Не мора да значи, мојата кога престана сама да цица, почна да заспива со гушкање, па кога ќе дтанеше и велев само легни си мама е тука и презаспиваше, па почна за кратко да спие цела вечер, за сега на скоро 5 години го достигнуваме врвот на станување и барање да се презаспие
На 25м престана да цица, кога се роди бебе (3г имаше) почна првиот месец да бара да спијам со неа, па се префрлив кај неа и спиевме трите заедно, се среди станувањето и на 4г правеше Оп па спиеше со татко и на болница и доби траума/стрес ради разделба со мене и од тогаш почна да станува секоја вечер иако спиеше до мене после тоа обавезно ќе седнеше и ме бараше па морав да ја гушкам, па се префрли на нејзино барање во детска сама и успешно спиеше цела вечер, сега веќе 2 месеци тортура ни врши маж се рашетува цела вечер наваму натаму. Деугите пати било ајде стрес во прашање ама сега не знам
Дали може да се замрзне свеж спанаќ? Вака многу брзо вене, а ги има во големи пакувања само... Ми треба по малку за малиот, и нормално не секој ден
Majki pomagajte... malata ima godina ipol...veke 3den vo spienje navecer ke se zakasla i povraka,si vikam vadi slajmovi. preku den nema nisto,vesela e si igra si jade se e super,ama vo sred nokj se budi od kaslanje i povraka. kako da i pomognam? najtesko mi e sto vo ponedelnik odam na poragaj vo bolnica i ke ja ostavam prv pat tolku dena sama so tatko i,a sega i povrakanjevo ufff ke si puknam
Ја само шо се пофалив дека неаме мака навечер синоќа никако не можеше да уцврсти и спиеше само гушната со мене, прееечесто будење, сабајле гледам светка четворка горе и греба, можно е да ја мачело, па да не можела да спие? А пошо е голема и мислам дека во пар одат за растење, ќе си имаме мака. Иначе има само долу и горе кецови, мислев дека прво треба двојки, па четворки ама изгледа нема правило
И кај моето наизменично растеа. Прво четворки, па тројки моментално вади. Сите четири тројки наеднаш. Лом. За точно 4 недели во градинка се разболе. Температура, дијареа, повраќање, ретко кашла ама тука е и кашлицата. А, да.. И окцето со гурли жолто зелени. Втор ден со тт до 39. Јадење ништо, течности тешко... Матичната дури во вторник. На сета несреќа, добро е бар што дома останавме. Има ли некој како нас во моментот?
Мојов не оди во градинка, ама сабајле стана со пола око затворено. И ми кашла водено и вчера сабајле и денес. Не сме спиени, цела ноќ е залепен за мене, мерев ноќеска темп 38.2 најмногу, после спадна на 37.6-7 зависи, одсабајле 37.2 не е темп тоа, јадеше, малку кенкав е ама не е клапнат. А за заби не ми се збори во еден месец извади и тројки и четворки. Колку го жалев него, толку се жалев и себе си, не знаев кај сум сеа. После 2 недели беше со мрсули не можеше да спие асално и се стабилизиравме малку од малку. Ако настине пак усвет ке фатам.
Да ви се приклучам во клубот со вадење заби одеднаш. Вчера врисна во сред ноќ се разбуди, свеста ми ја зема како се расплака. Денес што да видам, сите четири тројки пробиваат непце со врвовите Гриза се што ќе и излезе пред очи и многу е пораздразлива од вообичаено. Жална ми е ептен Користел некој Дентинокс гел, тој за вадење први заби што е со лидокаин?
Јас му имам ставано дентинокс и на гингигел има за вадење заби наизменично на 4 часа одприлика и плус осанит давав. Помагаа ама двата дена кога пробиваат господ не помага. Гингигелот е благ некако не знам што прави на заби јас ништо не осетив, а дентинокс како да го здрвува отрпнува малку местото.
Искрено ако веќе не сте биле, најдобро е да ја види доктор и по потреба да даде терапија. Кај моево последно само со антибиотик се исчисти шлајмот и прекина повраќањето. Може не е ист случај кај вас ама сепак не би оставила јас така.
