Ние имаме една игротека, ама јас не го носам оти последен пар не можев да го спасам од тунелите. Таа е за поголеми деца, ова моево страв да се немало, ми избега и еден саат го бркав низ тие ластиците, ортомите и душеците, после тоа реков крај ти во игротека, само паркови. Може прави разлика дека нашево е прво дете во друштво на мм, и другарите на мм секаде го мкнат со нив, а они секако дека одат во кафани и кафичи, сигурно не у игротека јас со моите другарки правам домашни средби оти сите сме со деца. Луѓе не е можно ова, додека не сакаше да спие и брлавееше околу мене јас зедов да читам оти не сакам да вклучувам тв и да држам телефон дека во последно време станува напорен со барање да се гледа себе на видеа. И си седам јас читам и он израдуванн целиот, мама с, ми вика, прво не го разбрав, потоа пак покажува на корица позади, вика мама геј бука с, вртам позади на корица буквата С во насловот на книгата… Заспа сега додека му читав Карлоз Руиз Зафон Ќе ме продаде детево скоро изгледа.
Уште не и ставам перница. Некогаш кога спие до мене ми се мести на мојата перница, ама тоа е исклучок. Исто и кога и тече носот ја ставам на перница поубаво да диши и да не и се собира секрет во грло. Мислам да почекам уште малку пред да и ставам некое перниче, ми е страв дека нема да и ја погодам, а она уште не знае да се искаже до толку.
+1 за во кафана живели знае уште пред да оди и збори и тоа е "лилилииии" не јаде и не пие додека не се направи лилииии Едит: @Lavender13 нас Ласко на ортопед ни рече до 2 години обавезно да спие на рамно, а после тоа да го оставиме сам кога ке посака, не да го нудиме да спие на перница. Освен кога е болен и не може да дише или кашла тогаш и јас ставам перница
Кај нас играше ножицата. Морав, не можев веќе да и ги гледам шишките во очи. Шнола држеше по 10 минути само.
Моето прави живели, јас со кафето кое е пец пец а тој со чашата вода Такви глупости одма памти, а да го тераш бои, броеви да учиме, одма фаќа пат Туку тамам си помислив дека престана да кине книги, денес фати и ќе ја разлепува корицата на трите прасиња. Како да му ја тргнам таа лоша навика. Значи устата пена ми фати од зборање и не прифаќа и си тера по негово.
Пак тт ноќеска веќе ми се вика на цел глас, ми се пишти, во 3 цицаше и го фаќам гори, 38.6 имаше, почекав до 4 и пол и му дадов парацетамол, па во 5 и пол спушти и заспа стана во 7 плачлив, тт 37.3.. Аман, никаде нема појдено, не е мешан со деца, само дома со брат му. Тој е добар нема ништо, од заби до 38,6 не верувам да е. На работа сум до 3 па после кај матичната да одиме.
Ма намерата е да се искини. А ова е таква како со гума на рабовите и сака нив да ги извади. Има цел не дека не, ама не убава. Не ми се допаѓа ич што е таков. Ама моето зборање баш нема ефект. А ќе пробам таква да му земам, фала за идејата.
Мајки, планирате да украсувате елка? Јас се уште се мислам каде да ја ставам да не може синко да ја фаќа, и дали да украсувам воопшто. Тоа има да биде хаос ако му е достапна. Има да биде капут елка
Јас украсив неделата, воопшто ја нема фатено досега, само поминува покрај неа и се чуди, вчера имаше обиди да фаќа ама брат му не го остај и така помини замини си прај засега. А секаде отвара се превртува баш ми е чуден сега
Да ќе китиме оваа недела, не верувам дека ќе вади, може да пипка ама нема да вади, послушна е, а и со дада немав лошо искуство. Ги галевме лампионите и долу имав под елка играчки како снешко ставено и со тоа смееше да си игра
Мене ме интересира дали имате мали масички во дневна оние кауч маса? Ние трнавме за да не се удри као ама сакам да вратам, ми фали едноставно, само пуст страв глава да не си расцепи..
Лани ги фаќаше лампионите кога ќе го однесев кај елката. Ама оваа година сам ќе си оди кај неа хахаха. Како што е огромна малку ми е страв да не се повреди ако ја дофати. Синко ти е дете, тоа што не смее, како да му имаш кажано да оди фаќај таму @Bubish26 мојот е многу непредвидлив. Може ќе ме изненади со тоа што нема да фаќа, ама јас некако очекувам спротивно. За масичка, и јас ја имам тргнато. Да може да си трчка, игра. Кога ќе ја вратам не знам.
Јас имам, не ја тргнав. И со големите ја имав оставено, само некогаш ја тргнав во некој ќош за повеќе простор. Ела да се гушнеме И моево е пак болно, пак истото од минатиот пат, пак Панцеф и инхалации. Моево до 39.2 одеше, изгоре. Нека им поминува со лесно само Од што не сум одморена и спиена, страшни вртоглавици имам денес. Прееска во кујна така ме занесе, ќе паднев за малку. И јас се мислам за китење елка, еднаш сакам, два пати не. Ама до сега не сум прескокнала година, и со големиве китевме обавезно и не сум имала фрка, не ми фаќале никогаш, не ги влечело
Да имам, не ја тргнав воопшто. На тема елка, лани имавме и супер поминавме. Не му забранував да ја фаќа, напротив, го учев да ги фаќа лампионите, ама полека. Оваа година сам ми бара елка да накитиме и многу сијалички да сме ставеле
Ох епа ние со големата имавме лошо искуство со масичка и ја трнавме сега пак за секој случај, оти не навикната на масичка се ми се чини дета ќе лупне дирекно на неа
Јас дека не ја тргнав, навикнат е на неа. Само имам ставено штитници целосни. Кога учеше да оди супер му се погоди, кружеше околу неа и таман му идеше на пола простор да се придржи за да се префрли на комодата кај телевизорот. Моментално најмногу тој ја користи. Цела е исполепена со стикери, најмногу сака да јаде на неа. Јас редам чинии на трпезариска маса, тој неговата чинија ја префрла на малата масичка. Си зема столче и вика јас тука сакам јадам.
Спојлер: Масата Не масичка, маса направена од вредните раце на маж ми, не се помера иако има тркалца претешка е, корен од дрво е, па сушен, не знам што таму правено. И како он ја праврл ние сеа да ја вадиме, а и да ја вадиме сите комшии ни требаат. Бонус има стакло одозгора, па му купивме риба на бебо и таа седи на масичката пошо сака да ја глеа господинов мој. Ама генерално бебо до сега се има 2 пати опнато асално да му остане модринка, само му велам пази ама и одкако се удре последен пат и он е претпазлив се вртка околу неа, ама пажливо.
Кога читам вака, и само си велам леле ова моето како брцнато у струја да е. Риба на масичката и да ја гледа.... Ќе се качи на маса за да ја фати рибата мојов Јас тргнав масичка. А кај мајка ми ова се дешаваше, напикан внатре или качен на неа беше. Само на високо да е. Ама тоа се гени... Плукнат на мајка... Јас имам паднато на негова возраст од тераса, од што сум се качувала кај стигнам