Ако има повеќе од 2-3 течни столици во еден час тогаш е дијареа. Можно е да е од вирусот, а да го поднел подобро. Можно е и да е измрзнато стомачето. Давај му електролити обавезно, мислам можеш и смекта еднаш дневно, ама прашај за секој случај. И неколку дена нека биде на посува храна. Варен компир, ориз, крекери, соленки, банани. Побрзо да помине.
Ve molam za mislenje zasto pamet nemam. Pred dve nedeli pominavme site stomacen virus. Maloto togas ednas povrati, a jas najtesko go pominav, golemata tripati povrati. A malovo nokjeska povrati tripati vo spienje. Zarem e mozno ova, za tolku brzo pak stomacen? Kje se mrdnam vekje.
Kako za tolku brzo vreme? Cudno mi e. Jas mnogu tesko pominav. Zarem pak da pominuvam? Inaku malovo samo nokjeska sto povrati. Plus jadese gravce, pa si pomisliv i od toa da ne e. Sega e ok pu pu.
Моево поврати 3 пати во 5 минути вечерта. Наредниот ден имаше дијареа и толку беше од вирусот, ме фати после мене па мм. Така сватив дека е вирус иначе мислев дека му е нешто од јадење. Полесна храна деновиве и посува давај му.
Токму така. Ако шетаат, во тренерки се и двајцата, ако е кафе, фармерки. Општо за се по дома знае каде е, сум пишувала дека е посветен маж и татко. Не помага, туку делиме обврски. Ама ако сум дома, ке праша. Не ми смета тоа мене, сите сме си со свои маани. Така. Значи и бањање, и заспиваат сами, најадено, се со ред. Кога сум на состанок, или кафе, не ме бараат и се може без мене. Ако сум тука, прашања има, да не е тишина веројатно.
Неколку работи ме мачат па можно е постов да испадне хаотичен. За колку време се очекува да бидат адаптирани со спиење во градинка? Знам дека е индивидуално, ама онака генерално. Денеска му е петти ден со спиење. После првиот ден се разболе и три недели беше дома, неделава пак почна. Во вторникот спиел 1-1 ипол час, што за него е малку, дома спие по 2-2 ипол, некогаш 3, ама ајде пак е нешто. Е средата и вчера ми се жалат, нејќел да спие, само 20-30 мин спиел и цело време си плачел. Прашувам за јадење викаат дека јадел, не се жалат од тоа. Е сега мене не ми е јасно зошто кога го зимам не е отечен и црвен ако цело време плачел? Само средата истрча накај мене уплакан, ама одма се расположи. И друго што не ми е јасно што прават они дур плаче? Нели треба да пробаат да го смират. Он е во принцип многу неплачливо дете, ептен брзо се смирува ако знаеш да му направиш дистракција. Ми кажуваат дека тие што биле почнати во слично време со него веќе си спиеле по 2-2 ипол саати. Како да ме окривуваат мене што не спие. Дома вика како заспива, викам цица. И одма аааа епа еве што е маката. Викам нема врска он така почна да заспива откако беше болен, претходно заспиваше само со цуцла. Ме изнервира зошто се дрзна да ми рече е што не го одбиеш веќе, голем е. Значи! Едно е да ми сугерираш дека можеби треба да пробам да го направам тоа, зошто може да помогне бла бла. Она ми дава пример за некое си девојче од групата што мајка му го одбила и одма спиело, јадело, сѐ по ред. Е која си бе ти мене да ми кажуваш е шо не го одбијам. И тоа на предавање во сред ходник полн со родители. Друго што не ми е јасно е што е попаметно прво да се одбие, цуцла или доење? Мене ми е пологично прво доењето па еден период да се смирува со цуцла, па после да ја тргнеме и неа. Многу лошо се осеќам зошто он таму се мачи и не може да спие, а јас сум дома. Ама мора да се навикне зошто морам да се вратам во канцеларија на по неколку саати дневно. Ќе ми пукне душата колку ми е тешко. Седам пијам кафе и си гледам видеа од него, ми недостига.. Ме маваат хормони дефинитивно..
Не е до тоа мајка, не се секирај. Мислам дека доењето нема поврзаност со заспивањето. Тој ќе се навикне дека во градинка се спие без цице и ќе спие. А штом цуца цуцла, сигурно ќе го заспијат полесно таму. Е сега може се буди дека му е топло или дека не е навикнат да спие во градинка. Ама ќе му биде многу потресно и да го одбиеш истиот период. Моите и двете се доени, па заспиваат во градинка. А има и многу примери за други деца кои исто така заспиваат. Проблемот е во тетките, тие треба да се потрудат повеќе. Да се поврзат со детето и да му помогнат да се адаптира полесно. Кажи им дека мора да се вратиш на работа и дека мора да спие таму, дека нема кој да го земе и ќе мора да се потрудат. За нив колку помалку деца, полесно им е.
