Во србија мрп ја ставаат сама, друга до неа никако. Јас прашав и ми рекоа мрп оди сама Лесни чекори на девојката, да чекори лесно низ животот. И побрзо да минува настинката што о да е
Мали кашла корне, кине, од петици, бато поткашла два пати и ене го 39.8 температура. Вчера знаете што беше во Козле и на детска? Гунгула, во Козле сите кашлаа, корнеа, ко скраја било пертусис. Дојде итен случај бебе едвај дишеше, се гушеше, собравме книшка и отидовме на Детска, малку подобро ама дека двајца доктори и побрзо одеше. Али што е со чопоративно одење на лекар бре мајки, мајка, татко, чичко и баба, братучедче ваљда и уште едно бебе со пациентчето и сите сакаа да влезат во амбуланта. Па се бркаат горе во лабораторија по ходник, викаат, урлаат...
Девојки, ја пробал ли некој солената соба за дете? Више пукнав од респираторни инфекции секоја недела..Како да и помогнам со мрсуливе и кашлањето? Сите ми викаат такво е детето и мора да помине.
Се мислев и за соленава соба, секако нема да има штета. Полна е со шлајмови, мрсули, неможе да ги исфрли. Ја чувам дома секоја недела да не ја пуштам така размрсулавена во градинка ама ќе пробам и со ова. Пишува по 3ти пат треба да има подобрување.
Nie odevme vo solena soba, ubavo e pomaga zavisi kako kaj koj, ama obidi se ne gubis. Samo mnogu pazi vo koja odis da e cisto, da dezinficiraat i cistat posle sekoj ili neznam sto pravat kako ide toa zosto nie belja si napravivme togas. Bi odela pak ama na drugo mesto.
Планирам да. Прво си мислев да ја ставам без лампиони, само со цветовите тие меки, ама ќе видам. Вчера му ги извадив дедо мраз и новогодишните мечиња, тоа беше живи радости. И лани ги имаше, ама годинава е сѐ поразлично. Како тек сега да ни е прв Божиќ со нив зошто се многу посвесни. Тргната е на страна до гарнитурата зошто кога бееш на средина ја користеше како бина, се качуваше на неа и стоеше на нозе. Пресудно да ја тргнеме беше кога од креветот падна директно врз неа со челото и се здроби, носеше белег две недели. Округла е, нема ќош, ама џабе кога е со мермерна плоча, не е безбедна.
Епаа ее иста имаме округла со мермер и затоа ми е страв да не падне додека шета по кревет врз неа ќе се искрши. А од друга страна сакам, па и да се навикнува ама шо велиш лупање на таква може беља голема да направи
Леле сега ова размислував - баш како прв Божиќ да ни е Јас ја ставив елката во неделата - мислев ќе е страшно ама засега само ја гледа и покажува. И се радува на сијаличките. Ама се мислам дека ова е затишје пред бура, мислам дека се плаши уште да ја допре ама изгледа ќе ѝ помине стравот. Инаку и мојата веќе оди, може има и повеќе од месец како прави чекорчиња. Ама чекав да стане од под сама и да тргне да оди за да рачунам официјално проодена. Постапалки сама си направив - сакав повеќе да имам, а цените некако им се луди на овие што прават.
Лесни чекорчиња. Јас не знам каква реакција да очекувам. Од дедо мраз прво како да се плашеше, нејќеше да го чепне, ама се опушти за брзо и сега си игра со него. За елката остнаува да видиме дали ќе преживее.
Такво немам видено, ова си го зачував кога го видов и земав и боја, ама не знам дали смеам да ја мачкам. Ја купив и уште се мислам Лесни чекорчиња
Има таква специјална боја, на водена база е и пишува дека смее да се користи на раце/ нозе за на деца. Ако е како сет, сигурно може. Ако си ја купила бојата посебно, не знам. На нет напиши Kinder Abdruck farbe, ќе ти излезат еден куп што смеат да се користат.