Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.314
    Пол:
    Женски
    Фала ти! А за одбивањето баш ме охрабруваш. Ќе го пробаме вашиот метод. Може ли да ми пишеш како точно направивте, не знам од каде да почнам, а дефинитивно не можам веќе. По цели денови и ноќи ме мези. :whew:
     
    На lackygirl, Giovanna и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    4.524
    Детска облека е скапа секаде низ светов, нема врска со државите.
    Што ако стандардот тука е повисок кога пак убава чизма е 100 еур? И пак морам да му ги купам пошто надвор се цел ден од градимка. Верувај над 1000 еур дадов откако почна во градинка, секој месец нешто ново, скафандер за есен, за зима, за дожд, па од сите по една резерва, па чизми гумени, па зимски, па есенски. И тука скоро сите купуваат на старо и тоа е општпприфатено. Јас се залетав да земам се на ново, после првиот месец си ја свиткав опашката. Порасна два броја за два месеца, една плата за чизми не ме ваѓа само ако земам се на ново.

    За депресијата, тука не е загадено ама верувајте поголема депресија нема, ноември-јануари ми е смрт, го носам во градинка по темница, го земам по темница. Ладно, облачно, темно, ужас.
    Во работни денови го земам од градинка, јадеме, капење и веќе заспива во 20, а за викенди без разлика какво е времето ние сме надвор. Кашла две недели ама гледам повеќе му прија кога сме надвор, дома е сув воздухот.
    Добра облека за да држи топло, чајче, ужинка и шетаме од едно игралиште на друго. Алтернатива нема, ќе паднеме во зимски сон иначе.
     
    На lackygirl, Sun&Moon, Mother of 2boys и 6 други им се допаѓа ова.
  3. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум имала некое големо хоби, но еве пак стартував со вежбање. Јас сум тип што не вежба дома и забушава, затоа мора да одам во сала каде што како прават сите така и јас.
    Вежбам аеробик плус kangoo jumping нешто прејако за горење калории :tmi:
     
    На lackygirl, Carolin. и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.563
    Допаѓања:
    42.977
    Пол:
    Женски
    И ние шетаме цело време, убава облека и чизми и дожд, ладно какво и да е нема веза, мора да се излезе надвор оти дома цел ден ни јас можам, а ни он.

    Денес ако не сака да спие не го молам, си пуштив божиќен цртан и си гледам, он се шлае околу мене, ако изразу желба да спие ќе го успијам, ако не мора. Две недели се молиме и мака ми е веќе, со глава во ѕид не бива.

    Само што го искапив пред еден саат, сега го слушам стенка, се покака|(


    Јас имав многу хобиња пред бебе, значи буквално не знаев за досада и слободно време, сега ако успеам да цртам добро е, сметам за успех.
     
    На atz1995, Giovanna, Lavender13 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.408
    Пол:
    Женски
    Ама ние сме секогаш така, гасам светло само сегде и оставам да си шетаат низ дома, големава ќе седне да гледа филм/цртан, малово уште ќе ровари по играчки и само ќе дојде кај мене, зеам и заспива. Кога е време за спиење само имаме едно правило, сите да се праат "мртви" значи јас не мрдам, мм исто си седи в спална оти он е забавата, дада гледа тв и така само и се здосадува
     
    На DELFINA81, Mother of 2boys, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    7.842
    Пол:
    Женски
    Моето почнува денски како што бара сиса сиса и почнува да цица и кога ќе почне да му тече убаво се трга и толку. Дали е тоа знак за нешто... Одбивање на пример? Или само си се надевам потајно хахаха
     
  7. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Успеа ли? Јас едвај, "уште една приказна уште една приказна." Спајдермен го раскажував, па за рибата Немо, па после он да раскаже како му бил денот па за рака држење и така.
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.563
    Допаѓања:
    42.977
    Пол:
    Женски
    Како не успеа, седна и он да гледа со мене, порашенет од на пладне што беше.
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Почнавме летоска околу 15-16 месеци кога беше. Спиењето беше катастрофа и го достигна врвот со будење на 45 минути. Не можев да издржам и реков по секоја цена дека ја одбивам барем од ноќно цицање.
    Исто почнавме, јас во дневна, маж ми со неа во спална, опремен со цуцли и вода. Адаптирано млеко не сака повеќе, ни тоа малку што го пиеше порано.
    Првиот ден поплака некоја минута ама ништо предраматично не беше. Издржав да не отидам и заспа. Наредните денови многу помалку кенкаше и побрзо заспиваше. Или само со цуцла или со вода. Претходно маж ми немало шанси да ја смири со тие методи ако јас сум била таму. Само да ме намириса и веќе никој друг не ја интересира.
    И така практикувавме една недела, и почна да ја преспива ноќта без да бара. Решив да пробам да цица еднаш дневно после градинка. Друг пат ако бараше гледав да и правам диверзии со играчки, некоја грицка и така некако успеваше.

