Прееска слушав еден подкаст баш за ова тврдоглавоста, мислам се однесуваше повеќе на поголеми деца и психолог објаснуваше дека оние деца кои имаат силна воља(во превод се многу тврдоглави)обично де попаметни од просекот и дека генерално со викање воопшто нема да се постигне ништо туку напротив, дека ќе изгубат почит за вас, дека треба разговор и многу разговор и дека дури и лажењето не помага зошто буквално помнат што сте кажеле, во смисла да не ги лажеме пример ако направиш ова ќе добиеш она итн…интересен беше муабетот стварно. Инаку и јас во последно време се фаќам како реагирам бурно на моменти ноќно време зошто не сака да спие и стварно со последно нерви сум. Ете пак не е заспиен од 8 дава знаци дека ќе спие и не ми успева, а буден е од 3… не знам веќе во што е проблемот ама кај и да е ќе скренам. Посебно оти буквално секоја вечер на мене е успивањето, кај скоро цел ден сум со него и едвај чекам да легне и он не сака. А не ми дозволува ни јас да легнам, пример кога мм е слободен го зема да го успие или игра и јас одам во спална, он се дере по мене, плаче, значи буквално мора до него да стојам… Ова трае веќе 2 недели, поточно може откако беше болен и се смени времето. Веќе неколку пати ноќеска силно ќе му се развикам да спие, после осеќам многу вина ама некогаш е посилно оде мене, буквално живците ми ги кине во тие неколку саати, омрзнато ми е и успивање и ноќна рутина и се, се осеќам полна со бес. Не можам ништо да завршам, ноќите беа за мое време, да цртам и работам, ама додека успеам да го легнам јас веќе сум толку капната што не можам да станам ни светло да изгасам…често мм ќе си дојде од работа ние во дневната спиеме на двосед оти не сака во спална да влезе… Хорор секоја вечер. На светла страна денес јадеше месо, цела тортиља изеде со пилешко и ѕаѕики
Тоа е така, ние имаме посетено психилог детски за совет како да се справиме во одредени ситуации со големава и одговорот беше дека она е надпросек интелегентна и треба трпение да се испрати овој период, па во школските денови ќе може да се објасни повеќе што и како и зошто. Нас ни беше кажано да не се објснува, тоа да биде кратко речено и држење став. Јас генерално сум смирена личност и за мене да ме извадиш од такт треба мноогу. Секогаш со убаво ја фаќам и ако не бива шо сака нека прави буквално, не се расправам. Нормално знаам и јас бурно да изреагирам ама тогаш стварно има контра ефект и не можеме да смириме топката се додека јас не се смирам. Маж пример се нервира одма и она е на него, темпирана бомба.
Исто! И јас сум многу трпелива особа и секогаш го оставам на крај и не терам инат ако не бива, ама некогаш ми ги спојува жичките и ако викнам он уште побетер е…ама и мм исто како твојот, нерви скоро па ич, нонстоп излегува од дома во жути минути оти не може да се справи.
Исто. Вчера не дремна нели и можеш да замислиш после што беше. Па и не ни јадеше баш. И нервоза до 100. Иде и вика: сакаш портокалово!!!! Ама на цел глас. А немаше портокали и му давам мандарина и нормално тантрум. Па после фрлаше играчки и храна, се контролирам ама на моменти ми е многу тешко и пукам. Повеќето досадни активности се со мене а интересните со татко му и цело време е тато тато. И ова почна да ме нервира. Дека јас сум таа што става ред и дисциплина, јас сум лошиот полицаец. Се гушка со мене не дека не ама татко е тато. Лесно е тато да биде трпелив кога мама се справува со тантруми и јадење и облекување.
Леле не ни знаев како да го адресирам ова, исто е и кај нас ама сериозно веќе почнува многу да ми смета и почнувам да создавам одбивност кон мм. Има денови кога си велам што к*р ми требаш тогаш ти, чувај го само за викенди и биди забавен родител…не дека може нешто да направи у врска со ова ама бесот во мене е посилен па го мислам.
Да е бар тато тато да можам вц да појдам без две придружби. И кај мене нормално се мирните активности со мене, а со мм БОРЕЊЕ! Лудивање низ дома брканици, фудбал а женско бе.. е сега да мојов нема живци, често во криза вели справувај се и дига раце ама ја сум таа што ги контролира и во парк пример, он ако не слушаат сечи до в корен, дигање за партал и дома, а со мене не праат бељи оти јас ги носам дома да само прво мирам ситуација ама ако не биле умни следен ден од на балкон мафтаат само на другари и нема попуштање. Така да двајцата сме лоши хаха е сега договор имаме ако јас ги карам, имаат право утреха да бараат кај него, ако он ги кара ја сум тука да ги гушкам. Кажав погоре дека имаме на спрат кревет и големава не смее да се качува горе пред малава и малава не смее да се качува по скалите, тоа го контролирам добри 4 месеци и тоа сами во соба играат и не смее да се покуша да се качи, он од нигде никаде ја зема малава и ја качува горе да поседела да се порадувала ало човече ако имаш време да кидниш пред кревет и вардиш во ред ако не не покажувај нешто што може да предизвика беља, оти ете ја таа за пола саат на скали. Иако на почеток со големата имавме често кавги ради не промисленост сега веќе научен е дека не треба да зборува и да покажива нешто што не е ок, има вакви испади како со креветов. Иско ќе заспиеше малава и тогаш чоекот беше гладен, вадеше шушкаше, буфташе работи сега има забрана да се приближи до дневна камоли отвоти нешо.
