Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Тешко дека тие кај нас во аптека се bpa free.
     
  2. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    Може со ампулата да се направи притисок во нос како шприц? Или ампулата во шриц па во нос?
    Искрено прашувам..
    А да спомна некој колку само ѓубре и пластика е тоа, друг муабет...
     
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.405
    Пол:
    Женски
    Може валда т.е доктор на мојава и извсди така али ја не би, врвот е остар и може ако не е мирно да се повреди.
     
    На Thinkerbell. и kozuf им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Во аптека шприц од 2.5мл е 5ден кај нас.
    Јас земам на залиха, ама и мијам, моево нели ант пие секој ден па ако 2 години купувам шприцови само, кај ми е крајот. Мијам со врела вода и користам пак.
    За физолошки кога е за во носе, може да стои и повеќе денови со игла внатре, стерилно ќе е, не мора да се фрла одма дека не го користиме за во организам сепак, овие што се пуштаат во вена само 24ч, ова ми е кажано од мед. лице и јас на двапати кога користев така направив.
    Ама искрено не сум имала многу потреба, откако е роден само 2 пати така му имам чистено нос, обично спрејче завршува работа, да не му се уроци со шлајм и затнат нос ретко иаме работа, дури и болен кога е, така да остане.

    За забите и јас му ставав фризи и помага доста, ама и нив многу лесно ги извади до сега, дури и 4ките, имаше кенкање и плачки во сон една ноќ така ама ништо екстремно. Мада јас му давам и гранули Осонит(мислам така беа) кога приметам дека никнува некој, може и затоа немаше многу мака, пробајте со тоа.

    Него луѓе кажете како да се спасам од ова стално барање да ги ставам очилата и да ја врзам косата, пишав пред некој ден ама сега станува екстрем, дури ноќно време ако стане почнува да плаче и да повторува мама наочарки, мама вузи косата и плаче во сон.
    Пробав да зборам, објаснувам, убедувам и никакво фајде нема…
    Исто ново нешто прави, си ја мириса блузата цело време, вчера пижамата ја носев што правев вечера во неа, секако планирав да се капам и не се пресоблеков кога го успивав, он зеде ја мирисна прво неговата блуза, па мојата и ми вели дека мириса и да ја соблечам…дефинитивно има некои изразени сензорни дразби и на моменти многу се загрижувам.

    Пиковит ете месец скоро како давам и не само што не јаде повеќе, туку и помалку јаде.
    Има денови кога живее ма воздух и евентулно јогурт. Кога го прашам што ќе јаде, само леб и маргарин бара, и друго не сака ни да проба…ќе полудам кај и да е со ова нејадење.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.772
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Мене пак ме нервира колку ова дете во неред живее.
    5 сликовници да се на маса, сите ќе ги турни на под, па од тука да си разгледува.
    Не знае концептот на едно по едно.
    Не дека очекувам де, на неполни 2 години да ги реди полиците со книги ама да си се искажам дека смачено ми е 364728 пати во ден да враќам книги и играчки на место.
     
    На Ив10 и Lavender13 им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.405
    Пол:
    Женски
    Тек је почело
     
    На lackygirl, Miss_S, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Ооо џунгла од играчки и сликовници е секој ден. Таква му е играта, ќе ги реди ќе ги мести и на крај ќе ги разџитка сите на земја. Јас средувам, он разредува. Вади чорапи од фиока, ги отвара пар по пар и ги реди на спална, па ќе ги бутне на земја, гази врз нив и се кикоти како не знам какво достигнување да направил. (facepalm) Перниците од гарнитура сите ќе ги однесе на земја, реди кули па лежи врз нив. Некни татко му во кујна прави доручек а јас во спална средував. Вика дојди да го видиш син ти што направи. Кога одам, маж ми пред шпорет стои во едно дупче, а околу него однесени сиииите играчки, камиони, коњче, колички, мечиња, сликовници. Буквално сѐ имаше одвлечкано таму. Многу се заигрува сам, ама и многу неред прави. Ние сме навикнати, средуваме два пати дневно, кога ќе легне за дремка и вечерта кога спие. Ама кога одиме на гости кај баби, дедовци, тетки, сите фиоки им ги демолира и вади буквално сѐ надвор. :?: Јас се помирив дека си е такво детето. Мајка ми вика ти беше таква. Буквално ме гледа во очи и знае дека прави нешто што не треба и се смее. Од вчера почна сам да се кара. :D Прави глупост, јас ќе го погледнам и пред да го скарам он вади прстот и прави демек се кара и го става пред уста и вика шшшш. :D Едвај се воздржувам да сум сериозна. Маж ми вика таков е зошто многу му попушташ, а нема врска, он не прифаќа не па ти ако сакаш на глава застани. :whew:
     
