@1209 За забите пробај да му ја дадеш твојата четка он да ги четка твоите а ти неговите заби. Како игра. По муабетов многу ми се слични мојата и твојот. Се разбираат, многу зборат, овни башка и деца со карактер Јас пробувам со мнооооогу зборење, приказни и преку игра за работи што не ги сака. За заби среќа немаме мака. Ама пример за облекување, и давам опции, сакаш оваа јакна или оваа? Сакаш овие чизми или другите. Децата сакаат да имаат контрола над ситуацијата, односно да имаат на избор. Затоа често и давам да избере она меѓу две работи што за мене се секако океј. Мразам на сила да правам работи со неа. Иако се знае дека има работи за кои не отстапувам а нормално се во нејзина корист и мора да се направат. Навечер пример обавезно читаме книга. Ќе ја прочитаме еднаш сака пак, во ред. Сака по трет пат, и тука кажувам, во ред ама последен пат е ова после спиеме. Многу јасно дека сака и 4ти пат да ја читаме ама не попуштам. Ама не викам, не се расправам. Зборам, зборам, зборам, објаснувам како мора сега да се спие и како сите деца спијат и ликовите од книгата спијат. Некад ќе поплаче, некад е разбрана. Ама битно ми е да не си погазам збор кога сум кажала нешто, а претходно добила што сакала.
Што значи сега оваа температура од 37.5? Ептен го омалаксува и само се гушка, нејќе да јаде. На моменти се расположува па ќе си поигра, ама посмирен е од вообичаено. Значи ли дека поминува полека вирусот или нема врска?
Од мое искуство кога почнува да качува на помал размак веќе иде на подобро. И да, до 38 потешко ја поднесуваат отколку над 38.5
Bella таа е најтешка тт и кај нас возрасните, а не е од неа само малаксан туку општо што долго е болен и моето секогаш при крај на болеста ептен клапнува и спие многу, така мислам дека враќаат енергија, јас еднаш се загрижив дека после болест спиеше 15 саата без прекин(со мали кенкања), ама после стана и беше како нов. Не се сеќирај, мислам дека се оправува. Инаку @Thinkerbell. изгледа исти се. Инаку не пали оваа тактика, војна водиме за напите четки да не ги зема, му купив и таква иста како мојата за да не ја граба мојта и не пак сака мојта да ја стави во уста, беа натегања долго време и решивме да ги скриеме нашите. Инаку знае што е миење и знае дека треба, он си застанува без проблем да се мие, ама не дозволува да му помогнам на никој начин јас, сака сам и сам. И со убедување и приказни и биби и боби имам кажувано, не е проблемот дека не ги мие, не дава јас да му ги мијам, а сам што мие ништо. Инаку да и јас давам избор при палто и чизми, најчесто кога ќе одбере што сака не прави отпор, ама во последно време е многу неодлучен. Иако генерално и јас не дозволувам да ми се качува на глава и го оставам да плаче и да има тантруми не дека дозволувам да прави што сака, ги бирам битките да речам. Ама за вечерно успивање генерално многу сум мека, веројатно оти веќе немам сила на крај на ден и буквално му исполнувам хирови додека не заспие. Ете вчера не сакаше и не сакаше да спие на крај зедов смоки, седнавме пред тв и гледавме новогодишен цртан филм. На крај гледаајки заспа, ама немав веќе сила за повеќе.
Кај нас едниот го држи со рацете околу него за да не граба, другиот отвара уста со два прста од страна (ваљда ме разбра, ко патче да ја отвори) и со шприц насочен во образ буквално по четврт милилитар за да не повраќа. Колку и да стега со шприцот во агол од устето можеш да влезеш. Па пауза правиме, па водичка, па пак истото додека да го испие цел. Плаче корне ама шо да прајме. И на крај му давам вода во истиот шприц за сам да си шприца в уста, ако е расположен да си игра.
Го стегате сите и по малце во образ. Моето од раѓање е на антибиотик за бубрезите, значи година ипол пие ант и уште нема свикнато дека мора, 90% од времето е со плачки, ама мора, пополека само давај да не поврати, или пробам во некоја мала тапа, моето мисли игра е и така го пие цел, од оние што се со сирупите тапи стерилни.
