам кога сака пак. Некако така се осеќам. Видов дека правам нешто со сила и викам ај ќе следам нејзино темпо. Порано многу повеќе сакаше преку ден, сега како што расте и не толку. Кога е болна и нудам јас, жал ми е кога ништо не јаде и уште тоа да го ускратам. Така и се успиваме, а во градинка нема гајле за заспивање. Не знам, некако решив да одам go with the flow, не знам до кога ќе ме држи и дали е правилно. Инаку хормониве ми се хаос, иста сум како мајка ми во климакс, двете сме сеа во конфликт од хормони. Жештини ненормални ми доаѓаат и луѓе никогаш не сум мирисала на пот, никогаш!!! Ама сега... е само затоа сакам да ја одвикнам.
Молењето храна има ефект. Детето ми додало 200 грама за месец дена... Маж болен со температура, потежок за гледање од бебе. Мажи хаха Само се надевам дека синко ќе куртули.
@LizzyGrant , една дремка има обавезно. Не ја оставам без ич спиење. Пола час нека е ама ја заспиваме. @Bella_Stella , лаик сум во доење, што би се рекло ќерка едвај дали 200мл има испиено мајчино млеко во живот или ни толку. Лично јас не сум за тоа, да се дои додека дете сака и над година веќе ми е неприродно и мачно, посебно тек што и на работа одиме и таму треба да сме во функција и сето тоа. Не ми смета и ако некоја мајка решила и до 5 да дои, нејзин избор. Лично јас и да доев и да имам второ, кое би го доела, првиот роденден, би ми бил крајна граница. За гушкање ќерка иако не е доено дете, доаѓа секогаш кога сака. И од играње знае да стане и да дојде да се гушне. Или додека готвам или што и да правам. Како што те читав имаш и поголема цел ради која сакаш да намалиш со доење или прекинеш, така да насочи се кон неа. Ова е само мое мислење и не значи дека е правилно.
Моето прво дете одма после 2 риот роденден ја укина дневната дремка. Спие од 10 до 7ч. Така да можно е. Сите се различни.
Туку учат ли ова скоро двегодишнициве дека Не, стварно е Не. Шетаме со ќерка по улица, постојано повторувам дека не се фаќа на асфалтот, валкано е. Башка уште знае да стави раце во уста. И денес шетаме, се наведнува, вика ова Не. И двете раце залепени на асфалт повторно. И еден куп работи истото, битно знае дека е Не, а зошто е Не, ќе си почекам.
И јас скратив дневни подои постепено одма откако наполни една, ама ете почнаа разболувањата и ко што викаш криво ми е на толку нејадење и да цица да не понудам и така пак почна да цица пред дневната дремка. Ете го денес ручаше безвеза, од се по нешто чофна и пак бараше сега и дадов шо да праам кога доаѓа брка рака и плаче. Некогаш успевам со грицка да го залажам, некогаш не бива. Во поголемиот дел си во право, освен за едно нешто. Верувај ми во доењето и замислите и плановите за него, теоријата е едно, а праксата сосема друго. И јас вака како тебе викав ќе го дојам до годината и толку, па дојде годината плановите се сменија зошто врската е многу појака од тоа што изгледа. Дај Боже да имаш второ дете што ако имаш таква желба ќе го доиш, па ќе го правиме пак муабетов. А за мене да, најдобро е што поскоро да се решам и да го одбијам, зошто ќе станува т.е. веќе станува сѐ потешко во многу аспекти.
Многу, многу лигавење нормално е кога излегуваат тројки горе? Температура која се вртка околу 38, дерматитисот засилен, односно на местото кај што имаше рагади сега се појави некој осип, малаксана не е, си игра, ама е раздразнета, рацете во уста и само нешто квичи. Осипов најмногу ме буни.
Не забранувам да фаќаат валкано, лом се нон стоп пошо играат во песок и kaл. Дво годишњак тестират граници и не очекувај за брзо дека ќе слуша секогаш кога велиш не. Многу има и карактерот влијание пример големата е своеглава и нопак за се, а малото слуша за сега поврќе (18месеци). Скроз исто воспитување ама ете различни се
Општо примерот со асфалт го зедов. За секое Не, е слично. Инаку тврдоглавост, до немај каде е ова. И моиве челични нерви веќе се искинати.
Се што е не, за моето е да . Со прстето покажува и кажува но но и пак си тера по негово. И ништо не можеш да му објасниш, воопшто не те слуша. Јас се приметив во последно дека нон стоп се дерам, од што нервите ми отидоа. А за надвор го оставам да фаќа, се помирив дека нема ништо да постигнам со тоа што ќе му речам не, валкано е. Во спротивно само ќе се изнервирам и ќе го приберам дома и после штоооо на глава ќе ми скока од што не се издувал. Скоро сите деца на таа возраст се своеглави, некое помалку, некое повеќе. Да се живи здрави и ние со нив, и нашите нерви