    Се беше супер се додека не отидовме на одмор кај што цел ден ме гледаше по купачи и цицките и беа особено примамливи (facepalm) почна да цица повеќе пати преку ден. Успатно поднастина, па фати коксаки и имаше осип во устата и само цицка бараше. И така стигнавме до ситуација каде што дење/ноќе ме џапаше за блуза, а навечер никој во куќа не можеше да се наспие од тоа константно будење со хистерични плачки ако не и дадам да цица. Ај бар да се нацицаше и да се тргнеше. Не, она сакаше од 2 до 7 сабајле да спие закачена на цицка и да ме влече.
    Тука пресековме како што ти пишав, со истата метода со маж ми и фала богу пак спиеме како луѓе.
    Знае чат пат да праша за цице, кажувам дека нема веќе тоа, се потроши, голема била и не продолжува да драматизира.

    Искрено ти посакувам што полесно да поминете и се надевам дека малку ти помогнав со некаква насока. Знам и колку е процес со помешани чувства, ама искрено помеѓу сите тие будења, неспиење, рани што ме направи цела, дури и мило ми е што завршивме со тоа поглавје пошто за сите е подобро вака.

    А за гушкање и галење не изостанува и сега, осеќам иста ако не и посилна блискост. Како да прејдовме во некоја следна исто убава фаза. Верувам понатаму ќе има и настинки и се, ама мораше некогаш да се престане и ќе се навикнеме на други методи за утеха.
     
    На Carolin., lackygirl, LiquidLuna и 7 други им се допаѓа ова.
  10. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    159
    И јас сум во мисла за одбивање. Многу пати станува ноќеска, не можам повеќе. А и сега заби ептен ја мачат, само кенка и ако не е на цицка не знам како да ѝ помогнам и да ја презаспијам.
    Ако со цицање сега ја успивам по скоро еден саат секој вечер, како да ја успијам без цицање? Дали има некој совет?
     
  11. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    И моето заспиваше со цицање. Решив да го одбијам, па навечер легнуваме со шише АД, го пие, вадам шише, ставам цуцла и заспива.
     
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.408
    Пол:
    Женски
    Добро е ако сака Ад и шише ама мислам дека од членката тоа никогаш и не го сакало.. моите и двете шишиња никогаш не прифатија
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.314
    Пол:
    Женски
    Пишав и порано дека јас направив грешка летото. Имав идеална прилика безболно да го одбијам зошто бевме разделени пет дена. Ама јас наместо тоа во тој момент мислев дека е посоодветно да одржувам лактација и кога ќе се вратам да го понудам пак. Дури тие пет дена не се опуштив целосно туку живеев во страв што ако се одбие. :| Е сега ставот ми е сменет, тогаш имаше 15-16 месеци и мислев дека е рано и не е спремен итн итн. Дефинитивно еден огромен емоционален ролеркостер е целата приказна со доењето. Сега мислам дека сум спремна, ама пак не сум 100% сигурна. Некако и сакам и нејќам, многу сум збунета и не знам како да си ги сменам овие чувства. Огромен комфорт му пружа цицањето и ужива дур цица, си викам зар да му го скратам тоа задоволство, кога толку е среќен. А зависен е се повеќе од нив и знам дека колку повеќе одложувам се потешко ќе биде. И јас си викав нека цица цела зима, болестите да се помалце, ама ете го стално болен. Од друга страна пак никогаш до сега не бил ептен сериозно болен, повеќе ме нервира фрекфентноста на болестите од тежината. Па си викам може и доењето помага. Ама од трета страна има и обратни примери и не знам како да биде паметен човек. На маж ми му ја кажав идејата синоќа, одма ми вика ајде овој викенд да пробаме. А јас како од пушка викам ај не овој, ај следниот. ;( Ќе бидам ли некогаш спремна, стварно не знам. Еве пишувам и ми се плаче. Претерувам ли? :|
     
    На 1209, Giovanna, Amore123 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.821
    Допаѓања:
    23.615
    Пол:
    Женски
    И јас задолжив со доење, ај болен нека го, ај здрав, ај да не настини пак... Само изговори, ама веќе ми станува многу напорно, буквално се мези како што пиша Бела, иди на секој пола сат си цицнува :D
    Некни неделата ме изнервира и се намачкав сенф, леле кога се згади дете :puke: ваков беше, жал ми падна малку, после со резерва беше, нејќеше да цица :D ама тоа не бев спремна да го продолжам и пак си цица...

