Што смеам да дадам за растечен нос на 13 мес ? Вадам колку што дозволува со аспиратор, но продолжува да тече по малце .
Пиеле не пиеле се ќе поминат, мора да поминат, кај што треба лек треба, не поминува само од себе се, нешто ќе помине на нешто ќе заглавиш и така, само нерви. Јас 100 пати си карав мајката дека не го однесов порано на болница ама џабе е, така требало да биди. Ете првото дете првата година можи 5, 6 антибиотици испи, па после другите години само 1 годината. Пу пу еве од лани од октомври нема пиено антибиотик ниту па се поболил, само нос му течел, некои слаби настинки.
Ништо ќе прекини да течи за ден 2, па после ќе тргате со аспиратор, дур течат е лесно, после е потешко.
@lackygirl како се испитува тој аденовирус? Не сакам да влегувам во таков зачаран круг, испитај ова, испитај она. Од вчера поручек после Урбазонот и чепчето нема качено температура. Други симптоми освен малку растечено носе нема. Се изморив веќе од константно шетање по болници. Засега остануваме дома и не испитувам ништо повеќе, до следното разболување.
На моево на болница му испитаа копрокултура, бидејќи пролив имаше, ама цел месец пред тоа се што помина од аденовирус било, јас што читав симптоми се помина моево. Не е исто кај сите кај некој полесно ќе помине кај некој потешко и општо се е така.
Кај ќерка ми го окривме аденовирусот кога не пратија да направиме пнеумослајд (крв преку вена и земаа) и брис од грло исто и земаа. Така го открија и аденовирусот и бактеријата на плуќа.
Дај боже толку да беше, ама за да бидеш мирна викендов добро би било да проверите и брис нос грло и урина да проверите. Колку повеќе се одолговлекува, полошо ќе биде ако не се третира а излезе дека има бактерија. Знам дека ти е мачно по болници, лабораторија, ама тоа е. Јас последната година 6 пати лежев во болница поради ненавремено третирање. Еднаш бев со двете деца во исто време. Исто како Лаки, и кај мене малиот имаше Адено и завршуваше со пневмонија. На крај завршуваме со омалаксани и дехидрирани деца кои мора да примаат инфузија да освежат. Ако имаш дома давај му електролити по малку да пие да освежи. Побрзо оздравување
@Bella_Stella , ако имаш опција до крај на месецов нека е дома, да се накрени баткото. Не дека е гаранција дека кога ќе се врати во градинка нема ништо да фати, ама може ќе издржи некој ден повеќе. За првава година само челични нерви требаат.
Сега идаме од на контрола. Цурица моја 9кг рамно и 78цм, ухх баареем во цм порасна оти августот 72 беше и си направив стрес голем. Заби ни на видику, а се јаде, валда само голта не џвака скроз, друг одговор немам. И она има мрсулчиња сега ама др рече ни спреј ни ништо само воздух навлажнивање. @Lavender13 ти си странство, против менингитис го имаш вакцинирано, во план ти е или?
Моето има една доза он Мен Б, имаше само висока тт, ама генерално ок помина, ќе го боцкам и со другите дози кога ќе се вратам.
Големата ми е боцната околу 2г колку шо разбрав сега треба пак, па после 10г ама она 1 недела не можеше да спие од болка во рака. Знам дека се 3 дози
Баш те читав за висока темп гледам и другите пишале веќе. И мојот само со адено вирус имаше над 40 температура која го држеше 7 дена и црп 126 му беше. И да испиташ нема кој знае што да смениш секако за вирус не се пие антибиотик, само со парацетамол и ибупрофен го минавме ние. Ама баш адено и рота најтешки беа. Што нема веќе темп јас не би испитувала, ама ако продолжи направи брис барем на чисто да си дека не е бактерија. Преку нос му испитуваа на мојот
Што кога нема поминато 6 часа од последна доза ибупрофен, а пак качува? Прв пат има и треска, се тресе како листЏ Качи 38.9 Што да правам? Парацетамол не му делува, не ми е опција тоа да дадам. Последен Неофен ставив во 1 ипол.
Во таков случај сум давала парацетамол, само дозирам по килажа не по возраст. Или почекај да се стопли, ако има треска не треба да разладуваш. Матичната можеш да ја добиеш?
Ја добив кажа да дадам Парацетамол, не можело да не делува. Ќе дадам ефералган, сируп не му делува. Се стопли има 39.8 моментално. Маж ми отиде по Ефералган.