Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Не знам, излишен е секој коментар. Институција во која што треба да се изградат темелите на социјализација и навиките на еден човек, така ужасно да функционира. Не сакам сега да звучам лошо ради личното искуство, ама генералната слика за жал е таа. Воспитувач на дете не е професија за секого, ама тука за жал секој ја работи. Толку благородна е, а прават да нема никаква вредност. Претажно.
    Ќе пробам од утре со ова темпо, па да видиме. Иначе кога ми рече не ТИ пие млеко, викам си пие јогурт. Аа па ај донеси во понеделник вика да му дадеме пред спиење, може ќе спие. Она е убедена дека он не спие ради мене и дека ме бара за да се мази и да заспие. А кога го земав ни дома нејќеше да заспие иако му дадов да цица, се нацица и рипна да си игра. Заспа дури во 16ч и тоа едвај. Пред да заспие и температура качи, 37.5 и веќе не знам што да кажам. Одам да си ставам една чаша, малце да ми се одмрзнат нервиве зошто се напнав денес 100ка.
     
    На lackygirl, 1209 и Lavender13 им се допаѓа ова.
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Еве како изгледа едно мени кај нас. Чисто за да знаеш кој тип на оброци. И евентуално ако можеш да намалиш на количина ( нормално да не го изгладнуваш, туку да не форсираш ако не бара сам поголема количина).

    20240703_151755.jpg
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella јас моето уште го немам пуштено, ама вака да ми се дрзнат да ми речат уште ли цица, во стилот одбиј го ( тоа си е твоја одлука во која никој ама баш никој не смее да ти се меша ), или да ми речат не сака да спие се дере, а знам дека детето воопшто не е такво. Искрено и јас ќе се дрзнам да им кажам некој работи за кој се тие должни да ги прават и потрудат, на фин начин ама да им поќутам нема. Јас сум таква не знам да молчам, некогаш е лошо тоа, ама ете таква сум.

    Се изнервирав, зошто одма ми текнува на една личност мене што ми се дрзна да ми рече ајде одбиј го голем е веќе. Јас само и реков, јас си го дојам, не ти. Кога ќе имаш свое тогаш прави како сакаш. А иде од медицинско лице муабетов, што најмногу ме изнервира. Ама не и останав должна, ти се дрзнуваш да ми сугерираш за такво нешто интимно, зошто јас влакна на јазик да имам? Ееее не ќе можи така.

    Немој да бидеш мека со нив оти стално ќе те бараат, да си намалат обврски. Биди малку фино остра да не речам ;):rofl:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Што убаво мени имаат, браво.
    Ооо ако некој не ќути тоа сум јас. Од секогаш сум бунтовник и не трпам неправди. Ама случајов е тотално друга приказна за жал. Доведена сум во состојба да се контролирам да не ги отерам кај што не треба зошто детето на еден начин ми зависи од нив. Ако јас им се испонашам и бидам остра само контра ефект ќе има и нема ни да го гледаат како што треба од инат. Ете такво семе сме си. Затоа стискам заби и голтам. Не преќутев и си кажав дека не е одбиен зошто беше болен и требаше да се хидрира, не пиеше вода бла бла и испаѓа како пак да и се правдам. Она вика не јаде, јас ја убедувам дека јаде. Зошто ли треба јас воопшто во нешто неа да ја убедувам и да и објаснувам, ама ајде де. Немаш претстава колку си го потиснувам темпераментот во комуникацијата со нив, само за негово добро.
     
