Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    За храна знае да и даде пудинг, шише млеко, готова каша. На дете од скоро 2 години. Да не се задавела ако не сум во близина. А ова дете цел хамбургер ќе смачка уште малку. Не дека има јадено хамбургер ама пример домашна плескавица или ќофте си јаде без проблем.
    Уште пример си доаѓам во 17:00 од работа и добивам коментар како било јадено детето, испило 100мл млеко во 15:00. Млеко (Ад) преку ден пие само тато ако е дадилката, во 17:00 е веќе спремна мене да ме изеде, не пак ужина или баш голем оброк.
    Стварно се чудам како не размислуваат или полесно е се да е надробено.
     
    На Bella_Stella, Lavender13 и kozuf им се допаѓа ова.
  2. sinoooka

    sinoooka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Мајки совет, синко е 21 месец веќе, никако да се одвикне од спиење со нас. Сум пробала секако но мислам проблем е и тоа што не заспива сам. Всушност тој и не лежи за да се успие туку си игра на креветот. Откако ќе заспие го ставам во креветче, неколку саати станува и кај нас право, нема шанса да презаспие во своето креветче. Совет или искуство од некој..
     
  3. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    Ние може да замислуваме само како изгледа внатре во градинката, не сме ни виделе, а не па да седиме со нив. На оставање пред врата ти ја земаат ни во ходник не одиш, барем кај нас е така. Што се случува внатре, јадело играло спиело, господ знае пошо и учителките не верувам да памтат за сите. Пример имаше проблем не какаше со денови, на земање прашувам дали какаше, аа не не. Дома ќе видам какано, бришано недобришано. Ах што ми е мака што ни е вака кај нас, за бебињата ако не можеме да се оправиме за ништо нема
     
    На Erika.greeneyes и јolene им се допаѓа ова.
  4. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.844
    Пол:
    Женски
    Јас кога го земав од градинка денес ми кажаа не му течел носот како вчера, колку што успеа да е смирен и дома не му течеше ама заспа зарипнат. Сега 2 саати се мислам дали го боли грло или е од долгото вриштење:envy:
    Најдобро сабајле да наминам кај матичната да го види, а баш мразам да одам бидеќи има страшна гужва и чекам 2 часа во склоп со сите болни деца па мислам ќе излезиме поболни него што сме влегле8)

    Да се пожалам, детево само со мене се треска од земја за се. Во градинка бил многу мирен и послушен. Исто е и кога ќе го оставам кај мајка ми. Со мене добива сила а? Само мене може да ми се истури.

    Што ти згрешив животе?!:emo:
     
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    4.521
    Тука стварно не можам да се пожалам, ги успиваат и легнуваат со нив дури, има една воспитувачка што лежи со нив и ги успива ако се разбудат. Ако треба ќе застанат на глава ама секое дете е заспано. Ама мислам има и многу улога фактот што се надвор, се движат цело време, телото троши повеќе енергија и полесно е и за успивање.

    Има многу разлика и во погледот кон работата, пример воспитувачките тука сами ги чистат просториите, занималните, тоалетите. Во кујната има еден готвач и еден помошник, ама миење прибор, чистење маси после јадење, служење на храната, ужинка, се е на нив.
    Е сеа имаат по 5 деца по воспитувачка ама па имаат и многу екстра работа. Мк имаат повеќе деца ама па само децата се, не прават нишо екстра ко шо знам?
    Сум слушнала многу коментари за воспитувачките од другарки, на едната другарка и се погоди катастрофа воспитувачка, какви коментари и дава секој ден за детето, јас да бев на нејзино место ќе и залепев шамар искрено.
    Пред некој ден на земање и рекла детево ти е катастрофа, не спие и сите останати во групата не можат да спијат од него. А адаптација прави 3 месеци, и уште 3 не се доволно со ваква воспитувачка, никаков однос нема за да работи со деца, детево сериозно почнува да има трауми. И се чудам на другарка ми како не менува градинка, јас не само што ќе напуштев туку и ќе ја пријавев.
     
    На lackygirl, kozuf, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Вчера мм отиде кај нас во соба да му ги бара чорапите на детето кои таму не стојат веќе 8м(lalala)
    Значи знае каде стојат не дека во овие 8м чорапи не му има облечено, ама кога зема облека/памперс/крпи за детето обавезно сите фиоки ги отвара, цело време ова, ете не знам како може да не запомни по 8м, кое каде стои.

