Исто и кај нас, ама бар во тие 1,5 месец дома, без терапии беше, одмори организмот малку од малку. @Bella_Stella , со помин да е.
@Bella_Stella Давај парацетамол 4 часа после бруфенот. Дозирај вака: Прочитај макс доза дневно, множи ја со бројот на кг. Подели на 4 ( за 4 дози дневно, на 6 часа ), и тоа подели го со растворот на лекот, не знам дали е 20 или 24 мг. Пример за дете од 10 кг, со макс дневна доза од 60мг/кг, би било следно: 60х10=600. 600/4=150 150/24=6.5 Дозирај толку. Лади со крпа потопена во млака вода и расоблечи го. Не, не е задолжителна и нема да ја давам.
Еве јас ќе дадам мое мислење. Пред некое време се тресев кога требаше да дадам антибиотик, па што ќе биде, па сега ќе се труе, па толку мала, па не знам што.. Сега? Давам веднаш ако треба. Неколку пати од тоа недавање антибиотик ми спуштила на плуќа, па после пак го одиме истиот пат само потешко. Подобро да спречам, него да лечам. Сега со овој памет и со детево кое го растам многу пати ми помогнало да не биде полошо отколку да се случи нешто друго. Ја следам ден, два, ја носам на лекар ако не е подобро, верувам на педијатарот и со нејзината консултација давам. Се паничам кога ќе ја видам со висока тт и прво интуитивно ми доаѓа одма да спречам. Искрено, не мислам дека е нешто толку страшно и верувам дека спречува многу компликации. Тоа е само мое мислење.
Симнува ама многу споро. Ставив чепче во 15 за 7, 40.2 качи и покрај сето ладење. Моментално има 38. Утре ќе правиме брисеви и мокрачаЗ @Lavender13 не те сфатив баш, не сум при себе.
@Bella_Stella ајде утре полека ќе елиминирате, може и поточна ќе биде новата кс. Само температурата ја има? ____ За ларингијална кашлица инаку, може да го инхалирам со физиолошки? Знае некоја како се дозира? Не ми се чека до утре, секогаш лошо завршува со кашлиците.
Добро е што спушта, ако почне да качува ќе разладуваш да издржи барем 4 саати пред да дадеш неофен. Со лесно ноќва.
Ок е и 38, толку и се очекува да спадне со антипиретикот. За 4 часа дај бруфен. За ефералганот и дете од 10кг дозата би била 5мл. За тој што го интересира математиката Спојлер Активна доза на парацетамол во ефералганот е 150мг/5 мл, тоа се 30 мг/мл. Максимална дневна доза е 60мг/кг, значи за дете од 10кг тоа се 600мг дневно. Поделено на 4 дози, 150мг/кг доза. Тоа се дели со растворот, односно 30мг/мл. 150/30 = 5мл.
Исто правеше така моето под 38 никако не падна, така си стоеше, ама и така е во ред, 40.6 беше највисока што крена. Ако се треси, нагло качува тт и тогаш се покрива со памучно кебенце да се смири треската, се тресеше и моето така. Исто можи треска да има при нагло спуштање на тт. Дадов и на 3 и пол часа парацетамол бидејќи одеше до 40. Од кога е со тт?
@Bella_Stella издржи мами, ти можеш. Пишувај како сте и гушки до твојот лепотан и да му минува што побрзо.
Фала мама. Само температура да и носето знае да протече. Можеш инхалации со физиолошки 3 пати дневно, ако седи мирен 2мл, ако не стај три за да издише барем 2. Сега те разбрав. Чепче ефералган ставив, од 150мг. Спушти на 37.1, јадеше, се расположи и заспа. Од вторникот поручек.
Бела проверете да не има адено вирус, последно мн. беше во градинкиве распространет. Иначе, мн. мн. подобро е да прими урбазон во вакви ситуации, верувај. Јас бев како тебе, па кога дојде до гушење и губење воздух со намалена сатурација, сама урлав за урбазон. Воопшто не си имај грижа на совест. И пиши ни како сте?
Дали може да се јави зарипнат глас поради многу топло што е дома ? Спиевме во дневната а таму од парното претопло откриени дури, се разбуди со зарипнат глас. Како да му помогнам? Инаку пие сумамед заради шлајмови пред спуштање.
Не е добар, чекаме резултати од крв, направивме брисеви ама дури во понеделник резултат. Цела вечер качуваше.
Оф душа, знам како ти е во моментов ама ќе помине се, децава се многу посилни од нас, и давај и електролити обавезно, да не дехидрира. И мене ми личи на аденовирус оти се исто поминавме. Нема лек вирус е, ама недај боже прави пнеумонија која не се слуша на слушалка. Јас и ренген би побарала, зрачењето е исто како да летал со авион. Гушки праќам
Души мили. Крвта пак колку толку ќе покаже што е. Дали е бактерија или вирус. Ич не го сакам овој период од годината. Одвратен ми е само ради тие вируси пусти. А сега со дете уште повеќе не го сакам. Само стравови и никаде не ми се оди. А тек верувам дека и градинка ќе ми одмиле кога ќе дојде моментот да тргне, зошто знам дека ќе биде исто со разболување константно. Дај боже денес да бидете подобри и резултатите само да ги дочекате колку да знаете што е било во прашање. Ве гушкам