Ибупрофен поубаво му делува, чепчиња Неофен користам најчесто. Прееска од сирупот Парацетамол воопшто не симна, уште повеќе качи од пред да го дадам. Многу ми е криво сега и се јадам што дозволив да го боцнат урбазон. Ама од друга страна стварно бев исплашена и од кај да знам во кој правец ќе одеше температурата.
Моиве и јас не симнуваме со парацетамол тт, само ибупрофен. И затоа прво нешто шо давам е тоа, не почнувам со парацетамол. Додуша мојава само еднаш има 41 имано тт највисоко тогаш доби и фрас ама не ја ни боцнаа, со чепче ибупрофен и симнаа и од тогаш така и давам.
Сега е добар, заспа пред малку. Кога дојдовме дома го ладевме и во 5 часот му ставив чепче. Симна, се расположи, јадеше, си играше. Ќе видиме како ќе ја поминеме ноќва. Утре не е лошо да пробам да фатам мокрача ако успеам, да го тргнам и тоа како опција.
Јас долг период користев Ефералган и ок му беше иако е Парацетамол, му делуваше. Веќе некое време се префрлив на Неофен и исто добро му делува. А зошто прееска парацетамол сирупот не му ја симна не ми е јасно.
Еве и мое искуство, може на некој ќе му се најде или бар утеха. Првото дете тргна во градинка на 1,5г. Стандард шема една недела оди, една болен. Па закачи многу лоша инфекција на уши до мастоидит, лежење во болница и операција за цевчиња во уши. 4 месеци пауза по препорака на докторите од клиника и прими вакцина за стрептокока (за него не беше во календар, ама после 2 години прими една доза). Почна пак и пак почна една недела дома, една градинка, отприлика 2 месеци и се стабилизираше. Таман затера убаво, фати корона и остана дома. На 4 години продолжи пак и супер се држеше. Цела година со ретки разболувања. Е после 5 кога прележа корона почна со ларингитичните напади. 3 пати завршувавме сред ноќ на клиника за боцкање урбазон зошто се бореше за воздух. После тоа се стабилизираше дури и после сипаниците добро се држеше и тераше. Жал ми е што од короната нешто се тригерираше и ларингитите му се чести (дури и пневмонија од нигде никаде направи) и еве веќе 1,5 е цело време на сируп за алергија и момокс. Правам паузи, ама не може долго, штом ми почне кашлицата итно мора да го вратиме на терапика. За другите болести, фала богу бар се држи. Не се сеќавам кога последно пиел антибиотик. После пневмонијата лани и јас прашував во козле дали да му давсме нешто за имунитет, ставот беше дека се е џабе. Само 5% може да ја подобри ситуацијата, па не давам. Редовно давам д3 и терапија за алергија. Ц само одвреме навреме ако поднастинува и тоа е. Малово тргна на 1г и 2м. Затера 3 недели и почна и кај него шемата една недела градинка, една дома и после 2 месеци стабилизираше. Цело лето и септември ги истера солидно, ама еве маките се вратија. Пред 1 месец преку ноќ спушти на плуќа. 10 дена антибиотик и уште 5 дена дома. Го пуштив минатиот понеделник. Веќе во вторникот носот почна да тече. Четвртокот почна да поткашлува, петокот веќе имаше пак спуштено . Среќа овој пат без антибиотик е, само со инхалации и веќе е добар. Контрола во петок и ако е добар понеделника пак во градинка. Коски ми сетресат како ќе биде и колку ќе издржи. Се надевам само да не спушти пак толку инстантно како овој пат. Матичната вика ако пак повтори за кратко да се прават алерготестови. Колку и да не се релевантни под 3 г. ако е повторливо мора да се испита. Иако со скопскиов воздух се е очекувано. Отров дишеме. Ми доаѓа да се иселам на планина на моменти. Инаку @Bella_Stella ако го слушала Бранимир Несторовиќ вика дека и 40 не е страшно, ако детето се држи добро. Тоа значи организмот се бори. Всушност тој не препорачува да се брза со антипиретик дури и на повисоко од 38,5 ако детето е во добра општа состојба. Е сега колку се паметни како родители да процениме во паника тоа е друго прашање.
