Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    До сега бевме надвор. Заспа во 15 за 8, по неполн саат се разбуди вриштејќи. Мислевме само ларингитот е, дадов и лоратидин. Ама како што успеавме да видиме растат тројки. Дадов ибупрофен, жално е за гледање како завива од болка, срцето ми плаче.
     
    На lackygirl, Mother of 2boys и јolene им се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    5.717
    Пол:
    Женски
    Прво малку рендана во палента, варено јајце тоа, цела жолчка плус дел од белката, потоа во омлет, па во овесни палачинки, секако не го јадеше цело јајце или цела доза палачинки.
    На 8++, ради тргнување во градинка.
     
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    7.194
    Пол:
    Женски
    А оти лоратидин? Помага за ларингит?

    Жални се ептен. Среќа ларингит брзо минува. Давав и јас на две вечери за болка парацетамол.

    Кај нас долни четворка идат, на уста се расцепи од што става се и сешто во уста. Не ни знам од што и е.
    Кога излегоа горните и почна да оди конечно, спиевме една недела и еве пак почна со неспиење и претање по цела ноќ.
     
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Па да помагало. До сега немав дадено, ама вечерва морав. Цел ден не е спиен, и вечерта фали да е хаос. :| Претешко вади заби моево, пукнав веќе.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    626
    Дали е можно 16м стравствен цицач да се одбие наеднаш само? Вчера и денес цел ден не сакаше, ни пред спиење не сакаше и се оттурнуваше од мене со рачињата :( Ноќта се будеше кога обично цица и сакаше да си игра. Втф. Никогаш нема заспиено со мене поразлично отколку со цицање. До завчера цицаше 3-4 пати денски и 2-100 пати ноќеска.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Јас би била среќна да се одбие така, колку и да ми е од една страна тажна помислата за одбивање. Ама посакувам да се одбие сам и да не се мачиме. Инаку можно е, јас да сум на твое место не би покушавала да се наврати на цицање. Ама тоа си е твоја лична одлука ;)
    Јас веќе озбилно размислувам за одбивање. И почнувам полека. Денеска не му дадов ни пред дремка ни сега пред спиење. Многу ме болат брадавиците, ми виси ноќе како цуцла ме користи веќе неколку вечери, и не можам да издржам повеќе.
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    626
    Истото го правеше, џвакање цице по цела ноќ, затоа сум во шок сега вака шо и текна, не знам дали да се радувам или да плачам :|
    Затоа што нејќе цицање нејќе ни да заспие, па си игравме во 4 сабајле после борба од
    2-4 :sweat: врти сучи ние мајките го јадеме дебелиот крај :D
     
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Можно е, на другарка детенцето се одби така преку ноќ. Одлуката е апсолутно твоја, ама мој совет ти е да ја искористиш приликата зошто како растат сѐ потешко е одбивањето. Јас искрено поима немам како да го одбијам, а да биде безболно и за двајцата.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Секако ќе го јадам стапот не велам не, ама брадавиците нема да ме болат и да се искривувам доејки. Сабајле ми се плачеше. Преморена сум. Вака може на мм ќе му текне еднаш он да се вклучи во смирување навечер, ако го одбијам, ќе нема изговор во стилот јас немам цице (facepalm):rofl:
    Колку е мое толку е и негово дете. Факт е дека се смирува најбрзо на цице ама веќе немам сила. Колку пати ми се идело навечер така да го турнам од кревет кога го видам како убаво си хрчи. И јас сакам да си хрчам :rofl::rofl::rofl:
     
    На lalinda и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.658
    Допаѓања:
    24.392
    Пол:
    Женски
    Легната доиго дур спиете и двајцата, секако ќе си полибудна и ќе сетиш кога сд пуштил, па ќе префрлиш во креветче. Нема шо да се искривуваш.
    Туку не ве разбирам, зар се расонуваат на вечер и покрај цицање? Пошо спомнувате плачење, презаспување..
     
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.484
    Допаѓања:
    4.513
    @Bella_Stella за ларингит можеш и сладолед, или вода/сокче со мраз, не мора само ладен воздух доколку не сте во можност да подизлезете надвор.
     
    На јolene и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Да знам, само не знам зошто не сум пробала до сега. До душа денес е ептен слаб со јадење, скоро и ништо да не стави цел ден во уста, освен малку овошје. Очигледно има голема мака со забите денес, зошто ларингитот е од вчера, а вчера си јадеше. Ќе го однесам утре да го видат да не е црвено и грлото, не знам веќе. Многу работи се собраа на куп, не е едно. А и кога не можат да си кажат што ги мачи само ќе погодуваме.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Легната дојам од прв ден. Ама кога бара од другата града се искривувам цела, од едната ми е ок, ама од другата не. Сношти висеше два саати на цице. Ни заспан ни буден беше. Ме полуде.
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Моето не се расонува, полузаспан цица.
     
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.658
    Допаѓања:
    24.392
    Пол:
    Женски
    Епа исто и моево, нити плаче само што ќе се испраи ја земам, ставам да циџа и спиеме двете. И мене ноќите не ми се тешки иако станува да цица. Ни ја ни она не сме расонети. Затоа и прашав дали им се расонуваат и зошто плачат освен ако немаат мака мекоја, за дете што не цица сваќам дека е потешко, другарка денес ми пиша дека по саат време нишаат на вечер за да презаспие и тоа 2-3 пати ;( бидете среќни што цицаат спиејќи
     
    На Mother of 2boys, Bella_Stella и kozuf им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Зависи. Некогаш не се расонувам, ама некогаш кога си има мака со заби пример, а тоа е често, кенка и цица по 593859402 пати и нема како да не се расониш.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Како дезинфицирате инхалатор?
     
  18. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    5.717
    Пол:
    Женски
    Маската, пластичните делови, цевчиња се што се вади, ставам во вода да провријат кратко со Фрош средство. После премивам под млаз вода.
    Генерално ние само за ќерка го користиме, си има нејзина маска ама и останатите делови што се "заеднички" за друг некој немало досега потреба да се користат.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Колку минути го чуваш на детето? И дали го чува ? Помага доста ли ? И мојот е настинат катастрофа сме.
    Имам и јас инхалатор едно време беше настинат беше помало не го чуваше, сега немам пробано, од синојка се поболи...
     
  20. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Ја воведов заедно со жолчката - цело јајце ( оти претходно стасавме само до пола жолчка и почна да ја повраќа, па после не ја сакаше само жолчката). Го воведував исто како жолчка, постепено.