Правен е брис, чист е. Уринокултура не знам зошто, нема други симптоми. Една недела беше дома и брзо оздраве уште во првите денови. Ова сега не знам што е.
Тоа е она што ти викав, ако издржеше до среда јас бев најсреќна на свет ама многу ретко се случи тоа. Совет некој посебен немам, на секоја настинка испитував и брис и кс ама знаев дека е период кој мора да го поминеме сите заедно. Радувај се ако вас не ве префаќаат вирусите бидејќи нас дома одма после нив не фаќаше. Она ние што го првиме и денес давам витамин ц, д3 и биимунал и пиење на многу течност.
Исто и моето прво дете, како почна в градинка на 2 год и 2 месеци, така почна со разболување. Тргна понеделник и среда веќе беше болен.... Па и корона време, па изолации. Првата година претешка беше, ама после само еднаш годината се разболуваше-декември До болница само еднаш стигнавме со напад од ларингитис. Сега многу се разочарав како почна, прво разболување после 3 недели в градинка, одма пнеумонија, болница, па по 1 недела пак болница па и лежење таму, кошмар аденовирус, прв пат го научив и тоа на најтешкиот можен начин, уште сум со трауми од боцкања, плачење Сега нема да оди оти скроз му е паднат имунитетот, за чување претешко, еве вчера на пр како беше, јас на работа прва смена, исто мм и свеки, мајка ми дојде кај нас го чуваше од 8 до 12ч од 1 на работа е таа, го заспала и после свекор ми дур спија го чува, станал кон 1 и пол мислам, до 3 со него, ама мм работи блиску па претчува за пелена да смени, лудница тешко е ама се снаоѓаме.
Освен да гушкаш, и да чекаш да помине ништо друго не можеш. И кај нас се случуваа, ке почне да плаче неутешно го земам јас ме турка, го зема мм го турка и седнат на спална ке плаче ако го чепневме само уште толку се влошуваше. Минута три макс и ке подаде рачиња да го земеме и ке заспие ко ништо да не било. Секогаш ке доживуваш мини срцев удар. Јас памтам првиот пат мислев станал за цицање а ја не сум го сетила и почнал да плаче ама буквално рикаше се тресев после тоа што е работава. Ама отрпнуваш или пак се навикнуваме. Ке помине.
По некоја логика вторите помалку се разболуваат зошто се среќаваат со вирусите преку брат/сестра уште дур се дома. Мене не ми е јасно стварно како за два дена може да се разболи, зар нема период на инкубација? Синоќа после 6 саати од чепчето пак качи, 39.2. Моментално уште е под дејство, ќе видиме дали ќе качи пак. Маж ми до сега ништо го нема префатено, а јас сум си почесто болна заедно со него. Еве и сега нешто како грло да ме заболува, носот тече, глава ме боли. Од суплементи јас му давам Д3, Омега3, Ц витамин и Пробиотик. Кога не заборавам прскам Ацидосалус во носе пред градинка, и после треба ама се бори, не дава баш. Бимунал од која возраст смее? Сакам нешто да пробам за имунитет, не знам колку фајде ќе има ама бар да знам дека давам нешто. Една колешка ми спомна за масло од грејпфрут дека добро се покажало кај нејзиното детенце. Немав слушнато до сега за тоа.
Се изнамачи дете. Вирус е некој, рекоа имало само со температура и после осип. Јас дадов Бимунал одма после почнување со градинка и прскам оригано, ти ете Ацидосалус. Мислам може од годинка уште Бимунал. После градинка најважно е да го исчистиш носот, со физиолошки, едноставно прсни му спреј некој од овие солен раствор и сам ќе се исчисти.
Ама како успеа за два дена да го фати тој вирус, не разбирам? Иначе да гледав и тоа дека после градинка го перат носот со физиолошки, ќе почнам и тоа. Сѐ ќе правам, ама ете изгледа и детето си е такво, сѐ можно што има фаќа.
@Bella_Stella , давав лани и Дефендил после годината, давам куп витамини и пак беше повеќе дома од градинка. Се нервирав, дури и бев спремна да ја отпишам само да намалиме со болести. Кај мене одма симнува на гради и често беше и со антибиотици. Годинава е каде каде подобра. Сеуште еднаш во месец фаќа нешто ама за 3-4 дена е назад во градинка. Се помирив дека е такво детето. Што е до мене јас направив и правам. Период е кој мора да се помини. Е сеуште нерви си кинам кога ќе видам деца со мрсули зелени до гуша, донесени во градинка, пошто автоматски за некој ден и моево е болно. Ама тука јас како поединец не можам ништо да превземам. Освен моево нели да не оди. Едит: на опаднат имунитет од претходната зараза, многу полесно настинува, бар јас такво мислење имам.
