Бела, немам искуство лично, знам од блиски постојат “брзи“ брисеви ако нешто ви менува. Ќе треба уште еднаш да го малтретирате детето, а и не знам колку ги земаат за релевантни ама еве скоро дознав дека постои и такво нешто.
@lackygirl може прашав, ама не се сеќавам од хаосов. Како се проверува дали е аденовирус? Крвната слика излезе, мокрача тек ќе оставиме, само што собрав. ЦРП му е 29, и Лимфоцитите му се мислам покачени, остана во ординација резултатот, заборавив да го сликам. Матичната дава Сумамед. Викам а брисевите нели ги чекаме, вика они можат да излезат и чисти, а да има нешто. И јас видов дека некако многу површински зимаат брис, само му го допре стапчето. Веќе 4ти ден е со температура, последно пред 2 саати му имам дадено лек. Ми напиша рецепт за Сумамед и кажа да го следам, ако не качува веќе да не го почнувам, ако качува и денес од утре да го почнам. Викам нели е многу јак, вика не се плаши некогаш едноставно мора. А како да не се плашам кога не знам што лечиме и не знам за што ќе го пие тој Сумамед. Како сега јас да бидам паметна што да правам? @Ceneva @DaisyDoo фала ви.
Maјка ако има нешто и од надусница да му земат, ќе покаже. Не е површински верувај. Сумамед е може јак лек ама е побезбеден од еден Амоксиклав на пример и се дава кога има долготрајна состојба која не се лечи туку залекува и се повторува состојбата. Така мене ми објаснија.
Доволно е. Зедовме брис минатата недела, од грлото супер му зема, а од носот само го допре.. Си помислив уште таму, ништо нема да излезе од ова, не му зедоа добро. Излезе грло чисто, нос стрептокока.
Нема душо што да се паметува. Ако ти крева температура и денес, утре давај што ти рекла матичната. Не си прави грижи на совест непотребно. Па ни црп не е ниско богами. Има воспалителен процес очигледно. Сумамед може е јак ама добар антибиотик кој не прави многу штета.
Кај нас вака беше. Сабота ноќе крева тт, спушта сам, недела си држи цел ден тт лесна, понеделник крева веќе 39, почнав со парацетамол. Одиме кај мат, чист на плуќа, чист на грло кр, слика ок освен црп 23, заради црп даде Алмацин (2.5мл а требало 4мл според килажа), пие Алмацин тт воопшто не намалува, напротив покачува, вторник и среда беше со 40 тт, среда неработен ден си викам ајде конечно ќе падни тт, не и не, крева на 3, 4 сати нон стоп, ретко на 5, 7 сати. Четврток пак кај матичната, нема ништо вика измешани инфекти, а алмацинот веќе 4 ден го пие, петок исто продолжува, си одам од работа и во 3ч Бт на болница, прво преглед, кр слика, пак мирна онака 12 леукоцити да не беа ме мн ама црп пак 25 наместо да намали покачи и покрај антибиотик. Не се слуша ништо на слушалка, докторката рече одете ренген, се враќаме пнеумонија, ајде венски антибиотик цефриаксон од 700 и урбазон, плус инфузија за дехидрираност. Примаше 2 и пол часа. Сабота веќе се слушаше и на слушалка, пак урбазон и антибиотикот венски. Недела, понеделник и вторник вкупно 5 венски антибиотици, детево 2 дена само спиеше, нон стоп, немаше сила да оди. Ништо, само на цицање беше. После дома 7 дена панцеф сируп. Заврши сируп вторник, по 2 ден пролив, четврток вечер почна, без прекин имаше до недела, недела му викам на мм одиме пак на болница, таму не задржаа дека дехидриран многу. Течеа по 2 инфузии денот по 4 сати една, вкупно 8 сати морав да го држам, де на цицка, де в раце, де поспиеше малку, премногу отпор даваше, премногу плачеше, имаше канила во рачето сакаше да ја извади. Понеделник зедоа измет и испитаа преку него и среда рез имаше и кажа док аденовирус е, тој се смири со приливот вторникот. За него сируп пиеше уште од дома од петокот ентерофурил и си го продолжив и на болница така ми рекоја, 5 дена него го пиеше. Се ова почма на 19 20 октомври, а пред тоа конјуктивит имаше и мрсули.
И сега што да правам јас?! Мразам вакви ситуации кога не знам на што сум и на интернет треба да барам што да испитувам. Многу се нервирам значи! @lackygirl знам дека не ти е таа намерата ама премногу ме плашиш со вашата приказна. Ми се плаче веќе од немоќ. Никој не ни спомнува аденовирус тука, а лабораторија што испитува и ќе имам резултат за 24ч нема во овој град.
Бела прати го и слушај доктор. Јас не верувам дека ќе имаш храброст да го дочекаш брисот во понеделник. А за антибиотици и сумамедови сум најголем противник ама кога мора мора.
Не се плаши мајка, и да е адено не значи дека текот на болеста ќе биде ист кај секое дете. Повеќе денови тт можеби укажува на адено зашто знае и до 10 дена да има тт што оди над 40. Јас знам дека сакаме одговори ама без соодветен тест не може никој со сигурност да каже. Слушај доктор и не се паничи. Се што можеш правиш. Инаку за аври во биотек добив за два часа резултат. Не знам дали е така во др лаборатории.
Прочитав веќе, не сфаќам злонамерно од никого. Како една мала фамилија сме тука. Ама точно, не ми требаат такви и слични приказни моментално.
Иако страшно изгледа, грчевите и не се толку страшни, битно е да не падне во несвест мислам. Моето имаше, секако ја мртва бев, сама дома, не знам како брза помош викнав амаа ако е склоно на грчеви ти даваат дијазепам да имаш дома и се смируваат.
Ќе видам како ќе се одвива денот, со чепче е од 10 ипол, до сега нема качено па да видиме. До после ќе пробам да го однесам и на второ мислење ако е докторот што ми е познат на смена. Ако качува уште од утре ќе го почнеме Сумамедот, трето нема.
Да извини, не сакав никој да плашам не ми беше намерата тоа. Ама со тек на време се собираат искуства и добро е да се споделуваат за да не чекаме сите до последен момент.
Нема качено сеуште, спие моментално. Последен чеп во 10 ипол му е ставен. Која е терапијата за аденовирус?
Не даваат демек антибиотик за вирус, ама лошо беше син ми и 3 антибиотици не му помогнаа, на крај завршивме во болница, ама не се води по тоа сите деца се различни, син ми е мн нежен, се го фаќа. Еве затоа и не иде во градинка, не иде нешто со сила да правиме, премн слаб имунитет имаше тогаш, сега еве го 3 месеци не се ни закашлал, ама не оди во градинка.