Јас би направила брис на приватно. Матичниот ја гледа општата состојба на детето и затоа вели не му е ништо, ама ти си знаеш како спие навечер.
Зошто на приватно? Нека си побара упат за брис од матичен, има право. Јас сама побарав, матичната не се ни сети да рече да испитаме.
Како го дозирате пробиотиков Дармфлора за тодлер од 20 месеци, а како за возрасен? Внатре има дозерка, веројатно не е истата доза за секоја возраст? Дармфлора рефусните ќесички матичен ме советуваше дека една ќесичка е за возрасен, а пола од истата е за тодлер. Првпат земам вака цело шише, да знаев порано ќе земев, разликата во цената е огромна.
Мојов со мрсули беше 3 недели од кој де беа бели, де маваа на зелено на жолто. Чистев со физиолшки секој ден, и пак само течеа. Ми спомна сестрата од кај матичната да не е алергија земи вели 3 дена пробај летизен пред спиење, и стварно тоа излезе. Два дена навечер му давам летизен еве го нема мрсули денес.
Од тантруми, вчера со влечење излезе од игротека. Се сокри у веце, за да не се акнам/не ја акнам од земја го пратив мм да си го собере ќерќичето. Ја грабна некако, едвај ја пикнавме у седиште, до дома рикаше Од секојдневно плачење - За СЕ. Најсвежо - вчера се шлакаше со кокос, и почна да го истура, и објаснувам, зборам не бре брате. Викам "Добро, имаш ти уши?" Ги бапна рацете цели кокосови на уши и ми вика "Еве имам". Инстант почна да плаче зашо има кокос на ушите и косата. И така... Има и полошо, ама ова најсвежо ми е 3 години е. Ако му значи на некој нешто - се полоша станува и секој ден си акам главата кај грешам. А мм ме теши со "Абе такво си е дететоооо"
Јас како те читам тебе, така сфаќам дека ќе го кркам дебело. Вчера се акаше од земја зошто не му дадов да чкобне од секоја кришка леб во ќесата, од секоја средината да ја штипне да си ја касне. Аха, мало сутра. Па фрли по брат му со чашката за сок зошто брат му неговата си ја однесе за миење а он наумил да пие од неа. Ја џитна само преку брат му, среќа пластична, среќа преку брат му отиде, го симнав, рикаше и го оставив да рика малку, па го гушнав па објаснувавме. После бајче, ама џабе. Јас сум упорна, зборам колку треба.
За тантрумите, ќе пишав синоќа сум заспала од премор. Без крв бев веќе, до толку бев истоштена оти по цел ден ги има. Јас дете не си препознавам веќе од минатата недела навака. Дали што почна адаптација, дали скок, дали заби не знам. Јас не можам да ја смирам. Гнев има кон мене, ме турка, бега од мене, фрла пишти. Во градинка сабајле ја однесов порано, да доручкува таму. Гладна беше, залче не каснала и на пат кон дома јадеше. Ја држела воспитувачката цело време во скут и ја молела. Ништо. Откако се вративме, само се вреска, само се фрла, ми се дере. Во градинка бевме саат и 10 мин. Пола саат седев со неа, после излегов. Ја носев да ја шетам, баравме мачиња, дома иста рутина се. Детево ко некој да ми го замени преку ноќ. Споделив и во градинка. Ми рекоа денес дека била гневна, ама не плачела. И не плачеше, ќе ја чуев, таму бев во друга просторија. Плачеше малку кога и кажав дека ќе одам и ќе се вратам. 40мин беше сама. Ме виде на врата кога отидов да ја земам, и тек тогаш почна да плаче. Едвај ја заспав. На моменти ми иде да се откажам уште не почната. Ама па од друга страна, подобро сега да го поминеме ова, отколку покасно. Ја разбирам. Многу и се собра. Не е веќе центар на свет, дели внимание, странски јазик. И ќе ми рече некој децата сунѓери се учат на брзина. Да учат, ама не значи дека не страдаат. Ако продолжи вака, јас треба да одам на психолог, оти ми прави лоши чуства. Уште ми е чудно, како се смени од мирно и избалансирано дете во ова. @Lavender13 @joana18
Колку месеци има? промената и е голема и нормално да покажува незадоволство. Немиј да ја носиш на доручек во градинка се додека не помине адаптација, и да помине супер адаптација не значи дека ќе се опушти одма со јадење.
