Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    5.510
    Каква работа со деца бе, ја моиве едвај ги трпам :D
    Никад не сум била дечарка, за растење деца и се поврзано со нив бев табула раса, едвај знаев како се прават. Ама да, многу сакам да читам и учам:rofl:
     
    На Lavender13, Erika.greeneyes, јolene и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Епа браво.... Пофални зборови само ;)
     
    На LizzyGrant и 1209 им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    И јас не бев ич дечарка, и уште не сум. Не ми доаѓа природно да занимавам и играм деца, искрено некогаш се прашувам како воопшто го растам моево:wasntme:
    Да кажав и предходно нема мелтдаун ама кинка, плаче и повторува додека не го направам тоа што го сака.
    А не напротив со врзана коса секогаш изгледувам, ама па ставам леќи за шетање, може тоа е. Може па сака под негова контрола да е тоа, и јас се зачитав синоќа изгледа на оваа возраст нормални се такви работи, сакаат познати работи и не се по промени.
    :)
     
    На lackygirl, Erika.greeneyes, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    5.510
    Тоа дека не сакаат промени е факт. Вчера имавме тантрум зашто шишињата за млеко ги стаив 20цм полево од местото каде што обично ги ставам. Плачења зашто нема јадење во чинијата од кај што изеле, зашто парчето пица е не е веќе цело откако каснале и така натаму. Среќа во поголем дел од случаите ми е смешно :D
     
    На Lavender13, lackygirl, Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Лепенка е само кога му е досадно, иначе е доста самостоен. Прееска го носев во канцеларија, таму има милион занимации, колегите му купиле некои играчки и не ме регистрираше. Одам таму да се одморам. :D
    @1209 син ми од скоро почна да бара да го бришам дур јаде. Сто пати ќе се умаца и сто пати морам да го избришам рачето зошто не продолжува со јадење дур не е чист. Нема драми, само си бара и чека да биде избришен за да продолжи.
     
    На Carolin., 1209 и Ceneva им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.772
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Еве денес врескаше оти кога си дојдов од работа реков не сакам кафе.
    Работава или ќе пијам или ќе слушам 10 минутно врескање.

    Добро ве најдов во клубот на terrible two, уште пред 2 кај нас.
     
    На lackygirl, 1209, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Ми се јавува сабајле непознат број, негователката, мајка Марио има температура, не е многу ама има... Оукеј, идеме да го земеме, за кратко. Два дена се чеша во уво, викам тоа е, воспаление на уво. Го зима татко му вика ништо не му е. Ама ја не верувам, викам не може ништо да не е, уво е. Нема вика тт. Океј. Идам дома и јас, нема тт стварно. Добро. Отспа кратко и стана. Нема тт, знае да се вжари мнгоу кратко, 5мин и сам се лади. Тоа не е болест, уши чисти, нос нормално ко и секое дете, грло нормално, плуќа чиста... Уствари на уши има малку секрет ама нема воспаление. И сеа? Очигледно нешто се бори. И сега да седам дома зошто?
     
  8. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.864
    Допаѓања:
    18.016
    Пол:
    Женски

    Мојов во последно време нешто слично се понаша, пример стануваме насабајле го облекувам него, па одиме во тоалет, па се враќаме за јас да се облечам и ако нешто смениме е пискот и врискот. Ги зема наочарите и саатот и оди по мене вика "мама мама" додека не ги ставам, ако оставам на друго место одма зема и враќа назад. На сите со прст ни покажува кај да седнеме, како се лути кога не е по неговооо. Му го тераат ќејфот бабите и дедовците оти им е интересен знае да рече "баба деде" и да покаже со прстот каде да застанат. Мене ме вади од такт кога оди до чешма и бара вода јас му ја полнам чашата тој оди низ дневна и покажува со прстот каде да ја оставам за да пие. Ја померив рибата под телевизорот, стана од спиење и секундарно виде дека ја нема ја најде и оди до неа и вика "баа" и покажува на маса да ја вратам.

    Има пластично полно со ориз и леќа и од него со лажица ги полни камионите, и сеа ако ја преполни нормално му паѓа на земја одма ме вика да го исчистам. Тоа правам деновиве собирам ориз и леќа кај што му паднала.
     
