Пробај дај му четка и тој тебе да те мие, со големиот така успевавме. Кога не биваше ништо мораше на сила, заби мора да се мијат и тоа е. После се навикна, кога ќе се создаде навика се' е полесно. Е сега некои работи мора и на сила. Некои бебиња плачат за капење, сируп, капки, облекување, соблекување, миење заби. Тие се нешта што вака или онака мора да се направат и нема тука попуштање. Пробуваш со убаво, ваква тактика таква тактика, ако не може никако тогаш го земаш, го потпираш на твоето тело со грбчето, му го држиш главчето и миеш. Така не може да лупне со глава ако бега наназад.
Ако е како моето, уста нема да ти отвори. Запечатува, така силно стиска што нема шанси да му дојдеш до забите. Кај некој деца ништо со сила. Според мене треба да најде некоја тактика, ете дали ќе му дозволи он неа да и ги мие забите или нешто сосема друго.
@AngelOfArh , никој не ни го кажал ова со антибиотици да не се почнува навечер или само за нови важи? Веќе се има пробано така да се случува и попладне да појдеме на доктор и ако треба да почне, да дадам веднаш. @1209 , исто како Angel. Ни време, ни трпение имам. Попуштам само ако сака едните или другите патики да ги избере, може не се тие јас што сум смислила ама ок. Надвор, не дава рака, бега по улица, ја кревам и враќам дома. За спиење, влегуваме во спална и нема излегување. Па ако сака тука и 2 часа нека седи на кревет. За јадење, почнува да фрла храна, ја собирам и нема повеќе. Дали 2 или 5 залачиња каснала, толку е. Може строго делува ама мора да се имаат граници.
Јас само ќе ти кажам од искуство. Од попуштање за банални работи шо сметав дека е небитно да пресечам, дојдовме до тоа на 3-4 години не знаеме кој крај да го фатиме од инает и непослушност, додека се упраивме ( уште во процес) живци еден тон изгубивме. Карактер има огромна улога, пред некој ден нели пишавме ама за некој работи распрденост од попуштање, со малово е друга приказна, иако повеќе може да се команда, различни се карактерно ептен ама пак видно построга сум и држам став, иста грешка не правам. Ние сменивме со големава, а баби и дедовци до крајност тераат и шо сакат нека праат. Е така облекувај се по 2 саати моли го со убо за на крај да не не рецка, од кога постои слекување чизми и враќање дома иако договорени да се оди некаде, односот се смена. Кратко и јасно кажано и одлучност.
Да исто, само што ќе пишев тоа, а што кога уста не отвора, до долните можам да дојдам ама горните никако. Он сам сака да мие, инцира, секое сабајле и вечер ставаме столче и миеме раце, лице и заби ама он става четка во уста но не трие, знам дека не е доволно тоа. Кога пробам на сила не бива ја запечатува устата и мава лево десно, стварно мислам дека ќе го повредам така ако го држам.
Ау ти не знаеш моето кој инат е, јарец е, ама вистина јарле, боде, абе мислиш вистина го осеќаш бодежот. Ама јас не попуштам. А некогаш се борам со сама себе, ама не. Еве го сега, изеде 1 банана од што не можеше да дочека доручек, изеде шака боровинки смрзнати, ништо не му смета него, негова шака иначе, палачинките не ги сака, ама јас сум упорна, чекам до него. Бар една да изеде и ќе попуштам. Би му дала да шлака сам со раце, ама немам толку трпение. Јас единствена грешка што си ја сметам за грешка и не можам да се помирам ми е тоа што попуштив за хранилка. Јаде насекаде а тоа ме вади од такт. Апсолутно. Многу малку се мисли на психичката состојба за во иднина, и јас исти грешки сум правела да се разбереме. Значи мора да се мисли на се, како некоја постапка ќе делува на нив во нивната возрасна доба. Неодамна дебатирав на таа тема на една ФБ група, игнорирање на мали деца, многу штетен совет. Игнорирањето создава емотивно незрели личности. Ама на крај од денот не можеш да докажеш никому. За нови.
Дали имаш пробано да миете заедно и да му покажуваш и раскажуваш како треба. Моиве не даваат ама вака научија колку толку да исчеткаат нешто.
Иста бев со првото и уште сум, едноставно таква сум, не оставам дете да ме мафта, досега добро се покажа, дете убаво воспитано, послушен е, мирен на школо, за понатаму ќе видиме. Сваќе @јolene исто е, си ги покажуват роговите Строга сум исто и со него, нема попуштање, а поголем инат е од брат му, ама не од мене му велиш не и оди намерно го прави тоа што не треба и вели не, па легнува драми па пишти па се пули дали го гледам леле леле си велам синко по втор пат ова го врвам не ти паѓам на финти игнор и си станува и му поминува, пресмешно ми е сега. Има нови зборчиња, најсмешно Офче се чудиме што е, па големото вели Мамо Оче е, покажува на очето тас (сат) е веќе стар збор, зема часовници и ги шета по соби, тас, тас. 4ки излегоја уште една долу е моментално во процес, па напати се жали, пика раце, лигави... Се спремам за 3ките
Ако е ко моето пак, џабе ти се тактики ако решил дека нејќе нешто А заби дефинитивно мора да се мијат. Еднаш-два пати го тераш да мие па се навикнува. Исто ко со сируп кога е болен, плаче и запечатува уста ама мора. Тактики пробуваш 10 минути и не бива, на крај му отвараш уста и му даваш сируп по една капка постепено. Нежно му отвораш усте со прст. Само напред има запчиња уште, вака-така се снаоѓав. И ете не се истрауматизира, туку за 2-3 пати сфари дека мора и премина во навика. Си мие сега заби и сам. Верувај јас сум мајка шо ич ама ич не сака да и' плачат децата и за се' попуштам. Ама нема да не му мијам заби за да не плаче. Еден период големиот плачеше и за миење газе, за ставање пелена, за облекување, буквално за се'.
