Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Дур да се истроши течноста, околу 10-15 мин негде. Седи мирен со цртан, иначе нема шанси. За инхалации треба да има соодветна индикација и препорака од доктор. Моето има Ларингит и затоа го инхалираме. Не е за секоја состојба, консултирај се со матичен.
     
    На Amore123 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.817
    Допаѓања:
    23.600
    Пол:
    Женски
    Јас со млака вода го мијам и сјај.

    Малово исто со цицање презаспива ко ќе е со мене, не се рассонува, ама сабајле во 5 и 20 ококорен беше, му изгаснав светло, свети малку во спална, па почна да плачи, па в раце до 6 го презаспивав, во 7 станувам за на работа :D иначе дур се чуваат со мм тој го презаспива в раце со нишање, ако почни да плачи да не се смирува тогаш ме вика за цицање и пак си го чува. Некни до 6ч сабајле го чуваше :D Исто ваѓа 3ки и жален е мн напати. Нема уште пробиено ама тешко ги ваѓа.

    @Emilija28 цело јајце воведив на 6++ месеци.
    Нз зошто, на итна ова не на детско, оти нема болница во мојот град, морам да одам Бт па затоа кај нас одиме со поголемиот, тој е сколн на ларингит ама досега во 6 год ова му е втор урбазон, апла беше кашлање без прекин, почна и дс паничи, иначе болен беше само првата година во градинка, од 2 до 3 год, после тоа супер имунитет има, пу пу, па вака еден ларингит годината, сега на пр нема пиено антибиотик година и пол, на школо нема ниту еден ден отсустувано. Супер е тој.
    Ама денес носот пак крв течеше, од инхалациите сиг е од кортикото, 2 години му течи на периоди. @јolene добар е, вчера не кашлаше, па помина така без лекови влера. Фала на прашање.
    А малото урбазони 2 прими на болница ко имаше пнеумонија. Нз што да речам, не сум за ама кога мора...
     
    На Bella_Stella и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  3. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе.
    Што е ова со стомачниов вирус. Ужас претпревме цел викенд.
    Прво малата, па јас, па моите, па маж ми. Денес го примија во болница, ептен беше лошо.
    Сега ми кажуваат дека од градинка 4,5 деца ги земале порано зошто повраќале.
    Неможе нешто да не закачиме.
    Решив дека нема да ја носам месец дена сигурно, ептен лошо не зареди веќе.
    Знаев дека ќе се разболува ама не верував до толку на 2 дена..
    Ужас.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Мајка многу ми е мака што истиот проблем како со нас го имате, и не сакам да влезам во нивна одбрана и апсолутно не е нивна работа тоа, никако, нит треба да ги интересира, ама за воља на вистината и кај нас се покажа тоа точно, штом се одбивме се магично се смени. И јас водев инат, охооо, не да водев, ама ме седна пријателка исто негователка и ми рече, Колку сакаш лути се, реалноста е таа, он очекува за да се смири да добие цице, нема цице, не добива, па плаче и ги буди сите, она беше во групата до на моево и така знам отприлика што се дешаваше. На тешко срце го одбив, ама па од друга страна и почна магично и да јаде и качи за брзо време на килажа, е после па повеќе се разболуваше и никако не си да ти кажам искрено.
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема правила. Познавам многу деца што цицаат и одат во градинка и таму спијат без проблем. Јас стварно не знам како да го одбијам. Он и со цицање е стално болен, не дека ни менува многу, освен што и кога нејќе да јаде од шо не му е арно, барем цица.
     
    На Lavender13 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Ти верувам, знам, се е така, ама ете и кај моето беше така, не спиеше и ги будеше сите и реагираа и родителите да го зимам порано зошто трпат 20 деца од едно. Една недела беше хорор во градинка, сите плачеа зошто ненаспани. Морав да пресечам. Нема каде да го тргне, таа е просторијата, башка треба да излезе од група а со децата кој ќе остане...
     
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.484
    Допаѓања:
    4.513
    Ова треба да си го хендла градинката и воспитувачките, нема зошо тебе да ти се ствара притисок, уште па дојди земи го, не можат другите да спијат. Нормално е дека на некој деца нема да им се спие, или некое дете дека ќе прави проблем. И според мене треба градинките да си ги нагодат очекувањата и да се спремни и за вакви настани.
    Ко што реков некоја страна поназад, во нашите градинки како да се чека децата да знааат се да направат сами, воспитувачките само да ги поиграат.
    И син ми дома заспива со гушкање и мазење и цуцла, таму сам и без цуцла. Како успеале воспитувачките не знам, ама после два дена ми кажаа дека немале проблеми. Никој ниту ми се јави да си го земам, ниту некогаш ми даде коментар, ниту па ме прашаа дома како го успивам.
    Кај нас кога е време за спиење, децата кои сакаат да спијат легнуваат, со нив легнува и 1-2 воспитувачки. Останатите имаат активности во другиот дел на градинката.
    Е тогаш нема кафе пауза за воспитувачките, излеа тоа е проблемот.
     
