Слабак не си сигурно, не си прави дополнителен стрес. Едноставно така сме скроени. Ете и јас демек научена без нив, па во вторникот ги имав оставено со мајка дека болни (они си беа фит, кога се клапнати не и ги оставам) кога ми се јави дека малото кренало тт над 39 жива се изедов како можев да ги оставам така , незнам ни како сум атигнала до дома откако ми се јави дека не е добар. Едноставно ти смири се, а дечкото ќе се навикне без грижи, ќе спие кога повеќе, кога помалку. Понекогаш ќе плаче, понекогаш ќе е среќен. Се е тоа нормално.
Мајки од памет се извадив, во каката на бебо сеа имаше како жолти парчиња, измешани со нормална кака. Што може сеа ова да е?
Од јајцето можи е, недосварена храна, ко имаше пролив мојов се цело какаше, како ќе го примеше така излегуваше. Можи не му е досредено мешето, дооздравено, те читав дека имал стомачен, како и да е мислам дека од тоа што јадел е, не би се грижела јас.
Денес ме викнаа уште во 12. Дојди вика да го земеш не бива нејќе да спие се дере на цел глас ми вика. Кога отидов таму ми вика ама он тебе уште ти цицал. Викам да цица, не е единствено дете што оди на градинка а цица. Еее па како вика јас да го заспијам, заспа и стана за 15 мин и се дере плаче на цел глас. Викам како да не ми збориш за мое дете, баш ми е чудно ова викам зошто он дома мнооогу ретко плаче, а никогаш не е со дерење. Па ми изнареди и дека не јадел, сите спиеле он не, ги будел другите. Ни млеко не ти пие вика. Викам не пие да, не сака. Баш како што викаш се најдов во ситуација да и се правдам, а за што сум крива? Што му треба на детето подолго време за да се адаптира? Па зарем не и е работа да се прилагоди на него? И ако сите спијат го има цело време на светот да си најде начин како него да го смири. Секоја мајка нели си го фали детето, ама он е стварно многу народен. Кај секого оди, со секого се заигрува. Јас стварно не знам кој им е проблемот ама се нервирам многу.
Се што ми кажаа денес кога ме викнаа да си го земам е тотална спротивност од тоа што уствари е моето дете. Не јаде зошто цица ми вика, а он баш јаде, повеќе од мене јаде. Проблемот со нејадењето е што му е многу рано ручекот и не е гладен. Дома не руча толку рано, прво спие па руча. Очигледно ќе морам да го сменам ова.
Бела колку време ти оди градинка? Пошо мислам дека праеше пауза, после пауза се оди пак постепено. Нека се научи малу по малу па после пробајте со спиење. А таму нели има деца шо не спијат? Нели има програма за тие деца?
Ме нервира што се дрзнаа да ми речат е што не го одбиеш. За нив полесно е да наоѓаат замерки отколку начин како да се адаптира. Сигурно дека нема да го одбијам зошто они така сакаат, туку кога ќе сме спремни. А сега не сме.
Прават да се осетам крива и неорганизирана. А дефинитивно не сум таква и давам се од себе да има ред. Ама ете..
Оди од средина на Септември ама повеќе време беше дома ради болести од што одеше. Они се контрадикторни. Од една страна форсираат да остане иако јас викам постепено, од друга наоѓаат замерки и бараат вина кај детето.
И мене ми рекоја исто ко почна, требаше прво да го одбиеш па да го пуштиш в градинка. Не можам уште му реков, тој сака да цица и неможам да го одбијам.. Многу глупо ми падна. Секаде велат бар до 2 год да се дојат само кај нас за одбивање од 1 год Ама заспиваше и таму, не прави проблем, со секој заспива, ако не сум јас и мм и мајка ми и свеки го заспиват, ама ако сум тука јас тогаш е со цицање. И не се замарам, сега знајте е дома не го имам однесено уште. Иначе се ова исто како тебе го доживував со првото, само што тој беше скроз на дистанца од сите деца, не јадеше воопшто, после само леб почна да јади, општо многу тешко одеше градинката до крај, ама па сега прваче е супер.
