@Bella_Stella , на ќерка и се има собрано 20+ дена под антибиотик, неколку различни додека комплетно се заврши лечењето пред некој месец. Сакам да ти кажам и да треба да е пие, воопшто не е некој проблем, повеќе штета може бактерија да направи, доколку ја има нетретирана. Сепак следете ситуација и најдобро слушај доктор бидејќи овде сите сме со различни приказни и различни ситуации. Ако моето дете може да издржи без проблем пример температура од 38+, некое друго е веќе со омалаксано на таа Тт и џабе би пишала аман не давај лек, кога секоја мајка најдобро си го познава своето дете. Така и со Атб и со се останато. Само пак ќе ти кажам, уште еднаш препорака од мене, малку да одмори од градинка. Да не му се надоврзуваат инфекции една врз друга.
@Bella_Stella Ич не ми е намера да те плашам, извини ако звучи така, ама знам што поминуваш, можи не е аденовирус, можи е сосем друго, ама сепак е многу време висока тт и нормално е да се плашиш, само ти велам сега пак ќе помине, што и да е ќе помине, ако деновите ти гледаат долги, ќе помине одма се. Јас остарев 10 год жими се, ко ми рекоја останувате на болница, ко отидовме за да го боцкаат пак мене солзи сами ми течеа, прв пат за болно дете плачев, дотолку немав сила ни моќ, ама тоа е што е за нас ќе си поминуваме.. Само со помин да е секаде се. Ние решивме в градинка до февруари нема да оди, мора малку да накрени, се мачиме секој ден ама нема одење, знам дека и тогаш ко ќе почни одма пак ќе настини ама сега немам сила за нови настинки, а знам дека само еден ден да појди ќе настини одма.
Немаме добри дијагностичари, тоа е маката. Ниеден лекар не е 100% сигурен во себе и своето знаење, затоа лупаат антибиотик, за себеси да се заштитат, дека направиле се', а не е секогаш антибиотикот добар избор. Со црп 29 и покачени лимфоцити мислам дека е вирус, а од вирус температура се крева и од 7-10 дена, ама поминува, терапијата е исклучиво симптоматска. И моове поминале аденовирози, ама не толку екстремни, затоа се зачудив кога опишувате колку било тешко. Само да поминува и да бидат добри децата. Се' ќе помине на крај, ќе ојачаат, само треба време и трпение. Поранешната матична на децава само со преглед даваше дијагноза , крвна слика само за потврда и беше. Фалат дијагностичари, фалат....
Вироза е, леукоцити покачени, ама процентуално лимфоцити и моноцити се покачени, што укажува на вирус. За бактерија треба да се покачени гранулоцитите и намалени лимфоцитите. Црп не е толку високо како за бактерија.
Малку да не си грешка? На нет пишува за зголемени леукоцити и лимфоцити дека е знак за бактерија, а за ниски вирус. Малку ме збунуваат овие работи и затоа прашувам. Медицинско лице сте што сте сигурна во ова? Или моноцитите овде го кажуваат крајниот резултат?
Мене ништо не ми е јасно кога што е. Во болница бевме и примаше само инфузија дека дехидрирани од пролив беше, и почнаа да му паѓаат леукоцитите. Го боцкаа по два пати на ден за анализа од прсето. Мислеа Др да не се грешка резултати најверојатно. Му паднаа под граница мислам дека и под 2 му беа, и му вклучија и антибиотик. Кога ги прашав зошто антибиотик одговорот беше бидејќи биле ниски леукоцитите не можел организмот да се бори со инфекцијата Сепак не сме доктори, веројатно знаат кога што треба да дадат.
Еве сега пишав со тетка ми она лекар во пензија и ми појасни. Многу ме збунуваат некој работи и затоа си прашав хаха. Зголемени лимфоцити вирус, зголемени гранулоцити бактерија. Како што пиша @Annath.
Медицинско лице сум, да. Има активна инфекција, вирусна, може и грип да е, ама кај грип паѓаат леукоцитите, исто како и кај ковид, ама црп е многукратно зголемено кај тие две, над 100 знае да отиде. А 29 воопшто не е високо црп, мое дете со црп 50 не пиеше антибиотик, само симптоматска терапија примаше.
