Крвна слика минатата недела, мирна беше. Брис не сме правеле сега зошто тогаш беше ок кс и имаше конјуктивит што помина со Тобрекс. Да стане ќе го однесам. Во 11 ипол ставив чепче, за 20 мин се искака и изгледа не делуваше. Од 39.4 симна само на 38.7 и пак омалакса. Сега пред да заспие дадов сируп.
Со помин мами. Се измачивте Ете ме мене со дијареа и повраќање и само се молам и синко да не го фати. Кај што бевме на гости во петокот, девојчето на инфузии завршило и самата помисла ме плаши. Јас затворена в соба, а тој таму плаче мама мама. Срцето ми се кине . Како ќе го одделам вечерва и како ќе го смируваат. И дали ќе има ефект, што ако се има веќе заразено и тој и е само прашање на време да покаже. Страв огромен имам.
Кога имаше син ми два месеци јас имав стомачен вирус, до итна стигнав, а него не го префати. Не се секирај, ќе биде добар.
Не се секирај, не мора да значи дека ќе префати и да сте заедно нон стоп. Од 3-4 пати големава со повраќање и диареја, еднаш фати малово ама тогаш бевме сите дома покосени.
Дали може црвен и топол образ само на едната страна да се препише на заби? Не знам што би можело да биде, откако го земав од градинка е така. Мислев дека е од ладно и ќе се изгуби, ама ептен се приметува, жар црвен и топол е.
Дека се продолжи баѓи настинката, бар ќе знаеш на што си, нема да нагаѓаш. Дај боже ништо да нема. Мислам дека да, на моево така му се прават црвени жар ко ќе ваѓа заб. Не секогаш ама за 4ките сега така беше црвен. Мислам и слики имам.
Со сирупот место да симне он качи уште повеќе. Од дома излеговме со 39.3. Крвната слика покажа вирус, ама кај матичната кога отидовме измери 40 и не прати на дежурен. Таму ми се испонаша една смрдла, ми е гајле како звучам ама подобар термин за таа особа немам. За што сте овде, викам качува многу висока тт и не ја симнува со лек. Ми вика иронично, мајка се знае температур со што се симнува, Ибупрофен или Парацетамол. Викам знам со што се симнува, ама он не симнува, јас не сум доктор, тука не пратија и тука доаѓаме. Зошто вика што вика матичната, викам рече може ќе кажете дексазон да го боцнете, па што вика не го боцнала она. Каква е таа глупост вика дексазон урбазон на секое. Ај го прегледа, плуќа ок, грло малку црвено. Ај да мериме температура, мериме 39.9 и се сецна и предомисли во истата секунда. Ај ако не ќе дадеме најмала доза Урбазон, многу е висока температурата. И така го боцнаа, не знам ни дали требаше или чисто да си се заштитат. Сега ми е криво, ама што можам.
Јас по тоа што знам урбазонот моментално ќе ја намали температурата, ама долгорочно прави повеќе штета, има имуносупресивно дејство, што значи во иднина организмот е поподложен на инфекции. Може сум досадна, ама висока температура не е опасна, макар и 40. Разладувај, почекај час-два дејство на антипиретик, туширај. Некогаш во зависност од организмот треба време да делува, кај син ми парацетамол делува после час и половина. Чим го боцнале, тоа е што е, ама ми се чини дека сите сте испаничиле. Тебе како мајка те разбирам, ама докторите не ги сфаќам.
Не. Рота нема во србија. Не ја ставаат. Само ако си ја платиш али јас касно се научив за тоа и ништо. Инаку ќе му ја ставев искрена да бидам.
Колку поподложен од ова? Нема вирус што не го фати. Знам дека згрешив, ама доаѓаат и такви ситуации. На овој здравствен систем не му верувам воопшто, од однос, до стручност, до соодветно постапување во одреден случај, сѐ е катастрофа. Јас генерално немам страв од температура, ама искрено се исплашив кога видов 40.
Не згреши ти, ако згрешила згрешила докторката, а не ти. Што му даваш? Парацетамол или ибупрофен? Колку килограми имА?
Бела, не се паничи. 3 пати ја боцкаа урбазон кога имаше ларингит, 3 дена по ред, ништо не е ако не е постојано или при секоја настинка. Висока тт е таа, мора и треба да се симне според мене, добро си постапила. Како е сега?