    На Ив10, Miss_S, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Моето така ми правеше и се уште ми прави. Некогаш ќе отстапи, некогаш плаче па морам да пуштам косата...
    Така си му убава затоа така прави.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Пак во фаза на нејадење. Ме пукна ова дете. Пола пржено лепче и грчки јогурт. Се прејаде значи (facepalm)
    А тоа за играчките кај нас е нормално. Цела куќа ни е во играчки. Секоја вечер редам. Кој два пати, многу е :rofl:. Во неговата идна соба знам и да не ги наредам :lol::$. А кога ги види наредени наутро најголема радост е. И одма почнува да растура и фрла :?:(facepalm).
    Јас не се замарам. Скокам преку играчките. Сакам куќи кај што има деца да бидам искрена. Полно играчки и на сите страни, топење:$:inlove:
     
    На јolene и 1209 им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    И на мене не ми смета нешто екстремно, ама маж ми е педантерија. :^) Поделени сме навечер, еден средува кујна, друг играчки. Не е дека нешто се потресувам не знам како да се средени. Фрлам во корпите, и така он утредента ќе ја истури корпата на сред соба и ќе си најде тоа што бара. Гледаме само да нема извадено премногу играчки на мегдан и му ги ротираме.
     
    На Carolin., 1209, atz1995 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Мојот маж ништо не чачка од тоа. Тој си иди во 6 поручек од работа, целиот сега смрзнат, дека на отворено работат. Доволно ми е што го заигрува, па јас да можам да збркам нешто работа.
    Сега пак и од свекрва имам доста помош, ама кога ќе заминат сега на пролет целиот терет ќе на мене. Зошто мм нема ни кога да ми помогне во нешто. Ала си иде за спиење што се вели. Во 6 излегува во 6 се враќа. Вака кога читам дека мм ви помагаат по малку завидувам :lol::$
    Како и да е не се жалам, кога може и е дома помага и тоа е нешто :)

    Инаку за редење, редам колички на полица секоја ноќ, ги има полно и со нив најмногу си игра. Жими за тоа има интерес најмногу. А има полно и што ги спакував зошто ќе ги расипе, а многу убави играчки. Ќе ги добие кога ќе разбира повеќе :rofl:
     
    На Carolin., 1209 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Ќе се одмори од 6 до 7, ќе ти помогне после. Додека мислев дека е он уморен не може се на мене и пукав по шавови, го седнав, му објаснив и да видиш како магично почна да може. Сабајле излегов во хаос куќата ја оставив, па ко попче си ја среди кога се врати. Може, ако сака, се може. Мојот не работи физичка активност, но има многу тешка и напорна работа со состаноци по 3 по 4 саата, нон стоп мора да е со мозокот вклучен, исцеден е ко крпа кога ќе заврши, ама пак кога ќе одмори ми помага да средиме. Ако остане се на еден, отиде возот. Не мора повеќе, нека превземе обврска да бања дете или да направи вечера и одма е подруго.

    Он поинт! Цел месец издржа да не го фатат уши и денес ни се јавија од градинка. Маж вика дека не му било ништо ама ај ќе го однесам после со брат му на преглед, секако брат му ќе треба да иде на контрола. Мислам дека го болат, може не како порано, ама го болат. Изгледа сирупот се покажал добар.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Мојот и физички и умствено. Води екипа електричари. Треба да мисли кое како и кој што да сработи и да пази и надгледува некој да не се утепа да не речам. Цела одговорност е на негови рамена. Плус сега на ова ладно надвор работат. А да не кажам колкави кабли влечат и по колку должински, индустриски објекти се во прашање. Да го видиш каков иде од работа не би велела вака. Плус доработува дома на комп, да исцрта што се се сработило. Кога може помага, што ми е доволно, сепак е свесен за некој работи. Кога се осеќа одморен и преку недела ќе рече дај јас ќе збрчкам нешто за јадење, за вечера. Затоа реков малку завидувам, не многу :rofl:
    Знаев каков мм земам де хаха, 10 години го работи ова од кој 9 сме заедно
     
    На Carolin., 1209 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  14. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Моето е 13 м. Како да пишуваш за него :D. Истото го прави со главчето кога се радува. Ретко се заигрува со нешто подолго, се му е по 2 мин. интересно, и фрла.
    Заби има 2 + 2 скоро излезени и нема абер за други. Прави по неколку чекори ама мора да го чувам, дека губи рамнотежа и паѓа. За зборење мам мам, друго ништо не кажува, ама ме разбира (покажува со прстето што сака; ако го прашаш каде е Х, покажува со прсте ...).
     
