Бела ние завршивме со доење во септември, и еве да не се урочам ама иако оди во градинка досега имал два пати настинка со температура откако прекинавме. И мене тој ми беше основен аргумент за да продолжам со доење ама еве испадна супер. Иако кај нас веќе скоро цело лето доењето беше сведено на само еден подој, некако постепено си ги укина сам. ( јас му помогнав кога ќе ми се укажеше прилика, пример за тој толку фамозен последен подој не ни знаев дека е последен, едноставно не побара два дена со ред, третиот ден побара и не му дадов и толку беше, немаше драма ). Ама ете син ми изледа беше поспремен од мене, јас не кратев подои, како што кажав сам си ги намалуваше.
Јас го оставив син ми со мајка ми да се успиваат, па кога се вратив ме пречекаа двајцата во еден по полноќ. Не доеше тогаш, ама не ни заспиваше со други, едноставно си го знае редот со кого заспива.
Оооо тоа е најубаво така. Сам да ги скрати. Ама кај нас не е случај. Ама ќе биде и кај нас нема вечно да цицаат
И моево не заспива ни со свекрва ми ни со мајка ми. Со мм има 2-3 пати заспано, зошо обично сите 3ца лежиме на спална, раскажуваме приказни и он си заспива. Со излегување навечер како правите. Ем ми се излегува ем не сакам да го оставам зошо знам дека нема да спие не да одам во диско ама на пијачка да излезам со другарки
Јас ко некој Гринч ќе пишам, ги читам вашиве доенечки приказни и бидејќи немам искуство со првото дете за доење, кога би имала и второ ме фаќа страв и паника од самиот процес. Со Ад, ќерка за кратко време премина на 2 будења ноќе. После долг период само едно и веќе одамна ниедно во текот на ноќта. Искрено не знам како би функционирала цела ноќ да е бебе/дете за мене залепено и да се буди константно 17363 пати ноќе. Може ќе ме нападнете, може некогаш ќе бидам на другата страна и ќе пишам и такво искуство ама сега од овој аспект ми делува страшно. Мазење и гушкање и се со ред имаме и сега, гледано од мој аспект.
И јас затоа не излегувам, да не ја мачам да ме чека и да не плаче. И после јас сум нервозна, сите ми е криви дека неможам да излезам и така во круг. И денес ќе излезам па што сака нека биде.
Да ти кажам искрено, колку сега гледам дека е тешко да се одбиеме, толку за второ се мислам што ќе правам за цицање, здравје. Не знам дали толку би форсирала мајчино и толку долго би доела. Можеби би скратила до 6 месеци, не знам. Ама и ова е премногу. Инаку ние од втор месец сме на комбинирано и јас постојано се плашев дека ќе прекине да цица, а таа стана страствен цицач. Баш вчера бев на забар, стоматологот ми рече да ја откажувам, не било убаво ноќно доење за вилицата и положбата на јазикот, нешто слично како цуцлата.
Со мм нема проблем да заспие, обично делиме 50-50 заспивање. Имаше периоди кога сакаше само со мене ама беа периоди. Ние излегуваме сам по сам, заедно двајцата не сме излегле поради ова. Еднаш излеговме и како што кажав, ме пречека мајка ми будна со него во 1. Не сакала да ни го уништи излегувањето.
Јас за себе ќе кажам. Да знаев дека вака ќе биде, ќе го одбиев кога беше помал и помалку кога разбираше. За второ дете не размислувам, ама никогаш не се знае, и ако имам ќе го одбијам околу првиот роденден. Убаво е доењето,блискоста и сето тоа, ама веќе станува тешко. Ама кај сум издржала година и пол ќе издржам да помине зимава и на пролет ќе пробам да го одбијам полека. Ако не оди ќе употребам стари бабски совети ( ама тоа ќе е крајното дејствие хаха ако не бива поинаку )
Денски и јас нудам само еден подој, пред дремката.( И тоа е веќе така со месеци.) Иначе вака сам не бара освен ако се пресоблекувам ако ги види градите голи тогаш иди бара, и кога му давам пред дремката се радува, денски тоа е. Ама стравот ми е за ноќи, нема никаков ред со доењето, многу често цица и така продолжува да спие...се прашувам како ли ќе го одбијам!? Проблемот е за ноќе..... Тебе ноќе не ти бараше?
А да не се лажете дека дете што не се дои не станува ноќе. Еве ја се буди на пола саат некогаш, некогаш на 45 мин. Не сме спиени со маж ми веќе три месеци. Од друга страна за имунитет, до сега 4-5 пати болна била со вируси и релативно лесно ги поминува. Кај нас не се прави крвна слика, никогаш не сме правеле, поима немам како е со крв. Расте, качува на килажа, весела е, не застанува, веројатно е ок се. Од вакцини ни остана уште втора доза ммр. Само ме прашуваат пред да ја боцнат, дали е здрава и слушаат гради и уши ќе ѕирнат и толку.
