Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    1.032
    Пол:
    Женски
    Дај му нешто што може да се фрла, топчиња, балонче. И повторуваме играчките/храната што и да е не е за фрлање. Има една косилка играчка и таа на пример ако ја треска ќе му кажам прво не трескаме, па после ако продолжи ок штом така ќе ја тргне мама, луѓето доле што живеат се плашат кога трескаш. Некогаш со коцки така кога треска му кажувам значи се налути, се исфрустрира дека ти се сруши кулата. За да знае што е фрустрација, лутина, емоциите. Ако продолжи ок ќе се тргнеме малку во спална додека да се смириме па ќе се вратиме кај играчките. Ако ме удри мене се тргам и не дозволувам и зборам многу. Дека ако него некој го удри ќе боли и ќе биде тажен. Му кажувам мама кога е лута удира перница и можеш да му покажеш ама луѓе не удираме. И тоа по 376382 пати, почнува да функционира. Некогаш ќе фати да ме скубне и вика мама не се скубе и престанува.
    Сум го скубнала неколку пати и јас така во афект за да види дека боли и дека ако скубне дете ќе му вратат ама тоа не е правилно. Со многу зборење е правилно како погоре.
     
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    18.397
    Пол:
    Женски

    Мојот паѓа на колена глава на земја па тоа рикање и плачење, јас го игнорирам. На почеток не знаев што му е, мислев го боли нешто. Ама одпосле сватив дека си го прави редовно ако не е нешто по негово ако се налути и сл. Го игнорирам и како попче си доаѓа после да се гушнеме па зборам дека не е убаво така да прави и така јас зборам ама како растат кој знае како ке биде. Се надевам ке има удел ова зборење.

    На друга тема многу се паметни ах премногу. Од сега луѓе се гледа дека јас сум лошиот полицаец дома, и со мене е повеќе. Ама па и мене ме слуша, а татко му не. Татко му збори до сабајле, јас еднаш кажувам и ако се направи наудрен само по име го викнувам и одма прави што треба. Еве баш сабајле ги фрли пижамите на земја и си продолжи, му велам стави ги пижамите на место он со камионот во рака оди се прави не ме слуша и јас само "Димитар" малку со повисок тон, одма се врати ги стави на место и продолжи по патот. Не знам дали да се радувам или не.
     
    На 1001Ana1001, atz1995, јolene и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    4.716
    Не знам дали да му дадам нешто полесно да фрла, тој буквално што му е при рака зема и фрла. Фрли дрвен автобус кон мене некни, ми ја распука бузата. Значи во моментот така ми ги спои жичките, аууу премногу трпение ми требаше да не го плеснам.
    Страв ми ако го учам дека е ок нешто да се фрла, од кај ќе знае шо е границата? Па во градинка да почне да фрла се?
    Сум пробала и да се лутам демек, ама не пали бе, уште толку се нервира ако го игнорирам и ме мава.

    @Carolin. првите неколку дена со тантрумиве и мм ме прашува дали нешто го боли пошо плаче вака.
    И стварно ти доаѓа да замислиш дека нешо ептен го боли, така драматично се фрла на под… ама сфативме дека е бес, онака every minor inconvenience е тантрум. Вчера се фрли на под пошо не можеше шише вода од 2л да го доноси до кај што замислил.
    Lord give me strength.
     
    На 1001Ana1001, atz1995, јolene и 7 други им се допаѓа ова.
  4. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.258
    Допаѓања:
    11.401
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам јас.
    Остај што мава, ме шамари. Баш се однесува како bully кон мене. Ќе почнам да му пеам еве пример, нема да ја погодам песната и ќе ме удри по лице или изгреби убаво.
    Секако имам реагирано и строго и gentle и воопшто немам реагирано.. Најлош фидбек имам кога ќе му повишам тон. Како да не ме сфаќа сериозно, интересна му е реакцијата и намерно пак го прави за да изнуди нова.
    Сама на мене си се чудам за трпението што некогаш го имам, ама на моменти како денес живците ми се како врв на игла.

    И бтв.. Малку ме загрижува што волку сака да се гали одеднаш. Обично е дете што газ не му седнува. Сега нема нема доаѓа кај мене, се качува, се мушка да се гушка и така ми стои во раце некое време па си оди.
    Многу несвојствено...
     
