@Bella_Stella ќерка ми како што знаеш скоро ја одбив, а во градинка си оди без поголеми прекини веќе цела година. Во тој период имало фази каде што дома не спиела добро, или заспивала со цицање, па со чешкање, па со галење итн. Во принцип детето си е лесно прилагодливо и мислам од прв ден да ја оставев 8 саати во градинка ќе си играше без плачки. Ама за спиење од секогаш била тешка. Како и да е, за недела-две ја научија сама да заспива и ден денес така заспива во градинка. Во меѓувреме смени градинка и таму исто си продолжи. Дома е друга приказна и некогаш заспива за 10 минути, некогаш и цел саат ни вади душа додека заспие. Во креветче сама не сака да заспие, бара да се гушка и да се гали, па да речам користи што ни е мила и и попуштаме. Да се запнам да ја оставам сама да се успива, верувам и во тоа ќе успееме. Татко ми еднаш мораше да ја успие сплет на околности, јас умрев од грижи како ќе биде, он ја успа за две минути ко од шала. Зборот ми е, децава се умни, со секој си знаат до каде и колку можат. Воспитувачките мора да си најдат своја метода да му помогнат на детето да се навикне на градинката. Едноставно тоа им е дел од работата. Најлесно е да обвинат друг за нивниот неуспех и да се расфрлаат си непоткрепени факти како тоа дека се магично ќе се промени ако детето не цица.
Нормално е стагнирање на кг. Добро моите и двете количински слабо јадат, па затоа ми е чудно, јас со едно лепче за големава оро вртам, камоли за малово
@Bella_Stella јас мислам дека треба не од на врата да се разговара туку да си закажиш термин таму со педагогот и јасно да си кажиш кои се твоите очекувања од нив, за тоа се школовани, за тоа земаат пари. Значи детето не го одбивам од цицање, најдете начин како вие да го успиете и смирете, доколку не спие, наместп да пијат кафе и пушат цигари во двор, нека седнат и нека се позанимаваат со него, читање книги/лепење,боење што и да е. Работам, неможам да го чувам дома, нема кој да го земе и крај. Ако сте неспособни речи едно дете да скротите, баш неуспех и толку. И да не ми заѕвоните да го зеам се додека не е нешто стварнп итно. Јас од кога им реков да не ме барет зш плачела по мене, магично детево престана да плаче.
@Lavender13 , @Bubish26 , дека треба промена, треба. Ама дека нешто ќе постигнеме. Тој е просторот и условите. Може не сте се сретнале со условите овде и ви е чудно. Кај ќерка во околу 20-25кв, се 20тина деца. Ок, не одат сите, максимум што сум изброила се 15, ама пак. Истата соба за игра, јадење, спиење. Наутро се поставени масички за појадок, се чистат истите, имаат активност. Ручаат, се туркаат масичките на еден крај, на нивно место монтажни креветчиња и толку. Нема опција ни друга соба, ни друг простор, ни ништо друго ако некое не спие. А и тоа што од кога ќе заспијат една воспитувачка останува со сите деца е друга приказна. За забелешки и критики од градинка се лутам и јас ама за одредена ситуација кога повеќе од 5 воспитувачки/негователки, ми потенцира проблем, да, колку и да ми најзлатно моето дете, си прифатив, си ги зедов работите во мои раце. А инаку и јас бев ееее на таа не и се работи, сака кафе да пие, на другата вака, на третата така. Ама не било секогаш така. И да сеуште не се најсјајни условите, сеуште имаме замерки со воспитувачките ама полека ќе се средат.
Ама проблем не е цицањето, пошо детето се снаоѓа и учи навики и со други луѓе, а кога мама ќе му е на видик ќе ја бара за цицање. Значи треба они да издржат и да ги адаптираат детето на новата ситуација, детето не оди консантно месец/2 градинка, туку со прекини што нормално ја отежнува адаптацијата ама дека треба да се работи со тоа дете, треба нежност да добие и сигурност од нив, не можи да се третира секое дете исто пошо не секое исто реагира на промената, а не да се наоѓа изговори оти цицало, па не е единствено де. Конкретно прајме муабет за овој проблем, а за други проблеми што не ги знам не можам да коментирам дали они се способни негователки или проблемот е во детето/родителот.
Ова мислам што го опиша функционира по запад Не знам дали градинките во МК имаат педагог? Ама се слагам, верувам дека да се запне може да се издејствуваат промени. Физички градинки знам дека фалат многу, тоа е исто така голем проблем. Во мојата населба има околу 10к жители и 7 градинки. За споредба, град во Мк со 50к жители нема повеќе од 3-4 градинки. Мене никогаш не ми се разјасна како може во земја со географска клима како во МК, децата да поминуваат 99% од времето ВНАТРЕ. И тука кај нас занималната е толкава, дури и помала. Ама во неа се макс 1 час дневно, и тоа ептен ако не е погодено времето. Минатата недела беше -5. Цело време беа надвор, и надвор спијат, и надвор јадат, и воспитни и едукативни активности им се надвор. Поголемите групи одат на скијање и лизгање, кога има снег сите одат на лизгање со санка. Секоја градинка во МК има огромен двор кој зјае празен, го користат само воспитувачките за пуш пауза. И ова е вака откако паметам, и јас кога одев во градинка цело време бевме внатре.