Парацетамол и кај мене не симнал во најлошото. Ибупрофен не спаси кога беше најболен пред 8 месеци. И кој што сака нека каже и Урбазон не спаси и тоа боцкан искрено не знам колку пати. Не се тепај дека нешто си згрешила, ви се собра многу, два месеци сте ова темпо, може и на дете ќе му лекне малце после сѐ.
Знам, те верувам. Јас генерално не паничам кога сум тука, во Мк два пати настинал и два пати сум била на штрек од се што наброја. И сум слушала тоа што ми кажувале докторите, иако сум го земала со голема доза резерва, па и на форумов прашував за совети и некогаш ги применував нив. Сум давала антибиотик иако знаев дека не е за антибиотик, ама пусти страв да не се влоши, си викам поарно така, за компликации тек нема кој да лечи. Угоре високо, удолу длабоко што би рекле старите. Знам дека ти е тешко ама не си отежнувај, си направила тоа што си мислела дека е најдобро во моментот. Иначе ми текна дека муабетот за урбазонот го прочитав на статус некаде, еве го во целост Спојлер Утрово ми стигнува прашање во приватна порака од моја блиска роднина, која претходната ноќ поради покачена телесна температура ја носела својата тригодишна ќерка на лекар. Прашањето се однесуваше на тоа која е инјекцијата која детето ја добило за покачената температура (максималната температура била 39,2). Крвната слика и другите инфективни параметри биле мирни. Изговорт за терапијата бил "да не качи детето пак температура". А зошто да не качи? Што ќе се случи побогу ако мало дете има покачена температура? Веќе некои и претпоставувате, детето е боцнато ампула Лемод (Урбазон) - кортикостероиден препарат со брзо и силно имуномодулаторно и имуносупресивно дејство. И тоа е точно, детето нема пак да ја покачи својата температура. А знаете зошто? Затоа што со помош на овој препарат се "блокира" клеточната комуникација во рамките на нашиот имун систем, па така наместо организмот да добива сигнал дека нешто во него се случува, тој останува "нем" и не ја покачува телесната температура која е единствениот одбрамбен механизам да се спречи размножување на актуелниот вирус и истовремено да се овозможи "зреење" на детскиот имун систем. Со урбазонот вие можеби ќе спиете мирно сега, ама во наредниот период вашето дете ќе биде изложено на почести инфекции, одложено созревање на имуниот систем и со огромен ризик за сериозни компликации со бактериски инфекции поради имуносупресивното дејство. Драги колеги, сите вие кои боцкате урбазон кај мали деца поради покачена телесна температура не постапувате "lege artis" и треба да ви биде срам од таа постапка. Драги мајки, покачена температура на дете се намалува со антипиретици (парацетамол и ибупрофен) и со физички методи на ладење на телото. Немојте заради паника да вршите притисок врз лекарот и да инсистирате на лекови кои се опасни за вашето дете. Во суштина, лекар кој ќе подлегне на вашиот притисок веднаш сменете го, зошто уцена од пациенти и исполнување на нивните желби не е медицина базирана на докази. На крај ќе заборавев, во некои земји за користење на кортикостероид без индикација се сносат последици!
Ногу често, јас приметив обично кога е преморен или кога излегуваат заби. Страшно изгледа ама не е ништо страшно за него.