    На lackygirl и 1209 им се допаѓа ова.
  9. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Ме мавнаа хормони пред добивање, ми се плаче, имам грижа на совест дека утре пак ќе ја пуштам во градинка, а уште е мрсулава и подкашлува. Ама веќе скоро 2 недели е дома, па жал ми е и да не гледа деца и да ја чуваме само ние, досадно и е. Пак поминавме без антибиотик, затоа и вака се влече ама стварно не знам дали правилно правам, знам дека за недела дена пак ќе падне болна. Татко ми ми прави грижа на совест бетер, не ја пуштај, јас ќе ја чувам, нека поседи дома, греота е. А и јас си доаѓам рано дома, па бетер се критикувам кога си викам можам да ја чувам.
    Ја заспав, си поплакав за се што ми е насобрано и еве бар да пишам, може ќе ме утешите.

    Секој ден е се поинтересна, се пушта со зборови и нешто на нејзин јазик, глуми, прави фаци, трча кога ќе дојдеме дома да не гушне. Заљубена сум секој ден во неа се повеќе и повеќе. И ми е жал кога ќе ја однесам во градинка. Не ми беше вака, сега нешто ме швркна.
     
    На lackygirl, strelec231992, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Ова темава со мажите ми влезе како трн во око. Најмногу ама НАЈМНОГУ се жестам на прашања од типот "дали маж ти ти помага". Што точно треба да ми помогне? Каква е таа помош? Јас живеам со него. Имам деца со него. Не му ги донесов од улица, па да ми ги причува малку. И овде ве читам "ми помага"... Не, не ти помага, придонесува за нормален раст и развој на вашите деца. Родител е исто како и ти. Оди на работа дури си ти на породилно, да! И потоа? Потоа одите исто на работа, исто земате деца од градинка или училиште, јадете заедно, пазарувате, фрлате ѓубре, валкате алишта, правите заедно неред по куќа. Сменете си ја лексиката во главата и извадете го среден век балканскиот менталитет од мисла!

    П.С. и мајки (посебно вие со машки деца), почнете од најрана возраст да ги вклучувате децата во секоја една активност на домот. И кога ќе треба да му кажете да направи нешто, подобро е да користите фрази од типот на "дојди мама да ти покаже како да го направиш ова сам/а" (на тој начин рамноправно ќе учествува во животот во домот), отколку "дојди да и помогнеш на мама" (и на тој начин да ставиш акцент дека МАМА СЕ ПРАВИ, а останатите членови живеат во комфорна зона и чекаат на готово)...како би престанале да продуцираме зависни- од мама деца во иднина!
     
    Последна измена: 10 декември 2024
    На Mother of 2boys, sinoooka, lackygirl и 15 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Јас за ова те разбирам скроз.
    Кога маж не е дома по цел ден, кога ќе дојде сакам да ги земе да ги поигра. Како тоа да одмори па да сработи нешто по дома, а јас пак со децава 24/7, неее. Не бе чоек, ако треба ВЦто со четка за заби ќе го чистам со саати, само нека ги земе да се одлепат малку од мене.
     
    На MeryS, strelec231992 и Ceneva им се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Тука си во право, не велам не. Ама тоа така останало "помага". И јас не го сакам тој збор ама незнам како би се изразила поинаку, изгледа е некоја навика зборот хаха.
    Не се нервирај толку. Ама на овој балканот мислам уште многу ќе му треба да се сменат мажите и да се репрограмираат. А за тоа сме ние мајките виновни, зошто ги галиме. Јас нон стоп викам по свекрва ми дека многу му оди по газот на мм и дека не ми помага со тоа туку дека ми одмага со таквото понашање. А ете сега пишувам и си велам и јас имам син, можеби и јас ќе правам како неа, сега велам дека нема, ама не вели никогаш никогаш.
    Јас допрва треба да воспитувам и маж од кога ќе се иселат неговите :lol:(facepalm)
    Ќе си имам две синчиња, не едно :wasntme:
     
    На atz1995 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Колку пати се кријам во вц :D. Ама џабе, од другата страна на вратата тропа и плаче, мама мама.
    Со свекор и свекрва живееме. Ама исто ко да не. За мене е залепен и готово.
    Кога излегувам буквално бегам од другата врата, дур тој тргнува да ме бара низ цела куќа (facepalm)
    И дур да се вратам во тој еден саат, 10 пати шетале да види кај сум.
    Зошто со мм пазариме сами без него, ќе ни трча низ цел маркет и ќе става се в корпа :lol: и пазарењето ќе биде 3 саати, наместо еден со него.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Си седам и јас во ВЦ, си гледам во празно и чекам малку да потпораснат па да излезам. :D
    Aма истото ме снаоѓа со тропањето и викањето.
     