Јас не знам дали е до сирупот, дали случајно, да чукнам у дрво, да поплукам, што да направам не знам, да не се урочиме, еве месец дена нема мака од увцињата, а претходно најмалку 1 месечно фаќаше воспаленија. Кашла корне, крвна слика е стакло, брисеви се стакло, он кашла, ама ај да не кашла надвор е хаос загаден воздухот.
Заклучокот е дека треба да стиснам заби и да издржам уште 3-4 месеци до пролет. За имунитет не знам што да земам, иако ете како тебе мислам дека ќе го давам чисто колку да знам дека сум дала нешто. Имунитетот секако е паднат, нема како да се крене зошто е зареден, стално му е нешто. Прво седеше две недели дома, па отиде три дена и пак се разболе па седеше една недела дома, одеше во понеделникот и вчера и ете го пак болен. За праќањето болни деца што да кажам веќе. Муабетот е правен 200 пати и уште 200 да го направиме ништо нема да смениме. Несовесност, немање друг избор, немање осет, сѐ е испомешано. А како што викаат покрај сувото гори и суровото.
Тотално ја разбирам твојата загриженост. Ова што ќе ти го кажам звучи одвратно и многу клише, но вистината е таа. Можеш да прашаш било кој педијатар истото ќе ти го каже. Во градинка детето ќе биде нон стоп болно додека самото не стекне имунитет и тоа ќе трае до 3 години. Сега нормално и здраво разумно прашање е: ок, но што до тогаш? Ништо. Едноставно процесот е неминовен. Можеш да даваш се од и бимунал и грепфрут но тоа нема нешто да помогне, односно може, наместо во среда, ќе се разболи во четврток. Толку. Верувај ми. Големата ќерка од 1 година и 9 м почна во градинка. Таа па правеше опструкции мноооогу ретко темератури имаше ама кашлше како пушач што пушел 30 години по 2 кутии на ден. Матична-козле релација ни беше ко одење до стокомак. Алерготестови, крв, брисеви таков панел, онаков панел... Ништо не покажа. Баш ништо. Ми се повраќаше кога ќе ја слушнев дека почнува да и тече нос, а тоа значеше следниот ден опструкција. Спрејови, сирупи, инхалации коооолку сакаш. Ми рекоа дека до 3 години тоа ќе биде така. Викам а шо ќе прајме до 3 години? Ќе се гледаме често беше одговорот. На 27.10 е родена. На 15-16-17 некаде октомври пред нејзиниот трет роденден ја имаше последната опструкција. Од тогаш како со нож пресечено. Не ми се веруваше. После тоа максимум до 5 пати годишно ми се разболуваше, цело време беше во градинка. Лани почна прваче. Таа и децата што оделе во градинка нонстоп се на настава. Другите деца се нон стоп болни (знам, бидејќи имаме вибер група со родителите). Голем пост напишав. Намерата ми е да ги утешам сите мајки иако постот можеби не делува така.
Јас не знам како на тие родители не им е жал за нивните деца, ај кога веќе за нашите не им е секако. Затоа јас сум толку бесна на градинките. Кај големото мое Дефендил, во комбинација со исфрлени млечни, нешто помогна, што не знам. Магично почна да врзува по 2-3 месеци без да се разболе. Потоа фати варичела, е тек тогаш од 3г следно разболување му беше дури после 2г кога фати ковид, и тоа ни донесе претходно на нас ковид а он ништо.
Кај нас со јака кашлица враќаат дома. Ок, помал град сме, се знаат што се вика секој со секого, знаат дека имаме џокери за чување и тоа има врска. И во круг, испитај ова, испитај она, брис ваков, таков, куп пари додека испадне дека ништо не е. Попатно може ќе се намали или смири кашлицата и така.
Јас минатиот месец и пред минатиот дадов 1000е за суплементи, сирупи, капки, спрееви, испитувања, втори и трети мислења и така натаму... И мене сакаа да ми го вратат, им отидов со негативни брисеви, крвна слика и испитувања за алергија, се е негативно, и викам сеа како да го чувам дома? Ми вика па што му е, викам зошто е она белоно кутииче пуштено цел ден и пишти на отворен прозор, Е да, ми вика. Овде буквално дишеме болест. Среќа само на кашлица што останува.