    Јас декември многу го сакам, роденден на прв синко му е, спремам за роденденот, правам сама секоја година декорации, тоа ми е хоби, правам и декорации за нова година, моментално, дури спија мали, спремам за децата од на школо форми од гипс, за да ги бојат на ликовно :) тоа ме исполнува, сакам и теретана ама тоа потешко дега засега немам ич време.
     

    Прикачени фајлови:

    На Ano, 1209, Giovanna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    7.220
    Пол:
    Женски
    Не. Не, ме претеруваш. Давај му цела зима, уште некој месец е. Толку издржа па сега до пролет.

    Еве ја ми спие во раце, заби ја мачат, пак е узатната, кашла.
    Никогаш не преболев што не можев да ја дојам и што толку рано ми се одби. Уште ми е болна тема. Така да, штом можеш уште и не си спремна, терај.
     
    На Anturium, 1209, kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.454
    Пол:
    Женски
    Ќе осетам кога дефинитивно ќе бидам спремна и тогаш ќе пробам. Сега кога не се чувствувам на 100% дека сум решена, мислам дека само ќе пробам и ќе се вратам како попче во спална по 10минутно слушање на вриштење. Јас ќе почекам зимава, па ќе видам март таму здравје.. сега некако ни јас ни мм не сме спремни.
     
    На Giovanna, Bella_Stella и lackygirl им се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.821
    Допаѓања:
    23.615
    Пол:
    Женски
    @Sun&Moon и јас така, ем сакам ем нејќам :doh: само ќе си дојди спонтано, јас со првото дете не бев спремна ама имав здравствен проблем и доктор ми рече доста е доење, одбиј го и одма истата вечер последно цицање му беше на 14 месеци. Иначе нз пак не ќе можев ко сега. Ама тој не беше како овај страствен цицач, не побара ич после тоа. Последниот месец пред одвивање само навечер цицаше, преку ден не. Па сега си велам така да пробам, дење да не давам, ама и тоа не го можам... Многу тешко е.
     
  18. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    159
    Само вода пие. Ни чај ни сок. Пред некој месец давав АД, кога виде дека не е вода во шишето го остави одма. Две кутии АД фрлив.
    На братучетка ми детето после одбивање почнало да пие млеко од тетрапак, и она не веруваше дека ќе сака друго млеко, ама јас стварно не верувам дека моето ќе сака да пие. Дури и да пие мислам нема да заспие никад со шишето, бидејќи ќе се нацица, не може да заспие па ќе станам ќе ја нишкам малку па пак ќе седнам да цица и така едно 5-6 пати. Хорор
     
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.865
    Допаѓања:
    18.018
    Пол:
    Женски

    Имам пишувано многу пати. Те цитирав тебе може ке ти помогнам, да не ги тагнувам сите. Јас прво му ги укинав денските подои па остана само пред дремки и спирње и се разбира ноќе станувањата. Измеѓу премина на една дремка, па му го прекинав и тоа, го нудев со вода не сакаше. Не го нишкав туку ке легнеше кај мене на рамо јас му пеев и така заспиваше. После една недела ни за ноќно заспивање не сакаше да цица туку само да му пеам. Мене ме фати не спремна пошо јас рачунав уште малку недела ипол две па и на ноќно да му укинам наеднаш и ми беше жал па кога се будеше ноќе му давав. И си направив проблем од октомрви така функционираме ама периодов се буди од спиење и сака да цица и плачеше ако не дадам. Почнав наутро да не давам 3 дена со плачки станува ама го лажам кучето децата низ прозор демек, и ноќе многу се буди премногу значи не можам веќе, што имаше една членка пишано сака закачен на цицка да спие до сабајле. Ноќеска на првото станување бев будна околу 10 беше, му понудив вода рикна да плачре го земав и низ соба му пеев, презаспа, стана дури кај 3ипол пак пеев во 5ипол се разбуди му дадов, ама вечерва планирам ич да не дадам ке го шеткам низ соба ке пеам гледам дека успева. Па ке пишам како сме
     
    Последна измена: 6 декември 2024
    На Giiirl23, 1209, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    7.842
    Пол:
    Женски
    И јас сум во таа некоја ситуација. Сакам да го одбијам ама и нејќам. Секоја вечер се расправам со синко и му велам ќе те одбијам и пак ништо не превземам. Пренапорно ми е, премногу се буди ноќе. Значи хронично ненаспана сум. Маж ми пак, е да го дојам сеуште. Вели не ли гледаш само така ти се смирува. И што е вистина и тоа ептен ме загрижува, зошто свесна сум дека ќе биде претешко одбивањето. Имаме пробано да го оставиме да заспие со баба му. До 23 беше буден ме чекаше. На мака голема сум. Ама што е тука е ќе се одбиеме некако