Пропрати го вечерва. Па ќе си одлучиш. Гледај како ти изгледа состојбата на детето и процени дали ќе послушаш или не
Бела и ние сега пиевме сумамед, подготвениот раствор стое 5 дена во фрижидер. Имаш време ако ти е од денес.
Ако е Сумамед растворен трае само 5 дена мислам. Види во упатството точно. Со тоа што "губиш" дози од терапијата колку повеќе чекаш. Кај ќерка ни давале по 2,5 мл на ден, скоро цело шише испаѓаше да го испие.
Бела, убаво ти рекла матичната. Следи го до утре, може е вирус и ќе помине само од себе па нема да има потреба од антибиотик. Ќе видиш по него како ќе се однесува и дали ќе почне да намалува сам температура и тоа да трае повеќе саати, тоа е обично прв показател дека заздравува. И не се плаши од искуствата тука што се пишуваат, зашто секое дете е различно и различно поминува кога ќе се разболи, макар била истата болест. Бебево мое на 9 месеци пиеше два антибиотици. Почна со Амоксиклав, не му делуваше, па после трета доза на крвна слика и црп искочи каша попара (црп 74, гранулоцити покачени, и другото све изместено) па продолжи со Панцеф и се среди. Ама, нашата матична е многу против антибиотици, и кога дава знам дека е неизбежно па тераме. Ми има кажано дека гледа параметри од крвна слика со црп и плус го гледа детето во каква состојба е, тоа е многу битно. Моето беше ептен клапнато, траеше повеќе денови, температура висока не се симнуваше, повраќаше шлајмови и се гушеше буквално па немавме друг избор. Дај Боже ноќва мирно и без температура да ја поминете и утре ништо да не му е веќе па викендов да здивнете и да уживате. Ве гушкам
Фала ти мама. По долго размислување, читање и препрочитување решив да не го почнам антибиотикот вечерва. Консултирав уште две докторки, испративме резултати и објаснивме клиничка слика, и двете рекоа дека по кс е вирус и не е за сумамед, ама секако битна е и општата состојба на детето. Син ми клапнува само кога ќе има треска и кога ќе качи од еднаш. Штом почне да делува лекот он веднаш се расположува. Јаде, можеби не исто како претходно, ама важно јаде. Сега до душа поважно ми е да пие течности. Дури и на 38+ температура он си игра, генерално си е дете што добро се носи со температура. Затоа некни на дежурен не ни поверуваа дека има 40 кога го однесовме, свеж бил. *Од срце ви благодарам на сите до една што оддвојувате време да споделите искуства, да ме смирите и охрабрите. Ептен се чувствува вашата убава енергија и добра намера. Многу ми значи. На светлата страна, да не се жалам само од сончко мој. Почна многу да се пушта со зборчиња во последниве две недели. Одеднаш почна да кажува нови зборови и веќе има над 10. Најактуелен му е шииша/шише. Ги бара со прстот и вика шииша за сите можни шишиња по дома и ги шета низ стан.
Јас да ве гушнам вака виртуелно. И Бела и сваќата. Да поминува и да не се повторува. Да прашам само, нормално ли е од заби да ми се смени дете. Да стане нервозно и агресивно дури на моменти или некоја траума е во прашање. Се поклопува со градинка, ама јас бев со неа три дена, вчера и денс по пола саат само остана сама. Не плачела. Двете четворка од горе пробиваат, т е се гледаат веќе, пробиени се, ама не целосно. Тројка и четворка од доле исто набелено непце. Спие врз мене и цифка. Изгледа и 10 скок ја мачи исто. Спие само до нас пикната, како сепарациска криза ама само на спиење. Не си го препознавам детево, вчера не можев да ја смирам. Бегаше од мене, дали тантеум беше не знам. Денес исто, среќ па татко и ја смири. После дојде се гушкаше и галеше.. не знам што му е, како да му помогнам. Уште трае фазата со пола ноќ не спиење. Може и премор да има влијание.
Да си ми пред мене ќе те изгушкам Све на купче може му е собрано. Заби, замор, градинка. Моево кога вади заби си ја пеам : Дај да бегаме мори Васе Кога е ненаспан во градинка и преморен е нервозен, само плаче и бара само кај мене во раце и обавезно пред 20 е заспан. И ноќе станува на секој саат
и за тебе и за другарот и за шиша. Исто сме Се подреков кога пишав дека прилично лесно ги вади. Последните 4-5 заба од дијареа, будење, апење, нервоза, одбивање храна,.. сѐ ме снајде. Се трудам да не заборавам дека него му е потешко во случајов.. за да не шизнам.
@ivi1987 @DaisyDoo Да не заборавам дека и заби вади, доле десно е набабрен скроз. Кога е собрано, собрано е. Баш дај да бегаме мори Васе е работата.
Мајка најголема гушка и за тебе и за јунакот Јас со второто го разбрав ова ама немам двоумење дали е така или не, антибиотик не се дава навечер ако прв пат го даваш, ми го кажа доктор неонатолог кому му верувам доста. Така да добро си направила секако. Нормално ако е во болнички услови и е потребата поголема од можната штета (алергиска реакција) даваш и не се мислиш, ама ако може да почека се чека до прва утринска или во најлош случај пладневна доза. Така да добро си одлучила. Нам докторката ни дава сируп само ако гледа црвено многу грло или уши, за друго не, и така премногу имаме испиено, бар да се спасиме од некој антибиотик ако е можно. Така да често третираме со инхалации, перење нос со физиолошки и капки локално.
