Не се многу деца во група во оваа градинка. До 15 деца се. Само јасли е и уште една група до 2 години. Не знам што да кажам стварно, они се мали и кревки и се им се фаќа што нормален, здрав организам би го поминал без проблем. Тоа е патот за жал, џабе ќе си збориме, само лесно да им минува.
Исто е и тука, син ми еве три недели оди во градинка со зелени мрсули и кашлица. Нема други симптоми, а од градинка велат ако нема температура слободно може да се носи доколку детето се чувствува ок. А да е жив и здрав 100 на сат е. И оди во градинка со тие симптоми плус што викаш надвор се цело време, надвор и спијат. На тема маж, ме прашува последниве недели “ како да ти помогнам”. Викам зошо да ми помагаш мене, што сум јас? И ме нервира што стварно јас треба да му кажам, него не му текнува. Пример ако не му кажам да му измие заби на синко, не му текнува. Или да го зачисти скафандерот после градинка. Како некои работи не му се рутина, не знам стварно.
За тоа пример јас неам проблем сам му текнува да исчисти патики ,ќе ги истушира, коса големава он им мие,он е задолжен за фенирање али да немав на шкафовите залепено нивни имиња, немаше да знае кој шкав е на кој. Појма нема да земе за да ги дотера. Секој пат ме прашува Бубе каде и стојат ѓаките на Нина И не памти, ништо не памти или не сака да памти не знам
Не им се зошто така функционира генерално машкиот мозок. Прати го да најде нешто од фиока, лево десно нема гледање, само право. Ретко на кој маж му текнува самоиницијативно. Дури некогаш мислам дека намерно се прави дека не му текнало, за да може да ескивира. Пример најчесто он го бања, ама секогаш треба јас да кажам ајде одете да го избањаш, два пати дали има речено сам. Веројатно така се створени или не знам.
За почеток, знаеш кога некое дете не било донесено поради настинка. И затварањето за дезинфекција не знам дали некогаш се случило кај нас, нека кажат другите мајки (претпоставувам не си во мк). А за маживе, така им одговара, кога има кој да мисли полесно е само да извршуваш. Ми пречи и мене и мислам дека е едноставно незамарање од нивна страна и премногу замарање од наша.
За градинка и кај нас се малку деца, ама за разлика од тоа што го пишувате, во 8-9 часа, вадење надвор, тек па во декември е мисловна именка. 18 деца пример ако дојдат повеќето се по 8-9 часа во 20кв затворени. И нормално едно да кашла, сите кашлаат. Во истата просторија јадат, играат, спијаат. Излегување надвор на ќерка и е што ние ќе ја прошетаме кога повеќе, кога помалку после градинка.
Епа не сфаќам, ако не му кажеш да го избања нема ли да го бања бе? Маж ми не му мие заби пример, освен јас ако не речам. Бев на службено патување, ме немаше една вечер. Излегов од дома утрото, се вратив следниот ден касно навечер. Нормално дека два дена заби не му имаше измиено. Или еве сушарата е кај него во канцеларија, три дена има алишта ( барут суви ) и не му текнува да ги здипли. А ја преместува за да помине секој ден по 10 пати. Не знам како им размислува мозокот стварно.
Ама кашлаат и ваму, и сите до еден се со мрсули. На земање е хорор, сите се мрсулави, мрсулите измешани со песок, залепени насекаде. Верувам дека фактот што се надвор помага да не се шири заразата, сепак е поинаку. Ама зелени, жолти, безбојни мрсули се нормална работа. И никој не вика носи го дома детето.
А, тоа земи го дома ни е гратис. Освен нели, поврати, земи го дома, има дијареа, земи го дома, топол е или има температура, земи го дома, имаш и следното: - многу е вознемирен, плачи, земете го - кашла многу, не може да спие земете го - има зелени мрсули, нека не доаѓа една недела пример - не сака да спие со другите во исто време, земете го Засега толку ми текнува од изговори што ги имам и кај нас и кај блиски слушнато.