Треба да одам и јас на психолог, ама ете забораваме и за себе да се грижиме. Јас некако гледам разлика кога е дома, еве како сега е супер дека не оди неколку дена, минимални тантруми. После градинка некако како да се истура дома. А таму последно кажаа за него дека бил супер, многу зборувал и ги слушал итн. Тие што одат во градинка, сте забележале такво нешто?
Да, јули и август беше страшен со секојдневни тамтруми после градинка. Јас се губев тој период не си го препознавав детето. Нормално е ова мајка тестира граници, гледај да не попушташ и ќе му помине. Сега ако попуштиш после за секое незадоволство ќе прави вака
Секогаш беше таков големиот, таму мирен, повлечен, не сакаше многу во децата да оди, посебно во група не, така понастрана си стоел, само со неколку деца си играше, со немирините не. Некој страв имаше да не го удреле.. После дома беснееше, се истураше баш, да му излези се што чувал цел ден. Сваќе се ова е нормално, биди упорна само, ќе си се прилагоди, секоја новина за децава е тешка, си сакаат рутина, ко ќе и стани градинката секојдневие ќе си се врати во нормала (би требало) Пак зависи од дете до дете, 2 се мои 2те се скроз различни. Моево е лошо многу, љубоморен на брат му, го мава, го греби, каса не секој ден ама се дешава ако дојди кај мене големиот. И изгледа сепарациска анкс има, ако сум дома јас само во мене е напикан и само цицање бара, само в раце сака, па плачење ако не го земиш...
Да, ќерка ми многу тантруми имаше преку ден а преку ноќ плачеше многу и имаше кошмари... Никогаш нема плачено за мене и не беше приврзана, откако почнав да ја носам во градинка како да ми е лута ама плаче по мене. Недела дена е дома, сега е друго дете..
Мојата ми се лутеше кога не одев јас да ја земам туку ќе отидеше татко и сам потоа дома не доаѓаше во мене , бегаше , пискаше, плакаше. А кога ќе одев сама јас без татко и на него не правеше така. Тоа беше период. Сега веќе ја носи и зима еден од нас. Во секој случај чувството не е убаво да го гледаш детето гневно кон тебе. После градинка генерално беше плачлива и неподнослива, спиена не доспиена. Нормално таму после пола час нема да ја презаспиваат за да продолжи уште пола час да спие. Ова е голема промена за неа, а може и последниот скок да игра улога. Продолжи со истата рутинаи остани смирена спрема неа. Привикнувањето може да трае и 2 недели но може и 2 месеци. Трпение-спасение.
Не се секирај ич мајка. Лани ќерка ми исто и боцнаа урбазон баш пишував по темава. И јас се испаничив зошто ја боцнаа да не не требаше. Слушав од страна многу имунитетот го уништувал плус и сумамед и дадоа да пие. Ама погоди што ќерка ми после тоа со месеци не се разболе Јас би ти предложила да и ставаш диво оригано пред градинка обавезно секое сабајле. Нас ова изгледа многу ни помогна
Фала за споделеното искуство мама, се надевам ќе се разретчат и кај нас разболувањата. Какво диво оригано користите?
Денес синко полни 18 месеци. Уште рано сабајле дешавки. Да не бев во соба од креветче ќе паднеше. Луѓе се фати за ограда и се преврте, среќа во раце го дочекав. Ќе мора да правиме дупки и да спуштам душек што пониско. Дури сега не ми се остава сам в соба ни на спиење. Па и друга возбуда ја кажа првата негова реченица, а де е мама значи топење, колку брзо учат и растат. И за бељи прв е , збеснат е како во струја да беше приклучен пред спиење. И не сака да спие, се убедивме некако, во 22 заспа. Сега малку мама да искулира и да смири страсти па да фаќа кревет