    На LivingGlam, Sun&Moon, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Прво, јас не знам дали само моето не спие и ги буди сите деца. Не сум внатре и они можат да ми кажат што сакаат. Второ, мене ме викнаа само во петокот, останатите денови спиел по 20-30 мин само и не ме викнаа зошто очигледно не плачел до толку. Најлесно е да ме викнат и вината да ја бараат во мене и во детето нели? Цица, затоа не спие тука. Ајде бе? Ако му треба да цица за да заспие нема воопшто да заспие. Работата е што нив ги мрзи да се заангажираат повеќе. Како што кажа Лаванда, очекуваат од дете од неполни две години да се адаптира со спиење за 3 дена. Епа не ете не може, не е машина и не се сите деца исти извадени од калап. Она ми вика сите спијат само он плаче. Епа да плаче, три недели беше болен и не одеше на градинка, до сега само пет дена е оставен на спиење, вади заби, има регресија. Плаче, дете е. Можеби ако се потруди да најде механизам да го смири и заспие ќе престане или ако не сака да спие нека го заигра, го има цело време на светот пошто сите други нели спијат, само моето ги замара. Те разбирам и тебе, ама не си баш во право. Да го одбијам детето од цицање зошто они така сметаат дека треба, сигурно дека нема.
     
    На LivingGlam, Carolin., Giovanna и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Кога се болни децата што им нудите ручек, вечера, нешто полесно?
    Воопшто не сака да јаде болен е
    Јадеше за ручек макарони малку касна и тие после ги поврати :( ( му сварив зошто пастата ја сака повеќе и ајде реков можеби малце ќе касне)
    Што да му направам за вечера да касне нешто полесно барем малце да касне?
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Нешто што му е омилено, било што. Ама и да не јаде нормално е дека болен, гледај да пие течности.
     
    На Mother of 2boys и Amore123 им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Јас не ти реков да го одбиеш, јас ти ја раскажав мојата ситуација. Ниту планирам да ти делам совет, ниту сакам. Многу е неблагодарно, а и не е фер од нивна страна, признавам. Да не ми речеше пријателката дека е така како што они ми кажуваа, дека не преувеличуваат, и јас ќе се бунев може, ама не можев да оставам толку деца да се мачат со моето. Си го познавам детето, знам дека ако не е по негово ќе крене во вис се, затоа решив да го одбијам.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    20.307
    Пол:
    Женски
    Ако фала за искуството, не е на одмет. Како го одби?
     
  13. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира како го одби, особено за ноќе како го прекина ноќното цицање
    Цицаме и ние ама денски не му давам само еднаш пред дремка, и ретко двапати
    Ама ноќе.....
    20 месеци сме
     
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Втор ден успешно заспивање без доење пред дремка. Вчера не побара, денес да, малку и поплача. Ама си останав на своето и не дадов. Го успав со нишкање. И тоа може не ми е решение, зошто имавме почнато да се успиваме на кревет, ама не оди тоа со одбивањето од цице. Почнувам постепено. И ќе видеме како ќе оди. Сношти заспа без цице. Стануваше повеќе пати,првите два пати продолжи со малку песна ама третиот пат мораше цице. Навечер дефинитивно ќе биде потешко да го исфрлиме доењето.
     
    На Carolin., Giiirl23, Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.817
    Допаѓања:
    23.600
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella Бела уште еднаш ако те прашаат дали цица речи му не.
    Затоа бега народот од државичкава, оти ништо не чини... Најлесно земи го. Воопшто не се трудат, секоја чест на исклучоци.
     
    На Bella_Stella и Lavender13 им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Едноставно бегав од него, навечер го оставив со мајка ми, па после нудев водичка кога ќе побараше и така се одвикнавме.
     
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Се качува синко кај тетка ми на вага стално кога одиме. Предходно го покажуваше 10.7кг, денес одење се качува 11.1кг
    Останав подзината. Го мерам дома, толку. Облечен го мерам. Ама како и да отишол на горе. Уште не ми е јасно како кога во последно баш слабо јаде.
    Мама задоволна со ова на вагата
     
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.658
    Допаѓања:
    24.390
    Пол:
    Женски
    Мене ме чуди ова, не сака да спие, ги биди.. па нели треба организација за деца шо не спијат? Просторија, со мирни активности? Кај нас градинките не се поделени по генерации, пример од 0-3 е една група, од 3-6 е друга и во двете групу има деца шо не спијат, па си организираат за тие деца мирни активности и сите се задоволни.

    мајки, мислам дека треба да се превземе нешто околу организацијата во градинките општо целата програма.. знам дека не е лесно тоа да се деси ама нема родител кој е баш задоволен, било од Скопје, Струга, Берово.
     
    На Bella_Stella и Lavender13 им се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.658
    Допаѓања:
    24.390
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе напишеш така, се мислам колку количински иначе детето ти јаде? Пошо по тоа што го пишуваш, тоа и му е доволно.. а и не секој јаде исто оброци количински секој ден. Добри сте, ние 9,150 сме :rofl:
     
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Како јадеше мами, сега е ништо. Од полна чинија онаа неговата сега едвај третина јаде. А ја јадеше цела, и затоа ми е чудно. Јадеше цело парче леб, сега 3 залака и плука. Значи зборам за истото јадење, правам споредба. Јадеше по две кебапчиња и помфрит сега едвај едно го јаде. Како јадеше, а како јаде сега. Тогаш кога јадеше количински ми се чини стоеше во килажа, а сега качува. Никаде не наоѓам нзс
     
    Последна измена: 16 декември 2024