Фала ти мама за поддршката и што одвои време да споделиш искуство. Секогаш е малку подруго кога ќе прочитам некој што веќе поминал низ нештото и го надминал, не викаат џабе слушај паталец. Мене ми беше очекувано дека ќе се разболува, ама не мислев дека ќе биде до волку. За среќа неговото разболување до сега се сведува на температура, растечен нос, еднаш ларингит имаше и еднаш кашлица. Практично на нога ги поминува болестите, нема залегнато. До сега нема направено опструкција, така да како некој што како дете неколку пати лежел во Козле од алергии,бронхијални астми и што ли не, среќна сум за ова. Како што кажав претходно ќе стиснам заби и ќе издржам уште година дена, па веројатно ќе се стабилизираме. Не знам само како во целиот хаос ќе соберам сила за уште едно дете, а сакам, ама тоа е сосема друга тема.
Еве и јас ќе ти споделам мое искуство: Првото почна на градинка од година ипол. Првите 6 месеци цело време беше болно. Повеќе беше дома, отколку во градинка. 3 дена во градинка - 2 недели дома. После тоа, постепено почна поретко да се разболува. Сега е 5 год. и речиси поминува со растечен нос и малку кашлица. Ќе го поминете тој период на адаптација па ќе ви биде полесно.
Здраво мајки. Пишав во темата одбивање, ама не добив никаков одговор. Може некоја мајка која го одбила своето дете, да сподели искуство?! Еве го постот ... Здраво мајки. Сакам да го одбијам бебе, 13 м. е. Бебе често цицаше, па почнав да ги намалувам подоите. Најпрво ги скратив дневните подои, ама затоа на почетоткот "удри: на ноќно цицање. Стануваше по 4-5 пати да цица. После намали на 2-3 пати. Последните 2 дена станува само по еднаш да цица. Првата вечер цицаше од лева града. Сабајлето малку измолзив од десна ( 10-20 мл. колку да ослободам притисок). Синоќа пак му дадов да цица од лева града, шубе ми беше да му дадам да цица од десната, дека нема цицано од таа града 2 дена. Утрово пак измолзив малку да ослободам притисок. Да продолжам да давам само од лева града, или може и од десна?! Ова додека дојде викенд па целосно да го одбијам- барем така планирам
@Bella_Stella ај уште јас да пишам, на болница ко не испуштија ја прашав докторката дали да давам нешто за имунитет, не ми рече, мал е. Ни на првото дете не му давав ништо со бета глукан, како што пиша @fana исто беше до 3 год болен, како што пишав и погоре, бекутан со омега мултивитамин му давав дека не јадеше овошје. Само еднаш после 3тата година дадов по шема Изопринозин, по препорака од доктор бидејќи имаше повторувачки херопеси од паднат имунитет, после тоа прекина се и не мислам дека беше од сирупот туку си стекна имунитет. И за на школо првачињата се сите од градинка, само 3 деца има што не одеа в градинка, досега немаат отсуствувано овие од градинка оти заедно се си поминаа Верувале или не на малово само Д3 му давам. Ништо друго. Премногу антибиотици му дојдоја 3 без прекин едно по друго и не сакам повеќе да оптеретувам црн дроб со лекови. Еве го плачи ноќе 4ки долу излагаат немам дадено парацетамол. Ќе помини се. Само трпение, кое ни јас самата го немам
Трпение, ах трпение... Еве го со растечен нос недела 2. Ништо не му е друго, густи бели мрсули. Чистам со шприц плаче вика, кога сум сама е жива мака, со мм усшепевам, ко аптека во вц сме. И станува ноќе многу се чеша десно позади уште таму му фалат заби ваљда колку што дозволува да видам. Го бањав за од пареата да му истечат мрсулите, пискот беше кога го извадив додека го облеков и го легнав. Ене го спие горе, а јас вежбав а бе душата си ја извадив утре нема да можам да одам ни да мрдам ажа морав некако да се стабилизирам, мислам дека да излезам да трчам првите 10км ке ги трчам само нервоза да ми излезе од мене, а другите да ми се одмори мозоков. Знам дека му е тешко и нему ама вака кога ке се соберат некогаш некој денови сама сум мм работи во ск сабајле излегува порано за да не ја фати гужвата, навечер исто покасно после 7 си доаѓа, ми иде од кожа да си излезам. И времево е никакво никаде човек да мрдне не може, налет. Седнав, сварив турско и во тишина седам. Му купив јас вчера сируп за имунитет ИмуноБ летоска го пиеше кога настина, божем ке помогне нешто.
После колку време од температура носите на лекар? Од вчера приквечер почна да качува, на околу 6 саати после лекот пак почнува да оди нагоре. Денес качи до 39.4. И пишав на матичната и опишав што како, рече донеси го има компликација. Не знам на што мислеше ама да стане ќе го однесам зошто ќе ме јаде црвот.