Се има собрано се па затоа е така, ама и забите многу влијаат, ете кај моето исто долу 4ките само се појавени ам сигурно многу боли додека да пробијат и по цела ноќ цивка и се гушка во мене, не сака ни да заспива ноќно време. Ќе потрае сигурно додека се прилагоди и во градинка…држи се. Луѓе како успевате да им миете заби? Јас почнав од мал кога имаше само 2 заба, тогаш беше лесно, ама сега сака сам, а сам не може, ништо не прави, ај со две четки да се залажува, ама пак не ми дава горе да му ги измијам, вчера од маање глава се акна во врата додека го гонев, значи сериозно неам сила веќе за миење. Искрена да бидам последниов период неам ич сила и трпение, грбот ме боли многу и константно се осеќам малаксано и здрвено, ми влијае и на расположение и на трпение, а со него веќе се сме на молење, разбира се и стварно е многу тврдоглав. И јас и мм сме тврдоглави и од двајцата има наследено тоа па и Овен е и има рогови кои бодат страшно. Јас му се карам он ми вика мама не кара и ми се дере. Вчера сака балони, ај де убедивме да одиме да купеме, ама не можам да го убедам палто да облече ни чевли, не тие, не овие, не тоа палто, ова палто, не таа капа, оваа капа, ама не таа, 20 мин во ходник додека мм си седеше на телефон и не не перципираше и на крај кога му свикав он одма од таму, пак му се караш на детето. Не можам веќе сериозно, кај што ме иритира детето знам дека е дете и трпам, ама мм ме полудува. Не знам дали можам да се справам со ова, се осеќам поразено од сите страни и секој ден ми е борба, а тек допрва почнува тешкото со детево, знам дека ќе биде тежок тодлер, му се гледа, ама да е жив и здрав мој е.
20мин да се убедуваме што да облече за негов хир да исполнам? Нема излегување од дома па последно да е. Да се бркаме за заби да миеме по дома, нема проблем.... Јас го седнувам на работна маса во кујна, мијам прво јас сама со паста, после му давам четка он малку мие, ја мијам четката, пакувам и ајт, на спиење. А моето па колку е тврдоглаво не знаеш... Вчера цел ден немаше интернет, а на тв сака да гледа Биби, пробав на таблет да пуштам, голем е и го наместив пред телевизорот, да не го држи скраја да е или да буља во него, поврзав до телефонски интернет и господинот почна да изволева, молам? Гасење, собирање и ајт на здравје, нема да гледа. Јас сум многу строга кога го гледам дека ми ги тестира границите, а тоа прават со таквото однесување, кога се галиме се галиме многу, ама кога треба сум строга и не дозволувам да си игра со мене и моето трпение. Големото така порасна и имаме одлична комуникација, во ист правец одам и со малото иако не има прошишано сите дома во инаетот, од сите има најлошото собрано. Како пример навечер сака да диктира он кога ќе легне па така во 8.45 го спремам јас, легнуваме и он до кај 9 се шета по куќа, бос шлапа оди, бара нешто а јас не мрдам од кревет. Па така фино лепо најдоцна до 9 ќе си подвие опавчето и ќе си дојде во кревет ќе заспие за 3сек. Ем он неговото си го истерал, ама јас не попуштам, не мрдам од кревет, за разлика ако земев да шетам по него низ куќа, ќе ме влечеше уште цел саат. На децата работата на оваа возраст им е таа, да ги тестираат нашите граници, наше е да ги поставиме.
@AngelOfArh јас изгледа грешам многу тука зошто границите ми ги поместува страшно, може и ради тоа не спие вечерно време оти ме матка со саати до заспивање, не знам да бидам строга и со мм сме тука кај што сме оти јас сум многу попустлива, тоа е карактер не можам сега да се сменам, ама треба изгледа да бидма построга со него. А како ќе го направам тоа не знам.
Види јас не ти викам дека јас сум во право. Може и не сум, ама јас не можам да си дозволам да ме матка 2г дете за работи како заби миење, спиење, јадење, шетање... Големиот така прави пример за обврски, кај него ќе грмнам и одма станува. Не сакам да се плашат од мене, ама па немам ни јас цел ден за убедување. Ете сега се ситници, ама утре ќе биде нешто озбилно. Едино попуштам навечер спие со мене, ама не можам јас ненаспана не сум ок лик, подобро ми е да спие со мене отколку да се малтретирам и да не знам кој крај да го фатам. А во креветче спиењето е драма.
Исто сме со миењето заби, имаме 4 четки и пробувам да го залажам, не и не. На крај го легнувам на работната во кујна и на сила тријам, да ме види некој ќе речи го спремам за ручек да го правам. И јас сум строга за некои работи како што кажува Ангел ама џабе.. детево не ме рецка, до крај си оди со инатот. Едноставно некои деца се такви. Пишував дека плачењето е од болки во уши, аха важи. Направен е операција пред 2 недели и јово на ново. Ќе морам да се помирам дека детето е такво. Повторно почна со неговото фамозно пиштење по пола саат а некогаш и повеќе. Само да се молам да ме држат живциве
Тоа со сила што му ги миеш само може повеќе да му створи одбивност. И моето не сака, ама јас не форсирам. Колку трие толку. Битно сам бара и вели пере и покажува со прст на забите. Имаше период не даваше да го допрам, ниту сам сакаше. Има една песничка на хрватски му ја пеам - перем перем зубе да отерам бубе, и му ја имам пуштано да види, убава илустрација е. И сега така пеам и миеме заби колку толку. Имам приметено со моево ништо на сила не бива, само повеќе отпор дава. Своеглав си е и си барам други тактики. Така види нешто што ќе го натера да сака да мие заби. А за спиењето ноќе и честите будења и јас сум ти цимер. Моето преживува тоа што прави преку ден, зборува во полу сон и нешто што не му се допаѓало потплачува. Осетливо дете до мах. Ама тоа е. Како ќе растат вероватно и тоа ќе се смени. Барем јас се надевам