Како што кажа секое дете е приказна за себе. Кај мене големиот кога почнуваше остануваше со спиење веќе третата недела, малово веќе втората. 1-1,5час и не е лошо со оглед на условите во таа гужва. Јас ако ми кажат дека поспал толку сум ок. Имаше период кога и она забушаваше со спиење, ама никогаш никој не ми рече да си го земам. Се среди се за отприлика една недела. Ако ти си го гледаш детето дека нема последици (преплакан или истрауматизиран) за другото тие треба да се потрудат. И еден совет немој толку емотивно да ги сфаќаш сите промени. Тие се нормален тек во развојот и на детето и твој. Никој нрма да рече дека помалку го сакаш детето, ако сакаш да има воспоставен ред во градинка или ако го одбиеш од цицање. Дури и да не е заради работни обврски и ти си индивидуа и имаш потреба од време за себе. Еве јас искрено кажувам, јас да сум заглавена со нив дома, особено ако немале време за себе и они и јас мене ме фаќа лудило. Еве трет ден сум дома со двајцата. Ај јас што незнам кај терам инхалации, терапии, јадење, заигрување деца, плус нон стоп се вклучувам да сработам нешто за работа, од друга страна тие со неисполнет ден полудуваат. Морам да признаам кма период кога веќе нерви немам и ќе им подвикнам (обично поголемиот го влече подебелиот стап, дека малово ништо не разбир), па после ми е криво што сум и повишила тон за глупост. Вчера дури и си поплакав од мака. Инаку јас порво би одбила од цице, па после од цуцла, некакко пологично ми зошто со цицањето го губат и оној близок контакт па да не останат без ништо.
Епа они како да не се трудат доволно. Само ми повторуваат по сто пати дека не знаат што му е и дека нејќе да спие и плаче. А од друга страна па не ме бараат да одам да го земам и не знам што да кажам. Можеби само му треба повеќе време, не знам. Или стварно има нешто што го мачи… Да со 1-1 ипол час сум ок и јас, ама 20-30 минути се премалце. Кога доаѓаме дома ни сум да го заспивам, ниту пак е наспиен и ептен е терсене. Ни двата дена не сакаше да спие, доаѓаме дома и си игра, јаде, буден е до 20ч. Просто не знам како издржува со толку малку сон. Вчера заспа во 20ч, сабајле беше станат пред 7. Истрауматизиран не ми изгледа кога го зимам, само првиот ден караше со прстето и викаше шшш, а вчера не. Инаку знам дека сум премногу емотивна, ама таква сум за сѐ, особено за него. Дури на моменти се осеќам како слабак што не знае да си ги исконтролира емоциите. Иако е само едно и генерално не е напорно дете, сепак се преморувам. Во канцеларија морам да се вратам, осеќам притисок дека веќе предолго сум дома. А реално и ми треба малце да излегувам и да се социјализирам.
Внуката сега ке прави 2год, со неа заспива со цице, со баба и заспива со нишкање. Пред некој ден ја имаше оставено кај свекрва ми, она исплашена што ке и прави за спиење, се симнавме долу со бебо си играа бебо заспа и јас со неа да застанам кога дојде да и се спие фати да вика "мама цице мама цице". И помина муабетот дека мајка и е на доктор и дека треба да спие сега па кога ке стане она ке биде дома, лежевме се вртеше низ кревет, јас и раскажував приказни и си заспа девојчето. Они не се трудат доволно. Има деца и порано што тргнуваат во градинка да не треба на 8-9 месеци да ги одбиваат за да им спијат. Многу се паметни и многу брзо се навикнуваат на промени, само треба трпение.
