Дај боже да е полесно, форсирај течности и давај обавезно пробиотик, по 2 пати му давав пробиотик јас дури беше на антибиотици. Со помин на тоа само да останите И мојот сношти до 11 не заспиваше како дрогирани беа вчера со брат му трчаа, паѓаа, нз што беше то, јас 2ра смена мм вели цел ден е ова, ко си појдов дома жива вода беа двајцата, па капење па прво големиот го заспав дека за на школо, 10 и пол не фати, одам в дневна седнат кај мм в скут а се надевав дека заспал, ајде го зедов и до 11 заспа, ама шо дека ко станува на 12 сати, па плачи сега, изгледа 3ките го мачат.
Мислам некој овде пишуваше и така ги дознав. Јас се токмам едни кратки чизмички да му нарачам од овде, па да земам високи ако затреба од било каде за на снег само. Зошто реално немаме јаки зими да му зимам зимски високи.
Јас многу сакав вакви да му земам ама нема во србија. А скопје не можам баш да одам. Некаде читав дека биле супер. Ама да каже некоја со искуство
Мене ми се прескапи, за 3 4 месеци што ќе ги носи многу се пари, ама се претерува за децава стварно. Јас неможам да си ги дозволам, по 3 месеци пак ќе треба да се купуват, чизми имам од брат му, нови се сите ќе си ги носи, не де ич носени. За патики ќе си носи нови оти не е убо од друг да носиш, секој различно оди.
Скапи се, се согласувам, ама па сите се горе доле толку. Во Кеги не можам да му најдам убави, се над 22ка се поубавите модели, а он е 21-22. Кај да барам на друго место? Чизми воопшто и не планирам, освен ако одиме негде на снег. Ама сакам височки патики, а никако да најдам соодветни. Уште се шетаме со есенски. Како одреди број, мереше ли стапало по нивните насоки?
Сабајле го станав во 8, иначе ке спиеше уште, стана и мижеше седнат едно 10мин. Наместив аларм во 7и30, се средив се јас, он ко јагне спиеше. И земав некој негови алишта да средувам да мрдам низ собава за да стане, во 12и30 заспа за дремка експресно најкасно 2ипол го будам и ако стане сам околу 2 не го презаспивам. Ова не е работа, не можам да функционирам вака јас.
И јас ги гледав, искрено за машки деца ама ич немаше некако избор за зимски. 3 нарачки направив во кеги за на крај да ми се јават дека нема број. Во кеги колев му земав чизмички што не се за на снег, ама ме бендисаа ако заврне снег или ако одиме некаде планирав од вајкики да му земам ама пред некој ден баш загледав 2800ден и тоа еден модел имаше само кај нас, со тие пари оргинал ке му купам, малце се забегале со цениве. Мојот носи 22ка му земав 23 ми изгледаа големи и мислев ке биде ко шатче ама таман сум ги погодила. Ѕирни на страната на кеги колев може останало нешто што ке ти фати око
За така мало дете треба да има неразгазена обивка. Се формира стапалото до три години и обувката треба да е лично негова. Да скапи се тука се сложувам потполно. Ама подобро купи му некој ефтини нови, него веќе разгазено и оформено газиште од брат му. Не ме сфаќај погрешно, само кажувам како е најдобро, и 5 пати да се облечени има оформено лезиште.
Само мене некако ме фаќа депресија периодов? Врти се во круг секој ден со активности, неможеш да носиш дете надвор зошто е загадено, ако не е загадено е врнежливо, ако не е ни тоа е болно, кашла, седи дома, неможе да оди во градинка а јас сакам да се издувам малце, а неможам! Одев на работа, сега неморам и баш кризирам и се гушам. Не дека е тешка за чување, злато е, ама сама со себе немам трпение и ми треба нешто друго на саат, два. Што правите вие? Како поминувате преку ден? Стварно ми е досадно.
Нема потреба за нови чизми, детето сигурно нема да ги носи повеќе од еден час во денот. А толку и се изнесени од брат му сигурно. Носат чизми до градинка и назад. За таму си имаат топлинки. Може и нема да заврне снег и да си оди детето со патики цела зима. Моето не сака да носи чизми, сака патики. Ги носи од брат му до градинка, а градинка ни е на 5 минути. Не мислам дека ќе му се направи некој проблем, оти реално чизмите ни се најмалку носени обувки. И попрво би му облека поскапи а носени, отколку нови а поефтини кои би се распаднале на првото вирче
Јас затоа му зедов длабоко кондурче. За ако падне снег пак колку толку ќе прекара. Патика здравје пак на пролет. Очекувам сега во јануари дека ќе треба нови да се зимат, ама пак би земла така длабоко кондурче отколку специјални за снег. Баш ако има потреба од такви ке земам, нема ми друга Јас кажувам што ни кажаа нас на физијатар. Дека до три години не треба од друг макар и 5 дена носени. Дека во тој период се формира стопалото и е многу битно тоа. Инаку што се скапи како бубрег тоа е јасно и претерано. И не секој може да си дозволи. Моите патики се поефтини од на синко кондурчињата. Што јас ќе ги носам може и три години, а тој три месеци. Ама тоа е
Ако сте во можност викендите поминувајте ги со шетање или бар еднаш нека биде. Јас сум со двете по цел ден дома и те сваќам, додека беше топло надвор бевме цел ден, а сега излегуваме ама на кратко и пак е исто пак исто ама викенд планираме нешто секогаш
Планираме викенд, тогаш со мм сме дома. Има и братучедка за играње преку недела ама пак ми е клаустрофобична зимава. Одвај чекам да се стопли. Ох..и со две уште потешко најверојатно. Не одат во градинка?
Затоа пишав во постот, за патики дека ќе си носи нови, тие се носат поќе, веќе давам по 2000 за нив ама чизма не, носени се до кола и од кола до градинка, многу пати скоро секогаш да речам тоа беше носење во раце не се ни зацапани ни ништо. Нови се скроз. @Sun&Moon со 2 е полесно оти си играат и сами
Мојот батко е 5 години и носи 32бр на обувки. Прво дете и мене ми беше мерак да му купувам, скапо ефтино мораше да се купи бидејќи немаше ништо од обувки. Секој месец купував нови додека не стигна до 27. И сега треба да купам и за двајцата, немаат убави. Ама доколку немам финансии не би купиле за малото. Сите знаеме што е добро за нашите деца и посакуваме се најдобро, ама едноставно не е секогаш возможно. Некој нема ни ефтини да купи.
Големава одеше до август ама се преселивме во друг град и сега тука нема ништо слободно... па замисли ја промената на големава од градинка, друштво, активности, па наеднаш дома аууу ауу колку е сменета во понашање. Кај нас не е загадено и ќе прошетаме ама не и се другарките преку недела во парк и не сака да седи многу, а и ладно е. иначе мене лично ми поминува брзо многу денот ама да шо е секој ден исто е досадно