Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Кога местев мостови, и јас ставав од фрези. Само со него заспивав. Нас најмн ни помогна.
     
    На Giovanna и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  2. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Мајка истото го минав со првото детенце, ако не и полошо стално беше со бронхопнеумонија, стално клиника, козле... се оболев и јас, тоа траеше со години додека не отидов кај Баџакова, ми даде едни таблетки за заштита на плуќата се пиеа по шема ги немаше кај нас од Грција ги земавме. Да си прашаш за нив, некна баш и др Искра од Ремедика ми ги спомна заборавив како се викаат. За имунитет кај нас најдобро се покажаа Марнис јуниор ептен ефикасни. И доколку можеш чувај го овој период дома додека подзакрепне ептен им е онежнат имунитетот после бронхити...Знам дека е ептен тешко но ќе помине. Чувајте се.
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Едвај ја заспав, само викаше “бо” и си ја буташе главата во душек ;(
    Денес поминавме некако само со геловите, ама утре обавезно и сируп ќе и дадам, многу е жална. Фала :hug:
     
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Душичка, нека и пробијат што побрзо. :hug: Мене ептен страв ме фаќа од тројките, он генерално тешко вади заби. Сигурно ќе сме на иста мака, ептен се гревчиња.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Значи паметно ќе ми е пак да земам, уште 8 запчиња има за вадење.
     
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Дај боже полесно да поминете. Можеби постепено ќе ги извади. Ова кај нас некако екстремно се погоди сите наеднаш.
     
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам што е подобро. Он најчесто вади еден по еден до сега, ама на секој заб е болен и кенкав. Може подобро од еднаш па маката побрзо да пројде, ама кој да знае што е најдобро. Ќе издржиме уште малку, за пола година ќе сме раат од забите ваљда.
     
  8. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    159
    Дали може слика кој гел е? И така лошо спие и се буди за цицање, а сега последните два месеци и повеќе плус вреска во сон и се буди гризајќи си ја устата и цело време се држи со прстињата на уста. Ептен ми е жална веќе, се изнамачи. И давав сируп ама ми е страв да не ѝ давам пречесто.
     
  9. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Повели :)
     

    Прикачени фајлови:

    • baby-gums-gel.jpg
      baby-gums-gel.jpg
      Големина на фајлот:
      106,4 KB
      Прегледи:
      11
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.864
    Допаѓања:
    18.016
    Пол:
    Женски
    Со што чистите окце? Вчера му беше до пола, кога му миев лице му паднаа, денес со цело затворено се разбуди. Со превриена вода ми рече мајка ми ама црвено му е и како подзатворено.
    И ми кашла водено, не многу често можеби 2 пати во еден час, денес матичната не работи да го носам на дежурен или да чекам до утре, вака расположен е
     
  11. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    За окце имам чистено со физиолошки ампули од Зегин баш за око пишуваше, со стерилни газички.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Веројатно за бронховаксом мислиш. Ќе видиме што ќе кажат зошто стватно незнам што ќе се прави.

    Не мора да значи. Моево со 4 ср изнамачи, мислам 3 месеци ги вадеше и се беше кенкав, а тројките не ги осетивме како набрзина ги извади.

    Со физиолошки на газа ќе пребришуваш од надвор кон внатре. На моево обично тобрекс или тобрадекс му препишуваат (зависи дали има и чешање) , ама тоа консултирај матичен.
     
    На Bella_Stella и Carolin. им се допаѓа ова.
  13. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не, овие беа на С буквата.... ова испадна како оној вицот Ружо како беа таблетите:D

    Прашај си во Ремедика и таму ги препорачуваат и се доста ефикасни.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.821
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш сподели што ќе ви речат, на мисла сум и јас нешто да барам за имунитет. Имаше пнеумонија пред месец и нешто, сега кашла со секрет и пак мрсули, а дома е, од нас од некој го префати, мм кашлаше пред 1 недела, брат му е со бронхитис сега, јас само здрава пу пу.
    @Carolin. Како што пишаа погоре, со газа чистење со физиолошки. Тобрекс или тобрадекс капки.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Само со физиолошки и туферчиња го чистев кога беше така. Не го миев ни со водата од чешма. Oдма и пишав на матичната дали можам да ставам Тобрекс зошто исто мислам викенд фати и кажа дека може. 5 дена 3х1 капка во секое окце. Уште одма имаше ефект. Јас почнав да ставам уште првиот ден и не му се залепија скроз заради капките.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.864
    Допаѓања:
    18.016
    Пол:
    Женски

    Истиот физиолошки што му чистам нос нели? Или овој што го има пишано @kozuf Може глупо звучи ама стварно не знам што да правам прв пат ова му се случува, а матичната не работи и пишав на вибер ама нема видено. Со превриена вода му го исчистив сабајле. Свекрва ми прееска бепе ми вика да сум капнела мое млеко ама нели тоа е благо, да не направам бетер беља..

    @lackygirl и тебе ке те тагнам, ваљда 3 глави се попаметни од мојава една
     
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Млеко немој. Физиолошки и оној за нос да... Физиолошки си е физиолошки. Тоа сега помодарство пакуваат демек, за нос, за очи, а уствари е исто. Не ме тагна ама да ти дадам мислење
     
    На kozuf и Carolin. им се допаѓа ова.
  18. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    4.524
    Каков физиолошки користите? Јас за чистење нос со шприц земав големо паковање од 2л, ама денес по една од групите прочитав дека откако ќе се отвори мора да се искористи во рок од 24 часа, потоа не бил стерилен?
     
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Земај од оние малите пакувања за носе. По 5 мил се. Таман едно такво во едната ноздра. Јас така ставам кога е затнат, од нив. Исто и за очи може да се користат. И на тие пишува 24 часа од отварање. Инаку ако секој пат користиш нов шприц за чистење не гледам како би го контаминирала и големото пакување. Секако ставаш игла за да извадиш од шишето.
     
    На Bubish26 и Lavender13 им се допаѓа ова.
  20. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.864
    Допаѓања:
    18.016
    Пол:
    Женски
    Јас имам голем ставан игла и вадам со шприц иглата воопшто не ја вадам од шишето, после секое користење шприцовите ги попраувам со вриена вода и ги чувам во фрижидер.

    @Ceneva фала ти :hug:
     
    На kozuf, lackygirl, Ceneva и 2 други им се допаѓа ова.