Бела јас мислам дека немаш место за паника. Ние со слична крвна слика бевме во август пред роденденот недела дена имаше темп, навечер најстрашно беше до 41.3 најмногу му имав измерено. Завршивме со сируп за имунитет, матичната беше на став дека телото се бори и нема потреба за ништо повеќе. На крвната слика црп ни беше 29 памтам. Добив совет ако продолжи темп повеќе од 10-12дена да правиме нова кс и брисови.
Кај моево со 25 црп на ренген видоја дека има пнеумонија, не се слушаше на слушалка, така велеа демек вирусните пнеумонии не се слушале, колку е точно нз, ама заради тоа примаше антибиотици, да не се повторувам пишав една страна поназад. Колку па поќе знајш полошо е, свеки што вели ние ништо не знаевме поубо ни беше, е ај ама си учел медицина... Јас па радиолошки технолог несуден си стои по фиоки дипломата чека
Пнеумонија многу ретко ја слушаат на слушалка, треба да си навистина добар дијагностичар за да ја откриеш без ртг што ќе ти служи само како потврда. ЦРП укажува дека има воспаление, ама не одредува дали е акутно или хронично. Покачено црп нема само кај настинки и инфекции, има и кај запушени коронарни артерии на пример, или кај автоимуни болести. Затоа се зема цела слика предвид, ако има потреба се прават дополнителни испитувања на одредени параметри. Кај нас антибиотици кај вирусна пнеумонија даваат за секој случај. Не дека ќе ја излечат, ама демек помогнале. Не помагаат, одмагаат, за жал, оти убиваат секакви бактерии, а вирусите немаат гајле. А кога се уништуваат бактериите во телото, односно цревната флора, паѓа имунитетот, оти нема кој да се бори против инфектот. Мене ме плаши добата на супер бактериите што не чека поради ова давање антибиотик за секој случај.
Нема поставување дијагноза по преглед, макар и за обична настинка. Крвни слики, брисеви се прават ко реагенсите од небо да паѓаат… Не знам кој како ќе ме сфати, ама тука боцкаат само за црп, ако тоа е ниско ти викаат вирус и терај…. Ни леукоцити, ни гранулоцити… После 3-5 дена константна температура јави се пак на преглед, пред тоа не може ни да припариш до ординација. Итна е секогаш опција, ама таму може да заглавиш со саати.
На оваа технологија греота е да не се искористи...е ради таа технологија нема дијагностичари, оти сите станаа мрзливи за прегледи, а зошто не би биле, кога апаратот или крвната слика ќе ти кажат она што треба од искуство да го знаеш. Да, убаво е да има технологија, лошо е што не направи мрзливи. Моите деца се сега големи, брисеви имам правено само кај големиот оти мораше, двапати. Крвна слика ако побараше матичната, на своја рака не. Што ќе кажеше, тоа правев. Еднаш не бев толку сигурна во нејзиното мислење оти детето пет дена беше со температура, два дена веќе пиеше антибиотик, црп му беше 90, матичната вика ќе помине, нема да крева после три дена од антибиотик, значи 9 дози. И јас со цел памет во Козле отидов, ме испаничија повеќе таму, и ми дадоа тројна доза антибиотик (7мл) за дете од 12 кг. Среќа не ги послушав. Сега па не ги ни носам на преглед иако имаме супер матични доктори, само ептен ако е нешто за кое ми треба дополнителен совет. Ама додека помина тој период на чести разболувања, беше тешко. Многу тешко. Сепак, помина. Не дека сега не настинуваат, ама подруго е. Цело лето се топ, штом почне школска година, носовите им се растечени и почнуваат со кашлица. Тоа не можам да го сменам, таков е животот во колектив.
Како сакаш. Ако им веруваш 100%, давај. Секако си ги одбрала затоа што им веруваш. И јас ќе давам ако доктор на кој му верувам 100% ми рече да давам.
Тоа е проблемот, што не им верувам и не сум сигурна дека они самите се сигурни во себе. Ама од друга страна не сум доктор и што ако ме го почнам, а состојбата се влоши?
Јас не можам да ти кажам што да правиш, не го знам детето. Ама ако имаш голем страв дека може да се влоши, давај.