@Bella_Stella до помин, ние со големиот цела недела маки мачиме со ларингит, средата ноќта во 11 и пол бевме на итна, дексазон, вентолин и физиолошки инхалираше, 2 дена тоа, сношти не прекинуваше со кашлање и пак на итна во 9ч, му ставија урбазон инекција бидејќи беше без прекин, плус инхалација со дексазон. Денес ни рекоја уште еден урбазон ама ако не кашла не одиме.
Пулмикорт најблиску и во Косово има, одма после граница има една аптека. Оригинал е една кутија со 20 ампули е 20ина евра. Супреиорен е во споредба со кортаир иако по состав се исти. Детево до година ипол ми беше на пулмикорт, па после до 5 години на фликсотиде. Ама пулмикорт секогаш имам дома. Инаку многу поефикасно делува од дексаметазонот од причина што дексата е наменет на интрамукслуно боцкање и вака кога се инхалира нема некоја добра ресорпција и дејство како пумикортот. Друго, @lackygirl ќе те тагнам ти ги отруја децана со урбазон и вентолин. Зошто за ларингит ако нема надоле ништо (а сигурно нема додека е ларингитично кашлање) им даваат вентолин? Па една инхалација со адреналин и физиолошки во болница чуда прави. Пред 2 месеци кога имаше мојава напади до помодрување од ларингитот, една инхалација во болница со адреналин и си отидов со ново дете. Помало зло од вентолин и урбазон. Јас како паталец нема што немам направено за ова дете. Од раѓање е слаба на респираторни, само си лежиме по болници. И кај нас не се покажа точно дека првата година во градинка е тешка. Еве од септември во школо ќе трга исто срање е уште се. Од ноќеска пак со ларингит и напади. Пулмикортче и плус само физиолошки инхалација и ноќеска и сабајлево и има подобрување. Маж на пат, јас сама, стомаков веќе тежи... Си спремам инхалација додека она кашла и си потплакувам. А тоа па сиротко ме теши мама не е крај на свет, ќе ми помине како на кученце. Само ми се плаче сега што ме чека кога ќе се развлажни кашлањево.
Не му е затнато среќа. Лоратидин не сум давала до сега зошто не било до толку сериозно. Првиот пат кога имаше поминавме со инхалации само, мислам дека и сега ќе биде така. Фала ти за информацијата. Да, може да се договориме.
Со помин и кај вас мајка. Он не кашла многу, преку ден скоро ич. Навечер е маката ама не е нешто премногу. Мислам дека и првиот пат и сега на време почнав со инхалации и тоа доста помогна.
Обично ноќе се напади од латингит. Бар кај големиот секогаш ноќе се селучувале. Не го препокривај и луфтирај ако можеш од време навреме свеж воздух да влезе. Инаку ако е вирисен или алергиски ларингит само со инхалации се лечат секако, евентуално сируп за алергија (ако препорача доктор). Со лесно нека поминува. Јас да си се пожалам. Големиот е веќе добар, малово уште полно секрет, а од вчера и јас си кашлам
Не знам колку е паметно да луфтирам зошто е презагадено, ама не е топло кај што спие. Друго нешто што ме мачи, не знам луѓе што му е со неспиењето. Неколку денови веќе (не по ред) одбива дремка. Станат е од 9 сабајлево и еве го уште ровари. Претежно е расположен си игра, ама и квичи ако не му одиме по ќееф. Пукнав денес, а си реков конечно Недела, ќе одморам. Аха важи!
Не дека нема деца што и на година и пол исфрлиле дремка ама да не му е доцна станување во 9? Ќерка ако стане помеѓу 6:30-7:30 без проблем заспива околу помеѓу 12:00-13:00. Секое станување после тоа и резултира со борба за дремка. Ем и е доцна да речеме да се успие во 14:00 или 15:00, ем без дремка не може. Кога веќе е почнат со градинка, без разлика на фактот што е повеќе дома од таму, да се обидеш да го будиш во слично време како кога оди. Може и некоја регресија е во прашање ама пробај и за спиење и оброци да го држиш истиот ред и за полесно адаптирање за него. Ако пример 2 недели е дома и има дремка во 14:00, третата недела е во градинка, многу тешко, ќе може во 12:00 да заспие.
Не станува во 9. Кога е дома станува 7:30-8 зошто легнува 8-8:30. Синоќа не беше вообичаена ноќ, пишав погоре дека има ларингит. Се будеше цела вечер од кашлање, а од кај 1 до 3 беше целосно буден, правевме инхалации и едвај заспа. Затоа го оставив да спие до 9, иначе е ранобуден. Дремка никогаш нема во 14ч, секогаш спие околу 12-12:30. Се случуваше од некни и кога ќе стане порано да не сака да спие цел ден. Очигледно е регресија. Има од 18 до 24м. https://pedijatar.mk/regresija-na-spieneto-zoshto-se-sluchuva-i-kako-da-mu-pomognete-na-bebeto/
Kerka mi se nafrla recisi po celo telo od ovie bruncunja, sto moze da e? Dodeka ja odnesam utre na maticen.
Не наеднаш во омлет мислам беше секако нема да изеде којзнае колку. На 10 месеци, ако не е и порано дадов. @lackygirl како сте?
Сред ноќ и јас отварав прозорци, носев на балкон. Инхалации правам и кај мојата е така кога се узатнува. Кој рече пред фрижидер, на секој саат по неколку минути, ако е презагаден воздух.