Ама тука големото паковање нема такво пластично за ставање игла ( пошо игла и шприц не се купуваат во аптека, мора да имаш рецепта, затоа и шверцам од мк ко некој дрогираш ). Јас го стерилизирам шприцот после секое користење ама претпоставувам и фактот што може да влезе воздух го контаминира?
Да го контаминира и не се користи подолго од препорачаното. Гледај помали пакувања да земаш. А ако успееш да најдеш игла, како што кажа @Carolin. ставаш игла која не ја вадиш и чуваш во фрижидер.
Најобичен физиолошки од аптека. Немој млеко, тоа е бабин лек, ама не е стерилно освен ако доаѓа директно од дојка. Плус нема логика залепено окце да се чисти со нешто што плус лепи. Остај свекрва ти, терај си твоето.
И јас исто ко @Carolin. иглата не ја вадам. Ама пак не го користам многу време. Иначе каква е амбалажата. Ако пластична можеш пак игла да ставиш.
Има еднo спајк се вика, гледам кај србите ги има низ аптеки. Кај нас барав ама нема. Се става на шишето со физиолошки и тече лесно, наместо онака бавно со игла, плус се затвара со капаче. Сигурно го има кај вас.
Пластична е ама е многу дебела пластика а имам многу тенка игла. Ќе пробам сепак. Еј фала за ова, ќе проверам баш!
Обавезно ќе ти пишам што ќе советуваат. Знам те читав и вие ептен ја звалековте . Само да поминува, а ние така ќе си остареме. Ако користиш памучен туфер немој, може од влакненцата да се залепи на окцето. Јас секогаш имам мини газички дома за ваква намена. А од горе нема гумено делче. Јас купувам 100 или 200мл, буцкам иглата од горе и не ја вадам.
Исто и ние како @Ano . Со тоа што јас не сум перела нос. Физиолошки со шприц вадам само за во инхалатор. Или за на тупферче кога имаше коњуктивит. Ќе побарам баш и газички да имаме. Не ми текнало на тоа.
Да, газа е стерилно, туферче не е. И јас немам со шприц чистено носе ама физиолошки имам од Нивеа тие малечки паковање се внатре таман за една употреба.
Мислев вакво поголемо шишенце користиме по потреба и само вадам со стерилен шприц. Не сме го користеле шприцот за перење нос.
Уф е ова е баш незгодно. Јас сите дури и пола литар кога сум купувала тука сите имаат гумички на капакот кај што може да се буцне игла. Дури и да сакаш не може да се отвори како шише.
Ти благодарам. А како успевате да ги намачкате? Имам Оса гел ама дали два пати имам ставено, не дава никако.
За чистење носе со шприц ако се чува во фрижидер нема да е многу ладно? Ова со физиолошки и мрсули и шприцеви и стерилно нестерилно не можам да го расчистам никако. Најдобро нов физиолошки и шприц на секое значи. ^)
Јас шприцеви чувам во фрижидер, а физиолошки во купатило. Иглата е боцната во него нема како да влезе било што внатре. Шприцевите секако на секое чистење се чисти.
Нема потреба да стерилизирате шприцеви. 10 шприца од 10мл се 2 долари на Али Експрес. Тука низ аптеки не знам колку се, секогаш ги купувам заедно со нешто друго.