Имам јас еден на фрези дерм, демек природен. Помагаше за некои полесни заби. Ама овде личи како да треба потешка артилерија. Ќе земам дентинокс па колку помогне толку, ќе ги мешам најизменично со овој што го имам дома. Фала ти.
И ние сме нешто слично само без повраќање, еве трета ден со температура ама денес најлошо не спушта со чепче а со бруфен многу брзо качува за неполни 4 часа качи 39. Ја носев на оделеније направија крвна слика, испадна добра, ама сепак и антибиотик на даде, дека грлото малку црврно. Најмногу се плашам од трмпературата што не спага. Само брзо да минува...
Луѓе многу се разболев, кашлам како куче, длабока сува кашлица и тт имам, пиев бруфен пред два саата и не ми спишти, не знам дали да пијам парацетемол сеа. Се ме боли, скоро никогаш не кашлам од болест, сега не знам што е ова. Како да го заштитам него? Сигурна сум ќе го фати Баш сега ова ми требаше кога имам еден куп работа. Аман.
Напиј се парацетамол. Може и да не префати дечкото. Јас лани така, се ме боли на плуќа спуштув за 2 дена, на крај со сумамед завршив. Ама од 1 апче ми се врати силата искрено. Одмори и можеш ургентЦ да се напиеш.
Здраво мајки, ќерка ми минатата недела беше со растечен нос, после 2,3 дена појави коњуктивит, ја носев на лекар немаше ништо и ни дадоа само виранто, вит ц и капки за очите. Од петокот е со температура, денес ептен тешко ми ја спушта оди до 39 крвна слика добра. Колку време трае овој вирус? Што да очекувам? Пеленската регија и е црвена неколку недели со повремено подобрување, од масти речиси сите ги пробав ама пак си се вцрвенува, е сега и внука ми беше исто и и правеа брис од кожа испадна ешерихија коли. Некоја мајка да има искуство дали е преносливо, не знам дали да ја тестирам и јас..
Секоја бактерија е пренослива. Јас би правела уринокултура. Или брис од кожа. Не е баш наивна бактерија. Подобро провери отколку да се лечите после подолго ако ја има
Еве дојдов и јас да си се пожалам. Од октомври наваму глава не сме кренале од билести. А таман го пофалив од мај дека се немаше разболено како го фати трет пат препол секрет. Првиот пат 10 дена панцеф. Заврши и уште 5 дена дома го пратив во градинка веќе третиот ден почна носот, четвртиот почна да кашла петиот веќе со спуштено. Среќа вториот пат пројде без антибиотик. Отседе пак 2 недели дома, го пратив во градинка и од петокот пак почна носот. Вечерта поврати шлајмови и почна да крева тт. Вчера почна кашлањето денес во козле веќе почетно да спушти. Кс слика пак е чиста, само благо покачени леукоцити (само апсолутните, не и %). Инхалации со атровент, кортер чистење нос. Болест како болест ќе помине знам, ама и матичната а и во козле викаат не е арно штом 3 пати за толку кратко спушта. Козле викаат бар 3 недели дома. Веќе памет немам. Периодов ми е хаос за да отсуствувам од работа, мм покрива и он колку може, мајка го чува исто колку може, ама и она не може со него подолго, зошто стварно е многу напорен. И сега памет немам како да го кренам детево. Ај 2 недели ќе се почуваме некако, ама после што. Ми е страв пак да не тргне и да спушти зошто после тоа незнам како ќе се оправа и што ќе се прави. Давам витамин ц и д редовно, ама изгледа ќе морам и нешто за имунитет да вклучам иако незнам колку ќе помогне . Инаку за чизми патики сте зборувале. Јас последно за малото од зара нарачав чизмички и мора да признаам многу задоволна. Не дека се ефтини, ама пак пристојна цена, обложени со крзно, водоотпорни, а сепак лесни и витливи. Со цицањето, секое дете приказна за себе, ама кај мене и со двајцата одбивањето се покажа позитивно во однос на спиење. Почнаа да преспиваат цела ноќ. Е сега ранобудници си се, ама па и рано легнуваат.
Јас имам користено, ама не видов некој ќар. Повеќе мислам дека му помагаше тој на Фрези дерм. Пробав и на мене, од тој осеќав трпнење, од Дентинокс ништо. Дај и ибупрофен ако ептен има мака, ќе се смири.