@Bella_Stella е се изнамачивте и вие стварно. Јас ќе ти кажам искуство дека моето е постојано со 40тт кога е болен, ама јас над 39 одма давам сируп зошто моето дете ептен паѓа со температура, значи само плаче, лежи, стенка, не јаде, не пие и според мене не е нормално да го оставам така да се мачи. Јас првиот пат кога качи 41, без душа останав кога видов на топломер, ноќта одевме на итна и не оставија(од уши беше тогаш) со инфузија спуштија. Од тогаш парацетемол не користам, не му спушта, само бруфен и битно е многу точна доза за килажата. Не се јади сега не си згрешила, во паника си донела одлука и тоа е тоа, од еднаш нема ништо да биде ама да знаеш следен пат дека не е страшно и висока да качи ќе почекаш малце ќе спушти. Сега ептен да не е 41 и да држи со саати нели, јас како почна стално болен со толку да е, веќе не се ни паничам, ама првиот пат што и да ми речеа ќе направев. Инаку мокрача обавезно и тоа да не е постара од еден саат, ставаш ќеса и проверуваш на секои 15 мин. Уринарни инфекции даваат висока тт кај деца. Ајде со лесно да биде. Инаку последно и кај моето освен тр без никаков друг симптом се разболе така наеднаш, некој вирус беше, пак со 40тт беше еднаш ама после 2-3 дена со 38.5 и на крај со осип.
Фала ви на сите што оддвоивте време да споделите искуство, да ми дадете совет и утеха. Грешката е направена, назад нема. Ова ќе ми биде едно големо школо за во иднина.
Баш сакав тоа да пишам. Мокрача ќе морате обавезно. На месец дена лежевме во болница од ешерихија што имаше закачено... 1 000 000 имаше во мокрачата. Симптомите беа висока температура.
За каква грешка збориме? Дете со 40 темп што не симнало со сируп, си го однела на лекар, ти дале упатства што понатака, си постапила по нивните насоки и на крај примил урбазон. Апсолутно ништо лошо не си направила, напротив, си го однела своето дете на единственото место каде што и треба. Од 1 инекција ништо нема да му биде, без грижи, какви се лекарства не дај боже пијат и дечиња и се е океј со нив. Воопшто не сметам дека како мајки не треба да "паничиме" или што и им значи тоа. Па ако за свое дете не реагираш, за кого. Некогаш и тие "паники" се баш тоа што треба. А за нашиот здравствен систем и услуга нема зборови, тешко на нас мајките и нашите дечиња. Со лесно и да помине за брзо, и само поддршка
Те молам немој да се јадеш и обвинуваш И не се правдај на никој зошто си дозволила, во моментот ти си решила дека тоа е најдоброто за твоето дете. Јас ако ти е за утеха, до ден денес се обвинувам зошто дозволив ќерка ми да пие Сумамед (се утврди дека пиела непотребно, па ја сменив докторката од што бев лута). Инаку, и ќерка ми кога беше мала ја боцнаа со Урбазон поради страшен ларингит. Во моментот не размислував за ништо, освен дека тоа ќе и помогне да дише и да и се врати гласот (100% и беше фатен, буквално не можеше ни да шепка, огромен оток имаше, па само тоа и помогна откако ништо друго од терапија не помогна). Додека се мали и одат во градинка, нормално е да се разболуваат често, нормален процес на растење е, и да, колку и да е мачно и тешко, како растат поминува и станува полесно и многу поретко. До три години е јакото, после тоа се намалува и се дише полесно. Со првото на 8,5 месеци се боревме со рота вирус, долги и мачни 14 дена што никогаш нема да ги заборавам. Често фаќаше гнојни ангини, бронхитис, коњуктивит, јачмен врз јачмен долги месеци, сипаници, па розеола закачи, па адено вирус, па некоја бактерија имаше на плуќа, и што уште не што не ни паметам веќе искрено. Да не го заборавам и дупнатото чело, шприцаше крв како на филм Со второто исто лудо и незаборавно. Прв роденден во болница славевме, некој гаден стомачен вирус закачи, 9 дена лежевме. После два месеци пак назад поради јака пневмонија, пак 9 дена (животот ми се скрати поштено). После тоа веќе и со него сипаници, јачмени исто