@Giiirl23 тоа е кок (сок) . Значи пиеме кок во шприц. А од кок душава само чај од анасон пробал. Сега почнав малку портокал цеден во молерсот да му ставам, за да биде прав кок
Давај му електролити по малку да пие, ќе го поткренат малку. Дури и ако се топли раце нозе, можеш да дадеш парацетамол пола доза колку да му олесни. Колку што видов имаше еден плус на урината, давај сок, чај, кокс кола што и да сака да пие. Ги истоштува температурата подолго време кога се болни, би требало за два дена да помине.
И јас би ти посоветувала да даваш електролоти. Кога се така омалаксани од блага тт бар кај моиве ги крева и ги освежува.
Носот чешма , кашла ептен , кецот горе набабрен све се собра. Хелп Крвна слика океј , грло исто . Што да земам , совет ?
Нудам да, ама не ги сака баш. Една голтка ќе го излажам и после бега. Пие вода и цица, тоа му е хидрирањето моментално, други течности нејќе. Со јадење цел ден е слаб, по едно залче каснува од се што ќе понудам и толку. До скоро беше свеж и расположен, пред малку крена пак 37.8 има моментално. Го истуширав и заспа, па ќе видиме дали сам ќе се излади или ќе треба да интервенирам.
Не викам дека грешиш, само ти кажувам мое искуство, со надеж дека некој друг читајќи ќе успее да го избегне. Ја стискаше и син ми вилицата, ама седнав јас на под, раширив нозе, го пикнав него меѓу и миев така неколку пати. Трауматично и за мене и за него, ама па нема да дозволам на нецели две години да шета со жолти заби. Многу беа грозни. Сега немаме толку екстремна метода, не дека му е омилено, не сака, се трга, ама со церемонии некако успеваме. Некоја приказна, некоја дистракција, малце плачење, тоа е. Да не раскажувам како се капиме, ќе ми викне некој социјално. Фокус на течност, јадењето е екстра. Не се секирај за тоа. Ок сте, мислам дека го поминавте најстрашното
Така нека пие по една голтка се пијат електролити, да се задржат во организмот, инаку би ги озмочкал ако ги испие наеднаш. Ако ти пие сок има течни што се раствораат во сок па да го понудиш од тие. Јас на моите од тие им давам, ако треба да ставам 10 мл, ставам 5 за да не ги осетат и ќе го испијат сокот
Кај нас има надеж. Сака сам и убаво четка кај што фаќа. Ете денес му ги домив јас. Еден ден дава, два не дава само сам може...па два дава, ден не дава и така у круг. Ама не го силам си барам начини. И си стојам на тоа дека со сила не треба, само упорност и да се најде правиот начин. Јас за пелена менување имам најмногу мака од што сака гол. И кога е какан одма во купатило таму вадам памперс, го мијам и потоа го оставам две мин да пошета гол да му помине меракот малку и го облекувам со тегнење и како лав да облекувам ама тоа е. За бања немам проблем сам оди накај купатило, за спиење исто само ќе кажи нуна нуна и фаќа правец в соба. Сега имавме само еден период даваше отпор за спиење ама почнува да се средува. Да не станува така често ноќе и искрено јас ќе престанам да се жалам
Знам дека се пие голтка по голтка, ама он се напива една голтка и повеќе од тоа нема шанси во текот на денот. Сокови не пие, цедени чат пат ама ретко. Чаеви исто ретко, најмногу пие вода и што цица.
Електролити ни моиве не пијат ама мислам дека еднаш и земавме на ќерка кога беше мала хип од јаболко внатре со електролити.. го испи тогаш
Тежок е за течности. Тешко прифаќа ептен. Минатиот пат кога беше болен и завршивме на инфузии заради дехидрираност купував од тие и нејќеше ни да ги душне. Со шприц вода давав тогаш на сила. Многу е инатлив, сѐ е џабе. Сеа си викам бар вода пие ако не друго.