    И јас не можам да сфатам како може да не им текнува, не сакаат ли, се праат ли дека не знаат за да не ги замараме или едноставно така им функционира мозокот, стварно не знам.
    Уствари мислам дека дефинитивно мозоците ни се различни и едноставно мажите не можат да функционираат со темпото на жените.
    Баш некни едно видео видов на и инста предизвик осмислен од психолог мислам беше, да се докаже дека мажите не можат да прават мултитаскинг, мајка со бебе и маж, му дава ножичка и лист со некоја форма и му вели да ја сече формата додека раскажува приказна и во исто време реагира на повици од детето, нешто кое секоја мајка без проблем би го направила(со гарант уште две три работи у исто време)
    Луѓе не можеше да се фокусира на ниту една од задачите, а се работеше за маж кој е бивши маринец и е таков дисциплиниран, од кој би се очекувало да може да реагира во исто време на повеќе работи, ама очигледно маж си е маж.
    Така да некогаш кога мм не може да ме прати што му кажувам да прави, ќе си речам може толку е способен со мозокот, па ќе оладам малце.

    Денес детето што убаво ми јадеше, значи радости се наполнив, јајце касна прв пат, со кечап беше ама ако битно касна.
    Ама за таа сметка не спиеше до 4 попладне, па заспа сам легнат на земја, па стана во 7, знаев дека ќе има борби за успивање и решив дека нема да седам дома и да очајувам што не сака да спие и ќе излеземе и во 8 излеговме, бевме кај тато на работа, дојде и баба, они си играа натаму наваму, јас и мм си муабетевме, си вечерав таму, пивце за живце, убаво ми дојде.
    Се прибравме во 10, и пак се молевме за спиење ама барем не ме фати 12.
    Ама сега ќе ме фати 2 додека заспијам оти еден куп работи имам на ум што треба да ги завршам за утре да ми биде лесен денот. Мозок на мајка.|(
     
    На lackygirl, atz1995, kozuf и 5 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Јас ради ова не го пуштам во градинка, оти знам дека одма ќе фати инфекција некоја на бубрезите дека сигурно нема одма да го слечат, нема ниту да го избришат како што треба и ќе си направам беља. Јас дома одма го мијам по какање, а моево кака 3-4 пати во ден и дека цица уште доста, столицата и не му е баш вака да ја забришеш, целиот е ушлакан.
    Додека не тргнам пелена и не се научи да каже дека му се кака, не планирам да го пуштам. Ќе правам што ќе правам, ќе се снаоѓам некако ама таа мака не ја тргам.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека воспитувачките се уствари и најважниот фактор за едно дете да се адаптира. Пред некој ден сретнав еден комшија во лифт со детенцето поголемо околу 4 години, ми кажува дека оди во една градинка што е ептен далеку од кај нас. Вика едноставно не можеше да се адаптира со тие воспитувачки во оваа градинка тука и тоа е, во оваа кај што е сега вика за недела дена сам почна да бара да оди и да се фали од нив.
    Приметувам и по син ми. Кај него се генерално ок и двете, ама уште кога го запишавме бевме предупредени дека едната е малку построга, а другата помека и стварно е така. И кај нас до врата ги носиме и гледам како влегува со едната, како со другата. Со оваа што е помила мене или татко му не не ни регистрира, лета накај неа. А со другата е онака, оди ама не со некој нз каков ќеф. Исто кога го земам едната е секогаш со замерки и пример ако не јадел и не спиел го кажува на малце понегативен начин од другата. Пример за вчера пишав, пет пати во 2 мин рече дека нејќел да спие, многу плачел, не знаела што му било бла бла. Ок бе жено разбрав и од првиот пат и ако не знаеш ти што си таму, како јас од надвор да знам зошто плачел.
     
    На Giovanna, 1209, Sun&Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Ден два со двајцата болни дома и веќе полудувам :drunk:
    Големиот со воспаление на уво, малото со бронхит. А двајцата во фит состојба па можете да замислите како е по дома. Да не праќам слика на што личи дневната (facepalm).
    Од бисери од утрово, малово пикна соленка кај перката од прочистувачот и згора на се јас го карам тој се кикоти.
    За мажите незнам што да кажам. Најверојатно стварно сме различни во мајндсетот. Мојов не дека не прави се, ама не прави се по мој тертип :rofl:.
    Наутро пие кафе и одма после тоа има пола часовна сеанса во тоалет, што значи поспивање за мене наутро е мисловна именка. За јадење ќе спреми и ќе им даде, затоа не можам да се пожалам. Зошто и он не седи гладен, па и за нив ќе смучка овавезно нешто. Е за облакањето и алиштата иста приказна. Алишта не знае ни за малото ни за големиот кое каде стои и мора да се отворат сите вратички и фиоки. Гоемиот повеќе сам знае да си земе од плакар од мм. А да не правам муабет алишта само облечени и соблечени што стојат на стол дека он наместо да им облече тоа, нови ќе извади. И после нормално дека не може да постигнеме со перење (facepalm)
    Ај да одам децава веќе збеснуваат. Ако преживеам домашниов притвор со нив ќе се пријавам.
     