    На 1001Ana1001, јolene, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.676
    Допаѓања:
    104.661
    Пол:
    Женски
    А што правиме со јадење мрсули мајки? Како да го одвикнам? Значи ќе копа копа и ќе го лапне. Не знаете колку ме нервира :tmi: :@ :envy:
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.321
    Допаѓања:
    20.663
    Пол:
    Женски
    И кај нас денес вака, ама скроз. Си игра и ќе му текне доаѓа не гушка и седи во нас мирен и си се занимава нешто, што порано немаше шанси. Исто ако го скарам почнува да се смее во стил “ај пак”, мисли дека е игра. Татко му кај нас знае да му повиши тон, ама нема ефект. Своеглав е до максимум, прав Овен е во секоја смисла.
     
    На 1209 и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  7. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.258
    Допаѓања:
    11.401
    Пол:
    Женски
    Нај ми држи вода ради градинката да е таа потреба да се гали повеќе, во ист период почнаа отприлика.
    Уште еден овен тука :!:
     
  8. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    1.032
    Пол:
    Женски
    Исто и вика срамота е така и го прави (facepalm)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    23.869
    Пол:
    Женски
    Врв на бес, се касна сам на рака и плачеше и пробуваше да си ја фрли сам раката :rofl: :rofl:
    Падна на масиче и си го удри окото, му потече и црвено му е, денес е многу нервозен последната 4ка долу излегува, го боли, прв пат давам парацетамол после температурите, морав, многу го боли.
    Леле жени не знајте уште правите, вистинските тантруми какви се :drunk: ова не е ништо уште :rofl:
     
    На Ano, Anturium, јolene и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    4.716
    Зарем?
    Драматично фрлање на под и пискање на фрекфенција што ти доаѓа очи да откопаш? Тоа не е тантрум? :D
    Сега бар се фрла на земја нанапред, на почеток се фрлаше наназад со главата, значи од бебе го прави ова движење кога е нервозен, ама сега свеста ми ја зеде неколку пати пошто се фукна со главата така во занес.

    На тема заби, луѓе дали е можно да има 5ки и 4ки ама нема двојки и тројки? Горе бар има двојки, ама тројки нема никаде.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    23.869
    Пол:
    Женски
    Чекај чекај ќе видиш и сама хахах нека се здрави и живи само, тантрум е да, ама ништо во споредба со тоа што следи, ги мислев јаки тантруми до 3 год, е ама после 3 год беше јакото :whew: тантрумишта :devil:
    Иначе да можно е се со забите. По правило 1ци, 2ки, 4ки, 3ки па 5ки се, вака кај првото дете излегуваа. Кај ова сега фалеше една 2ка долу и излезе заедно со 4ките. Сега 3ки очекувам, па 5ки до 2 и пол си велам ќе излезат.
     
    На јolene и Lavender13 им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.676
    Допаѓања:
    104.661
    Пол:
    Женски
    На 3г е полесно зошто колку толку можеш конверзација да имаш, на 2ипол која к конверзација ќе ја имаш, никоја. Се сеќавам иако големиот имаше благи тантруми, скроз е поинаку.
     
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    23.869
    Пол:
    Женски
    Секое дете е различно, немаат сите јаки тантруми. Ни разговор ни ништо не делуваше кај моето.
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.321
    Допаѓања:
    20.663
    Пол:
    Женски
    Шо знам он од Септември е почнат и повеќе не оди од шо оди. :^)
     
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    10.329
    Со тантрумиве и јас мислам дека допрва доаѓа “забавното”. Ако споредам по ќерка ми, во споредба од пред неколку месеци кога прв пат почнаа па до денес, многу се зачестени и поинтензивни.

    Она конкретно не ме мава, не фрла, ама е страшно тврдоглава и ако не е по нејзино почнува со трескање од земја, хистерично вриштење, солзи крокодилски и се по список. Ладна пот ме облева во тие моменти колку ме вади од такт, ама и јас се обидувам да игнорирам, да задржам сериозен лик и да дадам до знаење кога нешто не може да е по нејзино.
    Пред некој ден за глупост се расплака толку многу, што за прв пат во живот зајде од плачење, снема воздух, модро плава стана во лицето. Животот ми помина пред очите колку се исплашив, не знам колку време помина додека почна пак да диши.

    Не можам да и најдам нзс, инаку генерално е доста разбрана, многу добро комуницираме и се разбираме, почна доста и да зборува. Ама реално се повеќе има моменти/денови кај што е толку лесно увредлива, не смееш да ја погледнеш на страна, одма драматизира буквално мозок да ти завибрира.