    На strelec231992 и Ceneva им се допаѓа ова.
  15. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.844
    Пол:
    Женски
    Го прегледаа?
    И син ми два дена го чеша едното уво, јас веќе почнувам да паничам, од вчера носот му течи стандард после една недела во градинка.. Температура нема, а лицето знае да го вжари на моменти (ама мислам дека е егземата)
    Јас почнав да давам сируп tylol cold веднаш штом забележав мрсули..
     
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Многу слично се осеќам како тебе, а и децата во исто време ни тргнаа во градинка. Вчера почна пак, после три недели пауза. И ми се пушташе, и ми е криво. Се навикнанав со него дома од сабајле и сега сум како изгубена, не знам што со себе. Љубов најголема се, ама свесна сум дека не смеам да дозволам животот само околу него да ми се врти и морам да си дадам време и за себе. Маж ми ми вика се утепуваш сама себе од работа, мораш малце да си дадеш простор за одмор и стварно е така. Не дека дур е во градинка јас одмарам, ама не жонглирам 20 обврски и темпото ми е прилично позабавено.

    А он.. он е душа, не дека е мој ама ептен е народен човек. :) Вчера со татко му ни се деси miss communication, јас планирав да го земам пред спиење, да не му дојде нагло, а него кога го прашале ќе остане ли на спиење, рекол да да, и заборави да ми каже. Отидов да го земам и се вратив назад без него, заспал. После седеше до 2 ипол, си поспал, јадел, си играл, немале никаква мака со него. А и си го гледам сама, излезе среќен, насмеан, па нешто покажува, си брбори на негово. :inlove: И он секој ден е сѐ поинтересен. Импресивно е како примаат од средината и колку брзо учат. Фонтот на зборчиња цело време му се зголемува. Многу од нив ги кажува само со првото слогче, пример кога сака да се бања вика ‘ба’ и оди накај бањата, или во една сликовница покажува кадичка и вика ‘ба’. Кога сака вода вика ‘во во во’ и го бара шишето. На мече вика меме, а најчистиот збор до сега му е за цензура. :D Некни ми го зима прслукот од кревет и вика циииц*иии, со К со сѐ. (facepalm):D Татко му му вика што кажа и он пак циииц*иии. :?: Кај го чул и научил не знам, зошто кога бара да цица мене ми вика цици и покажува. Ама пресмешно беше.
    Нека се живи и здрави, а нашата носталгија за нив како што растат очигледно ќе се зголемува. Сѐ посамостојни и независни од нас ќе стануваат и колку е убав тој процес, толку е и тежок за нас како родители. На моменти се осеќам толку изморено, утепано, грдо и несредено, ама во душата сум преисполнета и пресреќна. За овие денови сонував со години, па колку и да се напорни, нека се. :)
     
    На 1209, Giiirl23, Giovanna и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Оваа утро најубаво будење. Синко до мене го префрлив сношти,многу плачеше. И го оставив од пола ноќ. И сабајле во 8 ете ти го, а мене очи не ми се отварат и лежам и мижам. Тој иди и оп ме бакнува.... Срце мое убаво научил да бакнува. Се стопив. Уште два пати ме бакна. Мазимче мајкино :inlove::l:
     
    На Mother of 2boys, 1209, Giiirl23 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Да, нема ништо. Јас давам Виранто најчесто, ама сега веќе 1м се немаше разболено и сум заборавила дури да реагирам :D
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.844
    Пол:
    Женски
    Давав порано Виранто ама немаше ефект, еднаш овој ми помогна за секретот од нос се надевам и овој пат.
    Вчера имаше поѕирен, денес зелен секрет, тоа значи бактерија? Да го носам на брис? Дали секогаш зелениот секрет е знак на бактерија?
    Веќе се избезумив, мислев со операцијата се спасивме од секрет ама се излажав.
     
  20. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    596

    Во случајот на моето дете не. Секоја година од октомври до мај син ми беше со зелени и густи мрсули без кашлање, температура или било кој друг симптом. Првата година во градинка го носев на брис и сите беа негативни. Објаснувањето на матичната беше дека едноставно така му се справува организмот. Само капки за нос и чистење.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.