И јас се чудам и искрено на моменти му завидувам, сакам малце да му го имам мозокот за да се одморам. Еднаш му викам на што си мислиш пред спиење. Вика на ништо, легнувам и спијам. Како бе викам така? Па така вика. Врвот беше пред неколку дена, цела вечер беше турбулентна, малиот од забите стануваше многу често да цица и ич не бев спиена. Сабајлето он стана го однесе во дневна ме оставија да поспијам. Станувам викам јадеше ли? Вика аа па не, одма ли јаде? Како паднат од Марс, како за викенди да не е дома и да не гледа. Викам па јаде, стануваме го мијам и одма почнувам со спремање доручек зошто одма е гладен и бара. Ааа па не знаев вика. Доброоо. Арно му дал витамини, го пресоблекол, зошто може и во вреќа да го остави да шета од што не му текнува. После 2-3 дена пак иста случка, стануваат пред мене и се будам после 40ина мин и одам го гледма пасира авокадо, и ај си поќутев дека пак касни, битно почнал. И целиот таков возбуден како којзнае шо да прави ми вика отиде кај столчето и почна да прави ам ам и одма земав му праам еден специјалитет. А специјалитетот беше авокадо и јајце испечени на хартија.
Даааа, сѐ си стои на исто место секогаш. Ама мора да се праша по 749394740 пати кај му е чешелот, кај има пелена, во што да го облечам итн итн.
Јас па не знам која крајност е подобра. Денес кога отидов да го земам истрча расплакан. Учителката ми се испожали дека ич не спиел и цело време плачел, само 20 мин поспа вика не знам што му е. Пет пати рече нз што му е, како јас да знам. После се изедов што јас бев дома слободна а он таму се мачел, можда претерувам ама ми падна тешко. Он одма се расположи кога ме виде и по пат си раскажуваше нешто. Кога стигнавме дома дига прстето и прави шшш, очигледно така ги стројат таму. Позитивно од денес беше што јадел едино. Зошто не ми се јавија и дали е подбро така не знам..
Јас препишувам на тоа што некако мојов си има во глава дека јас ги "водам" и "организирам" работите за детето, па негово е само да следи насока и да ме слуша што ќе кажам да се направи. Како јас сама да си ја преземам повеќе одговорноста за детето зошто сум подолго време во текот со неа, па и повеќе знам што и треба. Некогаш ме нервира ова, некогаш не, зошто сме поделени во принцип со обврски. Он чисти дома, средува,јас готвам и така некако фунционираме. Највеќе ме нервира сабајле..лабаво додека се истегне, додека се расони, па додека му текне да стане, ако 100 пати не му кажам ќе ја остави со пелената мочана можда цел ден. Јас одма станувам и одма ја пресоблекувам, он опуштено. Некогаш сакам да сум таква, а не октопод, од кревет скокам и имам 300 работи што се треба да направам за да го стокмам детето. На тема градинка... не ја пуштив денес.
Исто исто, потполно исто е и кај нас. Не се буни кога му кажувам напрај ова, она, не го перцепира како наредба. Ама ако не кажам на моменти е изгубен како теле. Еднаш ми вика леле алал да ти е каква си свежа од сабајле и енергична. Викам а имам ли избор да бидам поразлична?
Мојот има изговор за тегнењето 100саати у кревет секое сабајле алармот му вибрира во 6и30 и ако јас не го плеснам не мрда, можеме и јас и бебо да станрме он ке спие. Ама кога ке се освести, "главата му чадела" не знаел што попрво да фати. Мнооогу ама мнооогу е тежок на станување. Јас мислам и од него детево ми се научи во 6:30-7 да станува. Се буди па зева, се тегне, ауф мауф бауф па ке земе ке се чеша по псоријазата значи звукот сеа ми е во уши. Сто пати сум му рекла оди у вц што сакаш прај ама не тоа се у кревет се обавува. На шминкара му седи новчаник и 1244 клуча кога ги зема ко клисар тропа. За се друго се помирив ама за ова не и никад мислам дека нема да се помирам.