    Собирам трпение за понатаму, нема бегање од ова, мислам дека едноставно човек се челичи и навикнува. Во меѓувреме пена ти фаќа уста од објаснување и така во круг.
    И се повеќе ги сфаќам мајките што ќе ги затекнев во трговски како мирно пазарат додека некој разбеснет тодлер плаче и им се влече за ногавица :devil: Се чудев како можат да останат така чил во моментот, ама изгледа се се учи во свое време :D
     
    На merriel0, Sun&Moon, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Си одиме од градинка и не ми дава раче, ќе оди сам. Јас си идам од работа со ташна, и плус двете нивни ранчиња од градинка.
    Стигнавме до семафор црвено беше едвај го задржав да не помине улица. Додека да се убедиме да тргнеме не фатило црвено светло тој легна на улица и почна на цел глас да плаче ,, не, мамо , не,, не ми даваше да го кренам. Колите свират , направивме застој во сообраќајот. Собрав сили да го одлепам од улицата и продолживме.
    Понатаму треба да поминеме булевар, пак не дава рака. Го пуштам да оди во средина до батко му,, и го допрев за јакната да не ми избега , пак се фрли и легна на улица. И пак почна да се дере ,, нееее, мамо,, нееее,, од другата страна имаше полиција. Си помислив, готово, ќе дојдат и ќе гo земат.
    Со последните сили го кренав во раце и не знам како го довлечкав до дома.
    Се испотив како да сум копала на нива. Па голем е, над 15 кг и немам сила да се борам со него.
    Сака се да прави сам, и никако не дава раче, трча кон улица. И затоа си седи дома, никој не сака да го шета. :nod:
    Јас веќе не го земам од градинка, оставив на свекрва. Проба таа еднаш, да се прошетале децата и зажали. Сега вика такси пред време и право дома го носи.
     
    На Bebetoo, strelec231992, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    18.397
    Пол:
    Женски

    Ако почнам да редам за се што плаче... вечерва бев на крајот да му дадам узо ако продолжеше уште. Направи мм салата, мезе и по едно узо ајде ке пивнеме за него направено да има и он, и во иста чаша ко нашата вода, не он сака од мојата му целам не може мама лути ова он не пак се запнал, му дадов да мирисне не бе не се смирува и седна зеде да плаче и плаче со солзи мислиш го тепа некој, уште малце ако поплачеше ако не му дадев еве.
    Исто денеска плачење за:
    - зошо не сум ја ставила чашата на местото он кај што покажал милиметар разлика
    - зошто не му давам нож да сече
    - зошто не му дадов вода до истата секунда кога покажа на чешмата
    - зошто не може да го испие цело шише молерс, само го зема од фрижидер и вика кок дај
    - зошо татко му се бања
    - зошто баба му не е дома
    - зошто сум во вц без него


    Сигурно за уште нешто плачел ама не ми текнува
     
    На Butterfly30, strelec231992, lackygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  18. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    752
    Леле жени а ја си мислев тантрумите се 2+. Почнаа и кај нас, почна и да фрла играчки, фрла храна што не и е вкусна, ме удира, кубе. Зборам, зборам, собирам играчки кога ги фрла и не ги давам, завршуваме со јадење ако фрла. Џабе, ништо не помага од моите "нежни" методи. Ми се смее кога и викам да не фрла храна и продолжува, а баш внимавам да не викам или правам гримаси за да сум смешна. Леб без ништо може, ако намачкам нешто крокодилски солзи и го фрла. Боже на помош.

    Иначе повеќе од 2 месеци е со мрсули што менуваат бои. Нема тт, лошо спие, јаде ептен пребирливо дома, во градинка демек јадела се. Матичната рече нормално било ништо не е, ама мене ме копка да нр треба некој брис? Зар стварно е нормално до април секој ден да има мрсули и да се буди по 16 пати?
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    24.851
    Пол:
    Женски
    Затоа и не коментирав :rofl: кој тантруми се после 2 роденден, фрлање предмети не е ништо :?: Јас ја имам влечено низ продавница за да се помести пошо типката решила застој да прај, а пошо не и беше нормално дозволен тој луксус, се фрли на под и почна да писка.
    Ова малово ми изгледа покротко ќе видиме. Засега знае да ја искуба на големава и да се пушти да ја касне ако сака играчка што она ја има ама така трескање на сред улица немаме доживеано. И интересно е како секогаш тие трескања беа кога најмалце беа потребни :rofl: дали во маркет, транвај или бркање пред пасошка контрола кога баш ние сме дошле на ред
     
    На јolene, Carolin., lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.703
    Допаѓања:
    7.998
    Пол:
    Женски
    Моето имаше таков период, и се фрлаше и на земја. Знае се уште да се фрла ама ретко.
    Јас се справувам така што ќе го земам и гушнам и му зборувам тивко и бакнувам на вратчето. Се тегне на почеток и дере - плаче. Ама брзо се смирува.
    Други работи што пробував само влошуваше.
     
    На јolene и Lavender13 им се допаѓа ова.