Не секогаш. Но, да често користат второ лице еднина, што па до одредена возраст е нормална грешка и за типични деца
Мајки на колку време можам да ставам чепче Ефералган? Одеднаш ми качи денеска температура 38.5 ставив едно дури во 18 часот, бидејќи претходно во 14 часот дадов Блокмакс ама џабе беше. И што можам да направам со шлајмови и полн нос освен чистење на нос, а тоа се страшни плачки.
На 6 часа смее Ефералган, внимавај само да даваш точна доза за килажата. Ако качи пред да истечат 6 часа можеш да дадеш Ибупрофен на 4 поминати часа. Разладувај и не се плаши, 38.5 не е толку висока темп. За носот колку и да плаче најдобро е да го чистиш, друго нема.
Фала ти многу. Знам дека не е многу голема температура, ама многу беше жална, го преплака денот и само во мене залепена, омалаксана и паѓа главата и очите. Страв ме фати. После Ефералганот одма заспа, за кратко спушти, се разбуди и се развесели малку. Сега пак почнува да ми е топла. 80 мг пишува на Ефералганот. Која е дозата, како се дава точно? И настинка и заби вади неколку одеднаш, само се фаќа за устата и плаче. И секако си плачам и јас со неа. Како да исчистам нос со шприц, може полесно ќе е?
Како моето дете да го опиша. Сметам дека е нормално и сите дечиња се различни карактерно. Сеуште се многу малечки.
@1209 , бројче ќе те тагнам тебе, бидејќи ти го почна разговорот, битно општо е. Мислам секоја од нас повремено си прави цели анализи на детето, филмови и што уште не. Нема мислам месец да не анализирам дете, да не читам што проблем има, да не сум спремна да барам стручњак. Цело лето на игралиште, се гушкаше со сите деца, месециве и во игротека и дома ако дојде некое игра сама генерално. Знае да си направи игра со улоги, да успива кукла, да ја вози во количка, да и дава да јаде, ама сама. Ако дојде некое дете на пример заедно да ја возат куклата во количка, нема шанса. Плус не сака да се гушка овој месец, освен со домашните. Пред некое време одеше на прсти, некаде го пишува тоа milestone, некаде знак на аутизам. Дали е во ред дете да оди на прсти, повремено де, сигурно е. И траеше тоа неколку дена, сега пак си гази убаво. Сношти најпресен пример, легната во креветче пред спиење, мавта со раце и си пее нешто неразбирливо за мене. Барем не на јасен македонски. Гугл вика, мавтање со раце ( беше само вчера) е знак на аутизам. Мене повеќе ми личеше како да си пее и игра некоја песничка, бидејќи и дома и во игротека цел викенд игравме и пеевме, плус во градинка и гледаат песнички и играат. Пак ќе речам, не сме начисто никогаш и со 300 сомнежи и дилеми ќе сме постојано.
А јас шо се извадив од памет пред некој ден - Учам германски на Дуолинго, најчесто она си игра со татко ѝ, јас си слушам. И завчера ко рече дете саат време ќе вика Милх, а јас не ја разбирав. Се окозив додека сфатив што збори, и од кај ѝ е тоа. За еден збор. Мајка и раат у иста реченица не може да стои маме му е...
До кога ги возите во количка? Сака да оди и ајде кога сме низ местово кај што живееме океј, ама подалеку он не може да оди колку јас што одам. Плус ке заспие кај ке го легнам? Некако како да ми ја одбива количкава одкако прооде. А жива мака да гурам количка и него да го држам за раче, најчесто количката ни е за товарење периодов. До кога е препорачано да се користи, не знам ни колку треба да пешачи на оваа возраст
Скоро 2 е, каде што одиме на подалеку си носам количка. Не се буни за возење. За пешачење оди, не дека не, ама и бара во раце, а веќе е тешка за долго да ја носам, вака ни е сигурна варијанта.
