3-4 дена ми е лепенка невидена, ама последните два, посебно денес е премногу. Гледам дека не му е добро, ни јаде ни пие, само ми крева блуза за цицање. Цело време е по мене плачејќи, жалејќи се "мамааа". Што можам да направам во моментов, еве температура нема, не е дека кашла или слично за да го однесам на лекар. Само носот што течи. Нит сум да седам така нит да го носам кај матичен, или крв да испитуваме.. Овие два дена мене и маж ми не изреди некој стомачен вирус, со грчеви со све. Како да знам дали му е тоа? Цело време плаче, негодува, еве од градинка ми јавија да си го земам.
Чај од ловоров лист и мед смирува кашлица. Ако е ларингитично кашлање можеби треба инхалација со лоратадин сируп ама тоа доктор да види.
Мене лично ме смирува топол напиток ако немам болка, ако имам ладен. Види она просто обично чајче од прегорен шеќер.
Исто Лаки, од 6.30 е станат, уште доручекот му е на маса (пециво со сирење), и каснува по едно залче одвреме-навреме. Знам дека не е за тоа темата, само ко пример дека ако се одбие од доење не мора да значи ништо, нејадач си е нејадач. Затоа и со малово тераме уште со доењето, ми се чини дека ако и тоа му го скратам ништо нема да внесува.
Немаш за што да го носиш на лекар, не го шетај само без потреба низ ординации во сезона на вируси. Да не вади некои запчиња, носот знае и од тоа да тече ако е проѕирен секрер.
@Bella_Stella , на овој пишува за над година https://zegin.com.mk/mk/krka-kherbion-sirup-od-islandski-lishaj-150-ml Сепак консултирај си лекар. Јас од прегорен шеќер знам за болно грло, за кашлица не сум давала.
Мене пак и матичната и замената нејзина и уште една докторка што имам прашано се строго против сирупи за искашлување на толку мало дете мојава е 22м а од Бела е уште помало така да јас на своја рака не би дала без да прашам доктор сеа кој како сака.
За смирување на кашлица е овај од исландски лишај. Секогаш прво доктор се прашува за се, мене и доктор ми го имаше препорачано. Е сега под 2 год еве друг имало, иначе и во аптекиве работат многу добри фармацевти кои можат да препорачаат и некој друг соодветен за возраста.
Секако не планирам на своја рака да дадам. Ќе го следам и ќе видам како ќе биде вечерва. Моментлно спие мирно веќе два саати и се нема искашлано. Чистам секрет сега за сега и евентуално пред спиење може да му направам млеко или чај со прегорен шеќер, ако сака воопшто да пие.
Излезе брисот, има haemophilus influenzae во носот. Матичната вика да го почнеме антибиотикот. Има ли некој искуство со оваа бактерија?
Сите бактерии ги имаме поминато, и штом така заднински има секрет сигурно е бактерија. Да знаеш за друг пат, јас затоа правам брис па и праќам резултат на матичната, дека кога ќе го прегледа ми вели дај му риностоп. А јас слушам дете како дише, дека не е настанато и не е проширен секрет. Колку време ти е антибиотик, тој има рок пет дена по растворањето? Кога ќе ја испие првата доза уште по 24 часа ќе забележиш подобрување.
Во петокот вечерта е растворен. И побарав да му пише нов, ама она вика до 7 дена откако ќе се раствори е ок. Да го почнам значи, земав да читам за бактеријата и ме фати страв. Сумамед има препишано.
Сигурна сум дека на самото шише пишува 5 дена. Би ти препорачала да ти пише нов. Од петокот до денес веќе 3 дена се поминати, под услов денес да ја дадеш првата доза.
Ако го почнам денес испаѓа дека му е веќе 4ти ден. Си пишува на упатството дека е 5 дена, ќе барам нов. Каква е таа листа?
Под бактеријата треба да пишува на кои антибиотици е сензитивен. На сензитивните пишува с на резистентните р или 0 и 1.