Со ќерка ми престанавме со цицање околу 15 месеци. Одлуката беше взаемна, јас чекав кога ќе е она спремна и на крај се случи. Можам само да кажам дека првите неколку дена јас бев комплетно скршена, и тоа траеше 2,3 недели, чувствував огромна тага и се каев дека можеби прерано престанавме. Но како проаѓаше време, се полесно и полесно ми беше и дури почнав да осеќам големо ослободување, сега веќе можам да кажам дека си дојдов на себе физички и психички, имам многу повеќе енергија и сила. Доењето го заменивме со гушкање и можам да кажам дека воопшто не ми фали, се сеќавам на тоа како еден преубав период од животот со неа и тоа е тоа. 100% спремни за откажување мислам дека никогаш не можеме да бидеме како мајки, дека секогаш ќе имаме прашања а што ако доев пократко/подолго но после х време поминува, па почнува некоја нова и поинаква фаза со нив која цело време се менува. Со лесно на сите кои ќе проаѓате низ процесот и ви посакувам убава транзиција кога и да одлучите дека ќе биде тоа.
Луѓе што е ова бе, цел ден нејќе да спие. Легна во 9 стана во 10:15 и цел ден нејќе да спие. Прво бееш возбуден и расположен и накај 4 почна да квичи, го носам да спие уште толку квичи, а трие очи. Ме пукна!
Ја сега со температура изгледа ќе се оправам. @lackygirl сваќе тебе нормално ќе те прашам, до сега не ни качувала, ама денес некако клапна. Од сабота е со зелени мрсолчиња. Ама свежа јадеше, пиеше, играше. Вчера и денес плаче цел ден. Што заби, што носе што не диша. Сатурација е добра, ја од тоа уплав нели имам. Поткашлува влажно, ама од секрет е. Не инхалирам, не перам нос, кој некој рече ако се зелени да не се прави ова. Е сега се стоплува. Сабајле дојде за да се гушка и заспа кај мене во раце, сега еве пак. Не јаде цел ден, сега пола смукалче, пола банана и скоро па тоа е цел ден. И млеко пиеше малку. Вчера попладне почна да не јаде. И сега е малку млака, 37.3 беше. Ја оставив да дреме, што да и правам. Како биде така, ако згусти ќе носам на итна. Ама сега додека качува, ништо да ја оставам нели, нека си дреме? После да ја туширам? Сакав надвор да ја носам, ама кај ладно, ветер. И ко ја видов клапна, велам седи дома, и возрасен ко клапнува сака само да си лежи. Еве дремат сега со татко и, се спремаме за дежурства ноќва.
@Bella_Stella не си направила грешка, тогаш така си мислела и во тие околности верувам била исправна одлука. Ни јас не бев спремна летоска кога реално можевме да истераме комплет до крај, ама решив да продолжам со дневни подои. Овој пат бев 100% спремна затоа што не гледав веќе поента. А спиењето е премногу важно за сите за да го занемарам тој хаос и нервоза што се случуваше ноќно време. Ни она ни ние наспани ко луѓе. Од аспект на хранење ич не ја мислев за млекото, зошто супер си јаде и разновидно и количински. Знам дека и твоето си јаде убаво. За имунитет не знам што да кажам, откако е родена ниту еднаш ни сируп за тт нема пиено. Две три работи што ги фатила без тт ги поминала. Една вечер само ми качи 38,5 и со ладни облоги пројдовме. Од 8 месеци е редовна во градинка. Ама тоа мислам дека е повеќе до детето. Ќе видам како ќе биде зимава. Во секој случај ти сама најдобро си знаеш дали вреди да продолжите или не. Што и да одлучиш алтернатива ќе најдеш, ние тука ќе сме виртуелна поддршка.
Таа температура ги омалаксува, најбезвеза е. Ако оди над 38 наполни ја кадата и нека се шлапка 20-30 мин. Некни се пожалив тука дека син ми пак качи, до 38.7 му отиде. Го ставив во када и спушти на 37.8 и така држеше до пред ноќно спиење. Заспа и сабајлето стана свеж, само апетитот не му е како претходно. Го гледам се живо гризе, играчки, сликовници, нас. Катни заби го мачат, сигурно и кај твоето девојченце е тоа.
Истово @јolene 1 ден имаше тт ама мојов крева 38.5 а на страната кај што лежеше беше 40, давав прво парацетамол на 38.6, после 5 часа пак крена па чепче ставив, тоа беше 11ч денски, потоа држеше некоја таква тт 37.5 37.8 па дури вечерта крена над 38.5 и дадов блокмакс дека ноќе, па после тоа не крена, нз од што беше, заби ваѓа, 3ки се на пат сега, тие се и најтешки за ваѓање. Апетит ок му, јади. Јас вечерва би и дала парацетамол, да не се мачи цела ноќ.
Имам пишано, од страствен цицач до последно, само стана и рече Нина цице не и тоа беше крај, од нигде никаде, ни кратење подои, ни ништо.