    На Giovanna, 1209, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    За сеансите во тоалет можам книга да напишам. :drunk:
     
    На lackygirl, atz1995, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Изгледа само мојов знае да се снајде сам... Е за спиење фамилијарно се тапа, заспивање деца не им е јака страна, па ќе седат децава до 12 ко ништо. И таман дошло време за спиење они тогаш се разигруваат, се закачаат, наоѓаат на тв нешто да се гледа...
     
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Мојов и за успивање се снаоѓа. Малово дури со мене повеќе изведува отколку со него, ама јас му дозволувам зошто тоа ми е сеанса гушкање инаку дифтар е па не сака воопшто да се гушка.
     
    На Carolin. и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.675
    Допаѓања:
    18.332
    Пол:
    Женски
    Теорија за мажите: навикнати се да прашуваат.

    Маж ми е целосно посветен татко, од памперс менување, хранење, до бањање, шетање, се се.

    Кога се сами дома, знае да најде се кое каде е, и што да го облече, нема прашања. Кога сум и јас дома, обавезно ке праша кои тренерки да земе, дали хулахопки да облече итн.
    Или ке оди накај веце и ке праша каде е кремата за раце, и ке ја најде сам затоа што знае каде е, ама ке праша.
     
    На MeryS, Giovanna, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    21.438
    Пол:
    Женски
    Ти ја подржувам теоријата

    Ги оставив еднаш да се спремаат, дете стокмено дотерано, косиче напраено абе милина, прелепотица
    Се спремаме сите заедно и "Кај и е фустанчето?" "Хулахопки да носи ли?" "Чешелот кај и е?" "Абе имаше една крема детево, не памтам како се вика и како изгледа ама кај е, знаеш ли?"
     
    На MilaSs12, Giovanna, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    11.291
    Пол:
    Женски
    Ве прочитав неколку така набрзинка, убава тема сте отвориле.. мажите.
    Сабајле баш си помислив нешто околу ова, добро бе човек како ти работи мозокот,селективно ли приметуваш ствари?
    Фрка сабајле се спремаме за работа, јас, тој, детето за градинка, доцниме сите секаде тоа стандард.
    Јас набрзина менувам ќесе од кантата со пелени, го затворам и ставам ново. Тоа за фрлање го ставам пред врата, буквално да се сопне од него. Доаѓа ред да излезиме од врата сите, јас со дете во рака, ранче за градинка, моја чанта излегувам прва, тој по мене го гледа ќесето и го одминува. Ја стојам во место, а он веќе завртел грб на ќесето и ми вели “Ајде де!“. Значи немаше да го земе, едноставно беше премногу да се наведне и да го земе ќесето со полни пелени.
    Промрчев нормално, па дури тогаш киниса да фрла.

    Генерално не можам да се пожалам, помага по дома и знам дека мојата дефиниција за чисто не е иста со неговата, ама си велам, што ќе биде со куќава ако еве јас сѐ игнорирам што паднало на земја? Трошки, влакна, чорапи...? Па мајка му стара нема ли да е полесно за сите ако you clean as you go?

    Настрана мажите, на тема дете, денес пратив во градинка после продолжен викенд + два дена дома ради температура. Пет дена му се фатија да не оди и сабајле пак имаше плачки, толку ли малце треба да се одвикнат или до детето си е?
     
    На Giovanna, LiquidLuna и Carolin. им се допаѓа ова.
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со ова. Маж ми сам чуваше дете недела дена, супер си се снајде. Дете средено, наместено, најадено, напиено, избањато, наспано, се како што треба.