    На lackygirl, 1209, kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    За градинката, малата оди веќе 3 недели. На адаптација е поточно, ама отпор дава, не сака и не сака.
    Седи по два саати. Плачки на носење и на земање. Денес срце ми се скрши. Ја однесов во 8 и 20, во 10 ипол да се вратам да ја земам.
    Надвор беа, во дворчето, ја седнале на количка, и две пред неа да и пеат. Она плаче ли плаче. Со цуцле во уста и кутрето во раце.
    Кога ве читам за спиење, кај нас до март ако се научи добро ќе биде.
    Три, море 4 воспитувачка се на 12 деца. Две се со неа кога и да одам.
    А е живчано и луто дете. Мое си е де, јас знам како со неа, па пак на крај сум преморена.
    За се се лути, ако не и погодиш кондури, ако не и погодиш капа, кога и како да јаде, кој да ја пресоблече, со кој да се успие. Она за се си има нејзин ред и ако и го промениш, одма плачки и трескање глава во ѕид.
    Ако знаеш како да ја заиграш и кога и е се под кеф, соработува.
    Сите други деца се многу среќни и задоволни, моето ураган во градина.
    Сабајле на оставање едно девојче и вика на моето, немој да плачеш.
    Сонце.
    Одиме со најбавното темпо. Од следен петок затвара и имаат распуст до 7 јануари. После веројатно пак ќе седам со неа и од почеток ќе се почне адаптација.
    Ни една воспитувачка не ми пререкла се уште дека не знае што да му прави. А сме договорени да ми се јават ако почне да плаче и јас за 5 мин сум таму. Денес малку тешко ми падна, и ќе им речам да ми се јават следен пат, а не вака. Предходно до 10 седеше, они ај да пробаме уште пола саат.
    Јас не знам детево ќе научи ли да седи некогаш во градинка. А не беше вака, значи не. Си играше цело време сама по дома, а сега ми е нон стоп во раце и постојано ме следи. Изгледа конечно сфати дека и мама може да оди. Детево не било делено од мене воопшто. На забар ја носевме, на доктор, на фризер секаде со мене и сега проблем.

    Од поведрата страна
    20241213_161424.jpg
     
    На SanelaS, lackygirl, Giiirl23 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Не да им се испонашаш туку на фин начин да им кажеш, а да не звучиш дека им се правдаш.
    Јас не знам што народ ќе бевме. Па ако не можеш да се справуваш со деца, што бараш мајка во таква институција. Јас имам другарка воспитувачка во градинка. Кажува дека им е напорно, ама тие деца не им се криви што немаат повеќе вработени за да теретот им биде помал. Вели какви се кревки и мили. Ама очигледно дека мал број се такви што сакаат да ги гледаат децата и прилагодат. Арно велиш чурук народ сме.
     
    На 1209, Bella_Stella и kozuf им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Не е идеално, ама и не е лошо.
    И не им давај отчет повеќе. Нивно е да "кажат" (мислам за јадење/спиење, за цицање не им е мест), твое е да си одлучиш и процениш за своето дете. Колку повеќе се правдаш и објаснуваш, толку повеќе ќе се обидуваат да ти прават грижа на совест.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    Лесни чекорчиња :inlove:

    И мојата беше така цело време со мене, никој не ја имаше чувано ни 5 минути освен татко и и јас. Адаптацијата не беше лесна ама на крај еве сме, среќна ја оставам и земам. Дома е лепенка, од септемри оди и од тогаш ми е залепена за нога буквално, нема играње сама. Пред тоа ако седнам со неа ќе почнеме да си играме и си станував да си бркам работа, сега нема шанси. Ама тоа е, и мене ми е убаво да поминам време со неа. Тоа што куќата е како ураган да поминал, а богами и јас, е друг муабет :D
     
    На јolene и Ceneva им се допаѓа ова.
  9. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    4.521
    Лесни чекорчиња!
    Ќе потплакува на оставање уште долго време :D а за земање синко плачеше првите 2 месеци, мислам од што му доаѓаа големи емоции кога ќе не видеше дека сме тука и оставаше веднаш што и да правеше и почнуваше да плаче.
    Имај верба во процесот, остави ги нив да те водат. Ако одлучиле дека може да издржи уште 30 мин, значи може. Може си ја начекала баш во незгоден момент, пред тоа била колку толку ок.
    Јас каква лепенка имав, па тој кога успеа да се прилагоди верувам дека секое дете може. Ќе се научи на околината, ќе започне да ги препознава и воспитувачките, и другарчињата, ќе ги научи и рутините и таму ќе е бубаче. Нема да е ураган, како што прават сите така ќе прави и таа.
    Мене кога ми кажаа дека таму заспива сам и без цуцла не ми се веруваше. Дома мора и цуцла и некој до него.
    И се тоа се фази, на почеток ќе е поприврзана за вас после градинка, ама ќе помине и тоа.
     
    На Carolin., lackygirl, kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Толку очајно ми требаше да слушнам/ прочитам нешто вакво.

