Кај мене маката е што не сака да се врати после во количка, на пример тргаме од дома и јас го ставам во количка ке стасаме до маркет или продавница, кафич, парк било што ке го извадам за назад се укочува цел исправен не знам како успева никако не можам да го седнам и ако успеам како што велиш вришти. А до сега сме немале мака, дали е период па ке помине. А искрено не можам да функционирам уште без количка, пред некој ден мм го бркаше низ маркет додека јас плаќав на каса.
И моето некогаш прави проблем. Имаше и период едвај го седнував. Така правеше исто ќе се вкочани цел. Ама јас сум поголем инат и не попуштам. И ќе плаче плаче во количка и престанува. Сите не гледаат ама искрено ич не ми е гајле. Јас сама не можам во раче да го носам и да пазарам. Едноставно не попуштам и се справувам некако. А ич не сакам со мм и дете да одам, оти мм попушта и трча како улав низ маркет. А тоа мене многу ме нервира.
Околу 2-2,5 часа пред спиење вечера, а непосредно пред спиење млеко. Сеуште пие Ад и сеуште сака пред спиење. Не заспива со млеко ама пие млеко, миеме заби и после се успиваме. Друго за тоа што прават или не, едно се мали, друго очекувања големи имаме. Воспитувачката знае да ми кажи, ќерка ти не знае ова и ова да го прави, пример Живели со чаша. Прва мисла, чекај назад е детето. Втора мисла пак не сум и покажала да прави нешто такво оти ни на крај памет не ми паднало дека на 20 пример месеци треба да знае да го направи тоа. А и ние по дома не го правиме тоа. Нешта што сме и покажале ги прави, за брзо ги сфаќа и сето тоа.
Ех со прво дете иста бев, после 2 год почнав да се грижам, се си беше како што треба, прооде на 14 м, на 16 веќе 2 збора знаеше да врзи, се супер ама карактер Да нејќи деца, игротека, роденден, Дедо Мраз, дружење со деца (освен со неколку што си ги знаеше), да нејќи со луѓе да зборува, многу работи правеше што "би требало" секое дете да ги прави, многу се нервирав, грижев, најмногу ме нервираа луѓето оклу, Зошто не зборува со мене, зошто не оди кај децата, зошто... Тоа ми правеше уште повеќе стрес. Се до 4 год, кога си реков доста е, така си ги поминав со мисли секакви, мм среќа секогаш ме смируваше, ми велеше таков е, прифати, неможи секое дете да е исто, неможи сите да се екстроверти, си имаат и тие карактери од мали, тој си е повлечен, интроверт, тек после 4 и пол год почна да се опушта, врв на се е сега што сам оди на родендени кај децата од на школо, не мислев дека ќе дочекам вакви денови и сега ќе прави 6 год на 10ти и се надевам (потајно дека конечно и тој ќе дувни свеќа за роденден жени замислете досега нема свеќа дувнато за роденден Мајки немојте да читате се на интернет, оти нема крај. @Carolin. До 3 год ги користат 2те раце исто, после 3тата година ќе си користи една. Количка не сака мојов од пред годината, ама пак го седнувам многу често в раце завршува ама не одиме на долги релации. @1209 не е битно моево мислење сма пак ќе речам, твоето детенце личи дека е со надпросечна интелегенција. Малово е скроз друг карактер, се што не беше големиот е малиот, колку ми е полесно на душава, допрва ќе покажува и тој, ама засега многу ми се бендисва неговиот карактер, тоа што го сака го прави, ако не успее повторува и упорен е се дури не го научи/направи, сам се снаоѓа, сам учи се, со луѓе се смее, се спротивно од брат му е, само што има помалку говор од него, ама и тоа не ме секира, секој ден пушта по некое зборче, најново кола му е
Таа воспитачка да аплицира за консултант во CDS на пример да им сугерира нови мајлстонс. Живели не знаела да прави бе
Сега ми текна на муабет со пријателка. Вика нејзината ќерка на 2,2 години, знае да разликува кармин, пудра, маскара, руменило итн, дури и кај се користат. Мојава на 22 месеци знае да разликува чешел, четка и паста за заби, комплетот нејзин за средување нокти и нејзините шнолички за коса. Дали ја сметам назад оти ме знае што е маскара, воопшто не. Дури пак не ми паднало и на памет да седнам и да ја учам на тоа. Достигнување месециве и е тоа што знае да се качи и слези кај ќе посака без да скрши глава. Се качува и слегува по скали. Знае да отвора и затвора врати и фиоки без да потфати прсти и да се повреди и тоа ми е доволно. Да можам 5 минути раат да седнам што се вика без да трчам по неа. Едит: @le.soleil, нели е битно за кафански живот тоа.