Скроз прекина да ја користи пред 3-4м. Сега секаде оди пешки или со една кола што се бутка од тие малите. Не ретко и во раце го носиме, загоа грб ме боли цело време. Ама одбива количка, не можам со зор да го терам, ја спакував скоро.
Грбот ме кине и мене, секој втор ден пијам блокмакс тежок е машала нека се живи и здрави само и издолжен периодов баеѓи, се научи да заспива за ноќно на спална а јас да раскажувам приказни ама за на пладне кичма ми паѓа, не го нишкам ама сака со главата кај мене на рамо и да го шетам низ соби. После тоа пола саат лежам за да се соземам. И се погоува излезени да шетаме не му се оди веќе кога му се спие го носам во раце па дома дур го заспијам, умирам од болка мислам. Ке го пробам уште во зимската пак, уште со летната одиме ако не сака и во неа нека ми е со среќа
Не си правете филмови за џабе кадешто нема потреба од тоа. Нормално е дете да повторува, да си зборува само со себе, да оди на прсти одреден период. Пробуваат, искушуваат, опипуваат. Ќерка ми оди на прсти, гледам дека и е интересно и не гледа нас како реагираме. Во градинка бара сигурност од негувателките, не сака да седи сама со децата без нив. Одам пред некој да ја земам, гледам излегува едната негувателка, сите деца во игрална, она тргна по неа. Прашувам дали секогаш е така, ми вика да, прво јас да сум, па децата. Таква е, дома е залепена за мене. Сака сигурност, сака близина, сака цело време некој до неа. И тоа е до некаде карактер. Ако комуницира со вас, ако има контакт со очи, ако приметува и гледа што другите деца прават, ако нешто може да му одвлече внимание нема простор за грижа. Битно е прво да има невербална комуникација, па вербална. Битно е да имитира и да покажува со прст некаде до 12 месеци. Мислам дека веднаш се приметува дете кое има некаков проблем и дете кое е развојно добро. Такада...опуштете се мајки
Потпис! Мислам дека е многу повеќе од гестови аутизмот и тоа се гледа. Бидејќи го имам во семејството, верувајте тоа од старт се осеќа.
Се одредува ли од сеа дали ке ја користат десната или левата рака или ти кажано десњаци или леваци ке се? Зошо на пример ја го приметувам повеќе со левото раче фаќа работи и кога јаде го фаќа приборот со лева рака, колички турка со лева рака ете така деновиве ова заприметив Денес имам мал милион прашања се глеа дека бебо има квалитетна дремка
Уште користиме и сака да се вози. Од дома секогаш излегуваме со количка, во парк го пуштаме да си трчка и за назад пак си седи во количка или заспива ако му е време за спиење. Често знам намерно да темпирам да излеземе пред дремка зошто убаво се изморува и на пат до дома заспива.
Мака имаме ние со количка, никако неќе, а не можам секаде пешко, кога одиме во парк да ама пазарење не можам искрено со две деца и да ги пркам по рафтовине, а ако покушам да ја ставам прво се стега цела, ако успеам да ја стаам следува вриштење мислиш шилци има на неа. Никаде не можам да отидам заради неа, а за во раце не ми зборете среќа 9кг е мојава. Не ти реплицирам сега лично тебе Карол туку општо, не ме сваќајте погрешно ама мислам дека претерано е до толку да се анализира секој покрет на детето и да се пребарува по интернети зошто тоа го прави, да е константно, да е поинтензивно, да нема напредок или да има попратно и други знаци секако да ќе се реагира ама до толку... непотребен стрес. Ќе има секакви фази, на непослушност, на имитирање, на брблање иако ќе знае да зборува, на чудни покрети, битно е да се гледа целокупното понашање на детето. Мислам нормално дека нема да си игра со врсници, нормално нема да дели играчки, ќе граба и ќе посега да мавне, нормално ќе пафта ќе и пее неповрзано. Ни 2г немаат, преголеми очекувања имате.