    Градинка е најдобрата опција за сите нас. Ем јас да се поприберам малку и вратам на нормала, да излезам од пиџами и исфлекани алишта, ем прилика за неа да се социјализира, научи да живее во група и да го научи јазикот уште од мала.
    Долгорочно гледано е најдоброто што и е потребно во моментов. А со оглед на тоа како тешко се добива место, мора да направиме се можно да се адаптира, оти ако не, следно место може за две години ќе добие. А ако она не оди во градинка, јас не можам на работа.
     
    На Carolin., 1209 и kozuf им се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    4.521
    Посебно за нас имигрантиве, нема друга опција како да го социјализираш детето и како да го вклопиш во системот уште од мало.
    Синко кажува неколку зборчиња ама не се на македонски. Мислам го знае и македонскиот збор ама си збори на друг јазик. Така малце bittersweet ми е искрено, ама тоа е што е.
     
    На Carolin., 1209, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Ние кога направивме пауза малку(како што кажуваш со новогодишните празници), потоа се адаптира полесно.
    Како да и требаше време да испроцесира се, да и легне стресот и да прифати. Такада.. тоа може да е добро. Дај боже да е така. Секое дете со свое темпо. Само е прашање на време.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , ние вака тераме со оброци кога не е во градинка

    8:00-8:30 појадок (зависи кога станала)
    Класична ужина не давам, може некоја грицка, бисквит или било што ептен мала количина околу 10:00
    11:30 ручек - со тоа што од рано утро почнувам со готвење, сега веќе јаде од нашиот ручек.

    Околу 14:30 во градинка имаат ужина, исто практикуваме и дома, со тоа што во оваа ужина давам нешто од типот на кроасан домашен, проја, мафин домашен и сл.
    Околу 17:00 - уште еднаш баш ужина, тука пудинг, сутлијаш, овошја, смути, оризови галети со намаз итн
    19:00-19:30 најдоцна вечера

    Околу 21:00-21:30 млеко

    Ниту ноќе станува, ниту пред градинка бара нешто, или во викенд пред појадок.

    На прсти се брои да плачела за јадење пред градинка, па во тој случај да добие бисквит или шмукалче ама може само 2-3 пати да се има случено.
     
    На Bella_Stella, Ceneva и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Лесни чекорчиња сваќе :party: :party:
    На пауза е од градинка ама не да лепенка, буквално секаде е по мене, нон стоп в раце сака, нон стоп цицање бара :$ ако е со мм истото е по него, дури оваа недела него го бара повеќе, штом го види одма со рацете трча да го крени :D се чуваа неколку дена и лепенка за него. Ќе биди тежок почетокот после паузава, пак на ново се, овајпат поголем, башка знам дека штом ќе почни одма ќе се поболи и така :whew:
    Иначе си пушта зборчиња и ми е смешен многу, врза 2 збора Гого нана, за брат му, ми кажуваше дека спиел и покажува кон спална :D нон стоп иди кај мене и се гушка, користам секој момент бидејќи големиот сега поретко сака гушкање :( така брзо лета времето што секогаш ќе си го бараме овај период...
    п.с. еве ме со инсомниа пак почнувам |(
     
    На Carolin., јolene и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Што да давам за стомачен вирус? Повраќање?
    Ајдее после 2 дена одење во градинка одиме пак...:muscle:
     
  16. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    722
    Пролајф пробиотик во шишенца што се, нулсовит капки за повраќање и електролити јас тоа давав и ние имавме стомачен вирус.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Со помин мајка, тоа е, само првата година е така...
     
  18. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Неможам да ја гледам како повраќа. Нема нешто што повеќе мразам од стомачен вирус. Колку стресно го доживувам, страшно.
    Клапна скорз, со препотување, со повраќање жолто од желудник зошто нема што да поврати.
    Трчавме во Козле, па на клиника. Сега и ставив чепче и почна да биде подобра.
    Што да очекувам понатака???
    Давам електролити, сега пие малку по малку, пред чепчето немаше шанси.
    Крвна слика дава дехидрираност, а мокрача нема шанси да земеме, сува е пелената.
    Црп мирно, леукоцити покачени.
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Ако повраќа не треба да јаде сега, оти се што ќе јаде ќе и ствара пак нагони, лајче по лајче од електролитите, за среќа јас немам искуство со повраќање, големиот само 1 има повратено, ама стомачни со пролив со 2цата поминав. Не ви дадоја инфузија?
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Ни рекоа да почекаме, па ако е полошо да се вратиме.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.