За правилен развој девојчето да го запишеш на курс по шминкање и почеста изложеност на кафани. Уозбили се! Кога сме кај работи што не знаат децата, моиве се 2.5 години, не знаат ни една боја
Мислам дека секое дете покажува интерес само во она што поради некоја нивна причина во моментот им изгледа забавно. Да седнам со него и да “учиме” бои, предмети, животни, нема шанси. Ама успат дури правиме *вметни најрандом активност* као не знам, облекување чорапи, можам да му вметнам по некое ново зборче и така да го научи. И син ми ја знае цела моја утринска и ноќна рутина, што е серум, што е крема, што е спреј. И по кој редослед одат. Пошо интересно му е да ме гледа додека го правам тоа, а мене ми е интересно да му правам приказна од тоа, да му раскажувам и така да впие. Машина за садови пуштаме заедно, знае и кај стојат капсулите, и како се редат, и како се пушта машината. И се мора да биде извршено по точен редослед, ја знае механиката на некои работи. За зборење освен мама ( а моментално се е мама ) и да/не, друго нема. Ама разбира и мислам дека е скроз ок за негова возраст. Забораваме на моменти дека немаат ни две години, нормално е и да не знаат многу работи.
Нашиве може заедно во кафана да ги пратиме без живели не седнува на маса. А и приметив последно време најмногу одмарам кога сме излезени негде на јадење. Седи, мези, мака и ммм-ка како Алачки @Carolin. најтерсен период за количка беше само што прооди. Толку и беше фасцинантно одењето што ни количка ни во раце сакаше. После кога среди впечатоци пак почнавме да ја возиме. Ама на пример ако не е истрчана дента нема шанси прво во количка да ја ставиш. Мора прво малку да трча да се измори, па после дава да ја ставиме во количка. Исто и кога сме шетале надвор од Македонија обавезно одиме со количка. За низ аеродроми, за таму цел ден шетање нема шанси без количка. И се возела и преспивала без проблем. Нормално и трчала и сме ја бркале сегде, ама па нормално сакаат да се движат. Е сум имала и ситуации каде што сама сум се м’кнела со точак под мишка, неа во другата рака, туркајќи натоварена количка пошто не сакала да соработува за ниедна друга опција, ама има и такви денови. Не мора да значи дека така ќе остане ситуацијата. Туку мајки на девојчиња, како да ја натерам за шнола или стегач? Шишката и оди во очи и не сака да слушне да и ја фатам некако косата. Одма ги вади. Или ќе најдам начин или ножицата ќе игра, а жал ми е да ја шишам уште сега
Уствари дојдов тука да прашам дали вашите деца спијат на перница успат си кажав и мислење Се мислам дали да му земам пошо гледам дека сака, во градинка спијат на перница, кога гостува во нашиот кревет исто се мести на нашите перници да спие, ама се си мислам дека е рано?
Моето па баш што не треба работи памти.. пишував скоро дека пцуеше и кажуваше име на дете од градинка, на пример у п.м. Марко. Од градинка рекоа демек не го научил од таму ама кога го кажав тоа за другарчето подзаќуте. Исто и од нас глупост што научи.. му дадовме само еднаш и на него од чашка за ракија да пие сок и да правиме живели и сега му текнува некогаш јакија да бара а некои работи што треба да ги научиме и ги повтараме секој ден, на пример дека мора да се четкаат заби уште е драма ко прв пат во животот да е.
Јас имам прашано педијатар и нејзино мислење е после 3год. сеа колку е исправно незнам,ние 23м сме и не спијат на перница.
Уште еден пишете за друштво во кафана. Ај што прави живели на секое, туку и си нарачува сам. Ситуација вчера. Седнуваме во кафанче на ручек, иде келнерот и мали: - Сакам сокче, тато пие пиво, мама пие ракија
Заоѓам Малото на една другарка му рече на негователката во градинка мама и тато ме имаат заборавено мене тие вкафана се изгледа затоа ги нема досега (а тие пример закасниле 10тина минути со гужви по пат)
Читајќи вака погоре стварно ќерка не е однесена во кафана. Забелешка за мене: до втор роденден стварно да почнеме по кафани да ја носиме и живели да научи Златни дечиња, се пресмеав. Кај нас обратно, сите доаѓаат на дружба во игротека. Кафана не сум видела од минатата предновогодишна прослава.