Јас не практикувам да давам, само кога мора да внесе течности. За толку мали деца не се препорачува. Желудникот се преполнува во волумен со сокот, а нема некоја си којзнае каква хранлива вредност. Овошјето општо е најдобро да се јаде цело, ни цедено, ни смути, заради внесување на влакна.
Немав/м пракса да давам сокови општо. Ни купени, ни цедени, а и до скоро не сакаше ќерка. Е сега се погоди периодов куп родендени, имендени, чуда низ градинка, бар 2 пати неделно со сокче во раце излегува од таму и бара да пие. Или пак таму им отвораат воспитувачките и на слики ја гледам каде што пие сокчиња, така да очекувам и по дома да почне да бара почесто.
Кај нас им даваат, Цевитана, како втора ужинка. Страшно. Јас давам, ретко ама давам, од калинка ми е моментално фаворит. Ама приоритет ни е вода да се напие. И не да се надигне на шишето, пие од чашка, 100мл макс да е и тоа поразреден. Моето јаде повеќе, ама не знам искрено дали е тоа поради цицањето или поради тоа што во градинка почна да јаде поише па се сили.
Со цитрусните овошја може и да му се потпари газето. Ако јаде/пие повеќе. Јас сокови не давам. Иначе со доење исто сме, многу сака и кога е со мене си мезнува нон стоп, секој сат си цицнува нз како ќе биди одбивањето, страв ме фаќа. Не да вљубен скроз е.
И син ми обожава цеден портокал. Секое сабајле му цедам (го разредувам со вода). Периодов има убави калинки, чат-пат и калинка мешам со портокалот.
Скоро 20 месеци. Од 17м мислам давам портокал или мандарина цеден скоро секој ден. Некогаш разредувам со вода, некогаш не. Не ми прифаќа друг сок/компот никако и затоа вака терам, плус ми е единствен начин да му протнам сируп. Многу сака цеден портокал и скоро секогаш го пие во еден здив. Во соковник сум комбинирала и други овошја и зеленчуци, ама не му е тоа тоа. Паузирам одвреме навреме, а со потпарено газе сме немале проблем, сѐ до сега, ама мислам дека друго е маката.
Mоево мало уште цица и не јаде и не спие, а големиот го одбив на точно 2 години, еве уште не почнал да јаде. Луѓе кога ве читам со доручек житарка и овошје, па ужинка, па ручек, па ужинка, па вечера. Научна фантастика е тоа за мене, научна фантастика. Малово ај ќе поткасне четврт тегличка од ДМ, од тоа дома што јадеме ќе поткасне по залче. Ама тој поткаснува, не јаде. Две залчиња и готов е. За големиов уста не ми се отвара да кажам што минуваме уште за тоа јадење, душата ми ја вади на секој оброк, 3 пати дневно. Ете да не се жалам, вчера вечераше супа сам без да го потсеќам да џвака и голта. Ама само од водичката И едно фиденце или мевце ако имаше во лажицата го туркаше. И то.
Исто. Му го имам мешано со јаболко, крушка и друго и или ќе го лигави или ќе го остави скроз. Е со калинка го вшмукува на екс, не дише дур не го испие
И давам скоро секој ден како ужина, помешано со вода. Подобра опција е секако да јаде цело овошје па гледам и таква ужина да давам, ама еднаш во денот сокче цедено правам. Откако оди во градинка и е болна цело време само така внесувам течности.
Јас не му давам освен голтка две да проба, ама мм редовно на прошетки дава цеден или од боровница, го карам ама од едно уше влегува од друго излегува, два дена нема да дава па пак ќе се врати со пола шишенце…моето вода си пие и јогурт најмногу, сокови онака не сака ногу, газира вода мора да криеме по дома. Овошје многу сака и јаде цело време.
Јас сокови не давам. Само вода. Дур можам тоа да го контролирам ќе го контролирам. Знам понатаму дека ќе пие. Овошје јаде свежо и така е најдобро.
Таман мислев готово, синоќа цела вечер кашлаше суво. Што ви се има покажано како ефикасно за сува кашлица? Во носето е полн со секрет, вадам тоа што излегува, ама си фрчи негде позадински. Бел слез за сува кашлица ли се даваше?
Јас по препорака на педијатар давав сируп од исландски лишај 3x2.5ml. Ама консултација со педијатар сепак за потврда.
Исландски лишај, ама прашај доктор, таман и денес ќе имате рез од брис така? Големиот (6год уште малку) супа ,,јади" ако нема ништо, цедена и во чаша, ја пие уствари со него вака маки мачиме уште, 3 дена на школо еурокрем е ако ставам друго ќе си дојди скроз гладен. Ако не му велиш да џвака заборава, 1 сат е едно јадење лај него. Многу имам за кажување не е соодветна тема Малово па пу пу, кога беше најболен јадеше, па дека на диета беше само банана, бисквита, компир варен, гризини, ориз само тоа смееше и тоа јадеше со сласт досега се јади и си сака, ќе си има оброк убав и после со мене на маса си прикаснува, со мм, нема шанса на рает да јадиш со него. Ќе почнам да се жалам деновиве од немирко
Денес ќе има резултати да. Еве откако е станат се нема раскашлано, а ем сега сме во дневна со вклучена клима. Спиеме без клима, не е сув воздухот. Каков е тој сируп? Неговата докторка е малку изгубен случај. Јас си барам упати, јас си поставувам дијагнози. Да и речам да давам ли ќе рече, па да може. Во меѓувреме нешто мислев на природна база што можам да дадам ако знаете.
Исландски лишај е за смирување на кашлица, на првото дете стално му давав ако кашлаше суво и често, обично ноќе се случуваше тоа кашлање и сред ноќ му давав, па се смируваше. Мислам има и други слични. Јас овај го земам сиве години.
И јас на големиот овој го имам давано кога имаше Адено вирус. Кашлаше 3м, само од овој се смируваше, ќе почнеше пак да кашла после некое време, ама воглавно се смируваше и 2 недели мирен, после пак почнуваше.
Он кашла како нешто да го иритира, сува надразнителна кашлица баш. Чудно ми е што само ноќеска кашлаше. Сега дур е буден воопшто се нема искашлано. Како се дава сирупов, колку смее временски итн?
Мислам дека не смееш пред да наполни 2г, ама ти види си сама. Пишуваше на него знам имаше баш убаво упатство, од тогаш не сум дала не знам.
Епа нема да давам чим така. На природна база со што можам да ублажам ваква кашлица? Белиот слез за сува е или за продуктивна?