Епа таква беше у нашата не се поместуваше ни мм и тогаш големата ете така се учише со помош нејзина да оди и префрла од комода на маса од маса нс кревет дур не промаши и расцепи непцето и тогаш маж од лутина не знаеме како успеа на бслкон да ја стави, па седевме без маса дур не направи 3г, тогап купивме нова ама како мермер и да не гледаме исто сценарио со малово и се тргна чим почна да се исправа ама сега оди, се качува станилна е сакам ама не знам..
И он се качува, фаќа се. Ама за рибата многу мноогу му зборев, дека ке ја чуваме, ке и даваме да јаде заедно бевме да ја купиме не знаете која радост беше тоа и ја ставив во ќош прво на повисока масичка па не можеше да ја види убаво и се креваше ја мкнеше ке паднеше со се кугла, пробав еден ден тука и подобро. Застанува ја гледа, ја гали однадвор нано,нано. Сабајле излага од спална и право кај неа вика "баа" и одма ам ам да јадела. Сеа не дека не ја мкне цела кугла, брчка со рацете, и фрла конфлекс внатре, ама спасуваме до сега успешно. Следно ми е да му купам папагали
Браво. А за папагал не знам колку ти е паметно. Многу ѓубре се прави. Ние имавме како мали. Да радост е за децата, ама ќе си имаш и многу работа.
Епа и моево последно се зализна и некако со устата не знам како успеа ама ваљда зинал и се запна на стаклото, имаше линија на пола лице буквално се расцепи на расцепот помеѓу горна и долна уста, па крв течеше, од внатре се исече, го пцуев мм до 45то колено тогаш. Ама до сега фала богу па се нема удрено помала се удре вртејќи се на подлогата со главата. Другото биле потчукнувања не ни плачел.
Сфаќам изгледа дека моево дете е мирно кога гледам вака други колку експериментираат низ дома Ние имаме ваков тип на маса ама никогаш не и текнало да се пикне измеѓу, среќа Пред некој ден направи беља. Се потпра на полица каде стојат пијалоците и се искршија. Среќа ништо не и беше. Сега не и текнува таму да оди, покажува со прст и вика: бам! Инаку за книги кинење некако не се замарам, нека кине, фаза е. Маж ми сака играчките да се читави и книгите, а јас па ја оставам. Тоа "не" кога ќе видам дека нема многу значење не го практикувам за во други ситуации да не ми изгуби на значење.
Jas staviv golemi dedo mrazovci do elkata i se plasi od niv ja odbegnuva inaku koga ja ukrasuvavme nie stavaj lampioni ona vadese, topki bile
Јас исто како мала сум се пикала во истата таа масичка и сум спиела тамо. Мајка ми само ќе ми речи едвај те вадев да те ставам во кревет. Од кажувањата на мајка ми синко прави исти работи што сум ги правела и јас. Јас секунда не седнувам, нон стоп одам по него оти се качува кај стигне.
@Bubish26 ние ја фативме в ќош масата, послав уште еден теписон за зимава и плус патека право ѓупско е, ама топло му е, само на земи се двајцата. Се пикаше под маса од 10 месеци ова и немаше простор многу за играње. Ние имаме аквариум стар 30 год и многу ги сакаше од мал рибите, обавезно беа дел од активностите во денот, посматрање @ivi1987 на 5 сати крева тт еве сега баш, утре за брис одиме, со помин и кај вас
Малку доцнам со муабетот, но сакав да спомнам за одењето на прсти. Пред една недела бевме кај Маја Каличанин која баш не праша дали се обидува да оди на прсти, реков да и таа ни рече супер што почнал тоа е добро за стапалата да го тренира баш тоа движење прсти пета(дигни спушти) и да му дозволиме слободно да го вежба тоа.
Јас ја вратив оној месец, не беше надвор туку залепена за комода за да не фаќа тв, се мислевме многу дали да ја поместиме ама решивме дека е време, нема проблем до сега, внимателен е. За елка ќе пробам да ја украсам, опседнат е со топки во последно време и сигурно ќе сака да ги фаќа лампионите, ќе ја украсам недела дена пред нг, па ако не биде ќе ја раскрасам за брзо.
Мајки дали има скок на 17 месеци дете одбива храна веќе 5 дена само ја врти главата не знам веќе што да правам прв пат се случува да не сака ништо да јаде?
Околу 2 години има ли регресија на спиење кај некој? Сѐ потешко и потешко заспива, главата му паѓа и кога ќе отидеме во спална не може да заспие. Прво не престанува да зборува па после кога ќе се стиша не ми дава да мрднам, морам да го држам. И сабајле пред 6 се буди (сам) и плаче на цел глас.. веројатно од што уште му се спие и е лут. А што убаво си спиеше... Дојдов да се пожалам слободно игнорирајте.
10 ти скок е 16-17 месеци ако не се лажам.... Ама да не се заби во прашање. Мене таму ми врти паметот по тоа што кажуваш
Една членка ја имаше постирано сликата, сакам да ја направам па ме интересира за бојата, ако некој знае дали може било каква боја за сликање да се мачка на стапалото или има специјална боја за на кожа?
Зависи што се имате примено после роденденот. На 13 месеци е Мрп, после Превенар, па 5 или 6 валентна беше ( Дтп). Јас пример Превенар и таа со Дтп ставив заедно, немаше реакција. Ама Мрп и Дтп, не би ставила заедно, некако ми се двете "јаки" вакцини. Бар на неколку месеци разлика. Најдобро во диспанзер да прашаш за опции.
17 месеци е, ништо немаме примено после роденденот. Нас една недела после роденденот ни ја имаа закажано МРП, па не отидовме. Фала ти многу, ќе прашам.
Мислам дека не ги ставаат заедно, ние кога бевме да прими дтп на 18 месеци ни кажаа мрп може да прими после еден месец.
На амазон има како перниче со боја е. Такво правев само отпечаток, кога беше бебе. Сега не се нафаќам за ништо, дивјак мајкин. Низ соба ќе се размачка. Туку ви кажав ли дека почна да оди, треба погача да месам . Ми порасна девојката. Пак е болна и уште не спиеме. Стандард. Во градинка стигнавме до 1 саат сама да седи, па ја земам. На почетокот сакаше ептен, ама кога укапира дека јас си одам, плаче и не о се седи. Тој саат си игра демек и ок е, ама јас со цуцле ја земам. А она дома не носи. Плаче кога ме види дека одам да земам, ми се жали. Плаче кога ја оставам. Не јаде таму. Тантрумити има дома, ама мора да се научи. Денес дома, сабајле во 5 и нешто заспа. Цела ноќ будна. Маж ми 3 дена не е спиен, и отиде на работа. Него го жалам, неа не.
Ќе издржиме 1 год со настинки сваќе мора. Со помин и лесни чекорчиња Мојов нема кренато од сношти од 20ч, тогаш блокмакс му дадов и спушти, сега на штрек сум чекам дали ќе крени Цело утро си игра, мирен е, слушаме Андре Риеу, многу го сака па диригира со рацете хахах и на првото дете му го пуштав, па со него заспиваше на 2, 3 год.