@Bella_Stella, јас од кога е тргната во градинка со оброци и дома го држам истиот ред. Појадок околу 8:30, ручек од 11:30-12:00. Пред некој ден бевме излезени во време за ручек, зедов само ужинка, да не носиме 100 работи, демек да одложам малку, верувај цел ден како ненахранета беше. Само да бара нешто за јадење. И покрај тоа што по 1,5 час баш ручек јадеше, од ужинката ова. За болни деца во градинка, да не отворам тема. Преку 3 групи да има некое мојава ја префаќа, а не пак во истата група. Носам здрава, уште на оставање кога ќе видам дете со мрсули и кашлање, знам дека одма ќе префати.
Не оди во градинка од петокот, нели пак е со мрсули и кашлање па решив да ја почувам дома, да не закачи уште нешто иако е среќна, расположена и фул со енергија. Поминаа скоковите, што има сега што детево почна да ми заспива во 12 по полноќ? Спие преку ден 2часа некаде, станува накај 3, вечер неможам за жива глава да ја заспијам накај 9,10. Скока, трча, лудува, прави се што не смее итн. На што се должи ова? Единствено што ми текнува е што нема каде да троши енергија деновиве, не е излезена надвор зошто ние сме на работа, а после веќе е касно. Како сте вие со деца на година ипол?
Исто тешко заспива. Се буди често. Сака да си игра у сред ноќ. Регресија на сон е мами. Јас дневната дремка му ја скратив на саат и пол и заспива во 21 часот. Инаку лумпува до 22-22:30 Ноќе секако се будеше и предходно само што никогаш не за игра, а сега да. Јас лежам се правам дека спијам. Тој прави круг низ соба и се враќа во кревет. Едноставно не му дозволувам да биде по негово. Се надевам јас на брза стабилизација
Кај нас друга е маката, пишав погоре. Него рано му се приспива зошто станува со кокошките. Нааајкасно 9 е заспан, вчера во 8:15 заспа, дента спиееш 2 саати и сабајлево стана во 5:50. Малку ми се чини дека спие, некако скрати на саати последниве недела дена, не знам зошто. Се чудам само сега со градинката како ќе се ставиме во ред. Уште ми се немаат јавено да го земам, изгледа заспал. Паметот само таму ми е денес. Ако спие таму барем 2 саати ок ќе биде, ама ако не спие пак ќе клапне рано и не знам веќе што да кажам.
Спие сигурно Јас се чудев исто како заспала од прв ден одма, а дома со мене само спие и со никој друг. Дури татко ми и беше лут што таму заспива, а со него нема шанси да се предаде. Гледаат деца и полесно се адаптираат. Само со вирусиве што ќе правиме...
Кога им поминува фазава со "не не не" значи за се е "не не не". Сакаш да јадеш? -> Не не не, а оди на кај хранилка. Ке спиеме -> не не не, а мижи со очите. Баба му вчера, дојди да те бакнам, не не не, оди до штекерот и вика не не не. Пред некој ден земам од сара фешн нешто, он застанал кај боксерките со прстото милинетар да ги чепне, вика не не не (па и со главата прави не ) и се гази од смеење. Продавачката вика ова само се кара Уште чистиме нос, секрет колку сакаш. Кога ке ме види дека земам носко или шприц не не не и бега одма. Ај навечер некако со мм се справуваме ама преку ден кога сум сама он рика јас дали да држам дали да чистам сме
Ако станува порано, пробај успивај го порано. Не оди против, да го држиш до покасно за да спие до покасно. 6-6:30 да станува е идеално за таа возраст. Да заспива во 19:30-20 навечер, со една дремка од макс час и пол, тоа е супер распоред на таа возраст.
Големава си спие во соба ама сакам малово да го префрлам и како второ све си мислам дека со дада ќе сака ама уште не е баш свесна и спремна сега.. мала е, ризично ми е да ја оставам сега сама.
Не издржува. То ест уште не е навикнат на спиење во градинка. Денес спиеше прв пат, не ми се јавија и отидов во два ипол да го земам. Спиел пола саат па се разбудил и презаспал. Викам се собра ли бар еден саат, вика околу саат ипол поспа. Кога го земав беше отечен, плачел. Она вика не плачеше многу, иначе ќе те викнев. Кога дојдовме дома докај 4 ипол - 5 беше ок и почна да клапнува, очите црвени и ги трие. Видов не видов го оставив да спие, дури накај 6 заспа. Сега за 15ина мин ќе го будам за да не легне вечер многу касно. Сѐ е изреметено моментално, ама веројатно е нормално дур да фати нов ред. Сакав да го држам буден бар до 7 ипол, ама едноставно не можеше, стана пренервозен.
Јао. Нас две недели кога почна на почеток и од тогаш 2-3 дена макс и се поболува. Ќе видиме неделава.
Бела децава наши се генерација плус истовремено почнаа во градинка, со таа разлика што мене ми е второ дете. Мојата приказна со првото дете е страшна, почнуваше во градинка и одвај до среда издржуваше и така цела година. Арно ама многу брзо се привикнуваше кога ќе се вратеше во градинка и после 3 ден од кога почна остана со спиење. Втората година само еднаш настина, а 3та ниту еднаш, 4та сега е во тек. Второто пак после 2 недели остана со спиење и спиеше одвај 1 сат, а дома спие по 2,5 сати. Тој период ептен ми беше тешки, се беше изгубено и ред и чуда ама за среќа за една недела се навикна и убај сме сега. Настинки дури и да ги нема, некое минимално течење на нос и не ми е јасно на што се должи знаејќи колку се изнамачивме со првото дете. Тешко е Бела и неиздржливо,знам како ти е сум поминала низ тоа. Ама кога ќе ги помине сите вируси и бактерии ќе ти е по раат. Ако ти е за утеха првото некаде пред април кажаа дека имало во големите групи сипаници верувај ги молев учителките да го однесат за да префати што побрзо за да биде целосно затворен целиот круг од се што може да се фати во градинка.
И мене ова ме мотивира во тешки денови, дека секој тежок ден со разболување е поблиску до стекнување имунитет и раат за нас
Мојов кога почна у градинка да останува со спиење, спиеше само по 15 мин, пола саат макс. После недела две се стабилизира, ама обавезно спиеше дома после градинка. Ќе ви се врати редот за кратко, не се секирај.
Последниве неколку вечери син ми (16м) се буди врискајќи од сон. Како што имам читано кај dr.Goodnight, ми личи на ноќен терор. Тотално е вознемирен, не реагира на ништо, едвај го смирувам, се уплакува ептен. А јас си доживувам мини срцев удар мислам секој пат. Ви се случило ли? Можам ли нешто да превземам?
Долго време се мачи детето а и ти со него. Направете утре брис, уринокултура да си бидеш мирна. И јачај нерви уште една година. Потоа е 90% полесно.