@Bella_Stella Значи многу се нервирам кога ќе слушнам такви коментари од тие што треба најмногу да се грижат за децата, да го одбиеш Ќе го одбиеш кога ти ќе сакаш, не кога ќе кажела таа. И ќерка ми цица, со мене заспива со цицање, со татко и со нишкање или легнати на спална. А заспива во градинка без проблем сама. Првите 2-3 пати во раце, после сама. Ама се будеше на почеток после 40тина мин, па им реков да пробаат да ја презаспијат, оти беше како што викаш ни таму ни ваму со дремките. Па некој период ја нишкаа, кога заспивала кога не. Сега спие по саат и пол и тоа е тоа. Ти кажи им готово го одбив, нека му ја мислат Како што ти пиша некој убаво, ако го гледаш детето дека е ок, вррувај му нему место тие што кажуваат дали плачел и јадел. Пак ќе речам ме боли многу што ни се вакви градинките. Слабак не си, стварно е многу тешко ама ќе помине се, остани си на своето. Друга тема како да те имам читано дека работиш од дома и кога го чуваш, исто и @Ano давајте некој совет како. Пробав кога беше болна, двете полудевме @Carolin. Стално имаме парчиња во каката, знае да си голтне парче цело и си поминува, педијатар рече не е ништо. Едит: Да додадам дека е дете што МРАЗИ спиење, се и е поинтересно
Единствено што можеш е да се обидеш е да му го направиш редот на оброци/спиење како во градинка. Јас само тоа се потрудив пред да го пратам да направам. За друго не се замарај. Да треба фул тајм да работам со него од дома нема шанси. Се водам на боледување така да се вклучувам на моја волја само кога имам луфта чисто од колегијалност да помогнам кога ептен гори нешто.
Да знам и јас се изнервирав за тоа,а малата моја почна на 8.5м во градинка кога ми викаа така.Јас кога почнав на работа направи 9.5 и им реков нема кој да ја чува не можам да ја земам веќе еден месец одеше во градинка и си најдоја начин да си ја успиваат,се противеа не била спремна рано и било да ја оставам за спиење им викам нема кој да ја чува не можам да ја земам и по една недела не спомнаа веќе ништо,сега малава оди веќе цела година пресреќна е,едвај чека да оди кај даде,и воспитачките само ја фалат,а на почеток исто како тебе ми зборуваа,буквално си исти зборови.
Да, тоа планирам да го правам од утре. Ај ве молам вие што сте веќе уходани кажете ми како да го изведам ова. Редот кога е дома моментално ни е ваков: *8:30-9 доручек *ужина *12-12:30 дремка *16 ручек *ужина *19:30 вечера Затоа и не сака да јаде таму, доручкуваат во 8:30, имаат ужина, па ручаат во 11-11:30 и тоа му е прерано, едноставно не му се јаде. Јас се мислев да му давам малце послаб доручек пример овесна каша, просо и сл, ужина некоја грицка или овошје и пред дремка да му дадам “ручек” тост, авокадо на лепче, намаз, јајце и сл, кога ќе стане да има ужина, а накај 6 вечера да му биде нашиот ручек. Не знам ок ли е вака?
Ми даде надеж. Очигледно треба и јас да кажам дека не можам да го земам. А реално и не е дека баш можам, моментално работам од дома ама се очекува од мене што поскоро да се вратам во канцеларија. Само одложувам до недоглед.
Работам само кога он спие или кога татко му ќе дојде од работа се повлекувам во друга соба. На друг начин нема шанси. Се случува да е занесен во игра и да не доаѓа кај мене, ама претежно ако ме види да седнам на компјутер одма се лепи да види што се случува и станува пренапорен, сака да го кренам да гледа, штрка по тастатура, мава глувчиња, хаос.
Баш како што пиша, давај доручек послаб за да јаде ручек во 11. И после ручекот одма дремка, па ужина па ќе си ручате заедно. Немам коментар за градинките, како да си бараат рачки за да не ја работат работата за која се платени и како да сакаат да го намалат бројот на деца за да им е полесно. Најубаво би било за нив да знаат сами да заспиваат, да јадат, да одат во вц, тие само да ги поиграат од време на време. Свашта. Не е до тебе за да се нервираш, до нив е.