    На misli_si му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.405
    Пол:
    Женски
    Ухх дур немавме детска се беше на сред дневна и мене искрено ми сметаше, нормално оставав да си игра ама страшно ме нервираше нередот, сега од кога имаат детска смеат да донесат по некоја играчка, а собата нивна е растурена секако само што големава два пати во денот знае да си ја намести ако не поручек пред легнување обавезно, ретко кога остава, а ако остае ја не ја средувам. Иако маж од дома работи 3 дена , сепак е во соба. Освен да фрли ѓубре, раскрене малце нешто големо,не спастира баш, за доручек е он задолжен, и за нешто јадење за децава ако е без месо :rofl: нема појма чоекот само ќе се изнервирам. Зел да смука со 30% наполнета смукалка, па уште се фали :sweat: еее за пеглање го бива и во тоа ужива :?: ама тешко се наканува за од децава
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Исти сме и ние дневна и детска се полни играчки насекаде. Ништо не е останато од првичниот распоред на дневната пред да имаме бебе :D
    Му ги средуваме за време на дремката и навечер обавезно..мм средува играчки јас кујна :drunk:
     
    На lackygirl и 1209 им се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Работи и маж ми, не од 6 до 6, ама работи. Ама ова не е изговор зошто и јас работам 18 саати од 24. Работам низ дома, спремам ручек, чувам дете, работам на компјутер. Не се мери кој колку е уморен зошто секоја работа си има тежина. Нема да мериме на вага кој колку направил, ама мора да се има некој баланс. За жал тоа балкански синдром е, мажот е изморен, а на жената и е должност да прави сѐ.
     
    На Mother of 2boys, lackygirl, atz1995 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Не е баш ништо да не помага. Незнам дали ме прочита подолу. Недела кога се чисти подетално, помага. Некогаш и вечера знае да направи. Ама пак повеќе е на мене, не велам не. Верувам, ќе помага повеќе од кога ќе останеме сами. Уште е опуштен дека и неговите се со нас па и тие помагаат доста. Ма супер ми е да го заигрува да не ми е синко залепен како остатокот од денот. Мора до него да сум, ако не сум ме влече. Во вц едвај одам. Буквално бегам.
    Такви ли се вашите лепенки?
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    5.510
    Дали можеби ја пушташ косата и тргаш наочарите кога искачаш од дома? Да не го поврзува тоа дека ќе искочиш без него па затоа да протестира? Те прашувам зашто моиве ако ме видат во нешто друго облечена невообичаено за мене (читај освен пижами и тренерки) одма бараат да се соблечам и мислам дека е затоа што знаат дека ако нешто друго облекувам ќе одам некаде без нив (најчесто во канцеларија). Едниот пред некој ден ме виде во нов дуксер, не престана да ме влече додека не го соблеков. Џабе му зборев дека ми е ладно, ми рече климата да си ја пуштам :D
    Навечер се будат и зборат во сон работи што ги мачеле денски, нон стоп слушам не мамо тука, не мамо така, не (името на брат му) земе игачката :D
    За сензорните дразби, исто не гледам проблем, имам пишувано, и јас сум исклучително осетлива на сензорни влијанија, и seeking и avoiding. Едниот близнак е на мене, на раче храна да му се допре одма писка да се измие. Другиов прасе да се напраи, мува не го лази. Исто, не поднесувам мирис на облека, поготово од храна.
    Се додека тие сензорни влијанија не предизвикуваат едночасовен мелтдаун или дисрегулација која со ништо не се смирува, не гледам зашто би те секирало. Такво си е детето.
     
    На Lavender13, lackygirl, Splendor. и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Мила што си по струка?
    Баш имаш познавање околу говор и детска психологија. Некако ми личи дека имаш утнато, ако работиш нешто друго, ако не е со деца ;)