Извини вака ама не можеш да споредуваш давање сируп и миење заби која треба да биде секојдневна навика. Да му запушам нос за да му измијам заби ми е премногу, ама само така ќе ми отвори уста. Сируп даваш неколку дена и тоа е тоа. Ама ова да му правам трауми, јас не практикувам и не советувам на сила. Моето трие лево десно ама внатрешно убаво не ги фаќа, ама ќе дојде и денот да деде убаво темелно да му се измијат. Битно навика ствараме.
Ми се чини дека одиме кон подобро. Синоќа последно чепче во 00:20 му ставив, цела вечер не качи, се наспавме конечно. Сабајле почна накај 9 пак да се топли, ама уште сме без лек. До 38.1 крева, моментално се лади, шета на пелена. Само оваа пониската температура како по да не му прија, не е баш во форма и нејќе да јаде. Изеде 5-6 замрзнати вишни, еден гриц јаболко, еден залак лепче и една лажичка овес. Повеќе вода од вообичаено пие. Во носето е затнат некаде позадински, вадевме со физиолошки ама многу малце излезе, пак фрчи. Во текот на ноќта неколку пати се раскашла, како влажно ми се слушна. Не знам дали да му давам чај од бел слез.
Фала мама. За сега мислам дека правилна одлука донесов што не го почнав одма. Како ќе се одвива викендов останува да видиме.
Aбе Бог да чува, кој рече да му затнеш нос за заби да му измиеш? Ни сируп така не му давам. Ако му запушуваш нос за сируп, стварно немој. Многу полесни начини има па колку и да не сака. Со најсмирен тон, без сила, го земав го потпирав на мене, му го кревав горното усте и миев. Кога ти плачеше за миење газе и ставање пелена што му правеше? Го оставаш какан па после гол? За некои работи има граници и мора. Ти попушташ кај миењето заби, си викаш ајде не мора. Кој како сака. Јас тука не попуштам, ама не го фаќам дотолку со сила ко што преувеличи ти. Малово само сака да мие, се радува и бара. Сите се различни, ама сите мора да мијат заби.
Ама сам ги трие само долните, никако горните. Оставив на него една недела, една четка држи во раце за сам една јас, пробувам не дава да четкам ја бара и таа, ајде вадам трета исто. По една недела знаеш кој талог е на забчињата? Ми нема смисла да го оставам со немиени заби, не знам еве друг совет дадете ми, 2 години и 4 месеци е па не се навикна на миењето Исто е и со сирупи, само од јули до сега има испиено 8 антибиотици, не се зафркавам реална бројка е, да не правиме муабет од кога е роден колку испи, се навикна и мора на сила, некогаш ќе стане ќе поврати. Јас мислам дека толкав плачко е ради што не дозволувам одредени работи и си стојам до крај при ставот. Понекогаш мислам од мене е таков направен, се чувствувам како да сакам со голем човек да се разберам а реално толку му е капацитетот. После од друга страна мислам, ако дозволам се е тоа е проблем. Ние сме навикнати на едно место да јадеме, кога гледа дека носам јадење веднаш седнува, е арно после операцијава се научи сам да јаде пудингчиња низ цела соба, знаеш колку полудувам кога оди и му капи секаде, ама што е тоа е.
Не му давам така сируп, само кажувам како ќе ми отвори уста моето. И тука не можеш сила да употребиш никако ни глава да му фатиш нема да има ефект, кога ме отвара уста. Сируп за среќа ми пие без проблем кога сме имале потреба. И за мене тоа не е попуштање, и вие грешка ме разбравте. Треба да се најде начинот кој ќе вроди плод ете така ќе се изразам
И јас така си мислев @Ceneva , да не форсирам миење заби да нема траума. И теравме така некое време, сам демек се четкаше, ако плачеше кога јас му ги миев престанував итн. И се тоа додека не почнаа да му пожолтуваат забите, ама жолти гнасно жолти. И од тогаш пресеков и заби миеме сабајле и навечер по секоја цена, ама буквално по секоја. И за туширање кај нас е борба, плаче, вришти, ама да не го капам не можам. Испробав секакви техники, ништо не оди и кренав раце и од тоа нежното, сега е хорор ама е 1 минута барем, пред тоа 30 мин се молевме.
На мојот првите заби му пожолтеа од сируп за железо, од што ништо не јадеше сируп си пиеше подолго време и забите сронати, жолти. Уште да не му ги миев редовно, досега црни ќе му беа.
За миењето заби секогаш е вака: нејќам!! Ај мама ќе ти ја раскаже приказната за едно дете што не миело заби. Па за облекување исто. Финтата е што ги менувам имињата на децата и некои детали за да му е интересно. Секогаш кога можам ќе свртам на игра. Сигурно и на нив им е тешко цело време некој да им кажува мора ова мора она. Инаку е нејќам нејќам за сѐ периодов, ама и јас сум голем инат и не попуштам (за некои работи, не за сѐ). И секогаш гледај да биде по твое за одредени работи што нема компромис, нема. Како миење заби. Ов од мајка на дете инат.
Ете добро јас грешам. Тогаш кажи ми како ќе му ја отвориш на сила устата и измиеш забите? Зошто јас не успевам на сила. Толку силно стиска. И нормално ќе барам начин постепено да се опушти и дозволи. За мене и ова е успех што сам ја бара и четка лево десно и горе и доле, само внатре не фака. Некогаш успеам некогаш не. Ама на сила кај нас не функционира.