И оваа вечер заспавме без цице, ама со малку наплакување и лутење и повеќе пати спомна цице. Ама готово назад враќање нема. Некаде читав дека за полесно одбивање, треба да се почне да заспива без цице. Па ајде да верувам на тоа. Сакам да верувам. Морам да бидам истрајна. И полека полека и ноќе да му укинувам. Се надевам дека за брзо ќе се одбиеме. Колку трае тој процес се прашувам. Не сакам ептен нагло да не му биде многу шок.
А од која возраст почнуваат да ги вадат надвор кај нас во градинките? 3-4 години или поголеми? Сум ги гледала поголемите дечиња кога е убаво времето надвор, ама не знам од кога почнуваат.. депресија е со загаденово и темно кога го земам, а на него којзнае како му е цел ден внатре.
Значи со спиењево катастрофа е обично има една дремка дали спиел 1 саат или 2 сати навечер хорор заспивањето никако до 10 11 седи никако не заспива више незнам што да направам и порано дремката сме пробале и покасно исто е пак порано заспиваше до 9 најкасно дури и 8 8ипол овја месец се смени скроз
@Lavender13 , ќе те тагнам и тебе. Пред некој месец фактички во март, ќерка во јасли и брзо пред тоа проодена, ја носам и прашувам, дали вадите деца надвор, какви обувки да и донесам? Ја носевме со патичиња и таму ставав топлинки за внатре. Патичињата во шкафче, ама нели да не е малку така. Добивам одговор рано е за надвор, ќе ви кажеме. Лизи, нашиве и од јасли уште ги вадеа надвор, кое оди, кое не, на подлога седнато, ама временски некаде може втора половина на април или мај да беше. Сега во следнава година, до кај средина на октомври ги вадеа, после тоа немам забележано, ни видено слики од надвор.
Да не ве тагирам сите поединечно. Во право сте сите во поголемиот дел. И вие што сте во странство имате право, ама да не заборавиме каде живееме. Јас како единка не можам да направам никаква промена на системот. Како нација сме си покорни и од секогаш ведиме глава за сѐ, па така и за вакви ситуации. Единствено нешто што ќе направам ако го однесам “проблемот” на повисоко ниво (ако воопшто постои такво), е тоа што ќе предизвикам револт кај дотичните и тешко нешто повеќе. А сепак нели детето ми зависи од нив и не ми е сеедно и нема да можам да живеам со помислата дека можеби е запоставен ради мојот бунт. Моја грешка беше што воопшто им кажав дека цица и им се објаснував за било што. Од сега натаму го менувам ставот. Ќе бидам воздржана од коментари, ако ме прашаат пак дали уште цица, ќе кажам не. Глупо ми е што се доведувам во ситуација да лажам како да правам грев, ама едноставно не сакам повеќе да ме замараат. Видоа дека можам во секое време да го земам и мислам дека почнаа да го злоупотребуваат тоа. Случајно разбрав дека девојчето на бивша колешка на маж ми е во истата група и зборев со неа. Вика исто ми правеа и мене. Плаче, лоша е, вака така. Она вика јас им реков ако де да не ви е досадно. Ми кажа дека и нејзиното девојче цицало, ама вика не знаат. Епа од сега и јас така. Ќе им кажам дека не можам да го зимам, дека мора да фати ред и тоа е тоа, па да видиме. Се напунив нервози за нешто врз што немам моќ и не е моја вина. И по стоти пат ќе кажам, не го одбивам зошто они мислат дека така треба. Може ќе го одбијам и за две недели од сега, ама ќе биде исклучиво зошто јас така сум решила и сум се осетила спремна!
@Bella_Stella не се нервирај за глупости. Не им се работи. И да си кажела дека не цица, што ќе смислеа ко изговор во тој случај? Свашта
Да ти кажам што помогна најмногу кај нас? Маж ми отиде да се објасни и им рече или вака или да одиме во дирекција да видиме кај е проблемот. Магично почна да останува цел ден да не прави проблеми, па и цицањето не беше толку голем проблем. Кај мене тригер да го одбијам беше што почна да цица како новороденче, во секое време и на секое место да бара, не јадеше зошто знаеше ќе добие цице и плус кога ја слушнав мајката како им кажува на негователките дека не и е гајле дека не сака следен ден детето да си го земе уморно и нервозно, пресеков.
Мајки дете е со температура, не многу , 38 е ама од сабајле не сака да стане, само плаче, омалаксана и паѓа заспива. Спие се буди кенка и пак спие. Температурата е од ноќеска. Дури сега дадов чепче, не можам да ја гледам вака. Многу тешко вади заби. Инаку друг проблем е, додека ѝ ставав она плачеше па успеав да видам инаку не дава, 4ка горе не е скроз пробиена и е како црно црвено, како засирена крв, не знам точно. Што може да е, ви се има ли случено? Се мислам да идам после на педијатар ама до тогаш да прашам.