Децата заспиваат со цице само доколу цице е присутна до нив хаха така е, брзо се навикнуваат и си знаат точно со кој како може да заспие. И не мора да е цице во прашање, мене големата исто ми заспиваше со цицање, само еден период во денот во количка чим излезевме на воздух и она таа рутина си на научи. Кога конечно решив да ја остаам на саат-два со маж и золва им реков време и е за спиење, излезете со количката ќе заспие ама не, со нив никако не сакаше така да заспие. Плачки рички се вратија дома, само ја гушнал маж и играле "валцер", заспала одма. Само да не е исто онака како што успива мама, така само ќе упали. Туку јас мојава не можам да ја остаам сега на пола саат, тоа е зајдување до повраќање ако ме нема. Никој неќе да ја почува, додуша неам ни кој де ама мајка ми беше на гости некој ден и 2 саати ме немаше, 1 саат ги бањала во када за да ќутат, а текни и на мене се фрлала наназад и зајдувала. Цел стан беше посеан со грав. Одам до продавница, маж звони враќај се повраќа по тебе еее аман бе деца
Со мене заспиваше само со цицање, со татко му се чуваа од една година кога направи и заспиваше само со лежење затоа што татко му не може да го нишка, во градинка од година и пол си заспиваше со лежење. Цицаше до две години и три месеци и учителките знаеја ама ништо не ми кажале. Кога прашував како го заспале на почетокот ми кажаа некоја од нас легнува со него додека се навикне после сами легнуваат и си заспиваат. Истото и син ми кажуваше. Гледаат еден во друг во градинка и се учат. За некое време ќе си фати ред, сега му е ново, му треба време да се навикне.
Знам знам, до недоволното залагање на учителките е, јасно ми е тоа. Знам дека евентуално ќе се навикне, ќе види дека другите деца спијат и ќе се предаде. Тешка работа дека тука некој легнува со него.
Прави се наудрена и викај знам, знам, му треба време да се навикне. Не им попуштај. Најлесно им е тоа да кажат. Нека знаат дека знаеш ама дека и тоа е патот за да се адаптира и навикне особено првава година кога одат, па не одат, па одат итн. А и они да знаат дека тоа е нивна должност и да не повторуваат по 100 пати, а ти да се чувствуваш дека треба да се правдаш. Мојата различно спие исто во градинка, некогаш 30мин, некогаш саат, некогаш помалку/повеќе. Кога нема да е добро спиена, дома е хорор. Фластер за цицка и кенкаење. Ако не сум дома...маж ми неможе да ја смири некогаш. Ама тоа е што е, тоа е процесот, мали се, таму сеуште се стегнати, почитуваат авторитети, правила, се борат меѓу себе и со децата, се тоа за нив е стрес и кога ќе ги земеме се опуштаат и си доаѓаат во конфорт зоната. Буквално, како ние во некоја нова средина. Вчера кога ја земав беше прехиперактивна (претпоставувам така ги покажува стресот), ама ќе се навикне и ќе им биде добро верувам и многу подобро следна година. Мене ми кажуваат дека ја нишаат за да презаспие ама дека не сака, прва станува од сите деца, значи не ја буди никој.
Во градинката каде што е ќерка прво уште на упис, значи пред да направи 9 месеци, директорката се дрзна да ми кажи дека ако е дете што цица, веднаш да се одбие, тие деца се многу проблематични. Ај моево не ни цицаше, ама куп други сигурно цицале. За воспитувачките дека ретко која се труди, тоа е факт. Од нашава градинка произлегуваат муабети кај што воспитувачка се обраќа на родителите со зборовите Од ова дете ништо нема да биде, за дете од неполни две години Секое дете не е скроено за градинка. Надвор од темата дека не се трудат да ги занимаваат и придобијат децата, пример е ќерка ми. Дома може и 10-15 минути да игра со сликовници ако седнеш 1 минута со неа и започнеш приказна, води пример, куче, маче, што да е. Потоа сама си продолжува без проблем. Таму тврдат дека детето не сака сликовници, што е далеку од вистината.
Не знам колкаво е малечкото, но искрено мислам да не се брза со давањето грав. Тоа е тешко јадење и за нас возрасните не па за мало дете...
На почеток и моето спиеше по 20-30 мин.( со спиење почна да останува на 8 ипол месеци), и се чудев како издржува толку време не спиен. И дома тогаш заспивање со цицање, а за во градинка не му пуштав, и сега не пуштам цуцла. После 2 недели почна да спие по саат ипол - два. Сега е 13 м, од понеделник до петок спие само еднаш во градинка и вечер заспива кај 20 ч. Викенд си спие по 2-3 пати денски, и вечер заспива кај 21-22 ч, зависи кога му била последна дремка ( нема многу ред викенд дека обично сме излезени од дома и редот се руши). И пак се чудам како издржува само еднаш да спие во градинка. Кога сме дома знае и после 3 саати одкога ќе стане да заспие ,а станува рано кај 6
И мене така ми викаа да ја одбијам за да спиела јас не ја одбив и по 2недели почна да си заспива таму без проблем.Ќе се навикне не се сеќирај,нив полесно им е да си најдат причина,не се потрудуваат да ги адаптираат.Нивни проблем е како ќе го заспијат и колку ќе спие,ќе си најдат начин. Јас малата ја одбив затоа што останав бремена и тоа после три месеци,ми стана претешко бееменост,неспиење за на работа во 6 станував ама ова од кога почна во градонка после 9м.