фаќаше многу, бронхитис, стомачни вируси, лудило. Третово летото закачи нешто што го прележавме сите, ама кај него беше најтешко, со многу висока температура беше, ама помина само со парацетамол и многу течности. Почна во градинка и после еден месец со висока температура, шлајмови, пролив, па си заработи два антибиотици. Сега е пак со некоја кашлица и мрсули, шприцаме во нос, влечеме со аспиратор, инхалации правевме и многу ни е забавно Ќе рече некој, со прво дете се паничи човек, после со другите е полесно. Ама јас со сите три сум Миле паника кога ќе качат висока температура што тешко се симнува, со неконтролирано повраќање, со грчеви од висока температура. Ама, што и да е нека поминува лесно и Бог да ни ги чува, а и нас за да можеме да издржиме и да се справиме со се што ќе дојде. Па после ќе си раскажуваме и ќе си се сеќаваме на се што сме поминале. Знам само дека не сме ни свесни ние мајките која сила ја имаме, колку и да мислиме дека сме слаби и дека не знаеме да се справиме. Праќам прегратки, нека поминува со лесно само
И јас тргнав да го пишам истото ко @LadyInPainting. Две докторки одлучиле дека треба, па ваљда знаат малку повеќе од нас тука. Знам дека сите истражуваме, се консултираме, читаме по интернет и ОК е тоа. Ама ете не симнувал, докторката одлучила да се боцне и некогаш и треба. Да поминува брзо. Те читам некое време во темава, стварно се измачивте и доста е веќе.
Да се надоврзам на муабетов.. нели дадовме мокрача, но сепак треба да минат ден-два за да излезат резултати од хигиенски. Во меѓувреме на "слепо" мораа да дадат антибиоток од поширок спектар и му го даваа како инекции. Го боцкаа со Лендацин. Веднаш се осети подобрување, но замислете излегува резултатот бактеријата резистентна на лендацин. Ќе се пукав. Од што му се подобри? Премногу се нервирав. Ние мајките со побелени коси ќе си бидеме на 40год.
Бела кај моево со таква тт до 40.6, а почна се со конјуктивит па натаму знаете како беше имам пишено да не се повторувам испадна Аденовирус, затоа велам да се испита. Еден урбазон не е ништо, не си ставај грижа заради тоа. На моево 2 пати му ставија со пнеумонијата. Кога нешто се мора се мора. Ова од вчера пишано. Се правев и јас искусна со второ чекав цела недела дома со тт 40 плус антибиотик пиеше, верував на матичната, секој ден одевме нема ништо на плуќа нема на грло и оп на болница ренген пнеумонија... Па урбазон 2 дена со 5 дена инфузии, па после 4 дена лежевме со проливот и сето ова од аденовирус, цел месец се боревме... Не чекам поќе, не се правам искусна, одам на своја рака ако треба брис испитувам и барам 2ро мислење. Оти секое дете е различно. Со првото 9 дена пролив дома ги поминавме ама со ова на болница завршивме. Леле леле гушки мајка што се не си поминала, јас 4 дена одвај издржав в болница. Уште ми е пресно и уште неможам да преболам, ама тоа е, мајки за мачење.
Секое дете е различно. Еве јас тек сега се опуштам малку да ја оставам ќерка неколку дена, да се "бори". До пред некој месец буквално, понеделник почнуваше со проѕирни мрсули, вторник веќе жолти/зелени, до среда спуштено. Кисневме на доктор секојдневно. "Тетките" од лабораторија и беа другарки. Дека може некогаш пиела антибиотик без потреба, веројатно тоа, ама во тој момент тоа ни личело и на матичната и мене како родител како правилна одлука. Да ми е жал, не размислувам воопшто така. Сигурно ако се најдам во слична ситуација, ќе трчам пак на доктор и ќе правам што ќе речат.
@Bella_Stella немој да се обвинуваш. Јас во секоја ситуација одлучувам да верувам на лекар и оставам што треба да прими, колку и да испадне на крај дека може не требало. Оти верувај повеќе ќе се обвинуваш ако не дозволиш, а се влоши ситуацијата. Затоа опушти се.
Поминува, ама останува во глава се што е поминато и после толку долго време. И само еден ден поминат во болница остава траги. Мајки