Па никој не треба да ноди обувки од друг, ни млад ни стар оти секој различно оди, еве јас пробав патики од братучеда и на страна ми беше ногата. Како што пишав и претходно чизмите му се нови скроз и не купувам други, ама патики да, тие ги носи почесто.
Јас не ни можам да земам од друг, со оглед на тоа кој број носам, така да не сум запознаена . Штета, некои се по два три пати обуени, бар да ги подарам на некое дете, или и тоа ќе е погрешно?
Здраво мајки, ние сме 13 месеци, нови сме, па ме интересира кога вашите деца прозбореле, какви игри играте, дали има некои прегледи што треба сега да се направат и нешто што ми е чудно, не знам како да го објаснам ама ќерка ми од време на време врти со глава лево десно, како "не" што гестикулираме, ама без некоја потреба како да си игра па дали е тоа нормално. Уште сме со 2 запчиња и две идат. Стоиме фатени за нешто, одиме со помош на мама и тато. Фала ви
Кај нас беше поинаку, навечер ретко се будеше за да цица, не беше толку зависен од ноќни подои. Знаеше да стане кај 4-5, да цицне понекогаш и да презаспие. Од мај почна да ја преспива ноќта, така да искрено немам совет за ова.
Касно прозборе,ако мислиш за неколку зборчиња мама тата тогаш шо знам после прв роденден т.е мама малу порано. Оставете само да оди без ваша помош, кога ќе е спремно ќе се пушти. Нормално е секој покрет што нас ни е чуден се додека тоа не е пречесто и трае подолг период. Сега ќе земе замаф со учење многу вештини, пробување имитирање,одкривање на своето тело подетално и учење се што може да прави со него. Моето е 19 месеци и имаме уште само кецови
И мене денес ме пукна филмот, не можам на мајца да се слечам без он да се тегли по мене и да плаче, цице, цице, зедов намачкав сенф, така ми дојде у момент, ама стварно едната брадавица ми е лом, како новороденче да имам, па чинам тогаш вакви маки не тргав. Он 100ка заљубен во цицањето, радост жива кога го легнувам да цица. И ставив сенф и велам мама помниш ме болеше цицето, сега види се расипало, ин проба на двапати и само направи фаца и рече ау како и се тргна, не побара после воопшто цел ден, ама јас некако жал ме фати и пак за спиење му дадов, а може требаше да пробам да не давам… И ние не сме начисто, а дека мислам е време, мислам… Ќе пробам утре пак со сенф барем денски да го мавнам да не ме мези.
Друго е кога ќе осетиш на своја кожа. Јас уште претходно кога не сум била мајка ниту пак мажена не го сметав доењето за нешто wow. И кога се роди ќере нели уште во болница ми ја носеа да ме учат да ја дојам. А јас некако ич не сакав да дојам, ама го сметав како обврска дека треба да ја заспијам пресоблечам да ја нацицам и слично. И со текот на времето доењето некако многу те поврзува емоционално плус кога гледаш како ужива во тоа. Ај како да имаш срце да му го скратиш тоа задоволство? Еве ме 2г и 4 месеци. Уште цица. И преубаво доенечко искуство имаме од старт одма убаво фати да цица и имав млеко. Немав никаков проблем со градите. Дури после 2год закачив мастит. Порано бев со тој став до година да цица бебето кога ќе слушнев некои до 2,3 години се чудев. Сега јас бетер од нив како сум почнала којзнае до кога ќе цица. Немам храброст да ја одбијам. Секој викенд се спремам овој, овој и после викам ај нареден. Како некоја грутка осеќам во себе што не ми дава да ја одбијам.
Луѓе и ние што ги одбивме имаме срце и не мислам дека им е на нашите деца нешто ускратено. Мене па кога ќе видам како си спие цела ноќ сум среќна што не му давав да цица на секое будење. Или кога е тажен или болен вика мама гушка, а не да бара да цица. Секој си знае за себе, многу сум про доење до кога кој си сака ама да се жалиш 837363 пати за тоа и да прашуваш како да го одбиеш, аман. Ако решам нешто си стојам на тоа.
Пак ќе речам, немам искуство со доење, неповикана се јавувам ама од овој аспект, воопшто не би ми било уживање еве посебно ноќе да треба пола ноќ со неа во раце да ја седам, за да си брка ќеф, а јас да функционирам рамно на зомби. Посебно за дете од 1,5 година и нагоре што може да јаде се, што знам дека цицањето не му е главна храна или течност. Себично или не, како што расте ќерка бирам во одредени моменти јас да се ставам пред неа, затоа што сепак и треба здрава и одморена мајка. На друга тема, следен месец, не чека втор роденден. Вчудоневидена сум колку работи во последниот месец, месец и пол детево научи. И за зборување, и за паметење, приказни, слики. Случка од вчера. Средувам јас алишта во спална, таа трча околу мене, во други соби и за кратко време станува тивко. А нели знаеме кога глас не се слуша мора нешто да не е во ред И само барам низ куќа и довикувам - Каде е Хх(името)? Каде е Хх? И слушам гласче што вика - Еве чита Ја наоѓам ќерка кај што врти сликовница
Кај нас ако види дека ме нема (еве сега во спална отидов) вика мама мочка? Мама нана? Мама вежба.. си нагаѓа И почна да вика мамичка, тоа не знам од каде му е ама 'мамичка те сакам' кога ќе каже како да не го згмечам
Зависи како се научени, пример јас легната ги цицав, никогаш во раце, во сон и не ни се расонувам, оно ќе чичне и презаспива не се ни расонува. Дење и мене ме замара ептен, само маицата горе ја крева како сега родено, да не и сум на видик а пак ако не и сум плаче по мене паника ја фаќа и така
Мојава строго само на спална цица легната. И тоа само таму на друго место не бара. А и никогаш не ми влечела маица и слично. Порано ќе ме фатеше за раче и во соба ме носеше. Сега знае да рече ајде таму. Навечер се будела повеќе за цицање ама кога ќе завршела со цицање се тргала и ќе си легне сама и си продолжува со спиење. (Сега еднаш бара навечер а некогаш и ниеднаш). Никогаш не ми биле градите на изволте. Она повеќе сака да ме осети со дланките дека сум до неа на лице за уши ме фаќа. Секое дете приказна за себе.
Врска немало кај нас, си носи малото од големиот се, па дури и обувки, се е кај нас во најдобар ред. Ама кој како сака така нека си прави
И моето така цица, не стануваме воопшто. Ама не се осеќам одморено зошто ете синоќа преморен од шо немаше дремка 50 пати цицаше. Јас не ни влегувам во длабок сон, спијам на боцки.
Епа затоа викам, мене ноќите никогаш не ми биле тешки ни со двете деца, јас немам никогаш нишано или не ми имаат плачено, среќа. Мене преку ден ме замараа и двете, дури малово мислам повеќе, абе само да стави устето не мора да цица само да го стави и да си легне до мене.
Какви чизми препорачувате за тазе проодени деца? Од кај купувате? Јас во моментов ги имам овие патики https://k-k.mk/product/bebeshki-zimski-patiki-so-lepenki-zima - некако ептен и се погодија и навистина се топли ама нормално не се за дожд.
Јас спијам кома, она си доаѓа, си трга маица и си цица. Облекувам секогаш нешто на раскопчување за да и биде полесно. Овој дел многу ме плаши. Како ќе биде кога нема да цица, сега цица и презаспива. Мислам дека сонот ќе и се расипе тек тогаш.