Не се плаши тогаш, штом еднаш сте биле во болница, сигурно би го препознала ако покажува знаци на дехидрираност. Нека цица почесто. И добро направи што не се откажа те од доењето
Мајки хелп! Малата ми наполни една годинка ,и мака мачиме со заспиавње. Обавезно сака во раце со нишање. Кажете некој совет како би ја одвикнала ,да не е со нишање постојано.
Најмногу ради разболувањата и немам срце да го одбијам сеуште. Здравје на пролет пред вториот роденден.
Еве моето е речиси две и пол. Заспиваше цицајќи. Последната недела две тешко ми оди да го заспијам. Ќе цице малку па ќе стане ќе шета низ дома, а темно и ми вели ,, мамо јас не гедам ништо,, . И заспива после два часа борби. Синоќа се мислевме до 1, и на крај налутен излезе од спална и татко му го зеде во раце и заспа. Вечерва пак истата борба, ама татко му легна до него и така заспа. Најверојатно ќе престане, бидејќи цицаше само за заспивање. И така и за него лесно, и за мене да не биде наеднаш.
Ништо не бива со форсирање. Најдобро е кога ќе бидеме и ние и они спремни. Не може вечно да цицаат. Ќе се одбијат кога тогаш, само нека се живи и здрави.
Од памет се извадив. Пред една недела приметив промени на ноктите и сега ова... Буквално едниот слој од ноктот се излупи. И другите не се најсјајни.
Тоа сакав да кажам дека најубаво така. Јас може сум спремна да го одбијам, ама тој не е ич. Навечер станува и вели мама сисаааа и онака потплакува. И преку ден брка во блуза хаха Инаку како сте вие денеска ?
Само што станавме пред 15 мин. Ја преспавме цела ноќ само со будење за да цица. Ептен расположен стана, уште од кревет раскажува нешто. Спиеше од 19:10 до 8:50. Како што кажа @1209 изгледа толку ќе биде, оздравува.
И јас потврдувам дека е коксаки, и дури скоро дознав дека е од тоа уз муабет. Скренав што може да биде, кај нас на нозете паѓаа, а исто доста период беше пројден од коксакито.
И јас навистина не сум за форсирање за било што, но не можам да не се запрашам дали би јадела повеќе ако ја одбијам. 17 месеци е. Не сум спремна јас, а таа уште помалку. Напротив, како повеќе да се приврзува за моментов цицање. Не можам да намалам ни подои. Почнувам да се осеќам како да не ѝ правам услуга со цицањево. Ајде да речам доручек има - јаде благи палачинки со банана, овес, јајце, па нешто овошје (круша, слива, малини или јаболко). Ручекот е проблем ни манџа, ни зеленчук (освен морков варен) ни месо. И да проба од овие работи ептен малку јаде, освен плескавица/ќебап некогаш за нијанса повеќе. Па најчесто ручекот и е ориз или јајце или комбинација. Порано јадеше грчки јогурт/кисело млеко и кашкавал , сега и тоа ептен малку. И вечерата и е леб со путер. За леб и геврек не прави проблем и сув само така да е. Од пијалоци само вода и тоа не многу - 100 милилитри мислам цел ден не ѝ се собира. Поискусните, дали постои "гаранција" дека ќе пројаде, пропие ако ја одбијам? Или дали би направила полошо со одбивањето? Во смисла барем за течности не се мислам сега. Посебно ми значело еве вака за настинки.
Одбивањето не ти е гаранција дека ќе се разјаде. Има многу деца што пак си продолжуваат да бидат не јадачи. Секогаш ќе има " Ама ако " прашање. Ако го одбиеш и продолжи да не јаде, ќе се обвинуваш еее сега ќе цицаше барем, ако не го одбиеш ќе ти е мисла тоа ете ти што го чувствуваш дека не му правиш услуга. Тоа е меч со две острици. Јас читав консултанти за доење, и тренери за спиење, дека одбивањето треба да биде постепено и обострано. Ако наидам на тој пост што имаше интересни податоци околу тоа ќе го постирам овде. И јас сум размислувала дека е време да се одбие 18 месеци има, ама гледам дека тој воопшто не е спремен на тоа. Мене ми станува тешко веќе, ама кај сум издржала до сега, ќе издржам уште малку. Имам чувство дека сам ќе се одбие преку ноќ.
И јас немам уште срце да го одбијам и живеам со таа надеж дека еден ден ќе реши сам дека не сака веќе, се надевам и дека тој ден нема да е до 3г Он дефинитивно сега не е спремен, премногу е “вљубен” во доењето, го гледам дека сака и дека му е најголема утеха и галење, може грешам не знам ама ќе терам докај 2г. тешко ми е ама не и неиздржливо.
Кога веќе спомнавте претходно цедени сокови, дали давате да пијат и колку? Моево ќе полни 16мес и многу сака цеден портокал.
Една година е , има ли шанси од забите што му растат да се удира по образите ? И да се кубе ... Малку сум загрижена