И кај нас е така. Ама моето и покрај досадните активности со мама тој е мама мама. Мене пак ми смета што е толку залепен за мене. Во вц одам, а тој со баба му пред врата ми тропа и плаче и мама мама. На рает не можам да прднам ( се извинувам на отвореноста )
Ова е нешто што најмногу ме вади од кожа. Му покажува разноразни глупости без да мисли дека после он ќе пробува да ги направи и ќе се повреди. Некни му викам стај го во столче да јаде. Он го носи и не го става нормално туку му вика ајде тато да се качиме ам ам. И зима демек го качува по столот до горе. Викам ало бе ало, до после сам ќе проба ќе се испокрши. Ее како не, е да викам, ама ти е гајле тебе не си дома по 8 саати, јас ќе треба очи и на тилот да си стаам. И како што кажав уште истиот ден проба да се качува. И милијарда други глупости слични на ова. Јас искрено им завидувам на мозокот и тоа колку си се лабави.
Здраво мајки син ми 16м денеска ни стигна покана дека каснимо за вакцина мрп ако не ја прими казна а детево све нешто беше настинато уште со растечен нос ние дома свите болни не ми е за носење имал некок ваков случај?
Вистина. И јас им завидувам. Стално му велам на господинот сопруг, леле дај еден ден твојот мозок да се одморам
Да. Сама се гаси кога ќе постигне температура и се уклучува кога ќе падне. Навлажнувач не користам бидејќи влажноста никогаш не паѓа под 40%.
Досега немало потреба ама имаме и алтернативни начини на греење. Кај да е ќе почне да работи и по цела ноќ. Мене повеќе ме нервира зуењето од ќерка. Таа не го перцепира. Спие секако. Јас сакам во комплетна тишина. Инаку за спиење минатата година ја остававме на 19-20 степени, не повеќе од тоа.
Да работи на 22 степени, зошто синко цело време е откриен. Но, кај нас не е клима, туку како еден вид радијатори што дуваат. И не се суши воздухот како со клима. Така да не сме имале потреба од навлажнувач.
Работи во дневна преку цела вечер за да е топло кога ќе станеме, ама во спална затвараме врата кога ќе си легне он, преку ден е отворена за да се смлачи. Навлажнувач сум во план да купам, лани не користевме, ама и не беше болен. Сега некако со честите разболувања, па и сув воздух, не знам.. А и не знам колку да им верувам на мерачите на влажност. Пример јас прееска се закашлав суво, ми се надразни грлото, отворив врата на тераса и одма се стабилизирав. Што по некоја логика вика дека воздухот бил сув.
Јас купив мерач демек ке мери за да знам дали да пуштам или не, а не го пуштам навлажнувачот заборавам вода да дотурам па ке се изгаси сред ноќ и јас и бебо се давиме, мм чува шише со вода до него ноќе, а почнам да поткашлувам знам дека сме го заборавиле. Сега дека затнат во носот спиеме без клима ама јас замрзнувам, со 2 кебиња и јорган спијам, сабајле во 4 беше 15 степени во соба станував, полнев вода во навлажнувачот и пуштив клима. Иначе мм кога стануваше деновиве ја пушташе на 22 да ни се стопли за кога ке станеме, а ноќе на 20 сме ја чувале и на sleepmode.
Ако сте во куќа поладно е, ние во стан сме. Мислам дека нема штета од навлажнувач, крај краева еве како што викаш по потреба ќе се пушта. Малиот уште го немам ставено во вреќичка, ама ќе треба изгледа зошто никако не можам да му погодам колку му е доволно да е покриен. Или му е жешко или е ладен.
Здраво Кога и како воведовте мед? Каков мед? Моето е 1 година и 4 месеци, па во периодов на настинки и кашлици би сакала да воведам, но не знам каков мед е најдобар и како се воведува. Ви благодарам.
После годинката по малку во трагови, ливадски мед. Направи некои палачинки, мафини, крекери и сл. со малку мед и дај да проба.
Што е со станувањево во 6-6 ипол? Ништо не е сменето во рутината, ама веќе два дена со кокошките е станат, а јас се распаѓам. Денес ќе го пробаат за спиење во градинка, држете среќа. Ако спие воопшто таму сигурно нема да е како дома туку пократко и ќе сака да си легне рано и пак ќе стане рано. Ооооф! Мразам кога се ремети редот значи. Друга работа, стално ми се жалат не ручал во градинка, ама сфатив дека тоа е од што он не е навикнат да јаде во тој саат. Дома доручкува 8 ипол 9, измеѓу има ужинки, спие и јаде дури кога ќе стане. Тоа во градинка прерано му доаѓа и не е гладен. Трета работа, ме прашаа зошто бил отсутен, што му било. Кажувам за осипот и очите. Ми вика леле еве ги 3-4 деца се внатре полни со секрет во очи, јас не знам вика како некои родители толку не се замараат и ги пуштаат така. Е браво викам, јас можев да го чувам дома цела недела, да ставам терапија и да чекам да помине, а сега пак да се заради зошто на некој така му текнало да си го пушти болно детето. И почна да ми се правда, верувај со врзани раце сме, директорката не ни дава да ги викаме родителите! Каква е таа политика јас не знам, ама мене ми нема никаква логика. Демек многу добри сме ги чуваме децата не ве викаме, иако внатре врие и кое од кое поболно. Па ало бре! Разбирам дека има родители без помош(една од нив сум), дека не можат да отсуствуваат претерано од работа и тоа го разбирам. Ама со секрет во очи бе! Залепени очиња едвај што гледаат! Недај Боже да фати пак конјуктивит во скоро време, ќе ме запознаат убаво и директорката и сите! Каша попара ми е постов знам.