Не сум, затоа и ги набројав можностите зошто има повеќе болни деца таму, него овде. А во гардероба многу лесно се гледа колку деца се дојдени во градинка, тука имаме и апликација на телефон кај што се добиваат битните информации (излет, болести, организирање забави)..или комуницира приватно со педагогот, па така да ако има некоја инфекција кај деца, тоа ни е одма кажано, пример со коксакито пријавивме повеќе родители дека имаат децата коксаки, градинката беше затворена на недела дена, па за да се вратат назад моравме да носиме потврда дека не се веќе заразени. А пошо адаптација е месец дена мајка со дете внатре, може да се видат еден куп работи од типот како функционират и со настинати деца. Иначе тука е 2 недели годишно боловање по дете, мислам дека на никој не му се исплаќа да зема боловање ради мрсули.
@Bella_Stella , во повеќе од година што е во градинка, сум поминала низ сито и решето, што од болести, што од плачки, што од критики. До ден денес одам насекаде со телефонот во рака да не се јават дека нешто не е во ред, да барам човек да ја земи или јас да излегувам од работа. А ако јас излегувам најмалку 20-25 минути ми требаат да стасам. Со тахикардија излегував од градинка со денови кога наутро плачеше и се држеше за мене за нога, за да не ја оставам. Исто јас насмеана од уво до уво излегувам кога таа со трчање и насмеана ќе влезе во занимална. Или за рака со некое другарче. Нормално е и чувство на вина да имаш и сето тоа ама колку порано ти ги прифатиш тие промени, толку подобро за тебе. А како што си растат, нели и во училиште ќе треба да ги пуштиме, па на некоја екскурзија со денови отсутни и сето тоа. Не верувам де дека и тогаш ќе бидам раат и раат ќе спијам ама дел од растењето е тоа. Од тема ќерка, ништо скроз ново само подобрено, освен што намалува со палавоста, а зголемува на зборување. Сега си викам, пак да не зборува многу ова дете . А сеуште е далеку помалку спрема други деца. Туку да не имаме во групава веќе одвикнати од пелени? Кај мене абер нема за тоа. Сигурно и лето ќе ја фати додека почнеме со проби, ако не изненади сама предвреме.
Да не го имаме истиот маж хахахах истите реченици секое сабајле: како можеш веднаш да станеш, многу енергија имаш, алал да ти е веднаш стануваш и функционираш
Јас по тоа што имам читано покажува знаци на спремност ама мислам дека не е спремен да соработува. За сѐ е не, не сакаш. А на него и не му е проблем какан да си седи и се крие кога кака. Нели некои деца одма сакаат да ги пресоблечеш, моето не, и не знам како ќе оди одвикнувањето. Инаку ние навечер понекогаш го седнуваме на нокширче и му кажуваме приказни и седи без проблем. Мене планот ми е на пролет да земам една недела одмор и тогаш да ги тргнеме.
А мојов мм нон стоп млеко и плазма ќе му дава да го оставиш. Ете излегов, да се продувам на кафе и се јавувам на враќање, што јадете, млеко и плазма. А убави печени компирчиња имаше од ручек. Ама треба да го моли и му е напорно. А млеко и плазма јаде без проблем. Битно му дал, зошто може да се случи и да не му даде да ме чекаат. За викенди кога е дома само вели, е пак ли ке јаде, не е свесен дека дошло време за ручек, вечера. Искрено и јас им завидувам на мозокот што го имаат. Како си се опуштени. За пресоблекување не го ни оставам, зошто многу му попушта на синко и овој малиот шета гол газ низ дома и е радости не велам не, ама не е лето, и на крај пак на мене паѓа паричката. Не може да му докажам дека не треба да биде така попустлив за се. Мора да постојат граници. Ама мажи оди та разбери ги хехе