    Јас кога сум дома: каде е четката за заби?
    Мислам |(
     
    На MilaSs12 и Giovanna им се допаѓа ова.
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    18.016
    Пол:
    Женски
    Бебо синоќа успеа да мавне од мојот тањир, сос со песто, стек и бадеми. Една макарона зема ама убаво натопена, јас цела ноќ не спиев на раб бев да му дадам летизен да поспијам. Ама добро ништо не му е, јас се изнасекирав маж вели а бе многу се замараш, ништо не му е. Јас сто сценарија во глава премислев(facepalm)

    @DaisyDoo јас го имам оставено едно 3-4 пати без гаќи,чорапи, маици па и алишта за работа. Влегува да се бања и место да ги фрли во корпата алиштата за перење он ги фрла до неа, така се собираа едно две недели и не му сметаше купот смрдливи гаќи. Дојде да нема ни едни, а бе вика немам чисти гаќи, па кај се викам, па еден куп има во вц сигурно таму некаде има и мои, ај види викам чиви се, дојде ко попче па сите се мои, тогаш му кажав ако не ставаш во корпата за перење не ги перам. И со чорапи исто. Во вц се мачка мастови за псоријазата и најчесто доаѓа по гаќи во спална да облече пижами и чорапите ги соблекува до шминкара еден куп чорапи имаше, може месец дена се береа. Сеа си ги соблекува и нив во вц. Не ни бевме земени ова кога се дешаваше, нему мајка му му носела алишта во тоалет пред бањање, и му реков тогаш па што не зема и да те избања, маж 30години и 2 метри да не знае гаќи кај има. Боже сачувај.


    А со бебо е посебна приказна, се знае кога мора. Кога не мора ништо не знае. Јас се помирив со тоа дека треба прво да кажам па да се направи нешто иначе он ке дреме со саати. Во вц кога оди се заборава и го праќам бебо му чука на врата и излегува.
    А не можам да речам се чуваат, он обавезно го бања, преоблекува ама треба се да кажам со точни детали и насоки.
     
    На DaisyDoo, Splendor., 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Терибл ту, велком велком... Море марш у... Ме уништи! Му се спие ама не му се спие, му се јаде ама не му се јаде, му се игра ама не му се игра, сака да гледа Маша, Биби, Пепа ама не сака да гледа Маша, Биби, Пепа... Ме упропасти начисто! Па љут е бре, љут зошто не сум го разбрала што сака... Се надевам дека еден светол ден ќе може да се разбереме. Синоќа беше врвот. Заспиваме, кај е кола? му ја даваш, ја фрла, кај е вуда? нема вуда веќе, завршивме со вуда навечер зошто не пиеме вода навечер ни ние нели? кај е маче Тон? Не маче Тон, Џеи кај е? Буквално не знаеше што сака.
     
    На 1209, Mother of 2boys, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    24.402
    Пол:
    Женски
    Тоа е така, јас заради Х причини 3 пати ја имам пуштано во градинка, значит 3 адаптации сум поминала и тоа во 3 различни градинки. Во првата беше 19-20 месеци и дефинитивно според мене период што треба да се избегне тргнување во градинка.
    Во втората градинка кога почна имаше 3г и 2 месеци, иако знам дека имаше тој период многу промена, сепак неа не и легна никако асистенката, абе не ја ни погледнуваше за да не ја стресира, џабе мојава не ја сакаше. Успеа некако со педагогог да се навикне ама петок не одеше на работа, па така да петок имаше замена и асистенкава ауу тоа трауми беше. Се роди бебе, додатен стрес, не можев ни да ја облечам камоли однесам градинка, решивме да не прајме пауза туку да смениме градинка, детево само кога влеговме внатре на пробно еден ден рече тука сакам, за 2 недели она обожаваше да оди градинка, со плачење моравме да ја одпишиме. Енергијата е многу битна според мене и проценка кога на дете треба да му се даде простор, кога му е потребна прегратка, а не детево да ми вика на прашањето како си помина денес, да ми рече си седев со брокулата ( играчка) и плачев тивко цел ден во ќош. Мамето твое едно дете ли не знаеш да му покажиш сигурност, да му понудиш некоја работилница , правиме муабет за 3 и пол годишно, не за бебе шо не знае уште кај тера и мајка само бара,не е секој за таа работа дефинитивно.
     
    На Sun&Moon, Miss_S, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  20. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    11.291
    Пол:
    Женски
    Мајки, кога се рачуна дете да има дијареа?
    Нас дома скоро сите не изврте лош стомачен вирус, повраќање, дијареа, температура, грчеви. Син ми прв одима симптоми пред 7-10 дена. После ме фати мене, маж ми, па баба му сега. Кај мене и маж ми се смири, ама син ми уште не јаде нормално и уште кака кашави каки со лош несвојствен мирис. Секој ден давам Дармфлора по една дозерка.

    Генерално, тој најлесно го мина вирусот (ако е вирус) оти јас и баба му завршивме на инфузии. Дали е причина што има примено рота вакцина или?

    Не знам што да мислам за столицава оти сѐ мислам детево има некоја мака со стомакот ради кашавите, смрдливи каки и гасови.
    Што би предложиле? Да реагирам кај матичен или..?